извршители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Oct 2022 09:44:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png извршители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 3,4 милиони евра профит направиле извршителите лани – вкупно во земјава има 99, а на прво место е жена која лани имала добивка од 130 илјади евра! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/3-4-milioni-evra-profit-napravile-izvrshitelite-lani-vkupno-vo-zemjava-ima-99-a-na-prvo-mesto-e-zena-koja-lani-imala-dobivka-od-130-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/3-4-milioni-evra-profit-napravile-izvrshitelite-lani-vkupno-vo-zemjava-ima-99-a-na-prvo-mesto-e-zena-koja-lani-imala-dobivka-od-130-iljadi-evra/#respond Mon, 03 Oct 2022 09:44:41 +0000 https://kurir.mk/?p=740314

Речиси 3,4 милиони евра профит направиле лани 99 извршители, колку што ги има во државава, ексклузивно за Пари, открија од Комората на извршители. Добивките се движат од само 1.821 денари (најмалата) до дури 8.019.304 денари, или над 130.000 евра (најголема добивка). За да стигнат до оваа добивка, извршителите во текот на 2021 година извршиле над 63.000 присилни наплати. Сумата којашто ја наплатиле во постапките изнесува 130 милиони евра. Пари ексклузивно ги открива добивките на ТОП 10 извршители кои имале среќа да направат извршувања со најголема вредност и со тоа да остварат за себе најголем нето-приход (приход минус расходи минус пресметан данок од Годишна даночна пријава). Вкупните нивни добивки се над 1 милион евра. Значи: 10 извршители направиле профит од 1 милион евра, а вкупниот профит на останатите 89 е 2,4 милиони евра. На самиот врв по заработка од извршувања е извршителката Катерина Кокина. Оваа извршителка успеала за една година, односно во текот на 2021 година, да направи одлична добивка од речиси 130.000 евра. Која е Катерина Кокина? Лидерот на листата, Кокина, своевремено била најмлад извршител, именувана на 29 години, и како извршител работи 11 години. Иако е една од помладите извршители, таа успеала во 2021 да сработи најдобри резултати. На второ место, со профит од 123.000 евра, е извршителот Гордан Станковиќ. Станковиќ е познат во јавноста, тој едно време беше и претседател на Комората на извршители, а се памети и по тоа што со години беше неприкосновен во однос на правењето профит. Според информациите кои јавно беа објавени во медиумите, во периодот од 2012 до 2017 година, односно за пет години, тој направил нето-профит од 1,3 милиони евра, или, во просек, по 260.000 евра годишно. Токму пласирањето на ваквите добивки во јавноста, како и притисокот на невладиниот сектор, доведоа до извесни законски измени со кои се намалија плаќањата за извршувањата. Иако не заработиле колку што би заработиле во минатото, во групата на ТОП 10 извршители за 2021 година, најнискиот профит е 78.169 евра, а го направила извршителката Славица Ацовска. Погледнете ја целата листа на најпрофитните 10 извршители ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/3-4-milioni-evra-profit-napravile-izvrshitelite-lani-vkupno-vo-zemjava-ima-99-a-na-prvo-mesto-e-zena-koja-lani-imala-dobivka-od-130-iljadi-evra/feed/ 0
Извршител затропа на вратата на Гоца Божиновска – еве колкава сума таа треба да плати https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/izvrshitel-zatropa-na-vratata-na-goca-bozinovska-eve-kolkava-suma-taa-treba-da-plati/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/izvrshitel-zatropa-na-vratata-na-goca-bozinovska-eve-kolkava-suma-taa-treba-da-plati/#respond Fri, 19 Mar 2021 10:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=484671

