јадење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Oct 2023 08:37:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јадење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперчиња https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-kavadartsi-natprevar-vo-jadene-luti-piperchina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-kavadartsi-natprevar-vo-jadene-luti-piperchina/#respond Sat, 07 Oct 2023 08:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=886297

Меѓународен натпревар во јадење лути пиперчиња „Супер лут предизвик" ќе се одржи денеска во Кавадарци. За најхрабрите, како што велат организаторите, предвидени се вредни награди. Натпреварот прв пат се реализираше минатата година, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер". Слободанчо Василев од Кавадарци беше најдобар во јадење лути пиперки и освои ЛЦД телевизор, росоманката Весна Јаневска беше втора, таа доби сом од десет килограми, додека Бобан Милошевски од Скопје го зазеде третото место, а наградата беше ваучер од 1.500 денари во гостилница и еден крап. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-kavadartsi-natprevar-vo-jadene-luti-piperchina/feed/ 0
Треба ли оризот да се мие пред готвење? Еве што велат резултатите од истражување https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/treba-li-orizot-da-se-mie-pred-gotvene-eve-shto-velat-rezultatite-od-istrazhuvane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/treba-li-orizot-da-se-mie-pred-gotvene-eve-shto-velat-rezultatite-od-istrazhuvane/#respond Wed, 27 Sep 2023 09:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=882212

Оризот е една од најпопуларните намирници во светот. Иако потекнува од Азија, тој е дел од бројните традиционални кујни ширум светот. Сепак, неговата подготовка не е секогаш успешна, па често се поставува прашањето дали треба да се измие пред да се готви или не? Имено, кулинарски експерти наведуваат дека миењето на оризот пред готвење ја намалува количината на скроб и дека тоа најдобро се гледа при миењето кога ќе се појави белата вода. Затоа, според нив, доколку вашиот рецепт бара посебно зрно тогаш потребно е да го измиете оризот. Од друга страна, миењето на оризот може да биде навика, но и мислење дека содржи разни штетни материи кои треба да се отстранат со миење. Сепак, една неодамнешна студија објавена од ScienceDirect покажа дека процесот на перење нема влијание врз лепливоста или тврдоста на оризот. Тие користеле три различни видови ориз во ова истражување, леплив, средно зрнесто и јасмин ориз. Тие подготвија три верзии на овие видови ориз. Во првата воопшто не го миеле оризот, во втората три пати, а во третата со вода го измиле оризот дури 10 пати. На крајот, истражувачите покажаа дека лепливоста не се должи на површинскиот скроб - амилоза, туку на друг скроб наречен амилопектин кој се измива од зрната ориз за време на процесот на готвење. Количината на амилопектин се разликувала меѓу видовите на зрно ориз. Ова би значело дека клучот за лепливоста е видот, а не плакнењето со вода. Сепак, тие наведуваат дека можеби ќе треба да го измиете оризот од други причини, а тоа е да ја отстраните прашината, можните инсекти, оризовите лушпи и слично. Исто така, тие наведуваат дека со големата употреба на пластика во прехранбената индустрија, можно е таа да се најде и во оризот, па истражувањата покажале дека со процесот на миење се мијат и до 20 отсто пластика од суров ориз. Исто така, важно е да се напомене дека оризот содржи прилично високо ниво на арсен, така што се покажа дека миењето ориз отстранува околу 90 проценти од таканаречениот био-достапен арсен, но исто така измива и голема количина на други хранливи материи важни за нашето здравје, вклучувајќи бакар, железо и цинк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/treba-li-orizot-da-se-mie-pred-gotvene-eve-shto-velat-rezultatite-od-istrazhuvane/feed/ 0
Знаете ли што се случува со телото доколку не јадете цел ден? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/znaete-li-shto-se-sluchuva-so-teloto-dokolku-ne-jadete-tsel-den/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/znaete-li-shto-se-sluchuva-so-teloto-dokolku-ne-jadete-tsel-den/#respond Tue, 29 Aug 2023 10:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=872017

