измир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 16:56:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png измир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 SunExpress ќе лета до Измир и Анталија и во зимскиот ред на летање од скопскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sunexpress-ke-leta-do-izmir-i-antalija-i-vo-zimskiot-red-na-letane-od-skopskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sunexpress-ke-leta-do-izmir-i-antalija-i-vo-zimskiot-red-na-letane-od-skopskiot-aerodrom/#respond Fri, 22 Sep 2023 16:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=880767

Со почетокот на зимската сезона 2023/2024, авиокомпанија за рекреативни патувања, SunExpress, продолжува да лета од Меѓународниот Аеродром Скопје до Измир и Анталија со редовни летови во текот на целата година, најавија од ТАВ Аеродроми. -Продолжувањето на летовите до Измир и Анталија на SunExpress и нивното додавање на распоредот на редовни летови во рамките на зимскиот ред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје, ќе биде одлична можност за патниците и туристите да ги посетат овие два турски туристички града надвор од летните горештини и да уживаат во двата града во текот на целата година, како и обратно, луѓето од Турција да ги посетат Скопје и Северна Македонија, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Како што соопштија од ТАВ Македонија, патниците ќе можат да уживаат во своето патување во Измир, метрополата на западниот брег на Анадолија, како и Анталија, главното туристичко одморалиште на турската ривиера, во текот на целата година. Од 1 и 3 ноември, соодветно, летовите до Измир и Анталија нема повеќе да сообраќаат како чартер-летови, односно, нема да бидат врзани со пакет-аранжмани преку туристички агенции. Авио-билетите за Измир и Анталија, отсега па натаму, ќе може да се резервираат директно преку веб страницата на SunExpress. -Среќни сме што ја зајакнуваме оваа врска со Северна Македонија. Со редовните летови уште повеќе ги зближуваме Турција и Северна Македонија, давајќи им можност на луѓето од Скопје да уживаат во прекрасните плажи на Измир и Анталија и доближувајќи ги турските патници до скопското Кале, изјави Питер Глејд, комерцијален директор на SunExpress. На овие редовни летови, SunExpress ќе лета со својата најбезбедна и модерна флота во Европа, со авион Боинг 737, со капацитет за седење од 189 патници, со два лета неделно, до Измир и два лета неделно, до Анталија. Летовите до Измир ќе бидат секој петок и недела, а летовите до Анталија секоја среда и сабота. Во рамките на редовните маркетинг-активности за промоција на двата македонски аеродроми во Скопје и во Охрид пред авиокомпании и тур-оператори, иницирани од страна на ТАВ Македонија, вчера во Скопје, заедно со SunExpress, аеродромскиот оператор организираше промотивен настан на кој присуствуваа 30 македонски туристички агенции. На настанот, авиокомпанијата ги претстави плановите за македонскиот пазар, бидејќи ова е првпат SunExpress да лета од Скопје во текот на зимската сезона и прв пат нивните летови до Анталија да бидат оперативни во текот на зимскиот период. ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, соопшти дека го заокружила периодот од јануари до август 2023 година со вкупно 2.049.157 патници кои патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Ова претставува пораст од 32 проценти споредено со истиот период во 2022 година, додека споредено со 2019, референтната година во авијацијата, статистиките во авиосообраќајот бележат 15 проценти зголемување на бројот на патници. Во однос на бројот на летови, во 8-те месеци од 2023 година реализирани се 15.344 летови или 20 проценти повеќе летови од 2022, односно 4 проценти повеќе споредено со 2019 година. Авиобилетите може да се резервираат преку веб-страницата на авиокомпанијата „https:www.sunexpress.com/en“, B2B порталот и како пакет-аранжмани преку тур-оператори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sunexpress-ke-leta-do-izmir-i-antalija-i-vo-zimskiot-red-na-letane-od-skopskiot-aerodrom/feed/ 0
Силен земјотрес ја погоди Турција пред само неколку минути https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-ja-pogodi-turtsija-pred-samo-nekolku-minuti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-ja-pogodi-turtsija-pred-samo-nekolku-minuti/#respond Tue, 10 Jan 2023 08:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=785357