Фолкерка Гоца Божиновска се придржуваше до сите пропишани мерки за време на пандемијата од коронавирусот, но признава и дека ја повикуваат да настапува „нелегално“ за време на пандемијата. Имено, пејачката отворено зборуваше за поканата да пее на „корона прослави“, но не сака да ги крши правилата. - Еден човек ми се јави за полнолетство на неговиот син, за десетина гости. Секако, не прифатив, веднаш одбив. Каде ќе имам проблеми. Не сакам да влегувам во проблем. И ќерката Јелена строго се придржува, ние не пееме никаде. Работиме со години, постари сме и имавме нешто стекнато. Кој штедеше, сега има што да потроши, ние некако преживуваме. Музичарите се во неволја, мали деца кои штотуку започнаа со работа - рече Гоца за Сцената. - Ова не е една година да седам, втора година никој не прави ништо. Еве, мојата Јелена не настапува никаде, не излегува од станот - вели фолкерката и открива дека има проблем со извршителите: - Минатиот август мајка ми го скрши колкот. Скоро два месеца не сум бил дома. Не платив една сметка од околу 8.000 динари, сега имам 30.000 да платам на извршителот! Еден месец е прескокнат, сега скоро плаќам четири пати повеќе!Еднаш да заборавиш, и ете ти. Гоца истакнува дека државната помош што ја добила ја потрошила на сметки, како и дека најтешко им е на нејзините колеги кои имаат кредити за стан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/izvrshitel-zatropa-na-vratata-na-goca-bozinovska-eve-kolkava-suma-taa-treba-da-plati/feed/ 0
Самохрана мајка секој месец преживува голгота: Со сите предизвици се бори сама, а извршителите се без милост! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samohrana-majka-sekoj-mesec-prezivuva-golgota-so-site-predizvici-se-bori-sama-a-izvrshitelite-se-bez-milost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samohrana-majka-sekoj-mesec-prezivuva-golgota-so-site-predizvici-se-bori-sama-a-izvrshitelite-se-bez-milost/#respond Tue, 02 Mar 2021 15:54:11 +0000 https://kurir.mk/?p=476119

Има едни жени кои се борат како лавици, има едни жени кои се борат со животната сага, има едни жени кои сами се борат и од ништо-нешто да створат. Оваа приказна мораше вака да започне за да ја објасниме голготата низ која поминува една самохрана мајка од Скопје. Секој ден се бори со ударите од секојдневието што носи. Секој ден ги трпи неправдите. КУРИР ја пренесува приказната на С.А. самохрана мајка од Скопје. Има две деца, ниска плата, големи сметки, а најголем обрач на вратот се извршителите кои бескомпромисно и без простор за договор и олеснување, ја исцрпуваат финансиската и психичката сила на оваа мајка. Идентитетот на мајката, како и на извршителите, се познати на редакцијата на КУРИР. Засега истите, од оправдани причини нема да ги објавиме јавно, но доколку се јави желба за слух од надлежните, да помогнат, располагаме со сите потребни информации и документи. -Јас  сум самохрана мајка на две малолетни ќерки. Живеам под кирија, сама се борам за да им овозможам на децата нормален живот, храна, облека и греење. Нормално да ја следат наставата он-лајн, материјали кои им ги бараат од училиште и не сакам да се почувствуваат ништо подоле од другите нормални деца со нормални социјални примања. Плаќам кирија која воопшто не е мала, морам да платам и не смеам да задоцнам со интернет кој им е неопходно потребен за да ја следат нормално наставата. Борбата е многу тешка и мене како на мајка која сум го запоставила воопшто социјалниот и љубовен живот, а сум се посветила само на тие две деца, вели мајката во изјава за КУРИР. Првично, со овие трошоци јасно ни е дека се соочуваат голем број на мајки во Македонија. Но, оваа скопјанка се бори сама, со ниски примања, без помош од никого. Извршителите ни сами не знаеле да објаснат дали смеат да земаат една третина или една петтина од нејзината плата. Така, во тој лавиринт на проценки, ја оставаат на работ на егзистенцијата. Од нејзината плата, една петтина е 3400 денари. -Работам и имам околу 17.000 денари плата, а имам извршител кој ми одзема околу 4000 денари секој месец и на крајот ми остануваат околу 13.000 денари и верувајте јас не знам што попрво да платам со тие минимални средства. Дури до толку не наидувам на емпатија кај извршителите што се чувствувам како да се свртел цел свет против мене и моите деца. Таткото на моите деца не плаќа никаква алиментација за нив, па дури и еднаш неделно ако ги земе или сами одат кај него, ги остава на мајка му и цел ден не ги погледнува. Тоа му е татковска обврска, но и таа не ја извршува, вели самохраната мајка во изјавата за КУРИР. Од таткото на децата нема поддршка, но ниту институциите не покажале волја да помогнат на ваквите случаи. Самохраните мајки се борат сами, а наместо да биде нивен сојузник, државата им станува противник. Мајката чија приказна ја раскажуваме има прекрасна професија, која за жал, во Македонија е многу ниско платена. Минатиот месец доби висока сметка за струја, која сама не можеше да си ја плати. Но, се снајде, како што тоа го прави секој месец – борејќи се! Зошто секој месец да биде борба? Зошто да биде сама и секој ден да преживува голгота? Таа заслужува нормален живот, а нејзините деца заслужуваат среќна и безгрижна мајка. Институциите се на потег!      ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samohrana-majka-sekoj-mesec-prezivuva-golgota-so-site-predizvici-se-bori-sama-a-izvrshitelite-se-bez-milost/feed/ 0
Извршителите почнаа со работа – над 200.000 сметки на граѓани под „закана“ од блокада заради присилна наплата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izvrshitelite-pochnaa-so-rabota-nad-200-000-smetki-na-gragjani-pod-zakana-od-blokada-zaradi-prisilna-naplata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izvrshitelite-pochnaa-so-rabota-nad-200-000-smetki-na-gragjani-pod-zakana-od-blokada-zaradi-prisilna-naplata/#respond Sat, 25 Jul 2020 15:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=381310

