извод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Feb 2023 15:48:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png извод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со матичен број од друго дете извадиле извод за новороденче – кривична пријава за три лица, еве каква измама направиле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-matichen-broj-od-drugo-dete-izvadile-izvod-za-novorodenche-krivichna-prijava-za-tri-litsa-eve-kakva-izmama-napravile/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-matichen-broj-od-drugo-dete-izvadile-izvod-za-novorodenche-krivichna-prijava-za-tri-litsa-eve-kakva-izmama-napravile/#respond Mon, 20 Feb 2023 15:48:39 +0000 https://kurir.mk/?p=802788

СВР Скопје поднесе кривична пријава К.Н.(32), Б.Х.(31) и Ш.Х.(29), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“. Првопријавениот, референт-матичар во Управата за водење на матични книги во Министерството за правда, по претходен договор со второ и третопријавениот, им изготвил и издал извод од матична книга на родени на име на нивното дете без да има доказ за уплатена административна такса за издавање на извод. Воедно, првопријавениот го изготвил изводот со невистинити податоци, односно во графата ЕМБГ вметнал веќе постоечки матичен број на малолетно дете од Тетово и со своерачен потпис и службен печат од Управата за водење на матични книги го заверил документот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-matichen-broj-od-drugo-dete-izvadile-izvod-za-novorodenche-krivichna-prijava-za-tri-litsa-eve-kakva-izmama-napravile/feed/ 0
Матичар издавал изводи од родени и венчани на трето лице https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/matichar-izdaval-izvodi-od-rodeni-i-venchani-na-treto-lice/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/matichar-izdaval-izvodi-od-rodeni-i-venchani-na-treto-lice/#respond Thu, 30 Dec 2021 09:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=614788

Обвинителен предлог за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар против 42-годишно службено лице – виш референт – матичар во Подрачна канцеларија Гостивар. -Искористувајќи ист траен однос и исти прилики, обвинетиот, спротивно на одредбите од Законот за заштита на личните податоци и од Законот за матична евиденција, издал извод од книга на венчани и три изводи од матична книга на родените иако знаел дека лицето на кое ги издава документите не е законски застапник или полномошник на лицата на кои тие документи се однесуваат, информираат од Обвинителството. Со ова обвинетиот ја искористил својата службена положба и неовластено ги открил и направил достапни личните податоци на лицата содржани во изводите.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/matichar-izdaval-izvodi-od-rodeni-i-venchani-na-treto-lice/feed/ 0
Државата го остави без извод и здравствена книшка – почина 19 годишното момче кое цела деценија водеше битка со Управата за водење матични книги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-go-ostavi-bez-izvod-i-zdravstvena-knishka-pochina-19-godishnoto-momche-koe-cela-decenija-vodeshe-bitka-so-upravata-za-vodenje-matichni-knigi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-go-ostavi-bez-izvod-i-zdravstvena-knishka-pochina-19-godishnoto-momche-koe-cela-decenija-vodeshe-bitka-so-upravata-za-vodenje-matichni-knigi/#respond Fri, 28 May 2021 11:38:49 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516067