Во светот сѐ попопуларен е т.н. еднодневен или 24-часовен пост. Знаете ли всушност што се случува со телото доколку не јадете цел ден? Во текот на првите осум часа вашето тело ќе продолжи да ја вари вашата последно внесена храна. Вашето тело ќе ја користи складираната гликоза како енергија и ќе продолжи да функционира со надеж дека наскоро ќе јадете нешто. По осум часа без јадење, вашето тело ќе почне да ги користи складираните масти за енергија. Потоа телото ќе продолжи да го прави тоа и во останатиот дел од вашиот 24-часовен пост. Постот којшто трае подолго од 24 часа може да доведе до тоа вашето тело да почне да ги претвора складираните протеини во енергија. Како што пренесува „Healthline“ во текот на тој период дозволено е консумирање само некалориски неутрален напиток, додека по 24 часа лицето слободно може да се врати на вообичаената исхрана. Редовните повремени постови можат да помогнат во подобрување на начинот на којшто вашето тело го разредува холестеролот. Оваа промена во вашиот метаболизам може да помогне во намалување на ризикот од развој на состојби како дијабетес и кардиоваскуларни болести. Може да помогне во намалување на ризикот од болести на коронарните артерии. Редовното 24-часовно постење може да помогне во намалување на Н-оксидот на подолг временски период. Високото ниво на ова соединение се поврзува со болести на коронарните артерии, така што ова може да помогне во намалување на ризиците од истите. Повремениот пост исто така може да ги намали воспаленијата, да го намали ризикот од одредени карциноми, да го намали ризикот од невролошки состојби како што е Паркинсоновата болест. Постојат ли нуспојави или ризици од ова? Честото гладување по 24 часа може да доведе до нуспојава и зголемување на ризикот од одредени компликации. Секогаш разговарајте со својот доктор пред да започнете да го правите постот за да го намалите ризикот од непредвидени здравствени последици. Ова особено важи доколку имате основни здравствени проблеми. Исто така не треба да постите доколку имате нарушувања во исхраната, доколку имате дијабетес тип 1, доколку сте бремени или доите или доколку сте помлади од 18 години, но и доколку закрепнувате од операција. Постот повеќе од два пати седмично може да го зголеми ризикот од срцева аритмија или хипогликемија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/znaete-li-shto-se-sluchuva-so-teloto-dokolku-ne-jadete-tsel-den/feed/ 0
Лесно летно јадење кое се подготвува за 30 минути (РЕЦЕПТ+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lesno-letno-jadene-koe-se-podgotvuva-za-30-minuti-retsept-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lesno-letno-jadene-koe-se-podgotvuva-za-30-minuti-retsept-video/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:36:51 +0000 https://kurir.mk/?p=854834

Идеално јадење за лето Состојки: 2 големи глави кромид 6 свежи пиперки 2 големи домати 2 средни компири масло, сув зачин зачини по ваш вкус Подготовка: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lesno-letno-jadene-koe-se-podgotvuva-za-30-minuti-retsept-video/feed/ 0
Кралот Чарлс го одбра официјалното јадење за крунисувањето https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralot-charls-go-odbra-ofitsijalnoto-jadene-za-krunisuvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralot-charls-go-odbra-ofitsijalnoto-jadene-za-krunisuvaneto/#respond Tue, 18 Apr 2023 08:46:23 +0000 https://kurir.mk/?p=824845

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила го избраа официјалното јадење на свечената прослава на неговото крунисување. Тоа ќе биде - киш (на француски: quiche) - солена пита од ровко тесто. На интернет-страницата на кралското семејство, свеченото јадење е опишано како „киш со крцкаво, лесно тесто и деликатни вкусови на спанаќ, повеќе видови грав и свеж естрагон“. Кралот и кралицата го споделија рецептот на својот официјален Твитер-профил. Оригиналната замисла, инаку, била на кралскиот готвач Марк Фланаган и избрана од Чарлс и Камила во соработка со него. Поранешниот готвач во Бакингемската палата - Дарен Мекгрејди рече дека изборот на кралот не е изненадување, бидејќи Чарлс сака сѐ што содржи јајца и сирење. Бакингемската палата соопшти дека кишот е избран затоа што може да се служи и топло и ладно, одговара на широк спектар на барања и вкусови и е лесно прилагодлив. Според наводите, една предност е и тоа што не е премногу сложен и не налага скапи или тешко достапни состојки. За крунисувањето на покојната кралица Елизабета Втора во 1953 година, ладното пилешко во крем-сос од кари беше послужено со добро зачинета салата од ориз, зелен грашок и мешани билки, а наменето за гостите на забавата во палатата по свеченоста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kralot-charls-go-odbra-ofitsijalnoto-jadene-za-krunisuvaneto/feed/ 0
Грешка која сите ја прават кога додаваат лук во јадењето https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/greshka-koja-site-ja-pravat-koga-dodavaat-luk-vo-jadeneto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/greshka-koja-site-ja-pravat-koga-dodavaat-luk-vo-jadeneto/#respond Thu, 09 Feb 2023 12:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=798373