Сметките на граѓаните пак под „закана“ од блокада заради присилна наплата. Извршителите почнаа со работа. По речиси четиримесечното стопирање на извршувањата, од петокoт на сите граѓани и фирми кои биле блокирани пред 1 април, пак им се извршува од сметка. А на ред кај извршителите доаѓаат и новите предмети, околу 33.000, кои биле примени од почетокот на годинава и кои „чекаа“ за време на вонредната состојба поради коронавирусот, објавува Денар.мк

Извршителите немаат податок колку сметки се блокирани во моментов. Но податоците на Народната банка покажуваат дека заклучно со март под блокада биле над 106.000 сметки, од кои 26.000 на компании и 80.000 на граѓани.

И додека извршителите се жалат дека им е загрозена егзистенцијата и нема да издржат ново одложување на извршувањата, граѓанските здруженија алармираат до Владата дека не смее да ги остави граѓаните под закана и на коронакризата и на извршителите. Велат во опасност се преку 200.000 граѓани кои се под извршување.

Ратите за плаќање на кредитите се одложени до октомври, но имаше ли начин барем на уште три месеци да се одложи извршувањето?! Поради пандемијата со корона вирусот околу 19.000 лица останаа без работа, а на 20.000 работници за најкритичниот месец- април не им била исплатена плата. Дел од компаниите пак поради намалените приходи, ги намалија платите на работниците. А поради рестрикциите, ниту банките ниту компаниите кои нудат комунални услуги не работеа со нормално темпо.

Од Владата се децидни дека нема можност за уште едно одложување.

„Имплементацијата на Законот за извршување продолжува во целост. Нема можност за продолжување на Уредбата, бидејќи повеќе не сме во вонредна состојба. Се продолжува да се извршува, освен наведените исклучоци во законот- велат од Министерството за правда.

А иако имаа законска можност, ниту банките, ниту компаниите кои нудат комунални услуги за граѓаните, како БЕГ, ЕВН, Водовод не побарале од извршителите одложувања на извршувањата.

