Јабланица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 31 Mar 2019 18:20:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јабланица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Направени 12 летови и исфрлени 30 тони вода: Уште се активни пожарите во Јабланица и Крушево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napraveni-12-letovi-i-isfrleni-30-toni-voda-ushte-se-aktivni-pozarite-vo-jablanica-i-krushevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napraveni-12-letovi-i-isfrleni-30-toni-voda-ushte-se-aktivni-pozarite-vo-jablanica-i-krushevo/#respond Sun, 31 Mar 2019 18:20:30 +0000 https://kurir.mk/?p=180859

Дирекцијата за заштита и спасување и денеска продолжи со воздухопловна поддршка и целодневна акција за гасење на пожари во значаен дел од Македонија. Со направени 12 летови и исфрлени 30 тони вода дејствуваше во местото Орашец во општина Чашка, местото Рамно кај Самоков општина Македонски Брод и во Ново Село, Струмица. Активни пожари во моментов има на територијата на Јабланица и Крушево. Како што соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување, со целиот свој капацитет и материјално-технички и човечки ресурси, активно учествуват во справување со огнената стихија во земјава. -И покрај секојдневните апели, предупредувања, забраната за движење на физички лица во шуми и шумски подрачја, пожарите и денеска дивеат низ целава земја. Затоа, уште еднаш испраќаме апел за активно вклучување на сите институции како на локално, така на централно ниво во заштита на шумите и природните ресурси на нашата земја, стои во соопштението од ДЗС. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napraveni-12-letovi-i-isfrleni-30-toni-voda-ushte-se-aktivni-pozarite-vo-jablanica-i-krushevo/feed/ 0