Извештај на ЕК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 12:57:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Извештај на ЕК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европарламентот го усвои Извештајот за Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroparlamentot-go-usvoi-izveshtajot-za-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroparlamentot-go-usvoi-izveshtajot-za-severna-makedonija/#respond Thu, 19 May 2022 12:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=679004

Европските парламентарци попладнево со 508 гласа „за“ и 56 „против“ го усвоија Извештајот за напредокот на Северна Македонија на известувачот на Европскиот парламент, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, усвојувајќи притоа и некои од контроверзните амандмани, јави дописничката на МИА од Брисел. Извештајот го поздравува реформскиот напредок на земјата и инсистира на имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија. Европратениците ги одобрија спорните амандмани 75б, 79 и 80, за кои предупреди Институтот за европска политика (ЕПИ) дека претставуваат поткопување на основните стандарди вредности на ЕУ. Амандманот 75б се однесува на историското помирување и „заедничка историја“, со што според ЕПИ, Европскиот парламент го одобрува притисокот што го врши Бугарија за да се толкува историјата на нивен начин. Амандманот 79, кој исто така е усвоен, се оценува како притисок врз заедничката Комисија за , историски и образовни прашања, која треба да работи независно и без никакви политички притисоци. Конечно амандманот 80, се коси со проценката на Европската Комисија, бидејќи гласи оти нема напредок во имплементацијата на Договорот за пријателство меѓу земјава и Бугарија од 2017, што не е став на Европската комисија во нејзиниот последен извештај во 2021, предупреди ЕПИ. Освен тоа неколку европратеници од бугарската националистичката ВМРО – Бугарско национално движење во текот на расправата пред гласањето ја нареко Северна Македонија „геноцидна кон Бугарите“. Европратеникот Андреј Слабаков дури оцени дека без бараните бугарски промени, членството на Северна Македонија е рамно на „тумор за ЕУ“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evroparlamentot-go-usvoi-izveshtajot-za-severna-makedonija/feed/ 0
Заврши расправата за Извештајот на ЕК за 2021 година, пратениците од опозицијата критикуваат дека годинава има најниска оценка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-za-izveshtajot-na-ek-za-2021-godina-pratenicite-od-opozicijata-kritikuvaat-deka-godinava-ima-najniska-ocenka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-za-izveshtajot-na-ek-za-2021-godina-pratenicite-od-opozicijata-kritikuvaat-deka-godinava-ima-najniska-ocenka/#respond Wed, 13 Apr 2022 14:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=662572

Во попладневниот дел од собраниската расправа во врска со Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија за 2021 година, пратениците од опозицијата ја критикуваа Владата дека има континуиран пад во однос на Извештајот, а дека таа оценка годинава е најниска. Според опозицијата, во правосудството има преполовен напредок на тоа што е донесено. Љупчо Пренџов пратеник од политичката партија ГРОМ, истакна дека не е само Бугарија виновна за пречките за влезот во Европската Унија, голем дел од причините поради коишто не одиме напред се искажани токму во Извештајот. Тој посочи дека трите најлоши извештаи на Европската Комисија се во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ. Потенцираше дека многу закони се носат по скратена постапка и дека тоа е нотирано во Извештајот. Пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска-Ванчева истакна дека Извештајот е многу важен, но не се согласи со тоа дека Собранието не му обрнува внимание, ниту пак се согласи дека ова е најлош Извештај и дека нема напредок во патот кон Европската Унија. Претходно во Собранието се расправаше за различни теми, како квалитетот на живот, стареењето на државата, желбата на младите да ја напуштат земјава, а пратениците меѓу себе се обвинуваа за изнесување лаги и манипулации.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-za-izveshtajot-na-ek-za-2021-godina-pratenicite-od-opozicijata-kritikuvaat-deka-godinava-ima-najniska-ocenka/feed/ 0
