изум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jul 2021 18:53:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сите овие работи се измислени од ЖЕНА, за дел од нив нема да верувате дека не се “машки пронајдок“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-ovie-raboti-se-izmisleni-od-zena-za-del-od-niv-nema-da-veruvate-deka-ne-se-mashki-pronajdok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-ovie-raboti-se-izmisleni-od-zena-za-del-od-niv-nema-da-veruvate-deka-ne-se-mashki-pronajdok/#respond Thu, 29 Jul 2021 18:23:36 +0000 https://kurir.mk/?p=543675

Во текот на историјата, голем број на жени на непроценлив начин имале свој придонес во светски размери и покрај фактот дека се соочиле со полова дискриминација. На човештвото му придонеле пронајдоци без кои не можеме да го замислиме животот денес и за кои дури и не знаевте дека се производи на женскиот ум. 1. Хартиена кеса – Работничката во фабриката за памук Маргарет Најт измислила хартиена кеса во 1868 година, но еден човек по име Чарлс Анан се обидел да ја украде нејзината идеја и успеал прв да ја патентира. Кога нејзиниот колега Чарлс Анан се обидел да ја украде идејата, Најт го тужела и по долгиот правен спор, таа го добила спорот и патент за нејзината машина, објави Zadovoljna.hr. 2. Лекови за сериозни болести како леукемија – Гертруда Eлион со својот колега Џорџ Хитчингс ги пронашле некои од првите лекови за тешки и сериозни болести како што се леукемија, СИДА и херпес. Елион и Хитчингс развија метод кој помогна во револуцијата за производство на лекови.Eлион исто така ги измислила азатиоприн, имуносупресив, благодарение на кои луѓето со слаб имунолошки систем можеле да добијат трансплантација на орган. 3. Бришачи за автомобил – Во дамнешната 1903 година, Мари Андерсон се сетила дека бришачите за автомобилот би биле исклучително корисни. Изумот шипка со гумен додаток што се приклучува на стаклото, го патентирала една година подоцна. 4. Идентитетот на повикувачот и повик на чекање – Достигнувањата во истражувањето на телекомуникациите од д-р Ширли Ен Џексон доведоа до откривање на идентитетот на повикувачот и повик на чекање. 5. Монопол – Елизабет Маги е главна и одговорна за една од најпопуларните друштвени игри на сите времиња. Оваа игра првично била наречена “Игра на сопственикот” и измислена односно патентирана во 1903 година. 6. Соларно греење – Д-р Марија Телкес е одговорна за првиот систем за греење на соларна енергија. Во 1925 година се преселила во САД и се ангажирала на проект што се занимавал исклучиво со ова прашање. Во 1940 година го развила и го овозможила првиот систем за соларно греење за домаќинствата, а во реализација на проектот и помогнала уште една успешна жена-архитект, Елинор Рејмонд. 7. Рачен апарат за производство на сладолед – Ненси Џонсон го измислила првиот апарат за производство на сладолед во 1943 година. 8. Пиво – Иако со сигурност не можеме да тврдиме кој навистина прв го произвел пивото кое што со задоволство го пиеме денес, податоците до кои што историчарите дошле преку истражувања покажуваат дека тоа е жена, поточно жени. Имено, пред 7.000 години во Месопотамија, жените биле одговорни за производство на пиво. Тоа било вештина што ја знаеле исклучиво само припадничките на понежниот пол . 9. Противпожарни скали – Првите противпожарни скали од надворешната страна на зградата се измислени во 1897 година од Ана Конли. Тие служеле за евакуација во случај на опасност како што е пожар. 10. Панцир – Верувале или не, заштитен балистички елек, подобро познат како панцир е изум на жена. Нејзиното име е Стефани Кволек, а истражувањето што го спровела резултирало со изум на панцирот, поточно материјалот кој се користи при нивното изработување. Пронајдокот бил патентиран во 1966 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-ovie-raboti-se-izmisleni-od-zena-za-del-od-niv-nema-da-veruvate-deka-ne-se-mashki-pronajdok/feed/ 0
Неговиот изум е еден од најкористените уреди на денешницата: Почина креаторот на компјутерското глувче https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/negoviot-izum-e-eden-od-najkoristenite-uredi-na-deneshnicata-pochina-kreatorot-na-kompjuterskoto-gluvche/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/negoviot-izum-e-eden-od-najkoristenite-uredi-na-deneshnicata-pochina-kreatorot-na-kompjuterskoto-gluvche/#respond Wed, 05 Aug 2020 10:40:31 +0000 https://kurir.mk/?p=385850

Еден од креаторите на првото компјутерско глувче Вилијам Инглиш, почина на 91 годишна возраст. Вилијам  е роден во 1929 година во Кентаки, и пред да и се приклучи на американската морнарица студирал електротехника. Првото компјутерско глувче го осмислил уште во 1963 година, водејќи се по идејата на неговиот колега Дага Енгелбарта додека работеле на првата компјутерска верзија. Неговиот изум по две децении станува еден од стандардните делови од опремата на компјутерите, кои што станале многу популарни.

