јадранка поцкова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 May 2023 12:19:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јадранка поцкова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поцкова: Со законските измени се дава повластица на изведувачот на коридорите, со суспендирање на Законот за јавни набавки и дерогирање на законите за царина и акцизи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/potskova-so-zakonskite-izmeni-se-dava-povlastitsa-na-izveduvachot-na-koridorite-so-suspendirane-na-zakonot-za-javni-nabavki-i-derogirane-na-zakonite-za-tsarina-i-aktsizi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/potskova-so-zakonskite-izmeni-se-dava-povlastitsa-na-izveduvachot-na-koridorite-so-suspendirane-na-zakonot-za-javni-nabavki-i-derogirane-na-zakonite-za-tsarina-i-aktsizi/#respond Thu, 25 May 2023 12:19:40 +0000 https://kurir.mk/?p=838605

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурните коридор 8 и 10Д е последен од пакетот на закони во Собранието донесени со европско знаменце, вели од говорницата на македонското Собрание пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова. Таа додаде дека во Собранието стана пракса, за жал, да се злоупотребува европското знаменце, заради што имаше реакции и од канцеларијата на делегацијата на Европската Унија и од Европската комисија, и евроамбасадорот Гир. Поцкова истакна дека се доставуваат празни табели за усогласеност со европското законодавство и единствено има потпис од предлагачот и никаква усогласеност која треба да биде основ за усогласување, додавајќи дека договор од 400 страни треба да биде јавно објавен и граѓаните имаат право да знаат што стои во него. „Кога беше донесен предлог законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурни коридори, каде што предлагачи беа група пратеници во 2021 година, ДКСК во јули 2021 година го оспори овој закон пред Уставен суд, затоа и во исто време достави иницијатива за оценување на уставноста на законот. Со посебен предлог за издавање на времена мерка за стопирање на неговата примена, се додека судот не се произнесе. Со овој закон прв пат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер, за кој што власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и нај оптималните резултати во изградба на патната мрежа“, рече Поцкова. Таа истакна дека за ова предлог законско решение се изјасни и Уставен суд кој што одговори дека со него се суспендира Законот за јавни набавки, а со истиот се дерогираат постоечките закони за Царина и Законот за акцизи. „Уставен суд одговори дека со овој закон се суспендира законот за јавни набавки. Со измените на овој предлог закон се дерогира Законот за царина, Законот за акцизи, Законот за јавни набавки се заобиколува и се даваат повластици на стратешкиот партнер. Државата ќе се откаже од многу даноци, се предвидува и ослободување од ДДВ, увозни давачки, акцизи на енергенси и данок на моторни возила на увозот, кој е извршен од страна на стратешкиот партнер“, истакна, меѓу другото, пратеничката Поцкова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/potskova-so-zakonskite-izmeni-se-dava-povlastitsa-na-izveduvachot-na-koridorite-so-suspendirane-na-zakonot-za-javni-nabavki-i-derogirane-na-zakonite-za-tsarina-i-aktsizi/feed/ 0
Поцкова: Предложените измени во законот за работни односи претставуваат непочитување на одлуката на Уставен Суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potskova-predlozhenite-izmeni-vo-zakonot-za-rabotni-odnosi-pretstavuvaat-nepochituvane-na-odlukata-na-ustaven-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potskova-predlozhenite-izmeni-vo-zakonot-za-rabotni-odnosi-pretstavuvaat-nepochituvane-na-odlukata-na-ustaven-sud/#respond Wed, 17 May 2023 15:16:56 +0000 https://kurir.mk/?p=835425