Опозицијата смета дека извештајот на ЕК е поразителен, Маричиќ си расправа политика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozicijata-smeta-deka-izveshtajot-na-ek-e-porazitelen-marichikj-si-rasprava-politika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozicijata-smeta-deka-izveshtajot-na-ek-e-porazitelen-marichikj-si-rasprava-politika/#respond Wed, 13 Apr 2022 13:04:11 +0000 https://kurir.mk/?p=662467

Пратениците денеска во рамки на 57-та седница на Собранието ја продолжија расправата за Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2021 година. Пратениците од опозицијата сметаат дека овој Извештај е „поразителен“ за нашата земја бидејќи, како што рекоа, оваа власт ќе ја донесе нашата држава на дното. Според ВМРО-ДПМНЕ, Извештајот ја истакнува „алчноста на оваа власт“ и дека „неспособни луѓе и институции ја водат земјата во погрешен правец“, додека „слабото рангирање е резултат на слабиот, корумпиран и партизиран судски систем“, а „корупцијата на власта ја уништи економијата“. Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за случајот со убиството на ракометарот Тот. Според него, власта поддршка од народот, нема сериозен напредок во судството и итно се потребни нови избори. -Со СДСМ ние сме далеку од портите на Европската Унија, рече Јаулески. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, реплицирајќи му на Јаулески потсети на криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. -Масовно крадење на државни пари и употреба во партиски цели за крадење на избори. Знаете како се вика тој ваш проект? „Титаник 1 и Титаник 2“.  Во тие предмети има тројца секретари на ВМРО-ДПМНЕ, кои што потврдија дека тоа го правеле во интерес на партијата. Тројца секретари на ВМРО-ДПМНЕ. Најдобар проект ви е овој новиот „Плацови на Водно“. Таму велите во тој дел со СДСМ сме биле далеку од ЕУ, а со ВМРО-ДПМНЕ за џабалк се земаа плацови на Водно, кој до ден денес не можат да се добројат колкав е имотот и на чие име од вашите функционери, рече Маричиќ. На обраќањето на Маричиќ, реагираше партеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, која укажа дека не е во ред така да се однесува, зборува и „напаѓа“ пратеник од опозицијата во Собранието. -Го нарушивте достоинството на овој Парламент, спомнувајќи судски случаи, навредувајќи ја партијата ВМРО-ДПМНЕ… Ја избегнавте онаа интерпелација која од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја добивте како министер за правда, но со ваквото ваше однесување заслужувате да добиете нова интерпелација, рече Стојаноска. Во расправата доминираа различни теми, како квалитетот на живот, стареењето на државата, желбата на младите да ја напуштат земјава, а пратениците меѓу себе се обвинуваа за изнесување лаги и манипулации. Седницата ќе продолжи во 15 часот, по редовната пауза на пратениците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozicijata-smeta-deka-izveshtajot-na-ek-e-porazitelen-marichikj-si-rasprava-politika/feed/ 0
Законот за минимална плата и Извештајот на ЕК на собраниски комисии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-minimalna-plata-i-izveshtajot-na-ek-na-sobraniski-komisii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-minimalna-plata-i-izveshtajot-na-ek-na-sobraniski-komisii/#respond Thu, 17 Feb 2022 07:53:38 +0000 https://kurir.mk/?p=632479

Собраниската Комисија за европски прашања денеска на седница треба да расправа за Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година. Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија, пак, ќе го разгледуваат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, по скратена постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-minimalna-plata-i-izveshtajot-na-ek-na-sobraniski-komisii/feed/ 0
Андоновски: Извештајот на ЕК ја отсликува реалноста и недостаток на реформи, правната сигурност за изборите беше поткопана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-izveshtajot-na-ek-ja-otslikuva-realnosta-i-nedostatok-na-reformi-pravnata-sigurnost-za-izborite-beshe-potkopana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-izveshtajot-na-ek-ja-otslikuva-realnosta-i-nedostatok-na-reformi-pravnata-sigurnost-za-izborite-beshe-potkopana/#respond Wed, 07 Oct 2020 12:34:22 +0000 https://kurir.mk/?p=413456

