јадран филм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Oct 2021 14:44:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јадран филм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јадран филм со кривична против Заев за „злосторничко здружување“ и тужба за милионска отштета! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jadran-film-so-krivichna-protiv-zaev-za-zlostornichko-zdruzuvanje-i-tuzba-za-milionska-otshteta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jadran-film-so-krivichna-protiv-zaev-za-zlostornichko-zdruzuvanje-i-tuzba-za-milionska-otshteta/#respond Fri, 29 Oct 2021 14:44:42 +0000 https://kurir.mk/?p=587807

Американско-хрватската компанија, косопственици на Јадран Филм доел Скопје, откри дека поднесуваат кривична пријава за злосторничко здружување на чело со премиерот Зоран Заев. Во соопштението упатено до целата македонска јавност, сите граѓани на Македонија, сите официјални институции, политички партии и пратеници во Собранието Јадран филм открива дека освен кривична пријава за злосторничко здружување (Злосторничко здружување- Член 394, Злоупотреба на службената положба и овластување – Член 353, Фалсификување исправа – Член 378) ќе поднесе и тужба со отштетни побарувања пред меѓународните судови во Вашингтон и Луксембург, против Владата. Соопштението на Јадран Филм ви го пренесуваме интегрално: СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ НА ЧЕЛО СО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ Ја известуваме целата македонска јавност, сите граѓани на Македонија, сите официјални институции, политички партии и пратеници во Собранието дека американско-хрватската компанија, косoпственици на Јадран Филм доел Скопје, ПОДНЕСУВААТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ НА ЧЕЛО СО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ. (Злосторничко здружување- Член 394, Злоупотреба на службената положба и овластување – Член 353, Фалсификување исправа – Член 378) Освен тоа Јадран филм ќе поднесе и тужба со отштетни побарувања пред меѓународните судови во Вашингтон и Луксембург, против Владата. Агенцијата за филм на РС Македонија одби да ја спроведе правосилната пресуда, предмет ТСЖ-168/19 ,19.02.2019 година, со која раскинувањето на Договорот од 27.09.2017 година, правосилно е прогласено за ништовно а исто така за ништовни се прогласени и сите последици од тој противзаконски раскинат Договор. Агенцијата за филм која е под директна надлежност на Владата правосилно ги изгуби споровите против Јадран Филм, по долгогодишниот терор поврзан со ТВ серијата Македонија, за кој јавноста е делумно запознаена. Со правосилна пресуда на сите нивоа во македонските судови, раскинот на Договорот со Јадран Филм за ТВ серијата. Македонија од 27.09.2017 е прогласен за ништовен, заедно со сите превземени акции на основа на тој раскин на договор. Со тие пресуди, на сите нивоа во македонските судови, Агенцијата за филм и Горјан Тозија ги исцрпија сите законски можности против Јадран филм. Во текот на повеќегодишните судски процеси, истиот се обидуваше да сокрие дека правосилно е утврдено дека директорот на владината Агенција, Горјан Тозија, како одговорно лице, ги прекршил македонските закони и дека е прогласен за виновен за сета штета која е нанесена, штета која од ден во ден се повеќе расте. Агенцијата за филм, Владата и Премиерот, за да ја спроведат правосилната одлука ги обрврзуваат следниве пресуди: 1. Основниот суд од12.11.2018, предмет ТЦ- 475 /17 2. Апелационен суд во Скопје од 19.02.2019, предметТСЖ-168/19 3. Врховен суд од 11.09.2019, број 94/2019 кој со тоа што одби да го ревидира целиот случај, Агенцијата ги исцрпила сите законски можности. За ништовна е прогласена одлуката на Тозија бр. 02-1257/1 од 27.09.2017г. Горјан Тозија како директор на Агенцијата за филм ги пречекорил своите овластувањата и го раскина Договорот поради одбиениот рекет. Наместо да ја спроведат правосилната пресуда, службени лица на Агенцијата за филм на РС Македонија се впуштиле во извршување на најтешки кривични дела со очигледна намера да го избегнат спроведувањето на правосилната судска пресуда. Таа правосилна пресуда, владината Агенција, одбива да ја спроведе и со измама, со т.н повторни раскини на Договор, со антидатирани фалсификати, притоа правејќи низа на тешки казнени дела, се обидува да ја уништи американско-хрватската компанија која ја победи Агенцијата правосилно на суд. Агенцијата за филм одби да ја спроведе правосилна пресуда на судот на својата држава дури и откако Врховниот суд, на 11.09. 2019 година, ја одби ревизијата за наведената правосилна пресуда! Вакво дивеење на корупција и беззаконие во име на една влада, во име на една држава, никогаш не е забележано во светската историја. По правосилната пресуда, Агенцијата за филм, го одби понуденото мирно решение и продолжи со своето коруптивно однесување кое доведе до ескалација на политичкиот терор. Со оглед на тоа што Агенцијата за филм е под надлежност на владата на РС Македонија, чиј директор директно се назначува од Владата и за чија законитост на работата е одговорна пред Владата, во случајов таа е на чело со премиерот Зоран Заев, директорот и претставниците на Јадран Филм доел Скопје, како и американскиот косопственик, повеќе пати официјално и документирано му се обратија на премиерот, Зоран Заев со барање Агенцијата за филм која