Извршителите пак велат дека ново одложување ќе ја загрози нивната егизтенција

„Се извршува се што беше запрено со Уредбата со законска сила од 1 април. Односно сите блокирани сметки кај комерцијалните банки на правни и физички лица, а активни се и забраните ставени на плата и пензија кај работодавачите и Фондот за ПИОМ. Продолжуваат продажбите на недвижности, продолжуваат пописите врз подвижни предмети и сите дејствија утврдени со Законот за извршување. Со самата не примена на Законот за извршување најголем број на доверители ќе паднат во тешка економска ситуација бидејќи не можат да ги наплатат своите побарувања, а во прашање ќе биде доведен и опстанокот на извршителските канцеларии“, велат од Комората на извршители.

Но, граѓаните кои изгубиле работа или им се намалени платите на минималец од 14.500 денари поради корона кризата, нема да бидат извршувани. А тука влегуваат и социјалците и други приходи на граѓаните кои се законски изземени од извршување. Додека пак на оние граѓани кои примаат до просечна плата и пензија, извршителите смеат да им сопрат една петтина од приходот, а на тие над просекот една третина од платата или пензијата.

Но граѓанските здруженија се децидни. Владата не смеее да чека туку мора да најде начин да го споре извршувањето.

„Владата треба да направи една нова акција со која што ќе им помогне на граѓаните. Не како претходната која ко бајаги беше заради корона кризата, но сепак беше предизборна. Економската криза тек почнува и оваа криза ако се искомбинира со нови акции на извршителите, тогаш ќе биде многу тешко за граѓаните”, велат од здружението „Но пасаран“. 

Марјан Ристески од иницијативата „Стоп за извршители“ вели дека чекаат да се состави новата влада за да ги решат проблемите кои преостанале. Еден од нив е и давачката за затезна камата која, според него, сега ќе биде наплатена со поголема сума бидејќи растела додека немало извршувања.

„Со престанок на Уредбата за извршување преку 200.000 предмети повторно ќе бидат активирани. Плус околу 30.000 нови предмети за извршување кои се изготвуваа за време на вонредната состојба. Ние чекаме формирање на нова Влада и одма ќе бараме средба. И понатаму главен проблем е затезната камата. А ќе бараме да се актуелизира и донесувањето на законот за застарување на долговитее, кој во предизборието заглави во Собрание”, изјави Ристески.

Работата на извршителите беше стопирана откако Владата на 25 март донесе Уредба со која беа запрени извршните дејствија. Со првата верзија на уредбата извршувањето требаше да продолжи на 1 јули, но поради вонредната состојба рокот се помести.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izvrshitelite-pochnaa-so-rabota-nad-200-000-smetki-na-gragjani-pod-zakana-od-blokada-zaradi-prisilna-naplata/feed/ 0
Хакерите ја објавија следната цел за напад: Еве која е нивна следна мета во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hakerite-ja-objavija-slednata-cel-za-napad-eve-koja-e-nivna-sledna-meta-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hakerite-ja-objavija-slednata-cel-za-napad-eve-koja-e-nivna-sledna-meta-vo-makedonija/#respond Fri, 24 Jul 2020 17:04:30 +0000 https://kurir.mk/?p=380940

Еден ден откако ги хакираа сајтовите на Министерството за здравство и на Министерството за образование, македонските хакери „АнонОпсМКД“ преку Твитер соопштија дека следна цел за напад им се извршителите. „Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се“, пишуваат хакерите на Твитер. Тие исто така напишаа дека во ниту еден момент не го загрозиле серверот на Министерството за здравство, туку, како што објаснуваат, направиле екстракт на електронската пошта. „Сајтовите и серверот за е-пошта се изгасени од страна на шалабајзерите кои се систем-админи во тие министерства“, пишуваат хакерите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hakerite-ja-objavija-slednata-cel-za-napad-eve-koja-e-nivna-sledna-meta-vo-makedonija/feed/ 0
Извршителите од денеска продолжуваат со извршување на наплата на долговите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshitelite-od-deneska-prodolzuvaat-so-izvrshuvanje-na-naplata-na-dolgovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshitelite-od-deneska-prodolzuvaat-so-izvrshuvanje-na-naplata-na-dolgovite/#respond Fri, 24 Jul 2020 08:52:00 +0000 https://kurir.mk/?p=380711

