излевање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Aug 2023 07:08:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png излевање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Словенија цел ден се очекува ново излевање на реки, некои места се уште се отсечени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-tsel-den-se-ochekuva-novo-izlevane-na-reki-nekoi-mesta-se-ushte-se-otsecheni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-tsel-den-se-ochekuva-novo-izlevane-na-reki-nekoi-mesta-se-ushte-se-otsecheni/#respond Sat, 05 Aug 2023 07:08:32 +0000 https://kurir.mk/?p=863585

Сосотојбата со поплавите во Словенија не е подобрена. Многу реки во централна, северна и источна Словенија се уште се поплавуваат, јавија локалните медиуми. Реката Сава се поплавува во поголеми размери, во долниот тек во наредните часови ќе го достигне својот најголем проток. Во текот на ноќта евидентирани се бројни интервенции низ државата, дежурни екипи и надлежни служби се на терен и продолжуваат со отстранување на настанатите последици и помагање на населението, јавија словенечките медиуми. Мнистерот за одбрана Марјан Шарец на прес-конференција синоќа најави дека Словенија ќе побара меѓународна помош, а еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич во наредните денови ќе ја разгледа состојбата во земјата. Во 11 часот ќе заседава Советот за национална безбедност, а потоа и Владата. Според предвидувањата на премиерот Роберт Голоб, ќе биде прифатен предлогот за измена на законот за отстранување на последиците од елементарни непогоди, кој првично беше планиран по одморите. Неколку места во земјата се уште се отсечени. Меѓу нив е и општина Межица. Како што напишаа во соопштение, за нив тоа е катастрофа каква што не паметат. -Во моментов сите граѓани се безбедни. Сепак, ситуацијата се уште се менува од минута во минута. Цел ден беа активирани сите надлежни служби во општината кои се обидуваа да ја решат или ублажат штетата. Ни помагаат од словенечката Армија и пожарникари од Мурска Собота. Состојбата во нуклеарната централа Кршко е стабилна и под контрола, соопшти словенечката управа за нуклеарна безбедност, откако од електраната констатирале дека забележале „ненормален настан“ поради големиот проток и високиот водостој на реката Сава. -Нивоата на Сава се уште не се доволно високи, изјави Томаж Немец од Дирекцијата за нуклеарна безбедност, јавија словенечките медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-tsel-den-se-ochekuva-novo-izlevane-na-reki-nekoi-mesta-se-ushte-se-otsecheni/feed/ 0
Одрони пред тунелите кај Плетвар, сообраќајот Прилеп-Росоман во прекин од поплавите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odroni-pred-tunelite-kaj-pletvar-soobrakajot-prilep-rosoman-vo-prekin-od-poplavite-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odroni-pred-tunelite-kaj-pletvar-soobrakajot-prilep-rosoman-vo-prekin-od-poplavite-video/#respond Sat, 17 Jun 2023 08:38:34 +0000 https://kurir.mk/?p=846709

Од утрово целосно е непроодно движењето на патниот правец Прилеп-Росоман после Плетвар поради одрони и поплавување на патот. „Кај „Плетвар пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Се преземаат мерки за расчистување“, информираат од АМСМ. Алармантна е состојбата кај Плетвар, поточно кај изградбата на новите тунели кај Фариш. Водата носи се пред себе, а автомобили се заглавени на патниот правец Прилеп-Градско. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odroni-pred-tunelite-kaj-pletvar-soobrakajot-prilep-rosoman-vo-prekin-od-poplavite-video/feed/ 0
Се излеа Раечка Река, во прекин сообраќајот на патот Градско – Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-izlea-raechka-reka-vo-prekin-soobrakajot-na-patot-gradsko-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-izlea-raechka-reka-vo-prekin-soobrakajot-na-patot-gradsko-prilep/#respond Sat, 17 Jun 2023 07:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=846678

Сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп од 7:20 часот е во целосен прекин поради обилни врнежи од дожд и излевање на Раечка Река, кај село Раец. Како што информира АМСМ, на клучката кај местото викано „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Се преземаат мерки за расчистување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-izlea-raechka-reka-vo-prekin-soobrakajot-na-patot-gradsko-prilep/feed/ 0
Големи штети по излевањето на реките Крива и Киселичка: Поплавени домови, отсечено село, однесени пешачки мостови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemi-shteti-po-izlevaneto-na-rekite-kriva-i-kiselichka-poplaveni-domovi-otsecheno-selo-odneseni-peshachki-mostovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemi-shteti-po-izlevaneto-na-rekite-kriva-i-kiselichka-poplaveni-domovi-otsecheno-selo-odneseni-peshachki-mostovi/#respond Fri, 16 Jun 2023 20:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=846668

Крива Река и Киселичка Река вечерва се излеаја и предизвика големи штети, однесени се пешачки мостови, поплавени се домови на граѓаните, а селото Т'лминци со над дваесетина жители е отсечено. Општина Крива Паланка повика на смиреност по новонастанатата состојба и излевањето на долови и делови од Крива Река. - Се повикуваат на смиреност граѓаните, службите од Општината се на терен, се превземаат сите мерки, целокупната расположлива механизација од општинските служби и од приватни фирми, кои се одѕваа на повикот на градоначалникот, е на терен. Состојбата е под контрола, повикуваме сите граѓани да останат смирени и крајно внимателно да се однесуваат и да постапуваат, особено во реонот по десниот брег на течение на Крива Река, како и во реоните каде што има појава на свлечишта. Да не се користат пешачките мостови, а т.н. „Осички мост" е затворен за сообраќај, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка. Дојдено е до поголемо излевање на повеќе долови, а надојдените водотеци, долови и буици предизвикаа излевање на Крива Река. Службите информираат дека со пумпи се врши испумпување вода во неколку куќи кај местото викано Тополки кај населбата Мизовски Ливади, а кај градскиот базен постои опасност од излевање на реката. Водите на Крива Река однесоа повеќе пешачки мостови кај Пашина Воденица, а т.н. Карчов Мост, спроти градскиот пазар, е залеан во коритото на реката. Сите служби се мобилизирани, механизација е на терен, а според информациите од Општинскиот кризен штаб, водостојот на реката се намалува, но сѐ што е потребно се работи на терен и формирани се тимови од општината кои се распоредени итно на сите критични локации. Сите настанати штети, но и состојби од терен со излевање или појава на свлечишта да се пријават кај лицето за контакт од Општина Крива Паланка, Даниела Велковска, на тел. 075 229 000. Информирани се надлежните институции, Центар за управување со кризи и на терен вечерва се очекува да пристигне директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Невреме со пороен дожд и силен ветер што попладнево го зафати Куманово и Кумановско, предизвика поплавување на улиците во централното кумановско градско подрачје, бидејќи шахтите не ја апсорбираа големата количина на вода, а силниот ветер откорна и неколку дрвја. - Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ интервенираа на повеќе локации, ги чистат јавно прометните површини и ги санираат последиците, информираше градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Во текот на денот ЦУК испрати известување според податоците од УХМР, дека на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка е забележан висок водостој. -Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, стоеше во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golemi-shteti-po-izlevaneto-na-rekite-kriva-i-kiselichka-poplaveni-domovi-otsecheno-selo-odneseni-peshachki-mostovi/feed/ 0
Крива Река се излеа во Крива Паланка: Итно известување до граѓаните, во прекин сообраќајот кон село Луке https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriva-reka-se-izlea-vo-kriva-palanka-itno-izvestuvane-do-graganite-vo-prekin-soobrakajot-kon-selo-luke/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriva-reka-se-izlea-vo-kriva-palanka-itno-izvestuvane-do-graganite-vo-prekin-soobrakajot-kon-selo-luke/#respond Fri, 16 Jun 2023 19:44:48 +0000 https://kurir.mk/?p=846657