е под надлежност на Владата, чиј премиер е Зоран Заев, да ја спроведе правосилната пресуда и да ги почитува законите на сопствената држава. Заедно со сите други документи, за јавноста да биде точно и правилно информирана, ќе ја објавиме понудата на ЈАДРАН ФИЛМ за мирно решение на спорот, кое беше повеќе од великодушно за Агенцијата за филм, по изгубениот спор. Со тоа мирно решение не само што американско-хрватската компанија не бара отштета за огромната штета што ја направија Тозија и Агенцијата за филм, туку вклучи и исплата на дел од заработката, за почеток повеќе од 150.000 долари од дистрибуцијата на серијата во државниот буџет на Македонија. Со одбивањето на ваквата понуда, повеќе од јасно е дека причините за терор над нашата компанија се од друга природа. Наместо МАКЕДОНИЈА да ги добие тие стотици илјади долари, ние сме присилени да трошиме огромни средства за меѓународни правни тимови, судски трошоци и да подигнеме барање за отштета. Ниту еден од овие спорови, нека остане овде запишано, ниту еден, не може да биде добиен од страна на Владата. Сосема е јасно дека премиерот Зоран Заев и неговите луѓе од „организацијата“ дејствуваат на штета на државата и на штета на сите нејзини граѓани, бидејќи милионската штета и срамниот меѓународен скандал што сега го направија, премиерот Зоран Заев и неговата „организација“ нема да го платат. Откако Агенцијата за филм одби мирно решение на спорот и со фалсификати, антидатирани документи и т.н „повторни раскинувања“ на ништовен раскин, се обиде да ја уништи американско-хрватска компанија, нашите правни тимови во САД, Луксембург, Франција, Белгија и Хрватска подготвија тужби и отштетни побарувањата. Штетата која досега е направена е огромна, а со самото поднесување на тужбите кои ќе следат, заедно со адвокатски, судски трошоци и такси, вклучително и барањата за отштета ќе предизвикаат дополнителна милионска штета. Не постои меѓународен суд кој нема да казни таков очигледен, дрзок обид за измама, обид за уништување на компанијата со фалсификати, антидатирани документи се со цел и намера да се избегне извршувањето и спроведувањето на правосилната судска пресуда. Поради карактеристиките на терор врз американската компанија и нејзини граѓани, подготвуваме и активирање на „МАГНИТСКИ АКТ“ пред официјалните органи во САД. Ова јавно соопштение е и јавен повик до сите чија должност и обврска е да го прекинат нанесувањето на штета на МАКЕДОНИЈА и нејзините граѓани, затоа што на крајот оваа огромна штета ќе ја плати државата и сите граѓани на МАКЕДОНИЈА. Тоа не е нашата цел, но исто така нема да дозволиме „злосторничкото здружение“ да помине неказнето за она што го има направено . Ова здружение не може ниту да нè заплаши, ниту да нè уценува. На 05.10. 2021 година, директорот на Јадран Филм, упати јавно писмо до претседателото на Владата, Зоран Заев, во кое го повикува да ги почитува правосилните одлуки на судовите на државата на која тој е премиер. Истиот ден, кога беше објавено писмото, истото попладне ескалира теророт врз ЈАДРАН ФИЛМ. По тоа јавно писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, се случија низа скандалозни притисоци кои се неспоиви со демократски земји и држави во кои се практикува владеењето на правото, незабележани во светски размери, за кои јавностаќе биде известена, а по кои стана сосема јасно дека зад годините на терор врз серијата МАКЕДОНИЈА, врз американско-хрватската компанија Јадран Филм доел, стои лично премиерот Заев. Од промовирањето и личната поддршка на Тозија и неговата корупциска структура, уцените и рекетирањето, криминалното однесување и извршувањето на најтешките кривични дела фалсификување, антидатирање на службени документи, „повторните раскинувања“ , извршувањето на најсериозна форма на политички терор , загрозување на човековите права и уметничките слободи, до притисоци за „отстранување на неподобните“ актери, режисери, сценаристи, соработници, преку налудничави барања за промена на името на ТВ серијата затоа што државата МАКЕДОНИЈА „го сменила името“, до обиди да се изнудат обвиненија за невини луѓе. Следствено на тоа, директорот на ЈАДРАН ФИЛМ, му напиша ново писмо на премиерот Заев, на Денот на борбата на македонскиот народ на 11.10 .2021 година., делови од тоа писмо објавуваме на следниот линк ТУКА. Oсобено е важно целокупната јавноста да добие увид во тоа писмо . После тоа писмо на ЈАДРАН ФИЛМ, не контактираа од кабинетот на премиерот Заев. На 13.10. 2021, во 17:58, добивме мејл од кабинетот на премиерот Заев, со покана за разговор, но за жал, таа покана беше очигледно само од „предизборни причини“ . Настаните од последните неколку дена, за жал, повеќе од јасно го потврдуваат тоа. Владата се обидува да сокрие од јавноста дека Агенцијата за филм за чија законитост на работата е директно одговорна пред владата, одбива да изврши правосилна судска пресуда, но затоа во исто време пишува и за „некои судски процеси кои се одвиваат“. Нема никакви процеси кои се одвиваат освен оние кои се предизвикани со фалсификување, антидатирање , т.н „повторни раскинувања“ кои со очигледна поддршка и лично покровителство на премиерот Зоран Заев, ги направија службените лица од Агенцијата за филм. На барање на ДКСК, /ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА/ Горјан Тозија е сменет од позицијата директор на Агенцијата за филм, за извршување на низа на коруптивни дејства и скандали со серијата МАКЕДОНИЈА, но сепак и покрај тоа, премиерот Зоран Заев го промовира Горјан Тозија за национален координатор на проектот Преспа!!! Во басните би рекле: Лисицата ги чува кокошките. Сите оние кои имаат дилема околу тоа кого заштитува и поддржува, Зоран Заев, ги повикувам да го погледнат следниот линк: https://m.facebook.com/tozija/videos/823179471224514/ 