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Турција пред неколку минути, јавува EМСЦ. Земјотресот се случил во 10:38 часот по локално време, а епицентарот е регистриран во морето, на 192 километри од Измир, третиот по големина турски град. Регистриран е на длабочина од 10 километри, а земјотресот е почувствуван низ целиот турски западен брег, во Истанбул, но и на некои грчки острови во Егејското Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-ja-pogodi-turtsija-pred-samo-nekolku-minuti/feed/ 0
ВИДЕО: Земјотресот во Турција предизвика големи штети и многу повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-zemjotresot-vo-turcija-predizvika-golemi-shteti-i-mnogu-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-zemjotresot-vo-turcija-predizvika-golemi-shteti-i-mnogu-povredeni/#respond Fri, 04 Nov 2022 07:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=755541

Две лица се повредени во земјотресот со јачина од 4,9 степени што денеска ја погоди западната турска провинција Измир. Земјотресот предизвика паника меѓу населението, соопштија властите. Претседателот одговори на лудите напади: Јас уништувам СТРАНСКИ беспилотни летала, а Понош ги уништи НАШИТЕ тенкови! Градоначалникот на Измир објави дека нема извештаи за поголема материјална штета освен урнатото минаре на џамија, пренесува АП. Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот со јачина од 4,9 степени, со епицентар во областа Буча во Измир, се случил утринава во 3 часот и 29 минути по локално време и бил проследен со неколку помали последователни потреси, како и дека бил почувствуван во околните области. Најмалку две лица се повредени откако скокнале од височина додека во паника се обидувале да ги напуштат своите домови, објави на Твитер министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу. Земјотресот се случи неколку дена откако Измир ја одбележа годишнината од земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала кој на 30 октомври 2020 година ги однесе животите на 117 лица, потсетува американската агенција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-zemjotresot-vo-turcija-predizvika-golemi-shteti-i-mnogu-povredeni/feed/ 0
Земјотрес во Измир, повредени две лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-vo-izmir-povredeni-dve-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-vo-izmir-povredeni-dve-lica/#respond Fri, 04 Nov 2022 06:55:05 +0000 https://kurir.mk/?p=755512

Две лица се здобија со повреди при земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди денеска западната турска провинција Измир и предизвика паника меѓу населението, соопштија официјални лица. Градоначалникот на Измир информираше дека нема регистрирано поголема материјална штета, освен урнатото минаре на една џамија. Турската служба за управување со вонредни состојби соопшти дека земјотресот со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во областа Буча во Измир, се случил во 3:29 часот изутринава по локално време. Најмалку две лица се повредени, откако скокнале од високи места, додека во паника се обидувале да ги напуштат нивните домови, објави министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу на Твитер. Пред неколку дена Измир ја одбележа годишнината од земјотресот со интензитет 6,6 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа 117 луѓе на 30 октомври 2020 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-vo-izmir-povredeni-dve-lica/feed/ 0
Солун и Измир се поврзуваат со бродска линија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/solun-i-izmir-se-povrzuvaat-so-brodska-linija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/solun-i-izmir-se-povrzuvaat-so-brodska-linija/#respond Mon, 10 Oct 2022 05:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=743248

