израелска армија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 07:31:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png израелска армија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израелската армија ја проби првата линија на одбрана на Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-ja-probi-prvata-linija-na-odbrana-na-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-ja-probi-prvata-linija-na-odbrana-na-hamas/#respond Thu, 02 Nov 2023 07:31:32 +0000 https://kurir.mk/?p=895613

Израелската армија утрово соопшти дека уште еден војник загинал во борбите во северниот дел на Појасот Газа. Вкупно 17 израелски војници се убиени од 27 октомври кога почна копнената операција врз Појасот Газа минатиот петок. Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари посочи дека војниците ги пробиле првите линии на одбрана на Хамас во северниот дел на Појасот Газа. Тој додаде дека израелските сили се на влезот во градот Газа. Во текот на ноќта, силни експлозии и гранатирање можеа да се слушнат во градот Газа, вклучително и во близина на болницата Ал Кудс, соопшти палестинската Црвена полумесечина.  (МИА) фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-ja-probi-prvata-linija-na-odbrana-na-hamas/feed/ 0
Израелската армија тврди дека еден нејзин тенк по грешка погодил египетска позиција на границата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-tvrdi-deka-eden-nejzin-tenk-po-greshka-pogodil-egipetska-pozitsija-na-granitsata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-tvrdi-deka-eden-nejzin-tenk-po-greshka-pogodil-egipetska-pozitsija-na-granitsata/#respond Sun, 22 Oct 2023 19:27:25 +0000 https://kurir.mk/?p=892008

Израелската армија денеска соопшти дека еден нејзин тенк „по грешка“ погодил египетска позиција на границата меѓу двете земји. „Пред извесно време, тенк на израелската армија по грешка погоди египетска позиција во близина на границата во секторот Керем Шалом“, се вели во соопштението. Армијата наведува дека „жали“ за инцидентот и најави отворање истрага. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-tvrdi-deka-eden-nejzin-tenk-po-greshka-pogodil-egipetska-pozitsija-na-granitsata/feed/ 0
Британскиот министер за надворешни работи ја повика израелската армија да покаже воздржаност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-ja-povika-izraelskata-armija-da-pokazhe-vozdrzhanost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-ja-povika-izraelskata-armija-da-pokazhe-vozdrzhanost/#respond Sat, 21 Oct 2023 16:20:05 +0000 https://kurir.mk/?p=891671

Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли изјави дека разговарал со израелските власти за нивната обврска да го почитуваат меѓународното право и да го заштитат цивилното население во Газа и дека војската на земјата треба да биде воздржана. - Велика Британија е категорична и отсекогаш била категорична дека Израел има право да се брани и да обезбеди ослободување на заложниците земени на 7 октомври, изјави Клеверли на Самитот за мир на Блискиот Исток, што се одржува во Каиро. - Ние сме, исто така, категорични дека мора да работиме и дека тие мора да работат на ублажување на страдањата на Палестинците во Газа и да се погрижат нивните постапки да се во согласност со меѓународното право, додаде тој. - И покрај исклучително тешките околности, повикав на дисциплина, професионализам и воздржаност од страна на израелската армија, додаде Клеверли. Шефот на британската дипломатија рече дека меѓународната заедница мора да работи за да спречи ескалација на ситуацијата во Газа во регионален конфликт, што според него е целта на Хамас. - Имаме обврска, имаме обврска да работиме заедно за да спречиме нестабилноста да го зафати регионот и да земе повеќе жртви, нагласи тој. Затоа мораме да се погрижиме Хамас да не победи. Мораме да се погрижиме да победи мирниот соживот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-ja-povika-izraelskata-armija-da-pokazhe-vozdrzhanost/feed/ 0
Израелската армија повторно ги повика жителите на Газа да се евакуираат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-povtorno-gi-povika-zhitelite-na-gaza-da-se-evakuiraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-povtorno-gi-povika-zhitelite-na-gaza-da-se-evakuiraat/#respond Sun, 15 Oct 2023 09:39:07 +0000 https://kurir.mk/?p=888996

Портпаролот на израелската армија Јонатан Конрикус повторно ги повика жителите на северниот дел на Појасот Газа да го почитуваат предупредувањето да се евакуираат во јужниот дел на палестинската територија, во време кога, како што наведе, Израел е подготвен да започне „значајни воени операции“. „Важно е да се фокусираме на фактот дека ќе започнеме значајни воени операции кога ќе видиме дека цивилите ја напуштиле областа“, изјави за Си-Ен-Ен, потполковник Конрикус. „Навистина е важно луѓето од Газа да знаат дека овој пат бевме многу, многу, великодушни. Дадовме доволно предупредување, повеќе од 25 часа“, рече портпаролот, оценувајќи дека е повеќе од доволно жителите на Газа да си заминат, објавија израелските медиуми . Стотици илјади жители на Газа се евакуирани од околу половина од територијата на густо населениот Појас Газа, но многумина останаа, главно во болнички засолништа на северот. Во меѓувреме се соочуваат со недостиг од храна, вода и лекови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-povtorno-gi-povika-zhitelite-na-gaza-da-se-evakuiraat/feed/ 0
Израелската армија соопшти дека убила уште еден командант на Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-soopshti-deka-ubila-ushte-eden-komandant-na-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-soopshti-deka-ubila-ushte-eden-komandant-na-hamas/#respond Sun, 15 Oct 2023 09:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=888984