Од денеска извршителите продолжуваат со редовните активности откако истече важноста на Уредбата, со која беше предвидено 30 дена по престанувањето на вонредната состојба да продолжи целосната примена на Законот за извршување. -Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување (Службен весник бр. 72/16,142/16,233/18 и 14/20) нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a согласно Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба ,, до 30 јуни” со зборовите, заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, се наведува во соопштението од Комората на извршители на РСМ. Согласно последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата, како што велат од Комората, е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од денеска продолжува целосната примена на Законот за извршување. До март годинава, како што информираат од Народна банка на РСМ биле блокирани 229.314 трансакциски сметки, од кои 190.183 се на физички лица, а 39.131 се на фирми. Вкупниот број блокирани депоненти според објавените податоци е 106.723, од кои 26.000 се компании, а околу 80.000 се физички лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshitelite-od-deneska-prodolzuvaat-so-izvrshuvanje-na-naplata-na-dolgovite/feed/ 0
Од утре над 33 илјади граѓани и фирми повторно ќе бидат блокирани од извршителите- никој не побарал одложување на извршувањата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nad-33-iljadi-gragjani-i-firmi-povtorno-kje-bidat-blokirani-od-izvrshitelite-nikoj-ne-pobaral-odlozuvanje-na-izvrshuvanjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nad-33-iljadi-gragjani-i-firmi-povtorno-kje-bidat-blokirani-od-izvrshitelite-nikoj-ne-pobaral-odlozuvanje-na-izvrshuvanjata/#respond Thu, 23 Jul 2020 13:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=380323

Сметките на граѓаните и компаниите од утре пак ќе бидат„ достапни“ за извршување. Извршителите утре почнуваат со работа. Ќе се ивршува од сите граѓани и фирми кои биле блокирани пред 1 април. Но ќе почнат и новите блокади, за речиси 33.000 предмети кои до сега стигнале за извршување. Од Министерството за правда велат дека немаат можност да ја продолжат Уредбата со која речиси 4 месеци се „замрзна“ извршувањето, бидејќи повеќе не сме во вонредна состојба. А иако имаа законска можност да побараат стопирање, ниту банките ниту компаниите кои нудат режиски услуги за граѓаните, до сега не го направиле тоа, објавува Телма. „До овој момент такви разговори нема. Согласно уредбата донесена од владата, по истекот на 30 дена од престанувањето на вонредната состојба продолжува да се применува законот за извршување за сите отпочнати извршувања, вклучувајќи ги и предметите започнати до 31.03.2020 година.“- велат од македонската банкарска асоцијација.. Одложување на извршувањата не планираат ниту од скопски Водовод. Велат дека немаат законска можност за тоа, а со одложување само ќе се зголемеле трошоците, кои пак ќе паднат на товар на должникот. Имаат акција за плаќање на долговите на рати без камата до крајот на месецов, а од септември ќе побараат извршувања и за тие граѓани на кои во меѓувреме им се натрупале сметките. Од БЕГ велат – ќе работеле по закон, и нема да побараат одложување на извршувањата. Од Евн пак не одговорија. Но од Комората на извршители се децидни дека никој од нив не побарал одложување на извршувањата. А тоа можеле да го направат сите доверители, со барања за секој предмет посебно. Па така од утре ќе се извршува од сите блокирани сметки на граѓаните и фирмите пред 1 април, а ќе се блокираат и нови. Ќе бидат активни и задршките на третина или четвртина од плата или пензија, ставени со забраните кај работодавците и Фондот за ПИОМ. А ќе продолжат и продажбите на запленетите недвижности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nad-33-iljadi-gragjani-i-firmi-povtorno-kje-bidat-blokirani-od-izvrshitelite-nikoj-ne-pobaral-odlozuvanje-na-izvrshuvanjata/feed/ 0
Македонски музичар поминува низ голгота: За наводен долг му се закануваат дека ќе му ја земат куќата и дека 3 деца ќе останат на улица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-muzichar-pominuva-niz-golgota-za-navoden-dolg-mu-se-zakanuvaat-deka-kje-mu-ja-zemat-kukjata-i-deka-3-deca-kje-ostanat-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-muzichar-pominuva-niz-golgota-za-navoden-dolg-mu-se-zakanuvaat-deka-kje-mu-ja-zemat-kukjata-i-deka-3-deca-kje-ostanat-na-ulica/#respond Wed, 19 Feb 2020 10:16:33 +0000 https://kurir.mk/?p=305862