Документите и сите писма што беа испратени до премиерот Заев, од 2017 година до денес, јасно се гледа дека премиерот во повеќе наврати и детално бил информиран за вистинските причини за незаконското раскинување на Договорот со Јадран филм и детално бил информиран за голем број на корупциски измами, уцени и рекетирањеод страна на Горјан Тозија, за тешката измама што ја направил Горјан Тозија во Загреб, кога двапати го продал истиот стан по што морал да побегне од Хрватска. Тоа јасно говори дека Зоран Заев ја подржува корупцијата, беззаконието и политичкиот терор и дека лично стои позади Горјан Тозија и неговите криминални структури, кои и денес владеат со Агенцијата за филм. Oткако Владата предводена од Зоран Заев, очигледно одби да ја спроведе правосилната судска пресуда, и одби да ја обврзе својата владина Агенција да ја спроведеправосилната судска пресудаи да ги почитува законите на државата чија Влада води асо тоа продолжува да ја поддржува корумпираната структура на Горјан Тозија, ја известуваме јавноста дека: Американско-хрватската компанија, косопственици на Јадран Филм дооел Скопје, поради извршување и поттикнување на повеќе тешки кривични дела, очигледна заштита, поттик и поддршка на корумпираната структура во Владата и Агенцијата за филм, како и прикривање на најтешките кривични дела, подигнуваат кривична пријава за злосторничко здружување на чело со премиерот, Зоран Заев. Покрај премиерот Зоран Заев, членови на тоа злосторничко здружение се: Горјан Тозија, поранешен директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, поранешен член на УО на „Тозија“, а актуелен директор на Агенцијата за филм, претседател на УО на Агенцијата Александар Касапинов и уште неколку други службени лица, детално опишано во наведената пријава. Ова злосторничко здружение, криејќи се зад институцијата Влада на РСМ, извршило повеќе тешки кривични дела опишани во член 394 од Кривичниот законик на РСМ: Злосторничко здружување Член 394 За ова се предвидени казни: – (1) Тој што ќе создаде група или банда што има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, ќе се казни со затвор од една додесет години. – (2) Припадникот на групата или бандата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. – (3)Ако групата или бандата има за цел вршење кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од најмалку осум години, огранизаторот ќе се казни со казна затвор најмалку четири години, а припадникот на групата или бандата ќе се казни со казна затвор од една до пет години. Ова злосторничко здружение со намера да го избегне спроведувањето на правосилната судска пресуда, извршило цела низа тешки кривични дела опишани во повеќе членови од КЗ на РСМ и особено во членовите 353 и 378, и тоа: Злоупотреба на службената положба и овластување Член 353 (1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување,со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години. (2) Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. (3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години. (4) Со казна од ставовите 1, 2 и 3 ќе се казни и одговорно лице, одговорно лице во странско правно лице што има претставништво или врши дејност во Република Македонија или лице што врши работи од јавен интерес, ако делото е сторено вовршење на неговото посебно овластување или должност. (5) Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години. Фалсификување исправа Член 378(1)Тој што ќе направи лажна исправа или ќе преправи вистинска исправа со намера таквата исправа да се употреби како вистинска или тој што лажната или преправената исправа ќе ја употреби како вистинска, ќе се казни со парична казна или со затвор дотри години. (2) Обидот е казнив. (3) Ако делото од став 1 е сторено во однос најавна исправа, тестамент, меница, чек, јавна или службен акнига или друга книга што мора да се води врз основа на закон, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години. (4) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. Би сакале посебно да нагласиме дека на овој гест бевме принудени по последните потези на „злосторничко здружение“ кое се однесува кон нас во име на Владата, во име на државата и сите граѓани на Македонија. Ние, строго го одвојуваме тоа што го прави премиерот Заев и неговото „злосторничко здружение“ од МАКЕДОНИЈА и нејзините граѓани! За нас МАКЕДОНИЈА е она што сите гледачи можеа да го видат од промотивното видео, кое ги сруши сите рекорди на гледаност, со 100% позитивни коментари и повеќе од 1.100.000 прегледи само на нашата официјална страница и објавата со наслов „јавното писмо до премиерот Заев“, за само неколку дена донесе повеќе од 200.000 прегледи !!! Нашата МАКЕДОНИЈА е љубовна приказна, а не „злосторничко здружение“ на премиерот Заев! Подигнувањето на тужби и кривични пријави за премиерот Заев, Агенцијата за филм, повеќе функционери и државни службеници кои се кријат зад Владата зад нејзините граѓани, се мерки на неопходна