извоз на жито – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 13:04:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png извоз на жито – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН: Вложуваме максимални напори за продолжување на Договорот за извоз на жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vlozhuvame-maksimalni-napori-za-prodolzhuvane-na-dogovorot-za-izvoz-na-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vlozhuvame-maksimalni-napori-za-prodolzhuvane-na-dogovorot-za-izvoz-na-zhito/#respond Wed, 05 Jul 2023 13:04:11 +0000 https://kurir.mk/?p=853061

Обединети нации остануваат посветени да вложат максимални напори за продолжување на Договорот за извоз на жито преку Црното Море, што наскоро ќе истече, изјави генералната секретарка на ОН за трговија и развој, Ребека Гринспан. Таа најави и дека е можно официјален претставник на ОН да ја посети Русија во обид да го спаси Договорот што ја гарантира безбедноста на бродовите што влегуваат и излегуваат од украинските пристаништа во водите под контрола на Русија. Во вчерашното соопштение на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Москва не гледа основа за обновување на Договорот за извоз на жито преку Црното Море, што истекува на 17 јули. Русија веќе подолго време се заканува дека ќе се повлече од Договорот бидејќи не се исполнети ветувањата дека ќе може да извезува сопствено жито и ѓубриво. Кон средината на мај Москва се согласи да го продолжи Договорот за два месеци. Во соопштението на руското МНР се посочува дека иницијативата овозможила испорака на украинско жито до „добро нахранетите земји“, но не и помош за оние на кои им е најпотребна во Африка, Азија и Јужна Америка. Петте најсиромашни земји – Етиопија, Јемен, Авганистан, Судан и Сомалија добиле само 2,6 отсто од извезеното жито, а ситуацијата се влошува кога станува збор за руското жито и ѓубриво. - Под овие услови, очигледно е дека нема основа за продолжување на Црноморската иницијатива, која истекува на 17 јули, се посочува во соопштението. Русија тврди дека не гледа напредок во голем број нејзини барања, вклучително и повторно поврзување на нејзината државна Земјоделска банка со меѓународниот платен систем СВИФТ (SWIFT).  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vlozhuvame-maksimalni-napori-za-prodolzhuvane-na-dogovorot-za-izvoz-na-zhito/feed/ 0
Зеленски: Договорот за извоз на жито мора да биде продолжен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-dogovorot-za-izvoz-na-zito-mora-da-bide-prodolzen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-dogovorot-za-izvoz-na-zito-mora-da-bide-prodolzen/#respond Tue, 08 Nov 2022 17:35:15 +0000 https://kurir.mk/?p=757596

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска и рече на американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд дека договорот за извоз на жито од Црното Море мора да биде продолжен. Тој нагласи дека Украина е подготвена да продолжи да биде гарант за безбедноста на снабдувањето со храна во светот. Договорот стана контроверзен кога Кремљ на почетокот на ноември објави дека нема да се обврзе за продолжување на договорот за транспорт на стоки од Украина во остатокот од светот по неговото истекување на 19 ноември. На крајот на октомври, по напад врз бродови на руската Црноморска флота во Севастопол, Русија го прекина учеството во транспортот на жито, но повторно го активираше по преговори со Турција и писмени гаранции од Украина. Договорот за испорака на жито беше потпишан на 19 јули во Истанбул под покровителство на Турција и ОН и овозможи извоз на милиони тони жито, заробени во украинските пристаништа за време на руската офанзива врз Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-dogovorot-za-izvoz-na-zito-mora-da-bide-prodolzen/feed/ 0