изводи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 13:50:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изводи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уставен суд го поништи Упатството за водење на матични книги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-go-ponishti-upatstvoto-za-vodene-na-matichni-knigi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-go-ponishti-upatstvoto-za-vodene-na-matichni-knigi/#respond Wed, 27 Sep 2023 12:18:38 +0000 https://kurir.mk/?p=882277

Уставниот суд на денешната седница донесе Одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт донесен од Министерството за правда. Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска на денешната прес-конференција информираше дека Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе биде објавена во Службен весник. - Кога Уставниот суд донесува поништувачка одлука, тоа значи дека одлуката има ретроактивно дејство, сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува, појасни Беловска. Таа посочи дека Упатството е поништено бидејќи Судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство. - Тој член предвидува рок за објавување „најдоцна за 7 дена од денот на донесувањето. Уставниот суд веќе појасни во јавноста дека на прашањето за рокот не му пристапува технички, туку суштински и тој треба да биде почитуван од сите, додаде Беловска. Уставниот суд на на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-go-ponishti-upatstvoto-za-vodene-na-matichni-knigi/feed/ 0
Од понеделник ќе може да се земаат изводи од матични книги, вели Лога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-ke-mozhe-da-se-zemaat-izvodi-od-matichni-knigi-veli-loga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-ke-mozhe-da-se-zemaat-izvodi-od-matichni-knigi-veli-loga/#respond Wed, 12 Jul 2023 19:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=856024

Министерот за правда Кренар Лога смета дека граѓаните од понеделник ќе може да вадат изводи од матичните книги. Според него, кажано му е на директорот на Управата за водење матични книги дека треба сите изводи да им се даваат на граѓаните по старото упатство. -Уставниот суд требаше во одлуката да каже, до решавање на спорот кои се нивните чекори, за да не остане оваа празнина во системот. Кажано му е на директорот на Управата за водење матични книги дека треба сите изводи по старото упатство да им се даваат на граѓаните. Не знам кој ја кочи работата, тие имаат побарано мислење и од Уставен суд и од други органи. Верувам дека од понеделник ќе може да се земе извод од матични книги, рече Лога во вечерашното гостување на ТВ Сител. Според него, меѓу Министерството за правда и Уставниот суд нема никаков конфликт. -Уставниот суд го стави решението на Министерството надвор од функција. Ние ја почитуваме таа одлука и Уставниот суд ја има нашата поддршка за сите следни одлуки. Ова не е конфликт со Уставниот суд, туку развој на демократијата. Ова ретко го има во регионот, комуникацијата е на ниво и ние добро ја прифативме и поздравивме нивната иницијатива. Уставниот суд донесе времена мерка дента кога бев присутен таму и кога со вас ги споделивме службените весници дека Уставниот суд не е влезен во материјата на актот, туку само во формалниот дел и дека не е почитуван уставниот рок. И тогаш кажав дека има пропуст и дека ќе го повлечам упатството, како и дека ќе има ново, согласно Уставот - седум дена од денот на потпишување до денот на објавување, објасни Лога. Тој тврди дека иницијативата на Министерството за изводите со етничка графа, не е неуставна. Покажа и акти кои, како што рече, се основани врз Законот за матични книги од 1995 година. Етничката графа, напомена, се злоупотребува, особено при вработувањата. -Во најголем дел етничката припадност се злоупотребува при вработување. Тука сум да го заштитам првично македонскиот граѓанин, зашто ако нема партиски или висок функционер не може да се вработува. Оваа графа се злоупотребува за одредени луѓе да влезат на работа, истакна Лога. Министерот објасни и зошто имало недоразбирања околу иницијативата во јавноста. -Знам зошто ова покрена некакви недоразбирања - зашто од првите денови т.н. бугарски здруженија кажаа дека за 250 денари ќе може да извадат каков било документ со што ќе се загрозува до некаде идентитетот или реалноста по етничка припадност, но јас кажав ако било која држава сака да ја злоупотребува таа работа, истиот ден од моја страна ќе биде скратено и надвор од сила, нагласи министерот. Тој денеска до Уставниот суд достави десет Иницијативи во име на Министерството за правда и десет во свое лично име како граѓанин за поведување постапки за оценување на уставноста на прописи објавени во Службен весник спротивно на членот 52 од Уставот. Уставниот суд претходно донесе времена мерка за стопирање на одлуката на министерот за правда Кренар Лога за национална графа во изводите од матичната книга на родени. Во врска со пожарот во кумановскиот суд, Лога рече дека се уште нема официјални информаци што се е загубено. -Ќе се воздржам од одговор на ова прашање, бидејќи очекуваме оттаму да добиеме писмено што и како се случи, како и кои се последиците, истакна Лога. Тој потсети дека денеска, преку соопштение, Министерството за правда веќе укажало дека Судот е навреме предупредуван од Комисијата за надзор врз работата на АКМИС системот. -Органите ќе кажат дали има некаков пропуст, а најверојатно и по службена должност, не министерот за правда, туку другите надлежни органи ќе дадат одговор, рече Лога. Претседателката на кумановскиот суд Снежана Манев денеска ги негираше обвинувањата од Министерството за правда за злоупотреби на АКМИС системот. Според неа, нема злоупотреби на АКМИС системот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-ke-mozhe-da-se-zemaat-izvodi-od-matichni-knigi-veli-loga/feed/ 0
Лога стави потпис: Се менуваат изводите од матичните книги, новите ќе имаат графа за етничка припадност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-stavi-potpis-se-menuvaat-izvodite-od-matichnite-knigi-novite-ke-imaat-grafa-za-etnichka-pripadnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-stavi-potpis-se-menuvaat-izvodite-od-matichnite-knigi-novite-ke-imaat-grafa-za-etnichka-pripadnost/#respond Mon, 29 May 2023 14:00:08 +0000 https://kurir.mk/?p=840081