одбрана од теророт на корупција што го спроведуваат истите. Поднесувањето на пријавата и јавното објавување за истата е бидејќи штетата што ја прави премиерот Заев, не е штета што ќе ја плати Зоран Заев, Тозија и нивното злосторничко здружение, туку сите граѓани на МАКЕДОНИЈА. Оваа јавна објава е и јавен повик до сите во Македонија, до сите луѓе и институции, до сите одговорни луѓе, да го спречат овој срамен меѓународен скандал, кој допрва треба да ескалира, и да спречат милионска штета за Македонија. Преку ова писмо ги повикуваме сите надлежни органи на Македонија, Сообранието и сите пратеници во парламентот, сите политички партии и сите оние кои можат да го сопрат нанесувањето на штета и срам за МАКЕДОНИЈА, од страна на „злосторничкото здружение“ предводено од премиерот Заев, да го сторат тоа. Од наша страна ние ќе направиме сè и ќе постапиме со добра намера, за доброто на МАКЕДОНИЈА, ќе се спротивставиме на „злосторничкото здружение“ кое нèуценуваше, рекетираше и тероризираше со сите расположливи средства, дури и кога, тие дејствуваат во име на една држава! Ние објавуваме јавно, затоа што за разлика од „злосторничкото здружение“ предводено од премиерот Заев, ние немаме што да криеме! Исто така, ќе биде јавно објавено, за да биде сосема јасно дека е направено сѐ од американската и хрватската страна, да се избегне милионска штета и меѓународен скандал со несогледливи последици. Оваа јавна објава е и јавен повик до сите во Македонија, до сите луѓе и институции, до сите одговорни луѓе, да го спречат овој срамен меѓународен скандал, кој допрва треба да ескалира, и да спречат милионска штета за Македонија Им се заблагодаруваме на сите оние кои не поддржаа и не се исплашија од “злосторничкото здружение„. 28 . X 2021. g За ЈАДРАН филм дооел и американските и хрватските партнери на серијата МАКЕДОНИЈА Винко Грубишиќ, се вели во соопштението упатено до јавноста, а од страна на американско-хрватската компанија, косoпственици на Јадран Филм доел Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jadran-film-so-krivichna-protiv-zaev-za-zlostornichko-zdruzuvanje-i-tuzba-za-milionska-otshteta/feed/ 0
Јадран Филм со отворено писмо до премиерот Зоран Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jadran-film-so-otvoreno-pismo-do-premierot-zoran-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jadran-film-so-otvoreno-pismo-do-premierot-zoran-zaev/#respond Fri, 08 Oct 2021 14:21:35 +0000 https://kurir.mk/?p=575531

Ова отворено писмо го упатувам како финале на големиот број на писма испратени до Вас, во Владата, од 2017та година до денес. Овојпат до Вас, решив да се обратам јавно. Ви се обраќам јавно затоа што Агенцијата за филм која е под директна надлежност на Вашата Влада крие дека правосилно ги изгубила споровите против Јадран Филм, по долгогодишниот терор на кој бевме изложени, поврзан со ТВ серијата Македонија, за кој јавноста е делумно запознаена. Со правосилна пресуда на сите нивоа во македонските судови, раскинот на Договорот со Јадран Филм за ТВ серијата Македонија од 27.09.2017 е прогласен за ништовен, заедно со сите превземени акции на основа на тој раскин на договор. Со тие пресуди, на сите нивоа во македонските судови, Агенцијата за филм и Горјан Тозија ги исцрпија сите законски можности против Јадран филм. Во текот на повеќегодишните судски процеси, истиот се обидуваше да сокрие дека правосилно е утврдено дека директорот на владината Агенција, Горјан Тозија, како одговорно лице, ги прекршил македонските закони и дека е прогласен за виновен за сета штета која нам ни е нанесена, штета која од ден во ден се повеќе расте. Агенцијата за филм, Владата и Вас како Премиер, да ја спроведете правосилната одлука Ве обрврзуваат следниве пресуди: 1. Основниот суд од 12.11.2018, предмет ТЦ- 475 /17 2. Апелационен суд во Скопје од 19.02.2019, предмет ТСЖ-168/19 3. Врховен суд од 11.09.2019, број 94/2019 кој со тоа што одби да го ревидира целиот случај, Агенцијата ги исцрпила сите законски можности. За ништовна е прогласена одлуката на Тозија бр. 02-1257/1 од 27.09.2017г. Како што ви напишавме, Горјан Тозија противзаконски го раскина Договорот затоа што го одбивме рекетот, тежок повеќе стотици илјади евра, со кој Тозија од буџетот на серијата Македонија, планираше да се раздолжи за своите долгови во Хрватска кои ги остави позади себе измамувајќи неколку хрватски државјани. Таа правосилна пресуда, владината Агенција, одбива да ја спроведе и со измама, со т.н повторни раскини на Договор, со антидатирани фалсификати, притоа правејќи низа на тешки казнени дела, се обидува да ја уништи нашата компанија која ја победи Агенцијата правосилно на суд. И не само тоа, сите наоди од сите можните инспекции што ни ги испраќаше Тозија низ годините, се позитивни за нас, вклучително и наодот на УЈП. Во таа повеќегодишна брутална харанга врз нас, да можеа да најдат дека ние нешто противзаконско сме направиле, ќе најдеа и дека сме се паркирале погрешно, господине Заев! Тозија, исто така, ја криеше од Владата и целата јавност понуда на нашата гаранција испратена на 24. септември 2017. година да не само матичната компанија туку и јас лично гарантирам секој денар. Таа понуда стои цело време господине Заев и на сите нека им биде јасно дека ние немаме никакви други интереси освен производство на фантастична ТВ серија. Нашата матична компанија, со која јас