Лукот е една од најздравите и омилените намирници на луѓето, поради што многумина го додаваат во различни јадења. Но, главното правило кое треба секогаш да го имате на ум е дека лукот треба да го ставате при крај на самата подготовка на јадењето. Пржењето на лукот на самиот почеток од подготовката е пожелно во случај само кога ќе додадете спанаќ. Но, и тогаш не смеете да го ставате лукот во врело масло бидејќи ќе изгори со голема брзина. Така станува горчлив и тежок за варење. Кај тавите со подебело дно температурата долго се одржува на високо ниво, па кога ќе додадете лук во јадењето, поместете ја тавата од рерната штом лукот добие жолта боја. Лукот е моќна намирница која може да помогне во слабеењето, а поседува и лековити состојки.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/greshka-koja-site-ja-pravat-koga-dodavaat-luk-vo-jadeneto/feed/ 0
Сакате да го намалите холестеролот? Овие намирници е најдобро да се јадат за појадок https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sakate-da-go-namalite-holesterolot-ovie-namirnici-e-najdobro-da-se-jadat-za-pojadok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sakate-da-go-namalite-holesterolot-ovie-namirnici-e-najdobro-da-se-jadat-za-pojadok/#respond Tue, 08 Nov 2022 13:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=757434

Појадокот е многу важен оброк – може да ви го разубави или расипе денот. Нутриционистите сметаат дека појадокот е најважниот оброк во денот, па затоа е многу важно храната што ја јадеме да биде здрава. Како што препорачуваат нутриционистите, за првиот оброк во денот треба да избегнувате храна со шеќер и храна полна со шеќер. Шеќерите, објаснуваат нутриционистите, ќе ја намалат енергијата и ќе предизвикаат прејадување подоцна во текот на денот. Препорачливо е да се јадат житарки со помалку од четири грама додаден шеќер по порција и незасладени млечни производи, а најважно е да не се користат пијалоци со шеќер. Нутриционистите препорачуваат наутро да јадете протеини со малку маснотии, како јајца и незасладени млечни производи, како и пилешко, и да го намалите внесувањето на производи од месо. Добар појадок, потсетуваат нутриционистите, треба да содржи протеини, масти и јаглехидрати, како и растителни влакна. Oвес (овесни снегулки) Овес е растение полно со растителни влакна и растителни протеини, како и витамини од групата Б и минерали, вклучувајќи железо, калциум и магнезиум. Покрај тоа, благодарение на бета-глуканот, овесот е поврзан со намален ризик од срцеви заболувања, а докажано е дека го намалува лошиот холестерол. Јајца Оваа храна е полна со витамини А, Д и Б12. Јајцата се ефтина и хранлива храна. Две јајца содржат повеќе од 50 проценти од витамин холин што ни е потребен во текот на денот, што влијае на меморијата, расположението и контролата на мускулите. Само едно јајце има приближно осум грама протеини потребни за нашето тело, особено кожата, крвта и коските. Семиња Сусам, чиа, сончоглед, тиква или лен се семиња што можете да го додадете во житни култури, смути, пудинзи, па дури и во колачи. Тие содржат протеини, цинк, магнезиум, железо и калциум. Тие исто така содржат растителни влакна кои помагаат да се намали лошиот холестерол (ЛДЛ), додека се зголемува добриот холестерол (ХДЛ). Грчки јогурт Обичен грчки јогурт е полн со калциум и пробиотици, но нутриционистите препорачуваат да ги изберете оние со пет или повеќе соеви на бактериски култури. Ако навистина сакате слатки за појадок, додајте овошје во јогуртот. Грчкиот јогурт често се збогатува со витамин Д. Банани Бананите се идеални за почеток на денот, бидејќи тие ни даваат чувство на ситост подолго време, а тие се полни со фолати и витамини од групата Б кои помагаат при производство на серотонин, што го подобрува расположението. Ова овошје помага и во намалување на холестеролот и спречува затнување на артериите. Бананите, заедно со семињата и овесот, се чувари на здравјето на вашето срце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sakate-da-go-namalite-holesterolot-ovie-namirnici-e-najdobro-da-se-jadat-za-pojadok/feed/ 0
Летно јадење број 1: Најлесниот рецепт за сочни ќофтиња од тиквички https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/letno-jadenje-broj-1-najlesniot-recept-za-sochni-kjoftinja-od-tikvichki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/letno-jadenje-broj-1-najlesniot-recept-za-sochni-kjoftinja-od-tikvichki/#respond Mon, 25 Jul 2022 08:09:05 +0000 https://kurir.mk/?p=709814

