извиднички камп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 20:19:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png извиднички камп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лисица шета низ камп во Охрид: Луѓето се плашат од неа, а таа од нив (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lisitsa-sheta-niz-kamp-vo-ohrid-lugeto-se-plashat-od-nea-a-taa-od-niv-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lisitsa-sheta-niz-kamp-vo-ohrid-lugeto-se-plashat-od-nea-a-taa-od-niv-foto/#respond Wed, 16 Aug 2023 20:19:53 +0000 https://kurir.mk/?p=867638

Вечерва во Извидничкиот камп кај населбата Даљан во Охрид, се појави млада лисица. Камперите изненадени од глетката, а некои и исплашени, велат дека дивото животно се шетало низ камп приколките. Се чини дека и тоа било исплашено и барало некаков излез од местото кое овој период е полно со луѓе.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lisitsa-sheta-niz-kamp-vo-ohrid-lugeto-se-plashat-od-nea-a-taa-od-niv-foto/feed/ 0
Донесена резолуција во предметот за извидничкиот камп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-rezolucija-vo-predmetot-za-izvidnichkiot-kamp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-rezolucija-vo-predmetot-za-izvidnichkiot-kamp/#respond Wed, 30 Mar 2022 08:07:55 +0000 https://kurir.mk/?p=655463

Постапувајќи по поднесено известување од СВР Скопје, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведе претходна постапка во која во целост ги испита наводите поврзани со настанот организиран во периодот од 24.09 до 26.09.2021 година од извидничкиот одред „Прв Скопски извиднички одред“ со наслов „Sex Scouts, Rock and Roll“. Притоа, надлежниот јавен обвинител донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување. Од доставеното известување произлегува дека родител на една од учесничките на настанот пријавил во СВР Скопје, дека настанот кој се одржувал во местото Градовци, општина Зелениково не бил само со едукативен карактер туку дека во него има елементи на детска порнографија. Тој навел дека според неговите сознанија таму се прикажувале пози на деца кои во себе содржат сексуален мотив и дејствија кои прикажуваат очигледно полово дејствие. Со цел да се проверат овие наводи, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежното Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, достави наредба да се испитаат сите учесници на настанот и да се прибави мобилен апарат од еден од водичите на кој би се очекувало да се пронајдат записи кои произлегуваат од настанот, а кои би можеле да послужат како доказ во кривичната постапка. По одземање, мобилниот телефон беше доставен до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, каде беше извршено излекување на сите записи и нивна анализа. СВР Скопје ги изврши бараните разговори со сите инволвирани лица во овој настан. По проучување на сите материјални и вербални докази, а пред се на исказите а сите кои учествувале на настанот, и тоа и извидници и водичи, како и лица од „Прв Скопски извиднички одред“ кои биле задолжени за организирање на настанот, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај ни еден од елементите кои се дефинирани во Кривичниот законик како елементи на кривичното дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од чл.193-а од КЗ или друго кривично дело не се евидентирани во дејствијата на кој било од учесниците. Сите испитани инволвирани учесници, почнувајќи од волонтерите водичи преку самите извидници кои учествувале на настанот, наведуваат дека станува збор за настан кој се одвивал во повеќе етапи. Покрај класичните извиднички дејствија, а тоа е преминување одредена територија пешки, врзување јазли, логорување, подготовка на храна и слично, биле додадени и вежби и активности кои што претставуваат сексуална едукација на лицата кои што учествувале со нагласка дека станува збор за лица на возраст од 16-21 година. Дејствијата биле насочени како превентивни, но и едукативни материјали кои директно и индиректно би значеле заштита од венерично преносливи заразни болести и заштита од несакана бременост. Ова било спроведено низ игри и вежби, за кои анализата дали одговараат или не на возраста на учесниците и дали природата на вежбата е во согласност со нивните потреби може да се врши низ социолошки аспект, но не и да биде предмет на кривично-правна одговорност, бидејќи дејствијата не ги содржат елементите на предметните кривични дела предвидени во законот. Воедно, во прибавените материјали од одземениот мобилен телефон од учесникот кој што според подносителот на пријавата вршел фотографирање на настанот, не може да се забележат содржини кои имаат елемент на порнографија или детска порнографија, односно ниедна од анализираните содржини не укажува на материјал кој визуелно прикажува очигледни полови дејствија со дете или повозрасно лице кое изгледа како дете. Имајќи ги предвид сите обезбедени и анализирани докази, јавниот обвинител одлучи дека во конкретниот случај нема место за јавнообвинителско постапување.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-rezolucija-vo-predmetot-za-izvidnichkiot-kamp/feed/ 0
Царовска се огласи за скандалозниот извиднички камп и за сексуално образование во училиштата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-se-oglasi-za-skandalozniot-izvidnichki-kamp-i-za-seksualno-obrazovanie-vo-uchilishtata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-se-oglasi-za-skandalozniot-izvidnichki-kamp-i-za-seksualno-obrazovanie-vo-uchilishtata/#respond Mon, 04 Oct 2021 13:27:49 +0000 https://kurir.mk/?p=572789