Општина Крива Паланка повикува на смиреност по новонастанатата состојба и излевањето на делови од Крива Река. Од општината велат дека службите се на терен, се превземаат сите мерки, а состојбата е под контрола. -Поради обилните врнежи дојдено е до поголемо излевање на повеќе долови, Домачки Дол, Куков Дол, а надојдените водотеци, долови и буици предизвикаа излевање на Крива Река. Се повикуваат сите граѓани да останат смирени и крајно внимателно да се однесуваат и да постапуваат, особено во реонот по десниот брег на течение на Крива Река, како и во реоните кадешто има појава на свлечишта, се вели во известувањето на Општината. Сите настанати штети, но и состојби од терен со излевање или појава на свлечишта да се пријават кај лицето за контакт од Општина Крива Паланка, Даниела Велковска, на тел. 075 229 000. Поради свлечиште целосно е во прекин сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – село Луке. Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин во двата правци од 21:00 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriva-reka-se-izlea-vo-kriva-palanka-itno-izvestuvane-do-graganite-vo-prekin-soobrakajot-kon-selo-luke/feed/ 0
Можно излевање на Вардар кај Чегране, ЦУК предупредува на претпазливо движење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozhno-izlevane-na-vardar-kaj-chegrane-tsuk-predupreduva-na-pretpazlivo-dvizhene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozhno-izlevane-na-vardar-kaj-chegrane-tsuk-predupreduva-na-pretpazlivo-dvizhene/#respond Tue, 24 Jan 2023 20:01:46 +0000 https://kurir.mk/?p=791392

Регионалниот Центар за управување со кризи Гостивар известува, по пријавата од село Чегране, дека е можно излевање на реката Вардар во близина на бензиската пумпа во Чегране. Согласно пријавата, се информирани субјектите за управување со кризи на локалната самоуправа, а и дежурните на ТППЕ Гостивар, ДЗС Гостивар и ЕСМ подружница ХЕЦ Маврово. -Инаку, водостојот е зголемен заради зголемувањето на водостој на приклучните реки поради обилните врнежи од дожд и снег, согласно најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од 19 јануари. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците. Конкретно, УХМР пред 5 дена најави зголемени врнежи, топење на снег и дека се очекува дека хидолошката состојба да доведе до можни локани поплавувања. Во повеќе делови од земјата, како резултат на врнежите во изминатиот период и топењето на снегот, дека земјата е заситена со влага и се очекува брза реакција на помалите реки и суводилици низ земјава каде што на места се можни локални излевања. И, дека кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот а пред се на водотеците во западниот дел на земјата каде во сливот на р.Радика, р.Сатеска, р.Треска и горниот дел од сливот на р.Вардар се очекуваат значително високи водостои. Исто така, заради можноста од појава на поројни, интензивни врнежи, придружувани со засилен јужен ветер, можни се локални проблеми кај дел од градските урбани населени места каде што би се појавиле ваков тип на врнежи. Затоа предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, велат од ЦУК.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozhno-izlevane-na-vardar-kaj-chegrane-tsuk-predupreduva-na-pretpazlivo-dvizhene/feed/ 0
Се излеа реката Дрина, поплавени земјоделски површини и градска плажа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-izlea-rekata-drina-poplaveni-zemjodelski-povrshini-i-gradska-plazha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-izlea-rekata-drina-poplaveni-zemjodelski-povrshini-i-gradska-plazha/#respond Thu, 19 Jan 2023 14:48:54 +0000 https://kurir.mk/?p=789395

Поради обилните врнежи во Република Српска поплавени се земјоделските површини и градската плажа во градот Зворник. Градската управа на Зворник апелираше до граѓаните до дополнително известување да не се спуштаат на шеталиштето покрај реката Дрина и да се држат настрана од надојдениот водотек. Протокот на реката Дрина кај хидроцентралата Мали Зворник во 07:00 часот изнесувал 1.990 метри кубни во секунда, а дотекот 2.030 метри кубни во секунда со тенденција на зголемување, соопшти Градската управа. Во текот на ноќта реката Дрина се излеа на земјоделско земјиште во општините Тршиќ и Роќевиќ, додека во Каракај (во близина на Терминал) водата навлегла во подрумите на три куќи, се вели во соопштението. Поплавена е градската плажа во Зворник, а се очекува да се излее и во викенд одморалиштето во Средње Шепко. Коритата на реките Хоче и Сапна се полни меѓу 30 и 40 проценти. Во Службата за цивилна заштита зголемена е дежурството, посетен е теренот и состојбата континуирано се следи. Утрово заседаваше Градскиот штаб за цивилна заштита на градот Зворник, јави РТРС. Резервниот состав на службата за цивилна заштита е во подготвеност, како и сите припадници на Професионалната противпожарна и спасувачка единица. Се преземаат и други превентивни мерки и активности со цел да се намалат последиците од обилните врнежи од дожд и зголемен проток на вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-izlea-rekata-drina-poplaveni-zemjodelski-povrshini-i-gradska-plazha/feed/ 0
ДВАЕСЕТИНА КУЌИ ПОД ВОДА – се излееја реките во општина Босилово, поплавени и неколку објекти и ниви https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dvaesetina-kukji-pod-voda-se-izleeja-rekite-vo-opshtina-bosilovo-poplaveni-i-nekolku-objekti-i-nivi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dvaesetina-kukji-pod-voda-se-izleeja-rekite-vo-opshtina-bosilovo-poplaveni-i-nekolku-objekti-i-nivi/#respond Mon, 13 Dec 2021 13:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=607832

