јачмен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 14:56:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јачмен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трипуновски: Да се забрани увозот на пченица и јачмен додека не се откупи домашниот род https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-da-se-zabrani-uvozot-na-pchenitsa-i-jachmen-dodeka-ne-se-otkupi-domashniot-rod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-da-se-zabrani-uvozot-na-pchenitsa-i-jachmen-dodeka-ne-se-otkupi-domashniot-rod/#respond Tue, 04 Jul 2023 14:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=852595

Денеска сум во срцето на овчеполието, во екот на жетвата, на посета на еден од фармерите кој што го собира својот род и во разговор со него можеме да кажеме дека годината е лоша затоа што пред се откупната цена на јачменот е многу ниска од 8 до 9 денари за килограм, изјави денеска Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Истакна дека поголем проблем за многу земјоделци во Македонија е тоа што не можат јачменот да го предадат во преработувачки капацитет за да можат да користат дополнителна субвенција кои што им следува од програмите за субвенционирање. -Морам да потенцирам дека ова производство на јачмен и пченица е многу скапо, затоа што во време на сеидбата репроматеријалите, нафтените деривати, семенскиот материјал беа многу високи што значи дек апроизводната цена на јачменот е некаде над 13 денари, што е спротивно од она кое што се откупува сега од 8 до 9 денари, односно разликата повеќе од 4 денари треба во ова ситуација да ја компензира државата. Она што сакам да го упатам како апел и сугестија до МЗШВ и до Владата на Република Македонија е тоа дека треба под итно да се забрани увоз на пченица и јачмен се додека трае жетвата на домашното производство затоа што мораме да го заштитиме домашното производство и македонскиот земјоделец. Дополнително државата треба да донесе мерка за складиштење на јачменот и пченицата затоа што многу земјоделци немаат услови да го чуваат својот род за да чекаат некои подобри времиња и тука треба државата да интервенира со дополнителна субвенција за складиштење во некои од капацитетите ширум Република Македонија. Ако ситуацијата остане како што е сега тоа значи дека и со почетокот на жетвата на пченицата не очекуваат црни денови за земјоделците и со тоа и понатаму Макeдонија ќе биде увозно зависна на лебно жито и ќе мораме повторно да ги молиме соседите и да купуваме скапа пченица како што беше случај во изминативе години, нагласи Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-da-se-zabrani-uvozot-na-pchenitsa-i-jachmen-dodeka-ne-se-otkupi-domashniot-rod/feed/ 0
Трипуновски: Владата да го стопира огласот за продажба на јачменот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vladata-da-go-stopira-oglasot-za-prodazhba-na-jachmenot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vladata-da-go-stopira-oglasot-za-prodazhba-na-jachmenot/#respond Wed, 29 Mar 2023 16:28:10 +0000 https://kurir.mk/?p=817837

Во услови кога имаме сериозен пад на сточарството, ниска откупна цена на јагнето, намалениот фонд на свињи заради свинската чума, зголемените цени кои ги плаќаат граѓаните, увозната зависност од храна, доколку Николовски во улога на Министер навистина се грижеше за сточарите одгледувачи на говеда, свињи, овци, кози, живина немаше да дозволи на Влада да помине Одлука со која се дозволува да се изврши продажба на Јачмен за сточна храна од стоковните резерви во количина од 8.250 тони во неделива постапка одн. целата количина може да ја купи само еден понудувач т.е моќник близок до власта, на која неможат да учествуваат сточарите пред се поради фактот што поединечно немаат потреба од таа количина, а второ се работи за сериозна сума од 187.275.000 денари која може да ја плати само фирма која потоа би го препродавала јачменот на сточарите и би остварила профит на нивни грб, објави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој предлага: -Министерот за земјоделство ВЕДНАШ да и предложи на Владата да се стопира огласот за продажба на Јачменот‼️ По предлог на Министерот за земјоделство, Владата да донесе нова одлука за продажба на јачменот за сточна храна по следниве услови, како би можеле сите заинтересирани сточари да купат јачмен кој би го искористиле во овие тешки моменти за сточарството: - Цена 10 денари за килограм јачмен - Продажбата да биде деллива на лотови од по најмалку 50 тони, стои во објавата на Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vladata-da-go-stopira-oglasot-za-prodazhba-na-jachmenot/feed/ 0
ПОЧНЕТЕ ДА ГИ КОНЗУМИРАТЕ: Oва се најздравите намирници на светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pochnete-da-gi-konzumirate-ova-se-najzdravite-namirnici-na-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pochnete-da-gi-konzumirate-ova-se-najzdravite-namirnici-na-svetot/#respond Tue, 24 May 2022 17:07:26 +0000 https://kurir.mk/?p=680707