Извидничкиот камп никако не е поврзан ниту со Министерството за образование, ниту со Бирото за развој на образованието, ниту следел програми кои што се пилот-фаза од Бирото за развој на образование, изјави денеска министерката за образование, Мила Царовска. На прашање како овој случај ќе влијае на процесот на сексуално образование и дали можеби ќе се појави недоверба кај родителите, министерката посочи дека од него се оградија и ХЕРА и Фондација „Отворено општество“, и Градот Скопје, што, како што рече, укажува на тоа дека никако тоа не е поврзано со сексуално образование. -Сексуално образование како пилот-фаза се случува во четири училишта. Таму искуствата на Бирото за развој на образование со 14-те наставника кои што го спроведуваат засега е одлично, дава позитивен фидбек од страна на учениците, родителите и наставниците и очекуваме кога ќе заврши целата таа пилот-фаза, во тек е истражувањето за тоа какви се постигнувањата, ќе бидат јавно достапни постигнувањата и понатаму ќе се одлучува што со тој предмет, изјави Царовска. Дополни дека е важно дека во содржините на сексуално образование имаме недискриминација, почитување, родова рамноправност, или еднакви улоги на мажите и жените, можност и очекувања од момчињата и девојчињата во училиштето, ненасилство, што, како што кажа, укажува дека сексуалното образование е превенција од сите типови насилство кои што може на учениците да им се случат, но, исто така, и ученици кои што од незнаење може да предизвикаат трауми и насилство врз други ученици и нивните пријатели. -Сето тоа е во програмата која што е пилот за сексуално образование и никако не е поврзана со извидничкиот камп или методите и техниките коишто ги користеле. Затоа, велам, ако е нешто во формален систем, ако е поминато низ Бирото за развој на образование тогаш ги содржи компонентите препорачани од УНЕСКО, од СЗО, од УНИЦЕФ, кои што се значајни за развојот на нашето образование сите тие препораки навистина треба да се спроведат на соодветен начин и од страна на наставници коишто се обучени за истото, рече Царовска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-se-oglasi-za-skandalozniot-izvidnichki-kamp-i-za-seksualno-obrazovanie-vo-uchilishtata/feed/ 0
Заев не слушнал за скандалот со извидничкиот камп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-slushnal-za-skandalot-so-izvidnichkiot-kamp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-slushnal-za-skandalot-so-izvidnichkiot-kamp/#respond Mon, 04 Oct 2021 10:19:40 +0000 https://kurir.mk/?p=572685

Премиерот Зоран Заев денеска од новинарите првпат слушна за скандалот кој со денови ја бранува јавноста, а поврзан со Првиот скопски извиднички одред. Прашан за негов став за извидничкиот камп што го организираше Скопскиот извиднички камп, Заев рече дека не е информиран и побара новинарското прашање да му биде доставено на писмено. – Што е тоа за извидничкиот камп? Не знам што се случува во моментов. Не сум информиран. Ако ми појасните што е тоа со извидничкиот камп. Ве молам писмено да доставите за што точно се работи да дадам одговор за личен мој став или за став на Владата. Навистина првпат слушам за ова, рече Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-slushnal-za-skandalot-so-izvidnichkiot-kamp/feed/ 0
НОВО СВЕДОШТВО – мајка раскажува за кампот со с*ексуални активности: Мојот син е згрозен од тоа што го видел, имало многу вулгарни игри(АУДИО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-svedoshtvo-majka-raskazuva-za-kampot-so-s-eksualni-aktivnosti-mojot-sin-e-zgrozen-od-toa-shto-go-videl-imalo-mnogu-vulgarni-igri-audio/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-svedoshtvo-majka-raskazuva-za-kampot-so-s-eksualni-aktivnosti-mojot-sin-e-zgrozen-od-toa-shto-go-videl-imalo-mnogu-vulgarni-igri-audio/#respond Fri, 01 Oct 2021 19:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=571557

