Израелски војници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 10:00:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Израелски војници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку 258 израелски војници убиени од нападот на Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-258-izraelski-vojnitsi-ubieni-od-napadot-na-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-258-izraelski-vojnitsi-ubieni-od-napadot-na-hamas/#respond Fri, 13 Oct 2023 10:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=888446

Најмалку 258 израелски војници се убиени во борбите против палестинските милитанти откако милитантите на Хамас го нападнаа Израел во саботата, соопшти ИДФ денеска. „Ужалените семејства на 258 загинати војници се официјално известени“, рече портпаролот на израелската армија Даниел Хагари на брифингот со новинарите, ревидирајќи го претходниот биланс од 169 убиени војници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-258-izraelski-vojnitsi-ubieni-od-napadot-na-hamas/feed/ 0
Израелски војници осудени за злоставување Палестинец https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-vojnitsi-osudeni-za-zlostavuvane-palestinets/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-vojnitsi-osudeni-za-zlostavuvane-palestinets/#respond Thu, 25 May 2023 08:16:39 +0000 https://kurir.mk/?p=838467

Израелскиот воен суд осуди тројца израелски војници на кратки затворски казни поради злоставување Палестинец и попречување на истрагата за инцидентот, што е ретка казна за припадниците на тие сили. Стотици случаи на палестински луѓе убиени од израелските сили не се ниту истражени, ниту казнети, а организациите за човекови права редовно го обвинуваат Израел за покренување постапка само за дел од злосторствата што израелските војници наводно ги извршиле врз Палестинците. Израелската армија завчера соопшти дека војниците се осудени за злоставување, а трет е дополнително осуден за пречекорување овластувања и загрозување на животот или здравјето на човек. Во обвинението се наведува дека тројца војници, како и четвртиот, го зеле Палестинецот со воено возило и го однеле на непознато „далечно место“. За време на возењето и по него, врз жртвата било употребено насилство и таа била оставена на оддалечена локација, се наведува во соопштението. Двајца војници се осудени на 60 дена затвор поради злоставување, додека третиот е осуден на 40 дена за пречекорување на овластувањата и загрозување на животот или здравјето на Палестинец. Сите се деградирани и осудени на дополнителни условни казни за попречување на судска постапка, се вели во соопштението. Четвртиот војник, обвинет за напад, злоставување под отежнати околности, закани и дополнителни кривични дела, се уште чека судење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-vojnitsi-osudeni-za-zlostavuvane-palestinets/feed/ 0
Израелските војници убија Палестинец на Западниот Брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-vojnitsi-ubija-palestinets-na-zapadniot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-vojnitsi-ubija-palestinets-na-zapadniot-breg/#respond Mon, 30 Jan 2023 12:52:16 +0000 https://kurir.mk/?p=793741

Израелските сили денеска убија Палестинец на окупираниот Западен Брег за време на посетата на американскиот државен секретар на регионот на Блискиот Исток. Израелската армија не го коментираше инцидентот, а палестинското Министерство за здравство соопшти дека 26-годишен маж е убиен во градот Хеброн, жариште на судирите меѓу израелските војници и Палестинците. Насилството меѓу двата народа ескалираше во изминатите денови по нападот на израелската војска врз екстремистичкото упориште Џенин минатата недела, во кој загинаа десет лица, и вооружениот напад на Палестинец во источен Ерусалим во петокот, во кој загинаа седум лица. Тоа ја поттикна израелската влада да одобри серија казнени мерки против Палестинците и тензиите се високи пред пристигнувањето на Блинкен од Каиро да ги посети Израел и Западниот Брег во текот на денот. Израелската војска со месеци апси осомничени екстремисти речиси секоја вечер по бранот палестински напади во пролетта 2022 година, во кои загинаа 19 лица. Уште десет Израелци беа убиени во есента 2022 година. Според израелската организација за човекови права Бецелем, минатата година на Западниот Брег и во Источен Ерусалим биле убиени речиси 150 Палестинци. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-vojnitsi-ubija-palestinets-na-zapadniot-breg/feed/ 0
Хорор на Западниот брег: Убиено 13-годишно момче https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-na-zapadniot-breg-ubieno-13-godishno-momche/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-na-zapadniot-breg-ubieno-13-godishno-momche/#respond Fri, 05 Nov 2021 18:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=591584

Израелските војници денеска застрелале 13-годишно палестинско момче за време на судир во окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израелската армија веднаш не го коментира инцидентот што се случил источно од градот Наблус во централниот дел на Западниот Брег, пренесе „Ројтерс“. Момчето било погодено во стомакот и набргу починало кога итно било префрлено во болница, соопштија од Министерството за здравство и лекарите. Уште шест Палестинци биле згрижени на местото на судирот во селото Бејт Даџан откако вдишале солзавец фрлен од израелските војници, соопшти палестинската служба за итни случаи при Црвената полумесечина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-na-zapadniot-breg-ubieno-13-godishno-momche/feed/ 0
Израелски војници убија тројца демонстранти на границата со Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-vojnici-ubija-trojca-demonstranti-na-granicata-so-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-vojnici-ubija-trojca-demonstranti-na-granicata-so-gaza/#respond Sat, 28 Apr 2018 08:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=47297

Израелски војници убија тројца Палестинци на границата со Појасот Газа, каде што илјадници од нив, петта недела, се собираат со барање да ги вратат палестинските бегалци на израелска територија, соопштија здравствените власти во Газа. Бројот на Палестинци убиени од израелски војници се зголеми на 41, а повеќе од 5.000 беа повредени, откако жителите на Газа почнаа да протестираат на границата на 30 март. Сепак, израелската армија тврди дека некои жители на Газа се обиделе да ја пробијат граничната ограда. - Израелските војници, кои се криеја зад граничната ограда, долга 40 километри, пукаа кон демонстрантите кои се собраа на пет локации на страната на Газа и фрлија солзавец, наведува израелската армија. Здравствените власти во Газа велат дека двајца демонстранти се во критична состојба и дека повеќе од 600 се повредени. Израелската армија соопшти дека меѓу 12.000 и 14.000 жители на Газа учествувале во „немирите“.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-vojnici-ubija-trojca-demonstranti-na-granicata-so-gaza/feed/ 0