Израелската армија утринава соопшти дека убила уште еден командант на командосите на Хамас, кој минатиот викенд ги предводеше нападите врз населените места Нирим и Нир Оз во јужниот дел на Израел. Билал ал Кедра, командант на т.н од единицата Нухба на јужниот баталјон Кан Јунис, беше убиен во воздушен напад благодарение на разузнавачките напори на израелската безбедносна служба Шин Бет и военото разузнавање, објавија израелските медиуми. Уште неколку членови на исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Појасот Газа, и Исламскиот џихад се убиени синоќа во Појасот Газа, соопшти израелската армија. Се наведува дека биле погодени повеќе од 100 цели, вклучувајќи командни центри на Хамас, воени комплекси, десетици ракетни лансирни рампи, локации за лансирање противтенковски ракети и набљудувачки пунктови и командни центри на Исламскиот џихад. Војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас, во која загинаа илјадници луѓе, почна пред девет дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-soopshti-deka-ubila-ushte-eden-komandant-na-hamas/feed/ 0
Израелска Армија: Тројца Палестинци застрелани на пат да нападнат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelska-armija-trojtsa-palestintsi-zastrelani-na-pat-da-napadnat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelska-armija-trojtsa-palestintsi-zastrelani-na-pat-da-napadnat/#respond Sun, 06 Aug 2023 19:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=863986

Израелските војници денеска спречија терористичка ќелија од Џенин на Западниот Брег, која наводно била на пат да изврши терористички напад, соопшти израелското армиско радио и вооружените и безбедносните сили. Израелските војници денеска отворија оган врз палестинско возило во близина на Џенин на Западниот Брег. Тројца затвореници се убиени, објави израелското армиско радио ГЛЗ Според војската, триото биле на пат кон напад. -Безбедносните сили оперираа за да спречат непосредна закана и ја спречија терористичката ќелија, се вели во заедничката изјава на израелските одбранбени сили со другите безбедносни служби. Според нив, убиен е шефот на терористичката ќелија, Наиф Абу Цуик. Тој бил жител на кампот Џенин, на возраст од 26 години. Во соопштението тој се нарекува „водечки воен оперативец“. Палестинец од Џенин вчеравечер застрела чувар во Тел Авив. Вториот чувар потоа го убил атентаторот. Тоа беше четврти напад во Тел Авив од почетокот на годината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelska-armija-trojtsa-palestintsi-zastrelani-na-pat-da-napadnat/feed/ 0
Израелската армија нападна цели во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-napadna-celi-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-napadna-celi-vo-gaza/#respond Tue, 19 Apr 2022 07:12:14 +0000 https://kurir.mk/?p=665121

Израелската армија по полноќ нападна цели во Појасот Газа како одговор на ракета истрелана неколку часа претходно од таа палестинска територија со која управува исламскиот екстремистички Хамас. Тоа беше првата ракета истрелана по речиси четири месеци затишје, едно од најдолгите на границата со Газа, јавуваат израелските медиуми. Според военото соопштение, нападнати се неколку цели во Појасот Газа, вклучително и местото каде Хамас произведува оружје. Медиумите поврзани со Хамас објавија дека целите биле западно од Кан Јунис на југот на Појасот Газа. Очевидци и безбедносните сили во Газа изјавија дека нема повредени во тие воздушни напади. Израелската армија соопшти дека го смета Хамас одговорен за она што се случува во Појасот Газа. Портпаролот на Хамас, Хазем Касам оцени дека „ционистичкото бомбардирање на некои празни места“ е обид да се спречи одбраната на Ерусалим, а противвоздушната одбрана се спротивставила на израелските борбени авиони и дополни дека по првпат биле употребени проектили земја-воздух. Ракетата истрелана на југот на Израел беше пресретната од одбранбениот систем „Железна купола“ во понеделникот вечерта, а нема извештаи за повредени. Израелскиот премиер Нафтали Бенет потоа се состана со министерот за одбрана Бени Ганц и началникот на Генералштабот Авив Кохави за да разговараат за можен одговор. Нападот се случи во време на ескалација на тензиите меѓу двете нации по насилството во Стариот град и серијата смртоносни палестински терористички напади во Израел во кои загинаа 14 лица. Ниту една организација веднаш не ја презеде одговорноста за ракетирањето, а израелскиот јавен сервис Кан, повикувајќи се на палестински извори, објави дека се верува дека зад нападот стои Исламски џихад. По ракетирањето, преку египетски посредници, Хамас им кажа на израелските власти дека не е заинтересиран за понатамошна ескалација, ниту е одговорен за нападот, според извештаите на јавниот сервис Кан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-napadna-celi-vo-gaza/feed/ 0
Израелската армија повторно го ракетираше сириското пристаниште Латакија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-povtorno-go-raketirashe-siriskoto-pristanishte-latakija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-povtorno-go-raketirashe-siriskoto-pristanishte-latakija/#respond Tue, 28 Dec 2021 10:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=614010