Би сакале да го поздравиме донесувањето на Извештајот од страна на Европската комисија, како и заложбата на новата комисија и комесарот Оливер Вархеј за пристапување на Република Македонија кон ЕУ и отпочнување на меѓувладината конференција и преговорите уште оваа 2020 година. И самото присуство на еврокомесарот на средбите денес е почит и поттик за Република Македонија, ова денеска преку прес-конференција го истакна Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ. -Во коментарот за Собранието, Извештајот ги нотира активностите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, во поддршката за клучните реформски закони кои се од заеднички национален интерес, како што се реформите поврзани со ЕУ и процесот на интеграција во НАТО. Со ова јасно се дава до знаење дека опозицијата била и е секогаш во поддршка на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, преку вистински дела, а не преку празни флоскули. Но, извештајот јасно кажува дека Македонија има уште многу домашни задачи. За многу аспекти за кои ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека се антиевропски, ЕК забележува и во својот извештај. Прво ЕК се задржува на корупцијата. Во извештајот се забележува дека таа е распространета во многу области и треба да се обезбеди поактивен пристап од сите чинители кои се занимаваат со спречување и борба против корупцијата. Тука се надополнува и зајакнувањето на борбата против специфични форми на криминал, како што се перење пари и финансиски криминал. Второ, за ЕК предизвикува загриженост и треба да се ограничи зголемувањето на употребата на брзи постапки при донесување законите во Собранието. Европското знаменце и брзите постапки беа злоупотребувани од мнозинството на власт во десетици наврати за носење закони за фабрики за марихуана, а и за правосудството, потенцира Андоновски. -Трето, се забележува дека Македонија е умерено подготвена со реформата на својата јавна администрација, како и дека судскиот систем има одредено ниво на подготовка односно е умерено подготвен. Од суштинско значење за ЕК е обезбедување почитување на принципите на транспарентност и заслуги. Тоа значи дека нема место за владиниот непотизам и превработување на послушници и партиски војници во општините во време на најголема светска криза. Четврто, за изборите за кои власта се фали дека биле најдобро организирани, за првпат имаме став дека класично била поткопана правната сигурност на овие избори. Имено, исто како и според ОБСЕ, Извештајот вели дека правната стабилност беше поткопана со значителни ревизии на правната рамка и владините уредби. А, за потсетување на јавноста, власта брутално направи промена на Изборниот законик, без знаење и согласност на опозицијата, пет минути пред отпочнување на предизборната кампања, со која власта си го зголеми за двојно рекламирањето пред опозицијата. И конечно, во делот на економијата, се нотира дека Македонија постигнала ограничен напредок за време на извештајниот период. И ова е најниската од оценките за напредок кои ги добиваме како држава. Извештајот вели дека спроведувањето на јавните капитални трошоци останува останува значително мало, а дека нема обезбедување ниту на стабилизација на јавниот долг. Поголемо внимание во овој дел треба да се посвети на драматичниот пад на СДИ и процесот на дезинвестирање кој се случува оваа година. Понатаму, опасноста што јавниот долг како критериум за пристапување кон ЕУ од Мастрихт надминува 60%, но и бројните незаконитости на постапките на јавни набавки поврзани со КОВИД кризата се огромен проблем, додава Андоновски. Тој потенцира дека сепак, не можеме да не се осврнеме дека неколку клучни проблеми со кои се соочува македонското општество од мафијата на власт, а кои не се регистрирани во Извештајот: -прогонот на десетици новинари кои размислуваат поинаку од власта и кои критички ја анализираат нејзината работа. Овие новинари секојдневно