измами – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 12 Mar 2022 13:53:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png измами – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приведени две лица од Тетово инволвирани во десетина измами https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-lica-od-tetovo-involvirani-vo-desetina-izmami/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-lica-od-tetovo-involvirani-vo-desetina-izmami/#respond Sat, 12 Mar 2022 13:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=646006

На 11.03.2022 околу 17.00 часот полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.М.(31) и Н.М.(42) од Тетово. Тие се сомничат дека заедно со Ш.Ш.(35), исто така од Тетово, кој беше приведен на 10.03.2022, биле инволвирани во десетина измами, кои од септември минатата до март оваа година биле извршени на тетовско-гостиварското подрачје. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-lica-od-tetovo-involvirani-vo-desetina-izmami/feed/ 0
Приведен 35 годишен тетовец кој сторил десетина измами https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-35-godishen-tetovec-koj-storil-desetina-izmami/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-35-godishen-tetovec-koj-storil-desetina-izmami/#respond Thu, 10 Mar 2022 16:42:13 +0000 https://kurir.mk/?p=644978

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (10 март) околу 14 часот и 30 минути, во близина на крстосницата на улиците "Иво Лола Рибар" и "Благоја Тоска" во Тетово, го лишиле од слобода 35-годишниот тетовец Ш.Ш, поради сомнение дека извршил десетина различни измами на тетовско-гостиварското подрачје, во периодот од септември минатата до март оваа година, кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случаите ќе му биде изготвен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-35-godishen-tetovec-koj-storil-desetina-izmami/feed/ 0
Граѓаните се жалат на измами при купување на социјалните мрежи, ОПМ апелира да се внимава од каде се купува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-se-zalat-na-izmami-pri-kupuvanje-na-socijalnite-mrezi-opm-apelira-da-se-vnimava-od-kade-se-kupuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-se-zalat-na-izmami-pri-kupuvanje-na-socijalnite-mrezi-opm-apelira-da-se-vnimava-od-kade-se-kupuva/#respond Sun, 20 Feb 2022 08:36:06 +0000 https://kurir.mk/?p=633788