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност. Од Министерството за правда информираат дека ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Службен весник за изводите на родените. За другите изводи, како што се наведува во соопштението, поради финансиски импликации Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-stavi-potpis-se-menuvaat-izvodite-od-matichnite-knigi-novite-ke-imaat-grafa-za-etnichka-pripadnost/feed/ 0
Штрајкот ставен во мирување: Вработените во Управата за водење матични книги од утре на работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-staven-vo-miruvanje-vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-od-utre-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-staven-vo-miruvanje-vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-od-utre-na-rabota/#respond Wed, 15 Jun 2022 10:40:52 +0000 https://kurir.mk/?p=691178

Вработените во Управата за водење матични книги и нејзините подрачни одделенија од утре редовно ќе ги извршуваат работните обврски, откако денеска е потпишан Колективниот договор за што независниот синдикат на Управата штрајкуваше во изминатите седум недели. Директорот на Управата, Блерим Абази за медиумите изјави дека со договорот, кој денеска бил потпишан по неколку средби на штрајкувачкиот одбор, дополнително се унапредени правата на вработените во Управата. Тој се заблагодари на Министерството за правда и министерот Никола Тупанчески за поддршката и на граѓаните кои во изминатиот период, како што рече, имале разбирање за прекинот на работата на вработените во Управата. – Со колективниот договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платените и неплатените отсуства, надоместоци на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата, исплата на јубилејна награда итн. Синдикатот и работодавачот во договорот го утврдија правото минималната плата да биде основна плата, изјави Абази. Тој додаде дека како директор ќе се заложи во Предлог-буџетот за 2023 да бидат предвидени повисоки плати за Управата, а за покачување на платите во оваа година пратил иницијатива до Владата да се најде решение во најбрз рок. Претседателот на независниот синдикат на Управата Тони Милошевски истакна дека првпат е потпишан Колективен договор, кој уредува многу досега недефинирани прашања, но нагласи дека штрајкот не е прекинат туку го ставаат во мирување до 20 јули 2022 додека не се реши и финансискиот дел. – Потоа ќе одлучиме како ќе го изразиме незадоволството ако не ни се реши финансискиот дел во колективниот договор што остана и кој Владата треба да го реши, додаде Милошевски. Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески во однос на финансиите рече дека контактираат со Владата и очекува да се реализира инцијативата на ССМ за зголемување на платите за 2.806 денари уште во јули и дека тоа ќе им следува и на вработените во Управата. – Така што, ќе остане уште мал процент до оној што го бараат вработените и по пратената иницијатива од директорот, се надевам дека следната недела ќе имаме разговори во Министерството за финансии. Кога ќе се одземат тие 2.806 денари што ќе ги добијат сите јавни службеници, остануваат уште до 10-15 проценти што мислам дека не е огромна сума за државата, изјави Ристески. Тој рече дека е среќен што со потпишаниот Колективен договор конечно се нашол заеднички јазик и дека е тоа голем чин по речиси два месеца штрајк и „игра на нерви“. Ристески ги охрабри и останатите вработени во државните управи, агенции и фондови да си формираат свои синдикати за да може да потпишат вакви договори]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-staven-vo-miruvanje-vrabotenite-vo-upravata-za-vodenje-matichni-knigi-od-utre-na-rabota/feed/ 0
Во Царината се евидентирани изводите од лиценци на автобусот на „Беса транс“, но најверојатно се приложувани невалидни документи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-carinata-se-evidentirani-izvodite-od-licenci-na-avtobusot-na-besa-trans-no-najverojatno-se-prilozuvani-nevalidni-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-carinata-se-evidentirani-izvodite-od-licenci-na-avtobusot-na-besa-trans-no-najverojatno-se-prilozuvani-nevalidni-dokumenti/#respond Fri, 17 Dec 2021 11:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=609773

Во Царинската управа евидентирани се изводите од лиценци што ги доставувал автобусот на „Беса транс“ кој повеќе од 120 пати поминал низ граничните премини на државава, но најверојатно се приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи, изјави денеска директорката на Царинската управа Славица Кутиров. – Имаме детална евиденција дека истиот автобус повеќе од 120 пати е евидентиран во нашиот систем вклучувајќи и број од извод од лиценци за кои секојдневно се зборува дека не биле евидентирани. Кај нас се евидентирани и најверојатно се приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи. Но, за тоа истрагата е веќе во рамки на Јавното обвинителство и повеќе детали во следниот период тие можат да кажат, рече Кутиров, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Стопанската комора на Северна Македонија. Потсети дека е направена и внатрешна контрола во Царинската управа при што се санкционирани царинските службеници кои таа вечер биле на смена. Во автобуската несреќа во Бугарија загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени, на враќање од туристичко патување од Истанбул.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-carinata-se-evidentirani-izvodite-od-licenci-na-avtobusot-na-besa-trans-no-najverojatno-se-prilozuvani-nevalidni-dokumenti/feed/ 0