раководам, оваа година слави 75 години од своето постоење. Ние нема по никоја цена да дозволиме да бидеме уценети и компромитирани од зависник и клептоман, кој кон нас, за жал, дејствува во име на една држава. Од таа правосилна судска одлука јасно е и дека Договорот и во периодот на најтешкиот терор над нас од 27.09.2017 година до 19.02.2019 година беше на сила. Во тоа време, Тозија држеше повеќе прес конференции во Владата базирани на лажни обвинувања и празни политикантски флоскули. Вршени беа брутални притисоци на целата екипа на ТВ серијата Македонија и нанесена беше огромна штета на Јадран Филм доел и матичната компанија Јадран Филм во Загреб, најголемото и најстарото филмско студио во овој дел на светот, компанија со 75 годишна традиција. Како што знаете, истата Тозија мораше да ја напушти функцијата директор на Агенцијата за филм на Вашата влада 22.X. 2020 година, по неколку корупциски скандали неповрзани со овој случај, плаќања без гаранции и сомнителни консултантски договори на барање на Антикорупциската комисија. Горјан Тозија е друго име за корупција, господине Заев. Ова е пример за најтежок корупциски скандал, за беззаконие, во кое владина Агенција не признава правосилни пресуди на судот на државата, државата во чија сопственост е Агенцијата, државата со Влада во која Вие сте Премиер. Државни службеници со фалсификати и антидатирани документи се обидуваат да спроведат примитивна измама, делуваат како интересна фаланга на Горјан Тозија, недостојна ни за шибицари на локалните пазари. Актуелниот директор, поранешен член на УО на Тозија, кој го постави токму Вашата влада по заминувањето на Тозија на барање на Антикорупциската комисија, не ги спроведува законите туку интересите на Тозија. Управниот одбор на Агенцијата, заедно со актуелниот директор Лазаревски, поранешен член на Управниот одбор на Тозија, се обидуваат да го избегнат извршувањето на конечната правосилна пресуда и да го сокријат криминалот и корупцијата на Тозија преку измама, антидатирани документи и „повторни раскинувања ". И по Тозија, Тозија. Во секоја правна држава, оние што се обидуваат да избегнат правосилни пресуди со измама, тие завршуваат на издржување на повеќегодишни затворски казни и ниту вонајлудото сценарио не се промовираат на нови одговорни функции. За вулгарните и простачки политички испади на Тозија за кои мораше да интервенира и министерот за надворешни работи на Република Хрватска, г-дин Гордан Грлиќ Радман, не би пишувал во оваа прилика. После сè, не можам да заклучам ништо друго освен тоа дека Вие, моите и нашите писма, како и целата документација за „случајот МАКЕДОНИЈА“, за сериозната корупција и рекет на Горјан Тозија против нас, не сте ги примиле или дека некој ги криел од Вас. Со испраќање на ова јавно писмо, ние сакаме докрај да бидеме сигурни дека Вие сте го добиле нашето писмо со само мал сегмент од комплетната документација и дека на овој начин истите можете да ги прочитате Вие но и сите засегнати во овој случај. Причина повеќе за ова јавно писмо се токму граѓаните на МАКЕДОНИЈА, целата македонска, но и поширока јавност, сите политички партии и субјекти како во Македонија така и во Европскиот парламент, пратеници во Собранието но и дел од еврокомесарите и европратениците кои се ионака веќе подолго време загрижени за растечкиот степен на корупција во државата ,како и сите заинтересирани медиуми и новинари, господине Заев. Тие пак, македонските граѓани посебно заслужуваат да бидат запознаени со она што одамна им се сокрива, затоа што на крајот од денот, за овој вид на штета настаната од досега незабележана корупција, безобразните уцени и рекетирање од владините претставници, цената ја плаќаат токму тие. На крајот од денот, свесни сме дека таа огромна сметка, ако овој терор на корупција продолжи над нас од страна на Агенцијата и одредени министри и функционери, нема да ја плати Тозија, туку ќе им биде оставена на сите граѓани на Македонија. Тозија не плаќа за своите сметки, господине Заев. Нашите американски и европски правни тимови ги подготвија тужбите откако Агенцијата под ингеренција на Владата ги одби нашите предлози за мирно и обострано прифатливо решение. Освен милионската штета која на крајот ја плаќаат граѓаните, ќе се предизвика незапамтен, срамен меѓународен скандал. Досието за целиот случај во кој една владина Агенција одбива да ги спроведе правосилните одлуки на судовите во сопствената држава, служејќи се со измама, фалсификувани антидатирани документи, т.н повторни раскини на Договор за да ја уништи компанијата во странска сопственост е подготвен на објава на повеќе јазици. Таков случај никогаш и никаде не е забележан, во светски размери. Дополнително што сето ова се случува поради брутална корупција и обиди државниот службеник Тозија да ја рекетира нашата компанија за стотици илјади евра! Јавно Ве покануваме Вас и целата македонска јавност, на овој линк да погледнете само еден од случаите на тешки измами кој ги извршил Горјан Тозија, кој воедно го имаат истражено и македонски новинари од повеќе медиумски куќи а кој е поврзан со неговите последователни дејанија на измама, уцена и рекет за ТВ серијата Македонија. Досието за таа тешка измама можете да го погледнете во видео и во графичка форма на македонски и англиски јазик. Накратко, Горјан Тозија двапати го продадал истиот стан на Зеленгај 67 во Загреб и двапати