израелски напад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 15:08:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png израелски напад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УНРВА: Во израелски напад погодено училиште, помеѓу жртвите има и деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unrva-vo-izraelski-napad-pogodeno-uchilishte-pomegu-zhrtvite-ima-i-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unrva-vo-izraelski-napad-pogodeno-uchilishte-pomegu-zhrtvite-ima-i-detsa/#respond Sat, 04 Nov 2023 15:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=896456

Палестинците денеска соопштија дека при израелски напад е погодено училиште, кое служело како засолниште. Според очевидците во израелскиот воздушен напад погодено е училиштето Ал Факур во Џабалија. Сппоред палестинското Министерство за здравство во нападот загинале најмалку 15 луѓе, а десетици се повредени. Директорка за комуникации на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Жилиет Тума потврди дека училиштето управувано од УНРВА е погодено и дека помеѓу загинатите има и деца. Но, таа не наведе бројка на жртвите/ Најмалку еден воздушен напад го погоди училишното игралиште каде имаше шатори за бегалските семејства. Вториот напад погоди училиште во кое жените печеа леб, истакна Тума.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unrva-vo-izraelski-napad-pogodeno-uchilishte-pomegu-zhrtvite-ima-i-detsa/feed/ 0
Петнаесет загинати, 60 ранети во израелски напад врз амбулантни возила во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petnaeset-zaginati-60-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-ambulantni-vozila-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petnaeset-zaginati-60-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-ambulantni-vozila-vo-gaza/#respond Sat, 04 Nov 2023 09:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=896353

Во израелски воздушен напад извршен синоќа врз амбулантни возила користени за евакуација на ранетите од опколениот северен дел на Газа, загинаа 15 лица, а 60 се ранети, соопшти Министерството за здравство на енклавата под контрола на Хамас. Израелската војска соопшти дека идентификувала и погодила амбулантно возило „користено од терористичката ќелија на Хамас“. Тие тврдат дека групата дека пренесувала милитанти и оружје во амбулантни возила. Официјалниот претставник на Хамас Изат Ел Решик рече дека наводите за присуството на неговите борци се „неосновани“. Ашраф ал-Кидра, портпарол на Министерството за здравство на Газа, рече дека амбулантното возило било дел од конвој нападнато во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа. Кидра рече дека Израел го таргетирал конвојот амбулантни возила на повеќе од една локација, вклучувајќи и удар пред болницата Ал-Шифа и плоштадот Ансар што е на еден километар оддалеченост. Во соопштението за инцидентот, израелската војска не достави никаков доказ за да го поткрепи тврдењето дека амбулантното возило е поврзано со Хамас, јавија западни медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petnaeset-zaginati-60-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-ambulantni-vozila-vo-gaza/feed/ 0
Вознемирувачко фото: Репортер на палестинска телевизија загина во израелски напад врз неговиот дом https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-foto-reporter-na-palestinska-televizija-zagina-vo-izraelski-napad-vrz-negoviot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-foto-reporter-na-palestinska-televizija-zagina-vo-izraelski-napad-vrz-negoviot-dom/#respond Fri, 03 Nov 2023 07:51:07 +0000 https://kurir.mk/?p=896043

Официјалната палестинска телевизија соопшти дека нејзинот репортер во Појасот Газа, Мохамед Абу Хатаб, загинал денеска кога израелски проектил ја погодил неговата куќа. „Колегата Абу Хатаб падна како маченик со членовите на неговото семејство во израелското бомбардирање на неговата куќа во Кан Јунис“, јави „Палестајн ТВ. Медицински извори во болницата „Насер“, во Кан Јунес, за француските медиуми открија дека во нападот загинале 11 лица. Во своето последно телевизиско јавување,денеска, на 27 ден од војната меѓу Хамас и Израел, 52-годишниот Абу Хатаб  информира дека „мртовечниците се полнат со маченици“, а други тела се под урнатините. Според Палестинската асоцијација на новинари, најмалку 27 палестински новинари се убиени во Појасот Газа за време на војната меѓу Израел и Хамас, што почна на 7 октомври, со нападот на исламистичкото движење врз израелска територија.  (МИА) фото:ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voznemiruvachko-foto-reporter-na-palestinska-televizija-zagina-vo-izraelski-napad-vrz-negoviot-dom/feed/ 0
Борел „згрозен“ од бројот на жртвите во израелскиот напад на бегалскиот камп Џабалија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-zgrozen-od-brojot-na-zhrtvite-vo-izraelskiot-napad-na-begalskiot-kamp-dhabalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-zgrozen-od-brojot-na-zhrtvite-vo-izraelskiot-napad-na-begalskiot-kamp-dhabalija/#respond Wed, 01 Nov 2023 14:02:09 +0000 https://kurir.mk/?p=895439

