израел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 14:21:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png израел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турција го отповика амбасадорот од Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-otpovika-ambasadorot-od-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-otpovika-ambasadorot-od-izrael/#respond Sat, 04 Nov 2023 14:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=896445

Турција го отповика својот амбасадор во Израел на консултации поради одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот во Газа. Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сакир Озкан Торунлар бил отповикан „со оглед на хуманитарната трагедија во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел против цивили и одбивањето на Израел (да прифати) прекин на огнот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-otpovika-ambasadorot-od-izrael/feed/ 0
САД очекуваат интензивирање на копнената операција на Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ochekuvaat-intenzivirane-na-kopnenata-operatsija-na-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ochekuvaat-intenzivirane-na-kopnenata-operatsija-na-izrael/#respond Sat, 04 Nov 2023 09:54:11 +0000 https://kurir.mk/?p=896365

Американската влада очекува кампањата на Израел против Хамас во Појасот Газа да влезе во нова фаза во наредните денови, се наведува во извештај на американски медиуми. Си-Ен-Ен јави, цитирајќи висок владин функционер во Вашингтон, дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден очекува намалување на воздушните напади и посилен „тактички фокус на копнената кампања“. Официјалниот претставник рече дека целта најверојатно ќе биде да се уништи огромната мрежа од комплекси на подземни тунели на Хамас. Додека хуманитарната помош продолжува да се испорачува во Појасот Газа, американската влада очекува „намалување на она што го видовме“ во однос на масовните израелски воздушни напади. Од нападите на 7 октомври на палестинската екстремистичка група Хамас, која владее со Појасот Газа, Израел соопшти дека нападнал повеќе од 12.000 цели. Во меѓувреме, копнените трупи напредуваат и против терористите на Хамас и воени цели. Израел ги објави своите планови да го уништи Хамас откако неговите милитанти во серија напади убија 1.400 луѓе и држат 249 заложници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ochekuvaat-intenzivirane-na-kopnenata-operatsija-na-izrael/feed/ 0
Израел: Погодивме позиции на Хезболах во Либан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-pogodivme-pozitsii-na-hezbolah-vo-liban/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-pogodivme-pozitsii-na-hezbolah-vo-liban/#respond Fri, 03 Nov 2023 21:12:44 +0000 https://kurir.mk/?p=896292

Израелската армија соопшти дека нападнала две противтенковски лансирни позиции и уште една позиција на Хезболах во Либан. Нападите се извршени во јужниот дел на Либан во близина на израелската населба Јифтах. Борбите помеѓу Израел и Хезболах почнаа еден ден по нападот на Хамас врз Израел, а интензивираните напади од двете страни изминатите денови ја зголемуваат можноста за понатамошна ескалација. Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах изјави дека целта на борбите е да се одвлечат израелските сили од Појасот Газа. - Сите опции се отворени на нашиот либански фронт, наведе Насралах. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-pogodivme-pozitsii-na-hezbolah-vo-liban/feed/ 0
Израел со ВАЖЕН повик до своите граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-so-vazhen-povik-do-svoite-gragani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-so-vazhen-povik-do-svoite-gragani/#respond Fri, 03 Nov 2023 16:48:37 +0000 https://kurir.mk/?p=896240

Израел денеска ги повика своите граѓани да не патуваат во странство, со образложение дека антисемитизмот е во пораст ширум светот. Израелските власти „гледаат значително зголемување на антисемитизмот“ и поттикнување на антисемитски акти, како и „напади што можат да ги загрозат животите на Израелците и Евреите ширум светот“, се вели во соопштението на израелскиот Национален совет за безбедност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-so-vazhen-povik-do-svoite-gragani/feed/ 0
Блинкен пристигна во трета посета на Израел од 7 октомври https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-pristigna-vo-treta-poseta-na-izrael-od-7-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-pristigna-vo-treta-poseta-na-izrael-od-7-oktomvri/#respond Fri, 03 Nov 2023 07:43:15 +0000 https://kurir.mk/?p=896041