се заплашуваат со тужби, повикување во полиција и прогон кој е несвојствен за една европска држава. -молкот на обвинителството за над 30 кривични пријави за поткуп на изборите. Да потсетиме, дека во дел од случаите имаме и признанија од страна на осомничените. -молкот на полицијата и обвинителството за десетиците случаи на висока корупција од кои јавноста беше шокирана во изминатиот период како примери тука се случаите „Рекет 2“ со Ден Дончев и Дијамед, ситуацијата во МНАВ, скандалите со набавка на возила, невештачењето на докази и телефоните од случајот „Рекет“ и уште многу други. -Фрапантното зголемување на задолжувањето на над 60% од БДП, пари кои се трошеа за поткуп на гласачите пред изборите. Фактот дека расипнички се троши за непродуктивни расходи во време на криза оди директно во спротивност со критериумите од Мастрихт. -Сето ова ги направи изборите кои изминаа талибански организирани, а волјата на гласачите беше брутално злоупотребена. Од извештајот се забележува дека фокусот на ЕК во наредната година ќе биде на способноста за градење на административниот капацитет и ефективната имплементација на законите во пракса. Тоа е нашата првична домашна задача. Затоа, во периодот што следи како и до сега, ВМРО-ДПМНЕ будно ќе ја следи работата на Владата и ќе предупредува за бројните скандали кои веќе се во најава. Како ВМРО-ДПМНЕ остануваме посветени на евроатлантскиот пат на Македонија, најмногу при градење на заеднички консензус по националните прашања. За жал, Владата, како во минатото така и денес, ја исклучува опозицијата од сите позиции каде што е потребно национално единство, вели Андоновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-izveshtajot-na-ek-ja-otslikuva-realnosta-i-nedostatok-na-reformi-pravnata-sigurnost-za-izborite-beshe-potkopana/feed/ 0
Извештај на ЕК: Повеќето земји од ЕУ треба да ги намалат емисите на штетни гасови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-na-ek-povekjeto-zemji-od-eu-treba-da-gi-namalat-emisite-na-shtetni-gasovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-na-ek-povekjeto-zemji-od-eu-treba-da-gi-namalat-emisite-na-shtetni-gasovi/#respond Fri, 26 Jun 2020 18:45:36 +0000 https://kurir.mk/?p=363738

На повеќето земји од ЕУ им се заканува неисполнување на обврските за намалување на емисиите на штетни гасови до 2030 година, предупреди денеска Европската комисија во својот извештај. – Пораката во извештајот е јасна. Секаде во Европа на многу граѓани им се заканува дишење лош воздух. Неопходни се ефикасни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во повеќето држави на ЕУ и тоа во секторите на земјоделството, енергетиката и сообраќајот, се наведува во текстот. ЕК денеска го објави првиот извештај околу проценката за примена на директивите за квалитетот на воздухот од 2020 до 2030 година. Извештајот е подготвен врз основа на анализи на националните програми за контрола на загадувањето, кои ги доставиле земјите членки. Комисијата, по разгледување на тие анализи, дошла до заклучок дека половина земји од ЕУ не можат да ги исполнат своите обврски за намалување на емисиите на штетни гасови, како на пример издувните гасови и ситните честици ПМ2,5. Посебна загриженост предизвикува емисијата на амонијакот, кој се користи во земјоделството, пишува во извештајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-na-ek-povekjeto-zemji-od-eu-treba-da-gi-namalat-emisite-na-shtetni-gasovi/feed/ 0
Втор ден собраниска расправа за Извештајот на ЕК за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-sobraniska-rasprava-za-izveshtajot-na-ek-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-sobraniska-rasprava-za-izveshtajot-na-ek-za-makedonija/#respond Tue, 12 Jun 2018 12:12:28 +0000 https://kurir.mk/?p=64987