Грчкиот град Солун и турскиот град Измир од денеска ќе се поврзат со бродска линија, преку траектот „Smyrna di Levante“, со кој управува приватната компанија „Levante Ferries“, јави дописничката на МИА од Атина. Траектот ќе сообраќа три пати седмично од Солун, во понеделник, среда и петок, а од Измир ќе поаѓа во вторник, четврток и недела, додека пак патувањето ќе трае 14 часа. Тракетот „Smyrna di Levante“, со должина од 158 метри е со капацитет да прими 948 патници, 1.000 камиони и 300 автомобили, а за патниците располага со различни типови на кабини, како и обични седишта. Според грчките медиуми, станува збор за проект за кој веќе 20 години се разговарало, а дури сега се реализира. Од компанијата соопштија дека по „темелно и долгорочно планирање, со трпение и упорност, со разговори и соработки, со волја и страст, се реализира големата визија, односно бродско поврзување на Солун и Измир, со што се исполнува силната и безвремена желба на двата народи“. Додаваат дека траектот создава мост на комуникација меѓу соседните земји, а компанијата „не само што се стреми кон промоција на заедничките трговски интереси на Грција и Турција, туку и да ги зајакне односите на двете земји и да го истакне сето она што ги обединува“. -Но, ова поврзување не само што ја поврзува Грција со Турција, туку ја поврзува и Европа со Азија. Ќе им служи на патниците и товарот кон Европа, Балканот и обратно. Многу камиони преку нашиот траект ќе можат лесно и удобно да стигнат до Бари и Анкона, со само еден билет. Туристичкиот сообраќај од двете страни ќе стигнува до дестинации кои во моментов се целосно оддалечени и непристапни, соопштија од компанијата. Извршниот директор на „Levante Ferries“ Ефстратиос Апергис за грчката новинска агенција АНА-МПА објасни дека денешното патување повеќе ќе има информативен карактер, односно за утврдување дека функционираат сите неопходни процеси, како што е пасошката контрола и царинските процедури, додека пак в среда ќе започне регуларниот комерцијален сообраќај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/solun-i-izmir-se-povrzuvaat-so-brodska-linija/feed/ 0
ВО РОК ОД ЕДНА МИНИТА ТРИ ЗЕМЈОТРЕСИ – тлото на Измир денеска се тресеше https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-rok-od-edna-minita-tri-zemjotresi-tloto-na-izmir-deneska-se-treseshe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-rok-od-edna-minita-tri-zemjotresi-tloto-na-izmir-deneska-se-treseshe/#respond Mon, 01 Feb 2021 19:36:02 +0000 https://kurir.mk/?p=462806

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во дистриктот Карабурун, во турската провинција Измирм на брегот на Егејско Море. Турската Управа за вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека земјотресот бил во 16 часот и 10 минути по локално време на длабочина од 6,9 километри. На истото подрачје утрово биле регистрирани три земјотреси, од кои два во рок од една минута. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-rok-od-edna-minita-tri-zemjotresi-tloto-na-izmir-deneska-se-treseshe/feed/ 0
Се сé тресеше без престан- серија земјотреси утрово го погоди овој турски град, најсилниот беше со јачина од 5,1 степени по рихтер (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-se-treseshe-bez-prestan-serija-zemjotresi-utrovo-go-pogodi-ovoj-turski-grad-najsilniot-beshe-so-jachina-od-5-1-stepeni-po-rihter-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-se-treseshe-bez-prestan-serija-zemjotresi-utrovo-go-pogodi-ovoj-turski-grad-najsilniot-beshe-so-jachina-od-5-1-stepeni-po-rihter-video/#respond Mon, 01 Feb 2021 09:11:05 +0000 https://kurir.mk/?p=462503

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди западната турска провинција Измир рано утрово. Според турските медиуми, земјотресот се случил во 08:46 часот по локално време на длабочина од 20,6 километри, соопшти турскиот орган за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), додавајќи дека епицентарот на земјотресот бил округот Карабурун во Измир. Како што е дополнително познато, овој земјотрес беше проследен со други четири земјотреси, со јачина од 4,8 и 4,7 степени. Медиумите објавија дека земјотресот бил почувствуван и во соседните провинции, како и во Лезбос, Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-se-treseshe-bez-prestan-serija-zemjotresi-utrovo-go-pogodi-ovoj-turski-grad-najsilniot-beshe-so-jachina-od-5-1-stepeni-po-rihter-video/feed/ 0
Бројот на жртви во земјотресот во Турција се искачи на 100, во болница 147 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvi-vo-zemjotresot-vo-turcija-se-iskachi-na-100-vo-bolnica-147-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvi-vo-zemjotresot-vo-turcija-se-iskachi-na-100-vo-bolnica-147-lica/#respond Tue, 03 Nov 2020 07:27:16 +0000 https://kurir.mk/?p=424060