Голем скандал се обелодени откако средношколци се вратиле дома од извиднички камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“. Потресното сведоштво од родител беше пренесено од СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, а истото можете да го слушнете ТУКА. -Требало да глумат секс пози во пар и со „клецање“ да се пукне надуван кондом. „Клецање“ е зборот што го употребиле. Друга точка било да обојат гол дел од телото и да остават отпечаток на хамер. Секој учесник морал да остави различен дел од телото. Отпечатоците биле бодувани – рака 10 поени, нога 10 поени, стомак 15 поени, задник 40, гради 60, машки полов орган 80, женски полов орган 80 бодови. Децата се соблекувале, само во нивната мала група од четири луѓе, си ги боеле половите органи и го оставале отисокот. Таа видела отисоци од машки и женски полов орган, што значи дека се соблекле, го обоиле половиот орган и го ставиле на хамер пред таа мала група малолетни деца, изјави родителот. Според девојчето, кое се обратило до училишниот психолог со писмена изјава, а која родителот ја образложи во аудио разговорот со „Слободен печат“, активностите биле несоодветни, вклучувале соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир. КУРИР истражуваше од кого е финансиран овој одред, кој дозволил вакви активности? Прв Скопски Извиднички одред е поддржан финансиски од Град Скопје и ХЕРА уште во 2019-та година. Тоа значи дека камп од ваков скандалозен вид, не се одржува прв пат. Зошто никој до сега не реагирал – не е познато. Но, алармот, секако, е веќе вклучен. Само неколку денови по овој скандал, голем број на родители го пријавуваат овој скандалозен камп за сексуална едукација каде имало активности после кои децата побарале психолошка помош. Мајка за Слободен Печат сведочи за овој скандалозен настан кој може да го слушнете ТУКА. -Нас како родители само усно ни беше кажано дека ќе биде акција за сексуална едукација. Но тоа беше се освен едукација. Син ми е згрозен од целиот настан и се што видел како машко, а камоли девојчињата. Имало многу вулгарни зборови, игри, кои не ги оправдувам и првенствено син ми беше иницијатор да пријавиме за да се крене свеста и кај другите деца, да не премолчуваат и да не ја заташкуваат работата, рече меѓу другото мајката во изјавата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-svedoshtvo-majka-raskazuva-za-kampot-so-s-eksualni-aktivnosti-mojot-sin-e-zgrozen-od-toa-shto-go-videl-imalo-mnogu-vulgarni-igri-audio/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Петре Шилегов го финансирал скандалозниот проект “Секс, извидници и рокенрол” https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vmro-dpmne-petre-shilegov-go-finansiral-skandalozniot-proekt-seks-izvidnici-i-rokenrol/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vmro-dpmne-petre-shilegov-go-finansiral-skandalozniot-proekt-seks-izvidnici-i-rokenrol/#respond Fri, 01 Oct 2021 06:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=571102

Петре Шилегов го финансирал скандалозниот проект " Секс, извидници и рокенрол ". Според јавно достапните податоци може да видиме дека град Скопје во 2019 година одвоил пари за овој скандалозен проект, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека фотографија од настанот на која се гледа логото на настанот и две ознаки дека проектот е поддржан од Град Скопје исто така укажува дека Шилегов дал пари за овој скандалозен проект кој ја фрапираше јавноста, а на кој според сведоштво на родител на дете кое учествувало на овогодинешниот камп децата си боеле интимни делови од телото и ги пресликувале на хамер, симулирарале секс пози во двор на манастир, симулирале секс со краставица и кукла на надувување. -Скандалозно е што ваков проект воопшто се случил, а уште поскандалозно е што со пари на скопјани е финансиран еден ваков проект кој пропагира неморал и може да влијае негативно врз психолошката состојба на децата. Дали тоа што Шилегов одвоил пари за ваков скандалозен настан значи дека го одобрува ? Шилегов директно со парите на граѓаните финансирал неморал. Шилегов како градоначалник на град Скопје не смеел да даде дел од парите на скопјани на проект кој е крајно скандалозен. Фрапирани сме од негрижата и односот на Шилегов. Се повеќе излегуваат факти на површина од кои се гледа како се трошени народните пари и какви луѓе воделе институции. Сето ова ќе се промени по 17 октомври. Време е за нова иднина, се наведува во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vmro-dpmne-petre-shilegov-go-finansiral-skandalozniot-proekt-seks-izvidnici-i-rokenrol/feed/ 0