ги зел парите. Во Македонија би рекле ФИКОМ шема, стан што го продал порано на хрватски државјанин, со македонско потекло, една година подоцна повторно го продава на друг хрватски граѓанин за да ги плати своите долгови за зависност. На 06/09/1993 година поради тоа, интервенирала полицијата. Имаше тужби и многу мајки плачеа поради измамникот Горјан Тозија, господине Заев. Ако не сте го знаеле тоа досега и ако нашите писма и документи не стигнале до Вас, по волја на поддржувачите на Тозија во Вашата близина, еве прилика накратко да погледнете на линкот подолу, кој навистина е Горјан Тозија, до неодамна службеник во Вашата Влада а сега како што гледаме и „национален координатор“ токму со Ваша одлука. Горјан Тозија ја призна оваа измама вредна стотици илјади евра, велејќи: „но, тоа беше одамна“ .... Во прилогот на ова писмо има и PDF верзија за оваа измама на Тозија. Бидејќи, сигурен сум дека не знаете кој е всушност Горјан Тозија, поранешен вработен во Јадран Филм. Да знаевте, верувам немаше уценувач, рекетар, клептомански зависник да промовирате како „национален координатор на проектот Преспа“. Заканите, уцените и притисокот ескалираа после Вашето заедничко појавување на претставувањето на тој проект. Таков измамник да може да биде државен службеник на една Влада, во случајов Вашата, само по себе претставува скандал, но кога на тоа ќе се додадат и антидатирање, фалсификување и т.н повторни раскини со цел да се избегне конечна правосилна пресуда и истото го прави во името на државата, тогаш тоа е застрашувачки. Со ова јавно писмо сакаме да ставиме до знаење дека за огромната, незамислива штета доколку се продолжи теророт, уцените и рекетот над нас, нашата компанија и проектот за ТВ серијата „МАКЕДОНИЈА“ а ја водат службеници на Вашата Влада во никој случај не сакаме да бидеме одговорни и виновни ние. Исто така, со ова прво јавно писмо, но и во следни, доколку е потребно, придружени со документација и јавни објави на целиот ДОСИЕР МАКЕДОНИЈА јасно кажуваме дека ние, за разлика од криминалната клика што се крие зад Владата, но и зад Вас лично, нема што да криеме. Со ова јавно писмо, Ве известуваме Вас и целата македонска јавност дека во деновите кои следат, по Вашиот одговор и Вашето постапување доколку дозволите Агенцијата на Вашата Влада да го продолжи овој терор на беззаконие и доколку и по пишувањето на ова јавно писмо дозволите дивеење на коруптивни службеници на Вашата Влада: А) Ќе ја докомплетираме пријавата и ќе ги напишеме имињата на виновниците во пријавата за злосторничко здружување на повеќе функционери, државни службеници кои се дрзнале да одбијат да спроведат правосилна пресуда и се обиделе да ја уништат компанијата која правосилно ја победи владината Агенција за филм, вклучени повеќе лица кои работеле на попречување на правдата во овој обид со фалсификување, антидатирање, дополнителни одлуки и незаконска блокада на сметка Б) Ќе испратиме подготвен „ДОССИЕР Корупцијата која ја спроведува Владата и нејзини службени тела“, на сите релевантни адреси во ЕУ и сите нејзини членки и во САД. Истовремено, а одделно нашите партнери од САД размислуваат и за поднесување на барање за активирање и на ‘MAGNITSKY ACT’ поради брутална повреда на човечки права на меѓудругото странски, американски државјанин, косопственик на Јадран Филм. В) Ќе го испратиме подготвениот ДОССИЕР на сите парламентарни партии, на сите застапници во Сообранието и во сите македонски медиуми Г) Јавно ќе ги објавиме сите испратени писма до Вас и до сите службени тела и органи со предлози за мирно решение, од 2017 година до сега Д) Ќе поднесеме тужба за отштета пред меѓународните судови од Вашингтон до Луксембург заедно со нашиот американски партнер и косопственик Во оваа прилика, нема да ги наведеме другите сериозни измами, изјави заверени на нотар на други хрватски граѓани кои беа измамени од Горјан Тозија за огромна сума на пари за финансирање на неговите скапи зависности. Ако имате дилеми околу истото, за утврдување на состојбата во која се наоѓа Тозија, не Ви требаат Вашите разузнавачки служби, доволно е за тоа да прашате македонски или хрватски филмски соработници, познаници од шарената револуција, соседи. Сите ќе Ви го кажат она што овде не е пристојно да се напише. Таквите зависности не може да се финансираат од службеничка плата, господине Заев. Ви пишувам јавно и бидејќи тој зависнички, измамнички полусвет се уште се осмелува да се заканува повикувајќи се на Вас. Тоа сигурно не може да биде вистина. Се повикуваат на Вас и тврдат дека Вие лично како Премиер стоите зад Тозија. Тоа ниту може, ниту смее да биде вистина, господине Заев. Во оваа прилика од исклучителна важност е да нагласам дека сите судски процеси кои во моментов се водат се затоа што Агенцијата одбива да ја спроведе првичната правосилна судска одлука, која е круцијален доказ за неправилност во работата на Агенцијата но и на сите нејзини следни постапувања поврзани со Јадран Филм. Доколку од Агенцијата ви кажат дека се водат уште некои спорови ... и дека се блиску со измама, па потоа стечај врз основа на измама се до уништување на нашата компанија во Скопје па така би ги покриле трагите и ќе си го решат проблемот - не им верувајте, господине Заев. Тоа нема да се случи. Нема никакви други спорови освен оние што се водат како последница на измамата што се обиде да ја изврши Агенцијата за