извозници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Aug 2020 14:55:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png извозници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Извозниците бараат поддршка за дигитализација, поради КОВИД-19 ќе се промовираат онлајн https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvoznicite-baraat-poddrshka-za-digitalizacija-poradi-kovid-19-kje-se-promoviraat-onlajn/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvoznicite-baraat-poddrshka-za-digitalizacija-poradi-kovid-19-kje-se-promoviraat-onlajn/#respond Tue, 18 Aug 2020 15:17:07 +0000 https://kurir.mk/?p=392300

Корона кризата наметна изнаоѓање нови, алтернативни начини за реализирање на извозот. Наместо преку саемски манифестации, промоцијата и пласманот на домашните производи ќе мора да се одвиваат онлајн, со користење најразлични интернет алатки, беше речено на денешната работна средба на компаниите од Клубот на извозници и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Арбен Виља што се одржа во Стопанската комора на Македонија. Компаниите истакнаа дека во наредниот период ќе имаат потреба од помош и поголема поддршка за дигитализација и имплементација на напредните технологии со цел настап на виртуелните саеми, изработка на онлајн презентации, креирање маркетинг стратегии за промоција и стратегија за настап на онлајн пазари преку интернет продажба. На средбата беше презентирана и новата веб-страница на Агенцијата со порталот за промоција на извозот, како и мерките за финансиска поддршка со акцент на столбот 2 – Пораст на конкурентноста на компаниите за освојување нови пазари и пораст на продажбата. -Биснисот во наредниот период своите активности ќе ги насочува кон дигитализација на процесите и зголемување на конкурентноста, користејќи онлајн алатки за промоција и продажба на производите, нагласи претседателот на Клубот на извозници, Глигор Цветанов. Според него, поради настанатата криза со коронавирусот, повеќето планирани саемски манифестации до крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година се откажани. Поради тоа се јавува потребата за пренамена на средствата планирани за поддршка на извозните активности на домашните компании. -Сакам да ја изразам нашата подготвеност за реализација на нови заеднички проекти и очекувам дека од денешните дискусии ќе произлезат конкретни барања, предлози и идеи кои ќе ги имплементираме во нашиот Предлог-буџет за следната година, со единствена цел да додадеме вредност на извозниот процес и на тој начин да ги помогнеме домашните компании, им рече директорот Виља на извозниците. Темата на средбата беше дефинирање на приоритетните активности за извозна поддршка, во насока на стимулирање и промовирање на извозот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvoznicite-baraat-poddrshka-za-digitalizacija-poradi-kovid-19-kje-se-promoviraat-onlajn/feed/ 0