Првото компјутерско глувче

  Бил Инглиш бил првиот човек кој што го користел компјутерското глувче кога направил протитоп во текот на истражувачки проект на Дага Енглебарт на Истражувачкиот институт во Стенфорд. Оригиналната идеја била на Енглебарт, додека за изработката бил задолжен Вил. Неговата прва верзија на компјутерско глувче била напраена од дрвена кутија со едно копче, додека под нејзе се наоѓале две тркалезни точки под агол од 90 степени, кои што го бележеле хоризонталното и вертикалното движење, пишува BCC. -Работевме на средување на текстови, целта беше да направиме уред со кој ќе може да се означат зборови и реченици, изјавил Инглиш во историскиот Музеј на компјутери во 1999 година. Двајцата во експериментот барале од корисниците да го испробаат компјутерското глувче заедно со другите уреди како што се моливи или џојстик. Така открил дека глувчето им е омилено. Направиле уред кој со години бил игнориран. Во текот на демонстрациите во 1968 година, глувчето  за прв пат било јавно претставено, заедно со видео конференција, обработени зборови и нешто слично на интернетот. Оваа презентација подоцна била наречена „Мајка на сите демонстрации“. Зошто уредот е наречен глувче? Некои приказни говорат дека кабелот наликувал на опашка, други дека курсорот во тоа време се нарекувало „мачка“. -Во првиот извештај моравме некако да го именуваме. „Кафена кутија со копчиња“ не ни успеа. Требаше да има кратко име, изјавил Инглиш. Инглиш го напуштил Истражувачкиот институт во Стенфорд во 1971 година, префрлувајќи се во истражувачкиот центар Парк. Таму ги заменил точките на глувчето со топчиња, дизајн кој се користел со децении.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/negoviot-izum-e-eden-od-najkoristenite-uredi-na-deneshnicata-pochina-kreatorot-na-kompjuterskoto-gluvche/feed/ 0
Одличен изум: Чевли кои им помагаат на лицата со Паркинсонова болест полесно да се движат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/odlichen-izum-chevli-koi-im-pomagaat-na-licata-so-parkinsonova-bolest-polesno-da-se-dvizat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/odlichen-izum-chevli-koi-im-pomagaat-na-licata-so-parkinsonova-bolest-polesno-da-se-dvizat/#respond Thu, 28 Dec 2017 14:38:59 +0000 http://kurir.mk/?p=3639

Универзитетот од холандскиот град Твенте креирал чевли кои им помагаат на лицата кои страдаат од Паркинсонова болест полесно да се движат. Чевлите имаат вградени ласери кои им помагаат на заболените лица да се движат во ситуации кога станувањето и движењето е оневозможено. Овој момент е познат како “момент на вкочанетост”, а истиот може да трае помеѓу неколку секунди и неколку минути. Во тој период може да се случи лицето кое боледува од Паркинсонова болест да изгуби рамнотежа и да падне. Меѓутоа, преку истражувањето е утврдено дека доколку лицето има нешто на кое може да се фокусира, како пукнатина во бетонот или нешто слично, може да дојде до разбивање на тој момент и лицето да продолжи со нормалното движење. Со оглед на тоа што не секогаш се наоѓаат вакви “одвлекувања на вниманието” на кои личноста би можела да се фокусира, на сцената настапуваат овие чевли со вградени ласери. Ласерите емитираат светлина на неколку центиметри пред личноста и ѝ помагаат да се фокусира на тоа место со цел да може да направи чекор и да продолжи нормално да се движи, пишува “TechCrunch”. Ласерските светла се вклучуваат само кога лицето ќе застане во место. Холандскиот универзитет кој ги направил овие чевли утврдил дека тие им помогнале на многу лица нормално да се движат и да го избегнат моментот на вкочанетост во место. Погледнете го видеото: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/odlichen-izum-chevli-koi-im-pomagaat-na-licata-so-parkinsonova-bolest-polesno-da-se-dvizat/feed/ 0