Матурантот Тони Сали, кој цела деценија водеше битка со Управата за водење матични книги за добие матичен број и Извод на родени, почина завчера на 19 години, пишува порталот СДК.мк. Не дочека да биде запишан некаде во оваа држава дека постои, дека е жив. За првпат неговите осум букви се појавија вчера, во службената евиденција на МВР, но како починато лице. Тони нема да добие ни посмртница. Како да не постоел. Единствен документ и доказ дека постоел, ќе останат неговите петки од прва до последна, освоените домашни и меѓународни награди од натпревари и свидетелствата. Школите ги отворија вратите за него надвор од законот, врз основа на Конвенцијата за права на детето. Сали починал дома крај тешко болниот татко, покрај мајка си, братот и сестрата. Причините за прераната смрт на ова момче не се знаат, затоа што ова момче немајќи извод, никогаш немаше ни здравствена книшка, а ни лична карта. Пари за приватни лекарски прегледи, ова социјално загрозено семејство, немаше. За голготата на ова момче и на неговото семејство пред Управата за водење матични книги, каде што подолго време е директор Бујар Дардишта од ДУИ, алармираше Народниот правобранител. Државата никогаш не му даде матичен број. Го условуваше место биолошкиот татко, за родител да му впишат странски државјанин кој не му е татко. Потоа, во друга процедура, да го поништел тоа татковство со човекот со кој детето и родителите немаат никаков контакт, оти такви ни биле законите. А во меѓувреме, Тони Сали требаше да живее како странец, без државјанство, без права на бесплатно школување, здравствена и социјална заштита како останатите граѓани на Македонија, што родителите никогаш не го прифатија. Управата никогаш не му го призна биолошкиот татко. Многу голема правна пречка било тоа што кога се родил Тони, мајката, која долги години си живеела со татко му во Македонија, не се имала разведено со првиот сопруг од Бугарија. Па оттаму нашата држава до последно инсистираше да му го натури како татко за да му даде извод. Повеќе прочитајте ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-go-ostavi-bez-izvod-i-zdravstvena-knishka-pochina-19-godishnoto-momche-koe-cela-decenija-vodeshe-bitka-so-upravata-za-vodenje-matichni-knigi/feed/ 0
По пожарот, скопјани нема каде да добијат извод https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pozarot-skopjani-nema-kade-da-dobijat-izvod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pozarot-skopjani-nema-kade-da-dobijat-izvod/#respond Fri, 11 Sep 2020 14:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=402142

Два дена по пожарот во зградата во центарот на Скопје каде е сместена и Подрачната единица на Управата за водење матични книги, скопјани не можат да ги добијат потребните документи. На вратата стои лист на кој пишува дека на кој пишува: „Поради ислкучена електрична енергија и пожарот во зградата, шалтерите на матично и др. институции не работат“. Ниту еден документ од матичните книги на родени, венчани и умрени не може да се извади од Управата за водење на матични книги. Пожарот што избувна завчера во просториите на Министерството за животна средина не ги оштети просториите на Управата, но исклучената струја ја прекина работата во целата зграда. Граѓаните кои одат да вадат документи се збунети и не знаат каде да се обратат. Директорката на Управата само кратко ни објасни дека, поради прекинот на електричната енергија не им работи електронскиот систем за издавање на документи. За одговор кога ќе проработат, не` препрати во владината служба за општи и заеднички работи, но, директорот на службата не е достапен за информации, јави вчера Телма. За разлика од државните институции, приватните компании кои се сместени во истата зграда, денеска работат, а електрична енергија добиваат од агрегат, јави Сител. Во пожарот се оштетени шест канцеларии на Инспекторатот за животна средина и просторно планирање. Уништена е и архивата на Инспекторатот, но како што информираа оттаму, имаат електронска евиденција за документитe. Во пожарот се уништени и дел од канцелариите на вториот кат каде се наоѓа Медиумската информативна агенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pozarot-skopjani-nema-kade-da-dobijat-izvod/feed/ 0
Издадени првите изводи за родени со коси црти (///////////) наместо македонско државјанство (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadeni-prvite-izvodi-za-rodeni-so-kosi-crti-namesto-makedonsko-drzavjanstvo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadeni-prvite-izvodi-za-rodeni-so-kosi-crti-namesto-makedonsko-drzavjanstvo-foto/#respond Tue, 06 Aug 2019 16:45:57 +0000 https://kurir.mk/?p=227047

Во изводите од матичните книги за родени кои ги добиваат граѓаните деновиве не го пишува државјанството, пишува Плусинфо. Во графата за државјанство, наместо тоа да биде наведено, има коси црти, што може да се види и од фотографијата во прилог направена од извод издаден денеска. Од порталот се обиделе да добијат одговори од надлежните. До Управата за водење на матичните книги прашале од кога графата за државјанство се пополнува со коси црти и зошто; кога ќе почне да се пополнува и што ќе пишува во неа? Но, до моментот на објавување на овој текст не добиле официјален одговор. Инаку, државјанството беше предмет на спогодба во договорот со Грција, каде се споменува како ќе биде дефинирано тоа во патните исправи. -Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи, пишува во членот 1, став 3 од Преспанскиот договор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadeni-prvite-izvodi-za-rodeni-so-kosi-crti-namesto-makedonsko-drzavjanstvo-foto/feed/ 0