Израелски ракети истрелани од Средоземното море го погодија сириското пристаниште Латакија и предизвикаа пожар на контејнерскиот терминал, јавија сириските државни медиуми. Ова е втор напад во декември. Сириската новинска агенција САНА јави дека пожарот предизвикал голема штета и дека пожарникарите се бореле со пламените јазици речиси еден час. Нема информации за евентуални жртви од ракетните напади што ја активираа сириската воздушна одбрана. Сличен напад се случи и на 7 декември кога израелски борбени авиони гаѓаа терминал со контејнери и предизвикаа пожар и експлозија. Израелската армија не го коментираше последниот напад. Израел изврши стотици воздушни напади врз цели во деловите на Сирија под контрола на владата во Дамаск за време на 10-годишната граѓанска војна и ретко презема одговорност за таквите операции. Претходно цел на нападот беше аеродромот во сириската престолнина Дамаск. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-povtorno-go-raketirashe-siriskoto-pristanishte-latakija/feed/ 0
Израелската армија го гранатираше јужниот дел на Либан како одговор на истрелувањето две либански ракети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-go-granatirashe-juzniot-del-na-liban-kako-odgovor-na-istreluvanjeto-dve-libanski-raketi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-go-granatirashe-juzniot-del-na-liban-kako-odgovor-na-istreluvanjeto-dve-libanski-raketi/#respond Tue, 20 Jul 2021 08:36:00 +0000 https://kurir.mk/?p=539066

Израелската армија соопшти дека нејзината артилерија рано утрово го гранатираше јужниот дел на Либан, како одговор на двете истрелани либански ракети на израелска територија. Како што е наведено, противвоздушната одбрана пресретнала една од ракетите, а другата паднала на отворен простор. Засега нема извештаи за повредени лица или причинета материјална штета. Ракетниот напад од Либан е прв таков прекуграничен инцидент од мај кога палестински екстремисти истрелаа ракети кон Израел за време на 11-дневната војна меѓу израелската војска и движењето Хамас. Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави дека Либан е одговорен за ракетниот напад во текот на ноќта, најавувајќи дека „Израел ќе дејствува против каква било закана кон неговиот суверенитет и своите граѓани“. – Нема да дозволиме социјалната, политичката и економската криза во Либан да се претвори во безбедносна закана за Израел, рече Ганц. Либан се соочува со големи кризи, вклучително и економски колапс, што предизвика загриженост во врска со зајакнувањето на милитантните тенденции. Инцидентот се случи неколку часа откако сириски воен претставник изјави дека Израел извршил воздушни напади во близина на сирискиот град Алепо. Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Велика Британија, кој ја следи граѓанската војна во Сирија, објави дека мета на израелските удари биле складишта за оружје кои им припаѓале на проиранските екстремистички организации во регионот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-go-granatirashe-juzniot-del-na-liban-kako-odgovor-na-istreluvanjeto-dve-libanski-raketi/feed/ 0
Оваа армија прва во светот се стекна со колективен имунитет против коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-armija-prva-vo-svetot-se-stekna-so-kolektiven-imunitet-protiv-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-armija-prva-vo-svetot-se-stekna-so-kolektiven-imunitet-protiv-koronavirus/#respond Thu, 11 Mar 2021 14:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=480866

Израелската армија денеска соопшти дека за десет недели прва во светот се стекна со колективен имунитет против Ковид-19. Претставникот на израелската армија Ицик Тургеман истакна дека 81 осто од израелските војници се вакцинирани против Ковид-19 или имаат антитела откако се заразиле. Тој додаде дека следната недела очекува нивниот процент да се искачи на 85. Според израелската армија тоа значи дека војниците ќе можат да ги извршуваат редовните операции, иако ќе продолжат да носат маски и да ги почитуваат ограничувањата. Израел со имунизацијата на армијата почна на почетокот од јануару и пет недели подоцна околу 75 отсто од војниците примиле најмалку една доза од вакцината. Вакцинацијата за војниците не е задолжителна. Околу осиум проценти од војниците одбиле да се вакцинираат, дел од нив се жени во рана фаза на бременост, а останатите одбиле од идеолошки или политички причини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-armija-prva-vo-svetot-se-stekna-so-kolektiven-imunitet-protiv-koronavirus/feed/ 0