израелски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Jun 2022 09:43:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png израелски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израелскиот парламент ќе се распушти, Лапид треба да ја преземе премиерската функција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-parlament-kje-se-raspushti-lapid-treba-da-ja-prezeme-premierskata-funkcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-parlament-kje-se-raspushti-lapid-treba-da-ja-prezeme-premierskata-funkcija/#respond Wed, 29 Jun 2022 09:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=697217

Израелскиот парламент, Кнесетот, се очекува денеска да се распушти, со што ќе заврши мандатот на премиерот Нафтали Бенет и неговата влада, а тоа ќе предизвика петти избори за помалку од четири години. Како што пренесуваат израелските медиуми, изборите би можеле да го вратат на власт поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху. Мандатот на коалицијата на Бенет од осум идеолошки различни партии, која беше избрана минатата година, треба да заврши на полноќ и премиер да стане неговиот главен коалициски партнер Жаир Лапид. Коалицијата на Бенет беше формирана во јуни минатата година со што заврши долгогодишното владеење на Нетанјаху и беше усвоен првиот државен буџет од 2018 година. Нетанјаху сега ветува победа на новите избори, но нема да му биде лесно да формира парламентарно мнозинство, покажуваат анкетите на јавното мислење. Нему во моментов му се суди за корупција, а тој ги негира сите обвиненија. Блокот против Нетанјаху најверојатно ќе биде предводен од Лапид, лидерот на партијата Јеш Атид (Има иднина) од центарот. Лапид и Бенет минатата недела објавија дека коалицијата повеќе не е одржлива. Покрај тоа, Лапид се обиде да го претстави можното враќање на Нетанјаху како национална закана. „Она што треба да го направиме денес е да се вратиме на концептот за единство на Израел, да не дозволиме мрачните сили да не разделат одвнатре“, рече Лапид. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-parlament-kje-se-raspushti-lapid-treba-da-ja-prezeme-premierskata-funkcija/feed/ 0
Израелскиот парламент забрани реизбор на критичар на премиерот Бенет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-parlament-zabrani-reizbor-na-kritichar-na-premierot-benet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-parlament-zabrani-reizbor-na-kritichar-na-premierot-benet/#respond Tue, 26 Apr 2022 09:54:48 +0000 https://kurir.mk/?p=667955

Израелскиот парламент (Кнесет) му забрани на пратеникот Амихаи Шикли, кој ја напушти десничарската партија на премиерот Нафтали Бенет, да биде реизбран за член на која било партија. Како што пренесуваат локалните медиуми, ваквата забрана се смета за мала политичка победа на премиерот во време кога се обидува да стабилизира кревка влада, а истовремено е и предупредување за секој друг пратеник во случај да се побуни. Собраниската комисија со седум гласа за и ниту еден против гласаше против пратеникот Шикли и го прогласи за отстапник. Шикли ја напушти партијата Јамина на Бенет речиси веднаш по формирањето на владејачката коалиција и се сметаше за можен иден кандидат на опозициската конзервативна партија Ликуд. Израелските медиуми јавуваат дека Шикли би можел да основа нова партија. Шикли претходно изјави дека на Израел му е потребна ционистичка влада, а не „некоординирана крпеница“ која зависи од гласовите на арапските пратеници, алудирајќи на фактот дека коалицијата на десничарски, левичарски и центарски партии вклучува и една мала арапска партија за прв пат во еврејската историја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskiot-parlament-zabrani-reizbor-na-kritichar-na-premierot-benet/feed/ 0
Зеленски се обрати пред израелскиот Парламент: Можете да им помогнете на Украинците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-se-obrati-pred-izraelskiot-parlament-mozete-da-im-pomognete-na-ukraincite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-se-obrati-pred-izraelskiot-parlament-mozete-da-im-pomognete-na-ukraincite/#respond Sun, 20 Mar 2022 17:36:09 +0000 https://kurir.mk/?p=650293

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се обрати преку видеоконференциска врска пред израелскиот Парламент, објави Би Би Си. Тој веќе разговараше и со други пратеници низ светот, вклучително во Велика Британија и САД, барајќи поддршка. Зеленски повлече паралели меѓу руската инвазија врз Украина и Втората светска војна. Тој истакна дека инвазијата „не е воена операција“. – Тоа е војна од целосен обем чија цел е уништување на нашиот народ, уништување на нашите деца, семејства, државност, градови, култури и се што ги прави Украинци. Затоа имам право да ја повлечам оваа паралела во историјата. Нашите војни за опстанок и Втората светска војна, нагласи Зеленски во своето видео обраќање. Зеленски им кажа на израелските пратеници дека нацистичката партија, позната како НСДАП, била основана во Германија пред 102 години на 24 февруари, истиот датум кога оваа година Русија ја нападна Украина. – Тие повторно ги кажуваат овие зборови – „конечното решение“ – во однос на нас, украинската нација… беше кажано на состанокот во Москва, рече Зеленски, кој е Евреин, а некои од неговите роднини загинаа во Холокаустот. Тој го повика Израел да му помогне на отпорот на украинскиот народ против руската војска. Зеленски го повика Израел да и даде оружје на Украина и праша зошто не воведе санкции кон Русија. Според него, Израел ја има најдобрата воздушна одбрана во светот и вели „дефинитивно можете да му помогнете на нашиот народ, да ги спасите животите на Украинците“. Украинскиот претседател, исто така, ја цитираше починатата израелска премиерка Голда Меир, во неговото видео обраќање, со зборовите „ние сакаме да живееме, но нашите соседи сакаат да не видат мртви“. „Остануваме, подготвени сме за компромис“, додаде тој. Тој правеше директна паралела помеѓу сегашната Украина и историјата на Израел, соочени со арапското непријателство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-se-obrati-pred-izraelskiot-parlament-mozete-da-im-pomognete-na-ukraincite/feed/ 0