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Израел на средби со премиерот Бенјамин Нетанјаху и други високи израелски претставници, јавуваат светските медиуми. Блинкен слета во Тел Авив придружуван од новоименуваниот американски амбасадор во Израел, Џек Лу, наведе Си-ен-ен. Ова е негова трета посета на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври. Пред да замине од Вашингтон, Блинкен вчера кажа дека планира да разговара со израелската Влада за, како што рече, „актуеланата кампања против терористичката организација Хамас“ и „чекорите што треба да се преземат за заштита на цивилите“. Исто како и при претходните посети, тој има намера да разговара за заложниците кои ги држи Хамас, за спречување на ширењето на конфликтот, за натамошната испорака на хуманитарна помош, но и за „ден потоа“, односно за создавање услови за траен, одржлив мир и безбедност за Израелците и Палестинците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-pristigna-vo-treta-poseta-na-izrael-od-7-oktomvri/feed/ 0
Израелските власти ги прекинуваат сите врски со Појасот Газа и ги протеруваат Палестинците вработени во Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-vlasti-gi-prekinuvaat-site-vrski-so-pojasot-gaza-i-gi-proteruvaat-palestintsite-vraboteni-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-vlasti-gi-prekinuvaat-site-vrski-so-pojasot-gaza-i-gi-proteruvaat-palestintsite-vraboteni-vo-izrael/#respond Fri, 03 Nov 2023 07:22:49 +0000 https://kurir.mk/?p=896030

Израелските власти ќе ги вратат во опколениот Појас Газа сите Палестинци кои работат во Израел, јавија денеска официјални лица. „Израел ги прекинува сите контакти со Газа. Нема да има повеќе палестински работници од Газа“, беше објавено доцна синоќа во соопштението на безбедносниот кабинет на израелската Влада. Оттаму е наведено и дека Израел ќе престане да обезбедува средства за Палестинската управа наменети за Појасот Газа. Иако Хамас насилно ја презеде контролата врз Газа во 2007 година од Палестинската управа, во која доминира ривалската фракција Фатах, оваа управа продолжи да плаќа десетици илјади државни службеници во енклавата. Врз основа на привремените мировни договори од 1990-тите, Израел собира пари од царина и даноци во име на Палестинците и тие пари секој месец и ги исплаќа на Палестинската управа. Одлуката на израелскиот безбедносен кабинет ќе ја казни Палестинската управа, на која и недостасуваат пари за да продолжи да плаќа плати на јавните службеници во Газа. Американските медиуми го пренесуваат и делот од соопштението на безбедносниот кабинет во кое се кажува дека ќе се укинат и работните дозволи во Израел за околу 18.000 Палестинци од Газа. Во сиромашниот Појас Газа, невработеноста е околу 50 отсто, а работните места во Израел се исклучително барани.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-vlasti-gi-prekinuvaat-site-vrski-so-pojasot-gaza-i-gi-proteruvaat-palestintsite-vraboteni-vo-izrael/feed/ 0
Претставничкиот дом на САД изгласа помош од 14,3 милијарди долари за Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-na-sad-izglasa-pomosh-od-14-3-milijardi-dolari-za-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-na-sad-izglasa-pomosh-od-14-3-milijardi-dolari-za-izrael/#respond Fri, 03 Nov 2023 06:44:10 +0000 https://kurir.mk/?p=896006

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои нацрт-закон за испраќање итна помош за Израел во вредност од 14,3 милијарди долари. За усвојување на законот гласаа 226 конгресмени, а против 196, пренесе порталот „Хил“. Водачот на мнозинството во Сенатот, демократот Чак Шумер, го нарече законот „длабоко погрешен“ и додаде дека Сенатот нема да го прифати. Демократите се противат на усвојувањето на законот бидејќи тој не вклучува помош за Украина и ќе доведе до намалување на буџетот за Даночната управа на САД. Американскиот претседател Џо Бајден претходно се закани дека ќе стави вето на законот, тврдејќи дека е „лош за Израел, за регионот на Блискиот Исток и за националната безбедност на САД“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-na-sad-izglasa-pomosh-od-14-3-milijardi-dolari-za-izrael/feed/ 0
Ескалација на борбите меѓу Хезболах и Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eskalatsija-na-borbite-megu-hezbolah-i-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eskalatsija-na-borbite-megu-hezbolah-i-izrael/#respond Thu, 02 Nov 2023 19:55:21 +0000 https://kurir.mk/?p=895940