Проектот за коридорите 8 и 10 д е историски грабеж наспроти заложбата на Владата да го претстави како историски проект од национален и стратешки интерес, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јадранка Поцкова на денешната собраниска седница. „Договорот на Груби и Ковачевски со „Бехтел и Енка“ е скандалозен по стотина основи. Законите се поминуваат на комисија за европски прашања со европско знаме, а реакции за законите со европско знаме има од Европската Унија, Делегацијата на канцеларијата на ЕУ, евроамбасадорот, синдикатите, јавноста и стручната фела“, истакна Поцкова. Таа посочи дека суштински не се менува ништо во овој закон од претходниот закон за работни односи кои беше во април поднесен во комисијата за труд и социјала. „Дали е стратешки интерес на државата носењето на закони со европско знаме на грбот на работниците и при тоа да нема никакво усогласување со европското законодавство кое е спротивно на спогодбата за асоцијација и стабилизација“, посочи Поцкова. Поцкова е децидна дека измените во законот претставуваат непочитување на одлуката на Уставен Суд. „Предложените измени во законот за работни односи во името на јавниот интерес не го оправдуваат кршењето на уставно загарантираното право за времетраењето на работната недела а непочитувањето на одлуката на Уставен Суд е кривично дело“, кажа Поцкова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potskova-predlozhenite-izmeni-vo-zakonot-za-rabotni-odnosi-pretstavuvaat-nepochituvane-na-odlukata-na-ustaven-sud/feed/ 0
Поцкова до Манолева: Дали со министерот ќе се борите за да се врати достоинството на белиот мантил во Македонија, и да престане миграцијата кон приватните здравствени установи и надвор од земјата? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potskova-do-manoleva-dali-so-ministerot-ke-se-borite-za-da-se-vrati-dostoinstvoto-na-beliot-mantil-vo-makedonija-i-da-prestane-migratsijata-kon-privatnite-zdravstveni-ustanovi-i-nadvor-od-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potskova-do-manoleva-dali-so-ministerot-ke-se-borite-za-da-se-vrati-dostoinstvoto-na-beliot-mantil-vo-makedonija-i-da-prestane-migratsijata-kon-privatnite-zdravstveni-ustanovi-i-nadvor-od-zemjata/#respond Thu, 02 Mar 2023 12:15:18 +0000 https://kurir.mk/?p=807110

„Денес дебатираме за изборот за заменици министри во Владата на Република Македонија. Ќе почнам со доктор Маја Манолева, потпретседател на Лекарска Комора и директор на Јавна здравствена установа – Завод за физикална медицина Скопје. И исто така е сопственик на приватна здравствена установа „Физиоплус - д-р Манолева“ заради што беше директно прозвана Државна комисија за спречување на корупција. Дали доктор Маја Манолева ќе ги реши горчливите проблеми во здравството заедно со министерот Фатмир Меџити? Дали ќе ги подобри условите за работа во јавното здравство, тука мислам на реконструкција на здравствените установи, изградба на нов Клинички центар во Скопје, продолжување со изградбата на Клиничкиот центар во Штип и набавка на апаратура? Дали министерот и заменичката ќе ги земат на одговорност директорите на Фондот за здравствено осигурување? Дали ќе се прошири позитивната листа“, запраша Јадранка Поцкова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Поцкова исто така во текот на својот говор ја запраша Манолева дали заедно со министерот ќе се борат да болните со ретки болести ги добијат своите лекови. „Дали ќе се борат и ќе направат се за да се врати достоинството на белиот мантил во Македонија, и да престане миграцијата кон приватните здравствени установи и надвор од земјата? Затоа што последните три години се имаат иселено 2.200 доктори и 5.000 медицински сестри“, заклучи Поцкова. Таа посочи дека здравствените политики треба да имаат приоритет бидејќи без здрава нација нема напредок во ниедна сфера во општеството. „Предизвикот и одговорноста е голема, а времето ќе покаже дали и колку ќе се направи за подобрување и ставање на здрави темели на здравството“, заклучи Поцкова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potskova-do-manoleva-dali-so-ministerot-ke-se-borite-za-da-se-vrati-dostoinstvoto-na-beliot-mantil-vo-makedonija-i-da-prestane-migratsijata-kon-privatnite-zdravstveni-ustanovi-i-nadvor-od-zemjata/feed/ 0
Поцкова: Ковачевски ги разрешува замениците министри со цел да ги задоволи апетитите на Алијанса за Албанците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potskova-kovachevski-gi-razreshuva-zamenitsite-ministri-so-tsel-da-gi-zadovoli-apetitite-na-alijansa-za-albantsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potskova-kovachevski-gi-razreshuva-zamenitsite-ministri-so-tsel-da-gi-zadovoli-apetitite-na-alijansa-za-albantsite/#respond Tue, 28 Feb 2023 20:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=806305