Македонскиот музичар Владимир Софрониевски, неговата сопруга и трите малолетни дечиња, деновиве минуваат низ вистинска голгота. Музичарот со години живее под притисок, трпејќи неправда, но кулминацијата на случувањата се случи вчера кога целиот терет беше префрлен на целото негово семејство. КУРИР стапи во контакт со семејството Софрониевски кои вчера добија решение од извршител со закана дека ќе им биде одземена куќата во која живеат. Петчленото семејство живее во семејна куќа во Маџир маало со вкупна површина од само 27 квадрати. Сега се под сериозна закана дека ќе го загубат и тоа кое го имаат и дека ќе останат на улица. Приказната е чудна, неоснована и личи на голема грешка. Кога ќе го разгледа случајот некој реален правник можеби и ќе се изнасмее, но на Софрониевски оваа неправда им нанесе голема штета. Музичарот првично се терети дека неговото куче каснало човек. Случајот влегува во суд, а Софрониевски никогаш немал куче во негова сопственост. Пред 7 години е констатирано дека за овој случај нема никакви докази и дека тој нема за што да биде казнет. Софрониевски немал куче, а е тужен дека негово куче каснало човек! Кога мислел дека случајот е решен, македонскиот музичар доживува шок. Случајот го превзема друг судија и во прво рочиште изрекува казна од 5.000 евра. Софрониевски тврди дека воопшто не е повикан на суд, нема сведочено, ниту пак пред него се изнесени докази за делото за кое пресудата веќе била донесена. Идентитетите на двајцата судии се познати во редакцијата на КУРИР, но од оправдани причини истите нема да ги објавиме. Тој тргнува низ судскиот лавиринт, но крајот никако да дојде. Поднесува жалби, го одбиваат. Бара докази, ги нема. Бара да сведочи, не го викаат. Кога помислува дека најлошото помина, дури тогаш почнува пекол. КУРИР ја доби документацијата, ја истражи и ја објавува во продолжение: Главниот долг, првично е 5.000 денари. Сегашниот, каде се пресметани камати на главен долг, главен долг, камати, трошоци за адвокат... изнесува 292.263 денари. Дополнително, само трошоците за извршување чинат 38.621 денар. Налогот за извршување наведува дека ако Софрониевски не го подмири долгот, ќе остане без куќа.   Соочен со правната неправда, заканите, огромниот наводен долг, страв дека ќе остане без куќа, но најмногу обврската да си ги заштити децата се причината поради која Софрониевски најавува дека нема да се откаже од неправдата. Денес член на неговото семејство ќе оди на средба и кај Народниот правобранител, а ќе реагираат и секаде каде што можат. Софрониевски, инаку, е со телесен инвалидитет. Неговото синче има тргнато по стапките на семејството и се занимава со музика. Оди на натпревари, ја претставува Македонија и ја прави публиката горда. Трите дечиња, наместо да уживаат во детството, денес живеат во страв, соочени со неправда претешка за сфаќање дури и од возрасните, а уште повеќе од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-muzichar-pominuva-niz-golgota-za-navoden-dolg-mu-se-zakanuvaat-deka-kje-mu-ja-zemat-kukjata-i-deka-3-deca-kje-ostanat-na-ulica/feed/ 0
Граѓани протестираа против извршителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjani-protestiraa-protiv-izvrshitelite-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjani-protestiraa-protiv-izvrshitelite-2/#respond Tue, 03 Dec 2019 12:47:41 +0000 https://kurir.mk/?p=272706