Собранието на Република Македонија  втор ден расправа  за Извештајот на Европската комисија, кој, според парламентарното мнозинство е реален со валоризација на почнатите реформи и укажување на слабостите, а според опозицијата, ветер во грб за новата власт која и покрај тоа не испорачува резултати во економијата и реформи во останатите области. Дел од дебатата помина и во меѓусебни обвинувања за преговорите за решавање на спорот за името. Катерина Кузмановска од СДСМ истакна дека и покрај сите случувања на политички план во изминатата година Македонија се престрои на вистинскиот пат и доби има чиста безусловна препорака од Европската комија. Во извештајот, посочи, повеќепати е спомнато и дека сите треба  заедно да се посветиме на целокупниот реформски процес. - Датумот за почеток на преговорите уште повеќе ќе ги интензивира и ќе ги затвори тешките теми кои ги почнавме во целокупниот  реформски процес, како што се правосудството, владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација. Тоа ќе ни помогне да станеме составен дел од европските политички системи, рече Кузмановска. Според Лилјана Затуроска  од ВМРО-ДПМНЕ, новата Влада не го искористила ветерот во грб што го добила од ЕУ и не ги спровела реформите. Извештајот е единствено позитивен околу политичките критериуми, не ја отсликува во целост реалната ситуација, бидејќи во него недостасуваат настани кои беа од исклучително значење за напредокот на државата, и не е оценет со повисока оценка од претходните, наведе Затуроска. Таа смета дека позитивниот извештај се должи на претходните проекти и реформи, кои сега, како што забележа, ги нема во областите администрација, здравство, труд и социјална политика, судство, а економијата е најниско ниво. Јагода Шехпаска од СДСМ во реплика побара вистинска конструктивност од опозицијата и да и даде помош на Владата во напорите за евроинтеграциите. - Најголем исчекор од нула до четири има во поглавјето 23 за правосудството и фундаменталните права. Една земја која беше во најдлабока политичка криза по 2001 година постигнува ваков сериозне исчекор. Има напредок од двојка на четворка кај човековите права и слободи, рече Шехпаска. Нејзината колешка Соња Мираковска од НСДП, смета дека Македонија има потреба од славење за добиената безусловна препорака за преговори за разлика од претходните условени. - Во Извештајот е наведено дека Македонија постигна  одреден напредок и добро ниво на подготвеност во развивање функционална пазарна економија. Тоа е така затоа што Македонија 11 години не живееше во пазарна економија и имавме некој тип државна диригирана економија, рече Мираковска, оценувајќи дека сега Македонија се движи во вистинска насока. За Зоран Илиески од ВМРО-ДПМНЕ  добиената безусловна препорака е за поздравување, но Извештајот е со најмала  просечна оценка 1,64. - Тоа треба да не замисли и нас и вас, но имајте предвид дека вие управувате со државата и оти одговорноста е пред се ваша за да ги поправите недостатоците, рече Илиески, дополнувајќи дека  од 32 поглавја државата за осум има оценка „нула“, меѓу кои слободно движење на стоки, на работници, право на основање и слобода на обезбедување услуги,  политика на конкуренција, информатиучко општетсво и медиуми, рибарство, претпријатија и индустриска политика, заштита на потрошувачи и здравствена заштита. Расправата ќе продолжи по редовната пауза на пратениците. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-sobraniska-rasprava-za-izveshtajot-na-ek-za-makedonija/feed/ 0
Извештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-na-ek-pred-komisijata-za-evropski-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-na-ek-pred-komisijata-za-evropski-prashanja/#respond Tue, 24 Apr 2018 06:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=45153

Во Собранието денеска започнува разгледувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија. Седница на која ќе се разгледува Извштајот денеска во Собрнаието ќе одржат Комисијата за европски прашања и Мешовитиот парламентарен Комитет РМ-ЕУ. Извештајот на ЕК пред пратениците ќе го презентира евроамбасадорот Самуел Жбогар. На седницата обраќање ќе има премиерот Зоран Заев, а заклучни согледувања ќе изнесе Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопкинс" во Вашингтон. Македонија доби позитивна и безусловна препорака во Извештајот за напредокот, но конечната одлука за датум за преговори треба да ја донесе Европскиот совет во јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtajot-na-ek-pred-komisijata-za-evropski-prashanja/feed/ 0