Ќофтињата од тиквички се вкусно вегетаријанско предјадење кое однадвор е крцкаво, а внатре кремасто, а рецептот за нивна подготовка е брз и лесен. Идеални се во секое време од денот, ги сакаат и возрасните и децата, кои по првото сигурно ќе побараат повеќе. Одлични се и топли и ладни, за јадење дома или за носење на работа. Ако сте еден од оние луѓе на кои ќофтињата без месо им се сосема бесмислени, слободно додадете малку сечкана шунка, сланина, колбас или мелена мисирка. Состојки за ќофтиња: 400 гр тиквички 4 лажици рендан пармезан 1 чешне лук 100 гр леб (само средината) 50 мл млеко 1 јајце 2 супени лажици маслиново масло прстофат или две сол малку бибер Дополнително: 4-5 лажици презла масло за пржење Подготовка на ќофтиња од тиквички: Тиквичките измијте ги, исушете ги и исечете ги на помали коцки. Загрејте ја тавата, додадете маслиново масло и на масло пропржете го издробениот лук. Додадете тиквички и динстајте околу 10 минути. Исклучете ја топлината и изладете ги. Средината на лебот натопете ја во млеко и исцедете ја. Јајцето измешајте го со рендано сирење, додајте ја средината на лебот, маслиновото масло, солта, биберот и тиквичките и убаво измешајте. Ако смесата е премногу мека и леплива, додадете неколку лажици презла. Обликувајте ги ќофтињата, виткајте ги во презла и ставете ги во фрижидер половина час да се изладат малку и да се стегнат. Извадете ги ќофтињата од фрижидер и пржете ги во длабока тава на добро загреано масло. Послужете како топло предјадење со вашиот омилен сос и сезонска салата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/letno-jadenje-broj-1-najlesniot-recept-za-sochni-kjoftinja-od-tikvichki/feed/ 0
Еден од нив го користат и нашите баби: 3 трикови кои ќе го спасат вашето јадење кога ќе го ПРЕСОЛИТЕ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/eden-od-niv-go-koristat-i-nashite-babi-3-trikovi-koi-kje-go-spasat-vasheto-jadenje-koga-kje-go-presolite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/eden-od-niv-go-koristat-i-nashite-babi-3-trikovi-koi-kje-go-spasat-vasheto-jadenje-koga-kje-go-presolite/#respond Mon, 18 Jul 2022 09:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=706883

Речиси и да нема човек кој додека готви не додал сол во јадењето, а потоа да не може да ја изеде подготвената храна. Ако ви се случи ова, постојат неколку трикови со кои можете да ја направите вашата храна повторно да биде вкусна и солта помалку да се чувствува. Работата е што во таа храна можете да додадете состојки како компири или кромид… Моркови, кромид или компири Ако сте го пресолеле сосот, супата или чорбата, додадете само цел кромид или морков, а може да ви помогне и излупениот компир кој ќе го собере вишокот сол. Јаболко Во садот можете да оставите излупено јаболко кое ќе ја собере солта, а овој трик го користеле и нашите баби. Секако, кон крајот на подготовката извадете го јаболкото од садот. Вода И водата е ефикасна ако сакате да го елиминирате вишокот сол во вашето јадење. После тоа, можете да ја згуснете храната со скроб или згуснувач.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/eden-od-niv-go-koristat-i-nashite-babi-3-trikovi-koi-kje-go-spasat-vasheto-jadenje-koga-kje-go-presolite/feed/ 0
Како да се спаси пресолената манџа? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kako-da-se-spasi-presolenata-mandza/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kako-da-se-spasi-presolenata-mandza/#respond Wed, 13 Jul 2022 06:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=704223

Секому, веројатно, му се случило барем еднаш да пресоли јадење, па тоа да мора да биде фрлено… Сепак, има неколку трикови, коишто може да го спасат оброкот. Морков, кромид или компир Ако манџата, супата, сосот или чорбата е пресолена, во садот се додава еден цел кромид, морков или излупен компир кој ќе ја собере вишокот сол. Јаболко Според умешноста на искусните готвачки – нашите баби, и јаболкото може да послуж за истото тоа. Само што, кон крајот на готвењето, овошјето се вади и се фрла. Вода Може да се додаде и вода, а ако потоа јадењето треба да се згусне, ставете малку згуснувач или скроб, или пак, бешамел-сос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kako-da-se-spasi-presolenata-mandza/feed/ 0