Замениците министри се менуваат само за да се задоволат апетитите на Алијанса за Албанците, рече пратеничката Јадранка Поцкова на вечерашната собраниска расправа за разрешување на замениците министри. Пратеничката укажа и за состојбата на евроинтеграцискиот процес на Македонија. „Додека зборуваат само за ЕУ, на дело ништо не може да се види европска вредност. Оваа влада само успеа да го зголеми евроскептицизмот, поддршката за ЕУ никогаш не била пониска. Сето е резултат на погрешните политики на Владата“, констатира Поцкова. Според пратеничката Поцкова Владата нема капацитет да се справи со актуелните проблеми. „Имаме нарушен образовен систем, има дојави за бомби, учебници или нема или се погрешни. Прашањето за учебниците по историја пак е тема на мешовитата комисија меѓу Бугарија и Македонија, што значи историјата ќе ни се ревидира во Бугарија. Земјоделието тоне, системот на субвенции за земјоделците е нереален и земјоделците веројатно ќе останат без истите. Субвенциите ќе се поделат само на неколку фирми“, рече Поцкова говорејќи за низата погрешни политики на Владата. Пратеничката Поцкова укажа дека Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби се интересираат само за семејниот бизнис. „Сопругата на Ковачевски се занимава со бизнис со струја, братот на Груби купува бизнис локации по багателни цени“, посочи Поцкова.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potskova-kovachevski-gi-razreshuva-zamenitsite-ministri-so-tsel-da-gi-zadovoli-apetitite-na-alijansa-za-albantsite/feed/ 0
Поцкова до СДСМ: Народот е надвор на улица и ве повикува да кажете НЕ на понижувачкиот и погубен предлог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-do-sdsm-narodot-e-nadvor-na-ulica-i-ve-povikuva-da-kazete-ne-na-ponizuvachkiot-i-poguben-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-do-sdsm-narodot-e-nadvor-na-ulica-i-ve-povikuva-da-kazete-ne-na-ponizuvachkiot-i-poguben-predlog/#respond Fri, 15 Jul 2022 18:49:42 +0000 https://kurir.mk/?p=705959