Бројот на жртви од силниот земјотрес кој во петокот ги погоди Турција и Грција се искачи на 100, објави турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби. Најголем број од жртвите, 98, се во Измир додека две девојчиња починале на грчкиот остров Самос, пренесува Ројтерс. Во земјотресот повредени се 994 лица во Измир, од кои 147 се на болничко лекување, а спасувачите ги пребаруваат урнатините на пет згради во потрага по преживеани. Ангажирани се околу 8.000 спасувачи и 25 кучиња трагачи. Подигнати се над 3.500 шатори и 13.000 кревети кои служат за привремено сместување на луѓето кои останаа без кров над главата. Како што се наведува, овој бил најсмртоносниот земјотрес кој ја погодил Турција во последните десетина години. Земјотресот со јачина од 7 степени го погоди егејскиот брег на Турција и грчкиот остров Самос, а се почувствува до Атина и Истанбул. По првиот земјотрес, регистрирани биле над 800 послаби потреси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvi-vo-zemjotresot-vo-turcija-se-iskachi-na-100-vo-bolnica-147-lica/feed/ 0
ВИДЕО: Чудо во Турција – По 65 часа поминати под урнатините, спасено 3 годишно девојче https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-chudo-vo-turcija-po-65-chasa-pominati-pod-urnatinite-spaseno-3-godishno-devojche/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-chudo-vo-turcija-po-65-chasa-pominati-pod-urnatinite-spaseno-3-godishno-devojche/#respond Mon, 02 Nov 2020 08:55:13 +0000 https://kurir.mk/?p=423567

Од под урнатините на една зграда во Измир спасувачките екипи извлекоа три годишно девојче, соопштија турски официјални лица. Три дена по разорниот земјотрес кој погоди западни делови од Турција и делови во Грција, бројот на жртвите порасна на 81, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани од под урнатините на осумте згради во Измир. На снимките кои кружат на Интернет прикажано е како спасувачите ја извлекуваат 3 годишната Елиф и ја пренесуваат до амбулатното возило. Девојчето по име Елиф Перинчек е извадена од под урнатините речиси 65 часа по земјотресот, таа е 106 лице кое е спасено од под урнатините и однесено во болница. Мајката на Елиф, Сехер Дерели Перинчек, нејзините 10-годишни братче и сестричка близнаци Езел и Елзем Перинчек, како и нејзиното седумгодишно братче Умут Перинчек, беа спасени од урнатините 23 часа по земјотресот. Сепак, Умут го загуби својот живот, додека нејзината мајка и братчето и сестричката се на лекување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-chudo-vo-turcija-po-65-chasa-pominati-pod-urnatinite-spaseno-3-godishno-devojche/feed/ 0
Расте бројот на жртви во земјотресот во Турција и Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-brojot-na-zrtvi-vo-zemjotresot-vo-turcija-i-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-brojot-na-zrtvi-vo-zemjotresot-vo-turcija-i-grcija/#respond Mon, 02 Nov 2020 07:01:01 +0000 https://kurir.mk/?p=423493

Продолжуваат напорите за спасување можни преживеани од осум згради што се урнаа во земјотресот во западниот турски град Измир, соопштија локалните власти. Бројот на жртвите од силниот земјотрес што се случи во петокот во егејскиот регион се искачи на 81. Турските власти соопштија дека загинале 79 лица, сите во Измир, додека двајца тинејџери загинаа на грчкиот остров Самос. Турската служба за катастрофи и итни случаи (АФАД) соопшти дека се обезбедени 3.500 шатори и 13.000 легла за привремено засолниште. АФАД исти така информира дека во земјотрерсот се повредени 962 лица, од кои 740 веќе се пуштени од болница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-brojot-na-zrtvi-vo-zemjotresot-vo-turcija-i-grcija/feed/ 0