филм. Очигледно, некој мисли дека може да прави како што сака но не сфаќа дека тоа не е за долго, господине Заев. Случајот во кој владина Агенција во една држава одбива да спроведе правосилна судска пресуда и наместо истата државни службеници во една Влада се обидуваат со провидна измама на фалсификување,антидатирање и повторно раскинување на Договор, наметнување на стечај да се уништи странската компанија која правосилно ја победи Агенцијата, нема никакви шанси да победи пред ниеден меѓународен суд. Како што Ви напишав порано во писмата што верувам не стигнаа до Вас, нашите американски, хрватски, македонски, француски и белгиските правни тимови подготвуваат тужби откако Агенцијата го одби предложеното мирно решение подготвено од наша страна од нашиот американски партнер. Нашите партнери и понудија на Агенцијата неколку стотици илјади долари од дистрибуција и промоција на МАКЕДОНИЈА во повеќе држави во светот. Така што тие понудија општа корист наместо општа штета. За вулгарните и простачки политички испади на Тозија за кои мораше да интервенира и министерот за надворешни работи на Република Хрватска, г-дин Гордан Грлиќ Радман, не би пишувал во оваа прилика. Со ова Ве известуваме Вас и целата македонска јавност дека официјално побаравме заштита официјални тела на Република Хрватска и ЕУ и дека нашиот американски партнер го прави истото од официјалните тела на САД. Сите тие процеси за заштита на хрватските и американските компании кои се изложени на уцени и рекетирање и политички терор се во тек. Ве повикуваме да не дозволите група уценувачи и рекетари да се кријат зад Владата и зад Вас лично, предизвикувајќи штета од незамисливи размери на МАКЕДОНИЈА доколку продолжи овој терор. Ова не е ниту наша желба, ниту наш избор туку акт на неопходна одбрана. Со ова јавно писмо, од Вас бараме, во согласност со Вашите обврски и одговорности, да обезбедите, владината Агенција да ја спроведе правосилната пресуда од 19.02. 2019 година и да го прекинете криминалниот обид да се уништи нашата компанија со цел да се избегне извршувањето на правосилната пресуда а со тоа и да ги сокрие трагите за рекет и криминал на Тозија. За законитоста во работата на владината Агенција, одговорна е Вашата Влада и на крајот Вие, како претседател на истата. Ве повикуваме, како Премиер, да го запрете корумпираниот терор и беззаконие што ги спроведува Агенцијата за филм која е под надлежност на Владата на чело со Вас. Тоа е Ваша законска и уставна обврска, господине Заев. Од наша страна, ќе направиме се што е потребно и ќе дејствуваме со добра волја и намера. Но тоа не можеме да го направиме сами. Сега е време за Ваш потег и одлуката е на Вас. Исто така и за сето она што следи, одговорноста останува на Вас. Во никој случај и по ниедна цена нема да дозволимепродолжение на теророт од страна на коруптивната мрежа на Тозија. Ваше е да не дозволите овој зависнички, криминален полусвет да настапува против нас во име на Владата а нажалост и во име на Македонија. И на крајот нешто сосема лично. Во Македонија доаѓам од 1983 одина кога претставував Хрватска на федералниот натпревар на млади физичари во Струмица, Вашиот роден град. Сите документи и литература за работа на серијата на која јас сум автор ги проучував на македонски јазик. Со Македонија на сите начини сум емотивно врзан. Да не бев, немаше да можам да ја направам. Јас сум автор и режисер на најавното видео и музика на серијата- НАЛЕЈ, НАЛЕЈ ! Тоа најавно видео ги урна сите рекорди на гледаност, прегледано е повеќе од 3.000.000 пати само на социјалните мрежи,повеќе од 900.000 пати само на официјалната веб-страница на серијата и сето тоа со 100% позитивни коментари, што, колку што знаеме, никогаш не се случило на нашите простори. Ги поканувам сите да го погледнат на следниот линк Тој покажува што е нашата МАКЕДОНИЈА- нашата МАКЕДОНИЈА е љубовна приказна! Благодарност до сите за огромна поддршка, убавите зборови и прекрасни емоции. Исто така, упатувам голема благодарност до сите оние кои не дозволија да се бидат исплашени, не се предадоа и останаа со нас. Поврзано со останатите лаги на Тозија, на нашата официјална страница можете да го погледнете и првото „Making of “ видео, за тоа како се работела и како се работи серијата. Ако сепак овој јавен повик остане без исправен одговор од Ваша страна, Македонија сигурно ќе победи но не онаа која ја претставува Тозија туку Македонија која е љубовна приказна ! Со почит, со добра верба и намера, За МАКЕДОНИЈА, за Јадран Филм Во Загреб, 5 октомври 2021 година Винко Грубишиќ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jadran-film-so-otvoreno-pismo-do-premierot-zoran-zaev/feed/ 0
Нашата историја во 80 епизоди: „Налеј налеј“ во серијата „Македонија“ која власта не сакаше да биде снимена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nashata-istorija-vo-80-epizodi-nalej-nalej-vo-serijata-makedonija-koja-vlasta-ne-sakashe-da-bide-snimena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nashata-istorija-vo-80-epizodi-nalej-nalej-vo-serijata-makedonija-koja-vlasta-ne-sakashe-da-bide-snimena/#respond Mon, 13 Jul 2020 13:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=375168