„Пред нас се предлог заклучоците во врска со информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со ЕУ. Овој предлог е неприфатлив и штетен и директно навлегува во македонските национални интереси, нема јасна гаранција за македонскиот јазик, идентитет и историја и заштита на македонските историски настани. Прифаќањето на овој предлог е велепредавство на македонската држава, а вас ве прави предавници“, истакна Јадранка Поцкова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Поцкова додаде дека Собранието нема надлежност во овој дела затоа што преговарачката рамка за секоја држава која преговара за влез во ЕУ и станала членка ја усвојува Владата на државата и затоа се вика меѓувладина конференција, а не собраниска. „Собранието нема надлежност да се занимава со изгласување на информации или уште каква ли не формулација ќе додадете за да ги исполните вашите срамни квинслишки договори. Народот е надвор на улица и ве повикува да кажете НЕ на понижувачкиот и погубен предлог од страна на Бугарија“, рече Поцкова. Таа посочи дека предлогот по својата содржина е бугарска уцена на македонскиот народ. Вековниот стремеж за асимилација на македонскиот народ од страна на Бугарија. „Предлогот е уцена која Владата е спремна да ја прифати, а вие во Собрание имате пред себе некоја информација, заклучоци и треба да дигнете рака и да учествувате во отпочнувањето на предавството и погибот на македонскиот народ, македонскиот јазик, и се што е македонско“, појасни Поцкова. „Дали треба македонски народе да се согласиме со тврдењата на Бугарија дека Гоце Делчев е Бугарин? Дали треба мирно да спиете вие од власта и да се правите при здрав уши дека не слушате и ладнокрвно да потпишувате се што ќе се стави вас“, запраша Поцкова. Поцкова рече дека македонскиот народ треба да знае што власта потпишува. Власта не може без одобрение на граѓаните да ги распродава националните интереси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-do-sdsm-narodot-e-nadvor-na-ulica-i-ve-povikuva-da-kazete-ne-na-ponizuvachkiot-i-poguben-predlog/feed/ 0
Поцкова: Како ЕСМ ќе го сервисира овој заем од 25 милиони евра во иднина, ако се има во обзир нивната лоша финансиска состојба? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-kako-esm-kje-go-servisira-ovoj-zaem-od-25-milioni-evra-vo-idnina-ako-se-ima-vo-obzir-nivnata-losha-finansiska-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-kako-esm-kje-go-servisira-ovoj-zaem-od-25-milioni-evra-vo-idnina-ako-se-ima-vo-obzir-nivnata-losha-finansiska-sostojba/#respond Tue, 31 May 2022 17:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=684464

Се поставува прашањето како ЕСМ ќе го сервисира овој заем од 25 милиони евра во иднина, ако се има во обзир нивната лоша финансиска состојба?, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова на денешната Собраниска седница. „Раководството на ЕСМ поради недомаќинско и нестручно работење за еден месец потроши милиони евра на купување на струја односно близу 9 милиони евра што е еквивалетно на 10 мегавати фотоволтаици“, рече Поцкова. Поцкова додаде дека додека секаде во светот компаниите што произведуваат електрична струја сега заработуваат најмногу, а единствено нашата државна компанија за производсвто на електрична енергија е загубар „Наместо да се копаше јаглен за домашно производсвто на струја, тогаш се правеа шеми од раководството на ЕЛЕМ за испумпување на пари од компанијата за фиктивни ископување на јаглен“, кажа Поцкова. Поцкова потенцираше дека во РЕК Битола повторно има проблеми, од големите багерски единици и неколку стотици метри тракасти транспортери се поплавени и повторно се претворени во подморници. Хавариите во РЕК Битола станаа секојдневие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-kako-esm-kje-go-servisira-ovoj-zaem-od-25-milioni-evra-vo-idnina-ako-se-ima-vo-obzir-nivnata-losha-finansiska-sostojba/feed/ 0
Поцкова: Собранието наместо да е дом на демократијата, тоа е место на покажување сила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-sobranieto-namesto-da-e-dom-na-demokratijata-toa-e-mesto-na-pokazuvanje-sila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-sobranieto-namesto-da-e-dom-na-demokratijata-toa-e-mesto-na-pokazuvanje-sila/#respond Wed, 02 Mar 2022 16:59:54 +0000 https://kurir.mk/?p=639627