Хезболах соопшти дека извршил повеќекратни напади врз позициите на израелската армија, вклучувајќи го и првиот со дронови опремени со експлозиви, додека Израел изврши воздушни напади во јужен Либан. Израелската војска соопшти дека одговорила на лансирањето од Либан со воздушни напади врз цели на Хезболах со тенковски и артилериски оган. Хезболах соопшти дека неговите борци извршиле 19 симултани напади врз позициите на израелската армија во Израел користејќи наведувани ракети, артилерија и друго оружје. Хезболах соопшти дека два дронови полни со експлозиви погодиле командна станица на израелската армија во областа Шеба Фармс на границата. Израелски гранати ја погодија периферијата на градот Кијам на околу шест километри од границата, при што е полесно повреден еден цивил, изјави градоначалникот на градот, Али Рашед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eskalatsija-na-borbite-megu-hezbolah-i-izrael/feed/ 0
Блинкен ќе разговара за „конкретни чекори“ со Израел за помош на цивилите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-ke-razgovara-za-konkretni-chekori-so-izrael-za-pomosh-na-tsivilite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-ke-razgovara-za-konkretni-chekori-so-izrael-za-pomosh-na-tsivilite/#respond Thu, 02 Nov 2023 19:34:22 +0000 https://kurir.mk/?p=895931

Американскиот државен секретар, Антони Блинкен за време на неговата претстојна посета на Тел Авив ќе разговара за чекорите што Израел „може и треба“ да ги преземе за да се минимизираат цивилните жртви. - Ќе разговараме за конкретни чекори што може и треба да се преземат за да се минимизира штетата за мажите, жените и децата во Газа, а тоа е нешто на што се посветени САД, рече Блинкен. Стејт департментот соопшти дека Блинкен се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со други лидери на израелската влада. - Кога ќе видам палестинско дете, момче или девојче, извлечено од под остатоците на урната зграда, тоа ме погодува исто како да гледам дете во Израел или на кое било друго место. Значи, тоа е нешто на што имаме обврска да одговориме и ќе го направиме, рече тој. Одговарајќи на прашање дали Израел покажал воздржаност во офанзивата во Газа, Блинкен само го повторил правото на Израел да се брани и „одговорноста да направи се што е можно за да ги заштити цивилите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-ke-razgovara-za-konkretni-chekori-so-izrael-za-pomosh-na-tsivilite/feed/ 0
Припадник на терористичката група Хамас: Знаев дека има деца и пукав во вратата, нема разлика меѓу Хамас и ИСИС https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-teroristichkata-grupa-hamas-znaev-deka-ima-detsa-i-pukav-vo-vratata-nema-razlika-megu-hamas-i-isis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-teroristichkata-grupa-hamas-znaev-deka-ima-detsa-i-pukav-vo-vratata-nema-razlika-megu-hamas-i-isis/#respond Thu, 02 Nov 2023 12:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=895815

Израелската војска вчера објави видео од испрашување на маж за кој велат дека е член на Хамас вклучен во нападот врз Израел на 7 октомври. Човекот на видеото го опишува убиството на израелски деца во Кфар Аз, израелски кибуц на границата со Газа. „Нашата единствена мисија беше убивање, а не киднапирање. Убијте го секој човек кој ќе го видите и вратете се во Газа“, раскажал Амер Абу Гоша, командос на единица на Хамас. Тој навел дека неговата група се упатила кон Кфар Аз со џип и влегла во кибуцот откако еден од нив ја разнел капијата со експлозивна направа. Откако влегле во градот, оделе од куќа до куќа, ги палеле и пукале во сите кои им се нашле на патот со калашникови или ги гаѓале со гранати. „Слушнав деца, пукав на вратата“ Во еден момент, Абу Гоша опишува како влегол во куќа и слушнал гласови на мали деца кои плачат во другата соба и пукал кон вратата од собата. Тој вели дека гласовите на крајот престанале, па заклучил дека децата умреле. „Пукавме додека не слушнавме повеќе гласови“, рече тој. Абу Гоша и дел од неговата група подоцна влегле во вооружен конфликт со војниците на ИДФ – Израелските одбранбени сили, кои влегле во куќата низ прозорците и биле принудени да се предадат. На прашањето зошто убивале жени и деца, Абу Гоша одговара: „Ни рекоа дека сите доселеници се војници“. На прашањето која е разликата меѓу Хамас и ИСИС, тој вели дека испитувачите му покажале видео снимки од некои од злосторствата извршени од терористите на Хамас врз израелските цивили, а тој коментирал: „Нема разлика. Сум видел видеа кои се полоши од оние на ИСИС“. Израел ја напаѓа Газа повеќе од три недели како одговор на најтешкиот масакр во својата историја, извршен на 7 октомври од терористи од Хамас и други екстремистички групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-teroristichkata-grupa-hamas-znaev-deka-ima-detsa-i-pukav-vo-vratata-nema-razlika-megu-hamas-i-isis/feed/ 0