Израелски амбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 10:57:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Израелски амбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израелски амбасадор во ОН: Дојде време да им одржиме лекција на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-ambasador-vo-on-dojde-vreme-da-im-odrzhime-lektsija-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-ambasador-vo-on-dojde-vreme-da-im-odrzhime-lektsija-na-on/#respond Wed, 25 Oct 2023 10:57:50 +0000 https://kurir.mk/?p=892910

Израел соопшти дека одбил да му издаде виза на шефот за хуманитарни прашања на ОН Мартин Грифитс поради коментарите на генералниот секретар Антонио Гутереш. Израелските медиуми јавија дека израелскиот амбасадор во ОН, Гилад Ердан, на воено радио изјавил: „Поради неговите изјави, ќе одбиеме да издадеме визи за претставниците на ОН. Веќе одбивме виза за потсекретарот на главниот секретар за хуманитарни прашања Мартин Грифитс. Време е да им одржиме лекција“. Израел го повика генералниот секретар на ОН Гутереш да поднесе оставка откако тој рече дека „ужасните напади на Хамас врз Израел на 7 октомври не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ“, зборуваше за „јасно кршење на меѓународното хуманитарно право на кои сме сведоци во Газа“, и рече дека нападот на Хамас следел по окупацијата која ги задушува Палестинците веќе 56 години. Гутереш рече: „Ништо не може да го оправда намерното убивање, ранување и киднапирање на цивили – или лансирање ракети врз цивилни цели. Сите заложници мора да бидат третирани хумано и веднаш и безусловно да бидат ослободени“. Во обраќањето пред ОН, генералниот секретар тогаш рече дека нападот врз Израел „не се случил во вакуум“ и следел „56 години задушувачка израелска окупација“ на палестинскиот народ, додавајќи: „Тие видоа како нивната земја постојано е зафатена со насилство; нивната економија е задушена, нивните луѓе се раселени и нивните домови уништени. Нивните надежи за политичко решение на нивната мака исчезнуваат“. Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, рече дека Гутереш треба да поднесе оставка. Тој го нарече говорот шокантен и рече дека „го гледа масакрот извршен од нацистичките терористи на Хамас на искривен и неморален начин“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-ambasador-vo-on-dojde-vreme-da-im-odrzhime-lektsija-na-on/feed/ 0
Израелски амбасадор: Очекувам Србија да ја дислоцира својата амбасада во Ерусалим https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izraelski-ambasador-ochekuvam-srbija-da-ja-dislocira-svojata-ambasada-vo-erusalim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izraelski-ambasador-ochekuvam-srbija-da-ja-dislocira-svojata-ambasada-vo-erusalim/#respond Fri, 04 Dec 2020 12:39:35 +0000 https://kurir.mk/?p=438676

Израелскиот амбасадор во Белград, Јахел Вилан изјави дека очекува и „навистина верува“ дека Вашингтонскиот договор меѓу САД и Србија ќе биде целосно „материјализиран“, а Србија ќе ја премести својата амбасада во Ерусалим и ќе го стави Хезболах на листата на терористички организации. Вилан за весникот „Данас“ изрази уверување дека Србија ќе го исполни потпишаното, нагласувајќи дека амбасадите се наоѓаат во главните градови на секоја земја. Запрашан дали неговата изјава дека Израел официјално го признал Косово на 4 септември влијаела на српско-израелските односи, тој истакна дека билатералните односи се „долгорочно доволно силни и се засноваат на многу подлабоки темели“ отколку на обични интереси. На прашањето што мисли за спротивставувањето на ЕУ околу идејата за дислоцирање на српската Амбасада во Ерусалим, Вилан изјави дека за Израел „не постои нешто поприродно од гестот на пријателска земја да ја премести својата амбасада таму кадешто треба да биде секое дипломатско претставништво, а тоа е во главниот град на домаќинот“. Израелскиот амбасадор смета дека позицијата на ЕУ не е „ништо ново“ за неговата земја, оценувајќи дека тоа е „тажно, како и многу други застарени концепти“. Вилан потенцира дека не е планирано наскоро отворање амбасада на Израел во Приштина, истакнувајќи дека тоа е „повеќе прашање на буџет, отколку на политика“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izraelski-ambasador-ochekuvam-srbija-da-ja-dislocira-svojata-ambasada-vo-erusalim/feed/ 0