Ковид пандемијата ги смени навиките за купување кај граѓаните. Сè почесто се купува онлајн преку социјалните мрежи кои се преплавени со евтини понуди за облека, апарати за домаќинство и мебел, но чести се и поплаките дека купениот производ не одговара со оној што се нуди, а нема можност ниту да се замени. Во групите на социјалните мрежи секојдневно може да се најдат поплаки од граѓани дека им бил доставен оштетен или сосема поинаков производ од понудениот, а потоа кога бараат замена или враќање на парите, се блокирани од страна на онлајн продавачот. Во текот на минатата година, Организацијата на потрошувачи (ОПМ), евидентирала дека околу 15 проценти од вкупно добиените поплаки се однесуваат токму на измамите при онлајн продажбата. Поплаките главно се однесувале на неисполнување на техничките карактеристики, производ во друга боја и големина од бараниот, оштетен производ или, пак, неиздавање на гаранција и упатство за употреба за техничките апарати. – Во ОПМ секојдневно пристигнуваат поплаки од потрошувачи кои се измамени при онлајн продажбата. Со појавата на КОВИД-19 и сè помасовното користење на онлајн просторот за купување на производи и услуги, кое што е и веќе тренд во последните години, влијае на тоа и потрошувачите кај нас сè повеќе да купуваат преку онлајн продавници, а како резултат на тоа се зголеми и бројот на оштетени потрошувачи кои што се жалат во ОПМ, велат од ОПМ во изјава за МИА. Проблемот, посочуваат од ОПМ, е во тоа што купувачите не знаат дали купуваат од легални или нелегални онлајн продавници бидејќи на социјалните мрежи секој може да отвори профил. Затоа препорачуваат секогаш кога се купува преку социјалните мрежи, потрошувачите да бидат особено внимателни и да проверат дали онлајн понудата е од регистрирана фирма, дали продавачот нуди можност за плаќање преку трансакција и дали при испораката на производот доставува фискална сметка или сметко-потврда. – Проблемот е што купувачите кога купуваат преку интернет не знаат дали купуваат од легални или од нелегални онлајн продавници. Најчесто, нелегалните продавници имаат свој профил на социјалните мрежи, телефон, адреса (кои и во најголем случај се непостоечки). При онлајн купувањето, особено доколку станува збор за купување од социјалните мрежи, потребно е потрошувачите однапред да утврдат дали таа продавница е регистрирана фирма, дали има седиште, физичка продавница или пак е регистрирана онлајн продавница, дали продавачот нуди можност за плаќање преку трансакција, преку уплатница во банка и за нарачката им испраќа валидна потврда на е-маил, дали при испорака на производот им доставува фискална сметка/фактура или сметко-потврда. Продавачите кои не се регистрирани не издаваат фискална сметка, гарантен лист, фактура и друга техничка документација за одреден технички производ или бела техника, истакнуваат од ОПМ. Апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при купувањето преку социјалните мрежи затоа што нема механизам со кој би се спречило некој да отвори профил и да нуди производи онлајн. Во случај на злоупотреба на личните податоци на потрошувачот, треба веднаш да се пријави во Министерството за внатрешни работи. – Кај нас сè уште немаме некој конкретен механизам со кој би се спречиле некои лица да прават профили на социјалните мрежи и да продаваат производи, скриени зад некој лажен профил или назив на некој онлајн шоп. Од таа причина потрошувачите се тие кои што треба да внимаваат при купувањето од онлајн продавниците, бидејќи измамата од овие т.н. фиктивни продавачи кои се застапени на социјалните мрежи е голема и понатаму имаат тешкотии за заштита на своите права. Во случај да им бидат злоупотребени нивните лични податоци, банкарски картички и слично, ќе треба веднаш да пријават во Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и Агенција за заштита на личните податоци, појаснуваат од ОПМ. Од Министерството за внатрешни работи на прашање на МИА за информација за број на пријави за измама при интернет купување и нелегална продажба од страна на лажни трговци и онлајн страници во изминатите две години, изјавија дека минатата година се регистрирани шест кривични дела „компјутерска измама” за кои се пријавени пет сторители. – Во врска со Вашето барање, кое се однесува на податоци за сторени кривични дела „компјутерска измама” Ве известуваме за следново – Во 2020 година регистрирани се три кривични дела со непознат сторител, а во 2021 година регистрирани се шест кривични дела за кои се пријавени пет сторители, стои во информацијата доставена до МИА. Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ на прашањето како можат граѓаните да се заштитат при ваквите кривични дела, колку траат процесите и кој е најчестиот исход, вели дека кривични дела преку интернет имало многу малку, односно „скоро и да немало”. – Нема одговорност, единствено и најдобро да се заштитат е да не ги даваат своите лични податоци и да се ограничат на бројот на луѓе кои навистина ги познаваат, вели Давидовиќ. Во однос на судската пракса за измами преку интернет трговија, тој вели дека до сега немало посебни предмети. – До сега имало поплаки за квалитетот и за големината која преку интернет не можете да ја видите, но, некои посебни предмети немало, особено кривични. Кривичните дела преку интернет особено ги нема, немало ни постапки, најчести предмети се оние каде има навреди и клевети кои завршуваат со граѓанска одговорност во граѓанскиот суд, вели Давидовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-se-zalat-na-izmami-pri-kupuvanje-na-socijalnite-mrezi-opm-apelira-da-se-vnimava-od-kade-se-kupuva/feed/ 0
Млада скопјанка вршела измама и кражби во Гази Баба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mlada-skopjanka-vrshela-izmama-i-krazbi-vo-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mlada-skopjanka-vrshela-izmama-i-krazbi-vo-gazi-baba/#respond Thu, 23 Sep 2021 11:18:57 +0000 https://kurir.mk/?p=567304

На 22.09.2021 полициски службеници од ЕВР Гази Баба ја лишиле од слобода Б.А.(35) од Скопје поради сомнение за сторени повеќе кривични дела -„измама“ „дрска кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Гази Баба. По судска наредба бил извршен претрес во нејзиниот дом и била пронајдена облеката што ја носела при извршување на кривичните дела. Во присуство на јавен обвинител било извршено препознавање од оштетените, при што биле расчистени шест кривични дела – три измами, една тешка кражба на дрзок начин и две кражби. По целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mlada-skopjanka-vrshela-izmama-i-krazbi-vo-gazi-baba/feed/ 0
Почна сезоната – сѐ повеќе измами со дрва за огрев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sezonata-s-povekje-izmami-so-drva-za-ogrev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sezonata-s-povekje-izmami-so-drva-za-ogrev/#respond Fri, 16 Oct 2020 14:03:36 +0000 https://kurir.mk/?p=417258