Со доаѓањето на власт на СДСМ пред четири години запреа сите проекти кои беа поврзани со македонската историја и со важни личности.Една од нив е и серијата „Македонија“ која почна да се снима но снимањето беше прекинато. Се раскинаа договорот со продуцентот Јадран Филм а по сценарио на Александар Русјаков, објавува Репблика. Беа планирани 80 епизоди во кој низ разни човечки и љубовни приказни ќе беше доловена и македонската историја. Снимањето беше предвидено да биде во Македонија, Хрватска, Бугарија, Грција, Франција, Русија, Австрија, Италија и други држави. Го опфаќаше периодот помеѓу 1870 па се до 1952 година. Продуцентот Јадран Филм врз основа на приложеното сценарио веќе имаше склучено дистрибутерски пред договор со најголемата дистрибутерска куќа во Европа, така што освен пред македонските гледачи оваа серија заедно со македонската историја во неа ќе се најдеше пред Тв екраните на повеќето земји во Европа. Ова е спот од песната „Налеј налеј“ од која никој не може да остане рамнодушен без да му дојде наплив на емоции. Во спотот доминираат снимки од првата епизода каде Павел Шатев е преставен и како млад гемиџија и како возрасен пред неговата смрт прогонуван од комунистичкиот режим. -Љубов моја, целиот живот мислам само на тебе…. Те сакав жив …. А те мразам мртов. Зар таа те сакаше повеќе од мене? Зар нејзината прегратка е потопла од мојата? А ти..ти истрча да те прегрне толку страсно, толку силно и …..засекогаш. Те мразам како што ги сакав твоите бакнежи,твоите допири и шепот….Зошто ме остави за неа,засекогаш ? Зошто? Која е Македонија? Што е Македонија?-прашуваат во серијата главните актери. Првата епизода се однесуваше на гемиџиите. Во пансион во Париз, каде како млади студенти во Швајцарија, се собираат и ги договараат солунските атентати, Кирков и Шатев се вљубуваат истовремено во газдарица на пансионот каде се сместени, младата годпоѓица Мадлен. Таа го одбира Кирков, кој подоцна загинува во солунските атентати. Заедно со нив ја пее „Налеј налеј“. Пет години подоцна Шатев, одкако добива амнестија, се враќа од заточеништво од Африка и оди во Париз да и ја соопшти веста за смртта на Кирков, а таа му кажува дека во меѓувреме немала друг маж и го чекала Кирков да се врати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nashata-istorija-vo-80-epizodi-nalej-nalej-vo-serijata-makedonija-koja-vlasta-ne-sakashe-da-bide-snimena/feed/ 0
„Уценувачот Тозија и група новинари лажат“: Ревизијата потврдува наменско трошење на средствата за серијата „Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ucenuvachot-tozija-i-grupa-novinari-lazat-revizijata-potvrduva-namensko-troshenje-na-sredstvata-za-serijata-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ucenuvachot-tozija-i-grupa-novinari-lazat-revizijata-potvrduva-namensko-troshenje-na-sredstvata-za-serijata-makedonija/#respond Fri, 29 Dec 2017 16:08:40 +0000 http://kurir.mk/?p=4083

Јадран филм во врска со пријавата од Управата за финансиска полиција во соопштение до јавноста наведува дека Агенцијата за филм на Управата за финансиска полиција дала погрешни и лажни податоци. - Агенцијата не го пресметала вкупниот износ за продукцијата на серијата туку износот од 80 отсто од средствата намален за средствата кои се одземени од сметката на Јадран филм врз основа на незаконита одлука на в.д. директорот, па истата вака фалширани податоци ги дала на Финансиската полиција па со проста математика пресметала дека тоа е 65 отсто од средствата потрошени надвор од Македонија, што е сосема погрешна манипулација од страна на Агенцијата спротивно на Ревизискиот извештај и се оваа злоупотреба на факти се гледа на прв поглед, се наведува во соопштението. Оттаму додаваат дека ревизијата потврдува наменско трошење и оти за секој денар постои договор и не постои ниту еден единствен начин на ненаменско трошење на средствата. - Службената ревизија јасно го потврдува дека сите средства се трошени наменски и се потрошени за продукција на серијата. Со измами се служи само и единствено Горјан Тозија, наведуваат во соопштението. Појаснуваат дека презентирање потполно лажни бројки поврзани со трошок на средства за снимање во странство – согласно договорот и законот – дозволено е да се потрошат 35 отсто од средствата во странство и тоа во потполност е испочитувано што, како што стои во соопштението, го потврдува и ревизорскиот извештај. Според нив се работи за намерен фалсификат, а не за заблуда или незнаење. - Кампањата спроведена од страна на уценувачот Горјан Тозија во соработка со група новинари со лажни тези и обид за притисок врз официјалните тела на РМ ги преминува сите граници гледано во светски рамки и резултира со подигање на кривична пријава од страна на Управата за финансиска полиција, наведуваат од Јадран филм. Јадран Филм, како што се посочува, на 25.09.2017 година понуди двојна финансиска гаранција за секој потрошен денар за серијата (лични средства на сопственикот на Јадран филм и средства на компанијата), која ја достави до Агенцијата за филм со што оваа пријава станува беспредметна и груба игра на Горјан Тозија која служи само да ја замајува јавноста и да се обиде да го скрие својот рекетарски однос кон Јадран филм. Од Јадран филм наведуваат дека освен до сега видените делови од серијата, јасната вистина дека ја работат ТВ серијата Македонија можат да ја потврдат стотици соработници на неа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ucenuvachot-tozija-i-grupa-novinari-lazat-revizijata-potvrduva-namensko-troshenje-na-sredstvata-za-serijata-makedonija/feed/ 0