Граѓаните и денеска трет вторник по ред протестираат пред Министерството за правда барајќи комплетна ревизија на работењето на извршителите. Тие бараат да престане блокирањето на сметките, наплатата на долгот да не трае подолго од две години и да се почитува застарувањето на долговите. – Живееме во едно неправедно и неправично општество. Тука се случува еден социјален феномен кој ги донесува луѓето во должничко ропство.Тој социјален феномен е девијантен. Зошто? Затоа што се работи за преголеми долгови кои се виртуелни каде што главниците се многу мали во однос на тоа што нереалното што луѓето го плаќаат. На тој начин луѓето влегуваат во должничко ропство, наместо да евалуираат како човекови битија, да се занимаваат со своето семејство, да живеат за културата, за својот духовен развој, луѓето едноставно плаќаат некакви непостоечки долгови. Оние тужат ретроактивно, а не сакаат ретроактивно да направат закони. Ако донесат нов закон за нова висина на камата, таа висина би требало да важи ретроактивно, истакна Ана Глигорова од иницијативата „Стоп за извршителите“. Марјан Ристески, еден од иницијаторите на протестот потенцира дека штом надлежните кажуваат дека сакаат да имат средба со граѓаните кои протестираат, тогаш „нека излезат па да видиме колку се храбри да се соочат со граѓаните, каде само неколку прашања ќе им поставиме“. – Ги гледате како бегаат како ѓавол од крст кога некој ќе им спомне да работат за плата да се вратат во суд, па се жалат дека не можат да преживеат. Самите се контрадикторни. Ако веќе им е намален обемот на работа, ако немаат профит зошто не работат во суд за плата како секој граѓанин. Што е во прашање зошто не се враќаат? Во прашање се парите. Сакаат и понатаму да крадат, понатаму сакаат да одат  на егзотични патувања. А овој народ не може да преживее. Бараме ветинг и за извршителите и ревизија на нивната работа, рече Ристески. Граѓаните порачаа дека нема да се задоволат само со ветувања и бараат конкретни резултати, и посочуваат дека ќе протестираат додека надлежните не преземаат конкретни мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjani-protestiraa-protiv-izvrshitelite-2/feed/ 0
Граѓани протестираа против извршителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjani-protestiraa-protiv-izvrshitelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjani-protestiraa-protiv-izvrshitelite/#respond Tue, 26 Nov 2019 13:19:57 +0000 https://kurir.mk/?p=269404

Граѓани денеска протестираат пред Министерството за правда барајќи комплетна ревизија на работењето извршителите. Тие бараат да престане блокирањето на сметките, наплататат на долгот да не трае подолго од две години а не десет или повеќе години и да се почитува застарувањето на догловите. – За кривични постапки постои застарување, но за долг не постои. Има и диви лихвари. Ми се јавија луѓе кои од физичко лице позајмиле пари по ненормални камати. Тие се во спрега со нотар,  извршител. Значи, див лихвар, физичко лице соработува со извршител и со нотар и доаѓа до ненормални суми на пари. Тоа мора да се прекине, рече Ана Глигорова од иницијативата „Стоп за извршителите“. Марјан Ристески, кој е еден од иницијаторите на протестот, изјави дека извршителите во текот на 2019 година од државните институции зеле 20 милиони евра. Тој побара со ветинг да бидат опфатени и извршителите. -Извршителите освен што ги крадат граѓаните, тие ја крадат државата. Ние нема да молчиме. Оваа неправда мора да се исправи. Гледаме дека најавуваат некакви мерки, меѓутоа не се јасни тие мерки. Ќе имало застарување на долговите, ќе имало замена на закон. Ние бараме конкретни резултати да кажат што значи тоа. Ниту еден извршител не одговара. Бараме ветинг и за извршителите за да докажат од каде им се парите. Извршителската функција стана најплатена функција во државата, рече тој. Граѓаните порачаа дека нема да се смират додека не се најде решение за овие драконски казни и ќе протестираат се додека надлежните не се согласат и преземат конкретни мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjani-protestiraa-protiv-izvrshitelite/feed/ 0