Триесетина објекти и голема површина земјиште се под вода на влезот во селото Турново, во Општина Босилово, каде се излееја реките Струмица и Турија. Водата е навлезена во повеќе објекти, а целосно се поплавени фудбалскиот терен, соблекувалните, спортската сала на ФК „Турново“, објектот на Ветеринарната станица и дваесети куќи и помошни објекти. Според Томислав Тимовски, вработен во фудбалскиот клуб, проблемот со поплавите е заради излевањето на реката Струмица. -Реката при секои поголеми дождови се излева во атарот на Општина Босилово, на влезот во селото Турново. Голема е штетата и според нашите први проценки е на 50 илјади евра, рече Тимовски. Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев вели дека и покрај тоа што вчера интервенирала механизацијата на повеќе критични точки, сепак водите од реката поплавиле повеќе објекти и земјоделски површини. -Поплавени се неколку деловни објекти и дваесетина куќи. Моментално има намалување на водостојот на реките и не очекуваме влошување. Будно ја следиме состојбата и подготвени сме да дејствуваме, рече градоначлникот Манчев. Според него недостасува систем за редовно чистење и одржување на речните корита и одводните канали, но обилните врнежи предизвикале надоаѓање на голема количина вода која ги надминала капацититети на сливните подрачја во Општината. Влезот во селото Турново, во Општина Босилово, веднаш до магистралниот пат што води кон граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница, личи на вистинско езеро, а според жителите на Турново среќна околност е што излевањето не поминува врз магистралата, туку под неа и водата истекува од другата страна на овој патен правец. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dvaesetina-kukji-pod-voda-se-izleeja-rekite-vo-opshtina-bosilovo-poplaveni-i-nekolku-objekti-i-nivi/feed/ 0
УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Можни излевања на вода во дел од урбаните средини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uhmr-predupreduva-mozni-izlevanja-na-voda-vo-del-od-urbanite-sredini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uhmr-predupreduva-mozni-izlevanja-na-voda-vo-del-od-urbanite-sredini/#respond Fri, 16 Jul 2021 10:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=537654

Од денеска попладне до вторник, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуват повремени краткотрајни поројни врнежи од дожд, на места во вид на невреме придружувани со засилен ветер и појава на град. Според УХМР, на некои места каде локално врнежите ќе бидат поинтензивни, можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјата како и појава на одрони и свлечишта. Исто така можна е и појава на течење и слевање вода низ дел од градските урбани средини на места каде процесите ќе бидат поинтензивни со краткотрајни интензивни врнежи од дожд. За поголемите реки засега не постои опасност од нивно излевање. УХМР предупредува на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во наредните денови, особено за време на попладневните часови]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uhmr-predupreduva-mozni-izlevanja-na-voda-vo-del-od-urbanite-sredini/feed/ 0
Сава се излеа во Загреб https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sava-se-izlea-vo-zagreb/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sava-se-izlea-vo-zagreb/#respond Sat, 08 May 2021 14:45:24 +0000 https://kurir.mk/?p=507638

Реката Сава денеска се излеа во Загреб поради високиот водостој по два дена врнежи, пренесува Индекс.хр. Силен дожд врнеше во Загреб последните два дена, а силно невреме го зафати градот завчера. Имено, за време на невремето што вчера попладне ги зафати Загреб и Загребската жупанија, граѓаните се пријавија во Центарот 112 за уништување на дрвја и гранки, оштетување на возила и лимени покриви, но за среќа нема повредени, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sava-se-izlea-vo-zagreb/feed/ 0