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека е „згрозен“ од бројот на жртвите во израелскиот воздушен напад во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека „законите на војната и хуманоста мора секогаш да се применуваат“. Во објавата на социјалните мрежи, тој напиша: „Надоврзувајќи се на јасниот став на Советот на ЕУ дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното хуманитарно право и обезбедувајќи заштита на сите цивили, јас сум ужаснат од големиот број на жртви по израелско бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија“. Во нападот, според извори од индонезиската болница во Газа, загинале повеќе од 50 луѓе, а уште 150 се повредени. „Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш потсети дека меѓународното хуманитарно право не може да се применува селективно, вклучувајќи ги принципите на дистинкција, пропорционалност и претпазливост. Правото на самоодбрана секогаш треба да биде избалансирано со обврската да се поштедат цивилите во најголема можна мера“, наведе Борел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-zgrozen-od-brojot-na-zhrtvite-vo-izraelskiot-napad-na-begalskiot-kamp-dhabalija/feed/ 0
Осум сириски војници загинаа, а седум други се ранети во израелски напад врз областа Даара https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-siriski-vojnitsi-zaginaa-a-sedum-drugi-se-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-oblasta-daara/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-siriski-vojnitsi-zaginaa-a-sedum-drugi-se-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-oblasta-daara/#respond Wed, 25 Oct 2023 08:28:28 +0000 https://kurir.mk/?p=892839

Осум војници загинаа, а седум други се ранети во израелски воздушен напад во текот на ноќта во областа Даара, јави сириската државна агенција САНА, цитирајќи сириски воен извор. Во извештајот се додава дека штета е предизвикана и на локациите погодени од израелските воздухопловни сили, пишува „Тајмс оф Израел“. Израелската војска утринава соопшти дека нејзините борбени авиони ја погодиле инфраструктурата на сириската армија и лансирале минофрлачки ракети како одговор на вчерашните напади од Сирија врз Израел. Војската не соопшти детали за овие напади, јавија британските медиуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-siriski-vojnitsi-zaginaa-a-sedum-drugi-se-raneti-vo-izraelski-napad-vrz-oblasta-daara/feed/ 0
Во израелскиот напад во јужен Либан загина снимател, неколкумина новинари се ранети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-izraelskiot-napad-vo-juzhen-liban-zagina-snimatel-nekolkumina-novinari-se-raneti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-izraelskiot-napad-vo-juzhen-liban-zagina-snimatel-nekolkumina-novinari-se-raneti/#respond Fri, 13 Oct 2023 19:01:11 +0000 https://kurir.mk/?p=888663

Израелскиот артилериски напад во јужен Либан погоди група новинари од неколку медиуми кои беа јасно означени како „press“, при што загина снимател на Ројтерс, а шест новинари се повредени, пренесуваат американските медиуми. Некои од нив биле итно пренесени во болниците со амбулантни возила. Гранатирањето се случи за време на размена на оган долж границата меѓу Либан и Израел меѓу израелските трупи и членовите на либанската милитантна група Хезболах. Новинари од целиот свет доаѓаат во Либан поради загриженост дека би можело да избие војна меѓу Хезболах и Израел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-izraelskiot-napad-vo-juzhen-liban-zagina-snimatel-nekolkumina-novinari-se-raneti/feed/ 0
Нов израелски воздушен напад врз цели во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-izraelski-vozdushen-napad-vrz-celi-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-izraelski-vozdushen-napad-vrz-celi-vo-sirija/#respond Wed, 03 Nov 2021 11:24:57 +0000 https://kurir.mk/?p=590235

Сириската армија соопшти дека рано утрово Израел извршил воздушен напад врз воена позиција на периферијата на главниот град Дамаск, во кој е причинета само материјална штета. Тоа беше втор израелски напад врз цели во близина на главниот град во последните четири дена. Нападот извршен во саботата ја активираше сириската одбрана, која во текот на денот испука ракети кон предградијата на Дамаск, а двајца војници беа ранети. Во кусото соопштение на сириската армија, кое го пренесоа државните медиуми, се наведува дека утринава воздушниот напад бил извршен од северен Израел и дека целта била воена позиција во Закиа, предградие на Дамаск.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-izraelski-vozdushen-napad-vrz-celi-vo-sirija/feed/ 0
Најмалку 14 луѓе загинаа при израелскиот напад врз источниот дел на Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-14-lugje-zaginaa-pri-izraelskiot-napad-vrz-istochniot-del-na-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-14-lugje-zaginaa-pri-izraelskiot-napad-vrz-istochniot-del-na-sirija/#respond Tue, 05 May 2020 13:41:58 +0000 https://kurir.mk/?p=341981

Во израелските воздушни напади врз источниот дел на Сирија загинаа 14 Иранци и Ирачани, а неколкумина се тешко повредени, соопшти Сириската опсеравторија за човекови права. Организацијата со седиште во Велика Британија објави дека синоќа израелски авиони извршиле напад врз цели во сириската провинција Диер ал Зор при што мета на нападот биле иранските и позициите на проиранските милиции. Претходно, сириската новинска агенција САНА јави дека сириската противвоздушна одбрана осуети израелски напад, чија цел биле воени магацини лоцирани во близина на градот Ал Сафир, околу 360 километри од Дамаск Но, САНА не објави за нападот врз провинцијата Деир ал Зор, што граничи со Иран. Тоа е петти израелски воздушен напад во последните две недели врз цели за кои се претпоставува дека се ирански. Израле не ги коментираше извештаите за најновиот напад. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-14-lugje-zaginaa-pri-izraelskiot-napad-vrz-istochniot-del-na-sirija/feed/ 0