Време е да почнете повеќе да се грижите за своето здравје и да конзумирате здрави продукти. Јачмен Оваа житарка е богата со влакна и вистински борец против зголемениот холестерол, па многу е корисна за регулирање на системот за варење. Ореви Имаат омега-3 масни киселини кои го намалуваат лошиот и го регулираат добриот холестерол. Боровинки Ова овошје е богато со влакна, одличен антиоксидант и исклучително корисен за јакнење на крвните садови. Боровинките се и одличен извор на витаминот Ц, биофлавоноидите, фолната киселина, калиумот, калцимот и железото. Леќа Леќата се вбројува во групата на зрнести мешунки. Не содржи заситени масти, ниту штетен холестерол, а е одличен извор на растворливи и нерастворливи влакна. Познат е како енергетски вреден производ поради високата концентрација на витамин Б и големи количини на јаглехидрати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pochnete-da-gi-konzumirate-ova-se-najzdravite-namirnici-na-svetot/feed/ 0
Платил 2.000 евра за јачмен, но сфатил дека е измамен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/platil-2-000-evra-za-jachmen-no-sfatil-deka-e-izmamen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/platil-2-000-evra-za-jachmen-no-sfatil-deka-e-izmamen/#respond Sat, 31 Jul 2021 14:08:46 +0000 https://kurir.mk/?p=544432

На 30.07.2021 во 13:00 часот во Полициската станица Драчево, 40-годишен жител на скопско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, на 29.07.2021 тој со него се договорил да купи јачмен, по што преку пријател му ги дал парите, но на 30.07.2021 лицето не му го донело јачменот во неговиот дом, според договореното, а потоа не се јавувало на телефонските повици, по што сфатил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/platil-2-000-evra-za-jachmen-no-sfatil-deka-e-izmamen/feed/ 0
Врнежите добредојдени за есенската пченица и јачменот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-dobredojdeni-za-esenskata-pchenica-i-jachmenot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-dobredojdeni-za-esenskata-pchenica-i-jachmenot/#respond Thu, 03 Jun 2021 08:46:10 +0000 https://kurir.mk/?p=518471

Врнежите што ја зафатија земјава претходните денови позитивно ќе влијаат врз земјоделските култури, особено на есенската пченица која беше и најзагрозена поради недостиг на влага во површинскиот почвен слој. Споре агрометеоролозите, временската промена му годи и на есенскиот јачмен кој е во понапредни фази, а има и почеток на восочна зрелост. Умерените температури од 17 до 26 степени се оптимални за сите видови на култури, како за посевите така и за овошките и виновата лоза, каде недостатокот на влага не се чувствува во овој момент. -Ова е период на завршено оплодување кај пченицата и почеток на налевање на зрното, клучна фаза за добар принос. Ова е и период на интензивно расадување на тутунот и на градинарските култури на отворено, а ваквите временски услови се добредојдени скоро за целокупното земјоделско производство поради фактот дека недостасуваше влага во почвата, а за тоа се потребни врнежи, се наведува во агрометеото на УХМР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-dobredojdeni-za-esenskata-pchenica-i-jachmenot/feed/ 0