Во СВР Куманово од почетокот на годината досега регистрирани се вкупно десет пријави на измами со набавка на огревни дрва, соопштија денеска од кумановската полиција. Најчесто, појаснуваат од полицијата жртви на вакви измами се повозрасни граѓани. Измамниците најчесто им ветувале дека ќе ги снабдат со огревни дрва по пониска цена. Од вкупниот број пријавени две пријави имало во јануари, една во февруари, две во јули. Најмногу пријави, односно три се евидентирани во август и по една има во септември и октомври. Од полицијата велат дека и на формалните и неформални средби на граѓаните им се укажува како да се заштитат од овој вид измама. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sezonata-s-povekje-izmami-so-drva-za-ogrev/feed/ 0
САД: Најчестите измами во врска со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-najchestite-izmami-vo-vrska-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-najchestite-izmami-vo-vrska-so-kovid-19/#respond Thu, 03 Sep 2020 08:46:13 +0000 https://kurir.mk/?p=398594

За време на пандемијава, на многу луѓе им стигаат писма „за жртвите на Ковид-19“, предлози за донации за развој на вакцини, па дури и понуди за купување лек за вирусот… Американскиот Национален центар за финансиски услуги предупредува дека голем дел од сѐ тоа се измами. Според стручњаци од Центарот, еден од најпопуларните методи за повлекување пари е шемата за испраќање пораки за надомест на штета на луѓе кои, наводно се заразиле со коронавирусот. „Тоа може да биде испратена порака со линк на некоја од социјалните мрежи… Или пак, повик на телефон дека сте добиле компензација во врска со пандемијата. Многу луѓе ја следат врската во пораката без размислување, или пак, веднаш почнуваат да се јавуваат на дадениот телефонски број, па губат пари и без да знаат за тоа. Владини службеници не испраќаат СМС-пораки и не се јавуваат ако имате право на надомест – тие информации може да ги добиете само ако самите им се јавите”, велат од центарот. Друг вид измама се оние повици за дарување пари за развој на вакцина против коронавирусот… Имало и лажни понуди за платен тест за Ковид-19, за дезинфекција на станот од вирусот, за работа во ова време на корона-криза и слични… „Сите овие понуди имаат нешто заедничко – ќе ви биде понуден линк, каде што ќе биде побарано да внесете лични податоци. Тоа значи ризик вашите средства“, се вели во извештајот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-najchestite-izmami-vo-vrska-so-kovid-19/feed/ 0
Внимавајте: Измамници од угостители и продавaчи на цвеќе одзеле пари, полицијата работи на расчистување на случаите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-izmamnici-od-ugostiteli-i-prodavchi-na-cvekje-odzele-pari-policijata-raboti-na-raschistuvanje-na-sluchaite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-izmamnici-od-ugostiteli-i-prodavchi-na-cvekje-odzele-pari-policijata-raboti-na-raschistuvanje-na-sluchaite/#respond Thu, 13 Feb 2020 12:27:20 +0000 https://kurir.mk/?p=303431

По неколкуте пријави за измами во кои досетливи измамници од угостители и продавчи на цвеќе одзеле пари, од СВР Тетово информираат дека во тек се интензивни мерки и активности за расчистување. Деновиве угостители и продавачи на цвеќе од Тетово, Гостивар и Врапчиште пријавиле неколку идентични измами со лажни резервации и нарачки. -Во рамките на овие активности соодветните служби на Секторот веќе располагаат со одредени сознанија околу можните сторители на измамите. Апелираме до граѓаните да бидат докрај претпазливи кога телефонски примаат резервации или нарачки на одредени производи и услуги. Особено треба да бидат претпазливи кога станува збор за непознати лица, кои нудат најразлични производи или им ветуваат посредување за некои услуги како вработување, обезбедување документи и слично, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово. Измамниците според утврдена шема се јавуваат во некој ресторан, и некој од нив се претставува како раководител или директор на фирма и бара да му се резервира сала за забава. Притоа од угостителот бара да ангажира фирма за декорација на салата и да ѝ плати. Парите за декорацијата се даваат во кеш на одредено лице кое подоцна исчезнува, а нарачателот е недостапен на телефонот. Според Јосифоски, поединци вешто и досетливо, измислуваат најразлични приказни и начини да ги доведат во заблуда и да остварат парична или друга корист, ветувајќи услуги, огревни дрва, лекарства, возила, поефтини станови и друго. Измамите претставуваат кривично дело (член 247 од Кривичниот законик) за кое е предвидена парична или казна затвор од 3 до 5, односно 10 години, зависно од големината на причинетата материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-izmamnici-od-ugostiteli-i-prodavchi-na-cvekje-odzele-pari-policijata-raboti-na-raschistuvanje-na-sluchaite/feed/ 0