Јадранка Поцкова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието на Република Македонија кажа дека наместо Собранието да е дом на демократијата, тоа е дом каде што се покажува сила. Рече дека наместо одлуката да се разгледува на комисијата за избори и именувања, се крши процедурата и се наметнува волјата на позицијата на власт за да се смени односот на пратениците во комисијата. - Со одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од комисијата, власта докажува дека ги дели пратениците на подобни и неподобни. Оваа одлука е спротивна на Уставот, спротивна на многу точки од деловникот, на собраниските пракси. Секој пратеник има право на свое одлучување согласно своето убедување, а вие се сомневате во одлуките на пратениците. Секој има право на слободно изразување без никакво мешање. Брзајќи да го комплетирате уставниот суд, носите вакви одлуки кои не се ништо друго, туку преседан. – рече Поцкова. Поцкова потенцираше дека токму ова е тест на демократските капацитети на власта, а според досега покажаното воопшто и не е. Рече дека во изминатиот период се укажувало на тоа да се свика седницата на комисијата поради тоа што во 15 комисии од постоечките 21, треба да се дополнат со пратеници кои се влезени на местата на сега веќе избраните градоначалници по завршувањето на локалните избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-sobranieto-namesto-da-e-dom-na-demokratijata-toa-e-mesto-na-pokazuvanje-sila/feed/ 0
Поцкова: Иако се прави и ребаланс на Буџет, пари за здравството нема, а истото функционира на основ на донации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-iako-se-pravi-i-rebalans-na-budzet-pari-za-zdravstvoto-nema-a-istoto-funkcionira-na-osnov-na-donacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-iako-se-pravi-i-rebalans-na-budzet-pari-za-zdravstvoto-nema-a-istoto-funkcionira-na-osnov-na-donacii/#respond Tue, 27 Jul 2021 11:24:03 +0000 https://kurir.mk/?p=542472

Врз основа на планираното и ребалансот на Буџетот за годинава излегува дека дефицитот излегува 6,5 од бруто домашниот производ, а раст од 4,1 посто. Вака високо позиционираниот раст е многу висок и тешко се  постигнува затоа што младите се иселуваат, нема продуктивност, не се реализираат капиталните инвестиции, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова на собраниската седница на која се дебатира за ребалансот на Буџетот за 2021 година. Пратеничката укажа дека разликата меѓу приходи и расходи се зголемува на сметка на граѓаните, или истата ќе ја плаќаат тие. „Со вакво проектирање граѓаните секое семејство се задолжува за дополнителни 500 евра или задолжувањето е за купување на социјален мир . Токму тој социјален мир скапо ќе го чини секој граѓанин“, рече Поцкова. Според Поцкова за оваа влада секоја година е економска. „На крајот излегува дека само цените се повисоки и ништо друго нема. Има само предизбпрен поткуп и грабеж на народните пари“, кажа Поцкова која се осврна на тоа дека Македонија има еден  од најлошите резултати за инвестиции. Сите држави од регионот имаат повеќе инвестиции од Македонија. „Директните странски инвестиции во Македонија изнесуваат ни повеќе ни помалку од 1,9 проценти од БДП, додека пак во соседството бројките се следни Босна и Херџ=цеговина има странски директни инвестиции во 2020 година во вредност од 2,1 процент од БДП, Косово 4, Србија 4,8, Албанија 5,7, Црна Гора 11 проценти“, рече Поцкова. Пратеничката се осврна и на тоа дека во ребалансот требало да има пари за здравството особено поради ковид пандемијата. „Дали нашето здравство го заслужува ова? Здравството се базира на донации, значи државата одвои многу малку средства за оваа област“, рече Поцкова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-iako-se-pravi-i-rebalans-na-budzet-pari-za-zdravstvoto-nema-a-istoto-funkcionira-na-osnov-na-donacii/feed/ 0
Поцкова: Филипче прво сакаше европско-американски вакцини, па смени се одлучи за кинески, ама уште нема никакви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-filipche-prvo-sakashe-evropsko-amerikanski-vakcini-pa-smeni-se-odluchi-za-kineski-ama-ushte-nema-nikakvi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-filipche-prvo-sakashe-evropsko-amerikanski-vakcini-pa-smeni-se-odluchi-za-kineski-ama-ushte-nema-nikakvi/#respond Fri, 29 Jan 2021 11:12:18 +0000 https://kurir.mk/?p=461427

Додека сите држави се во трка за вакцина повеќе, последно од министерот за здравство, Венко Филипче е дека е набавена како што вели „најсофистицираната терапија на антитела за КОВИД пациенти“. Ама според министерот за здравство на време и доволно има и ивермектин, па пациентите се жалат дека го нема или едвај се наоѓа молејќи познати, Ова го истакна истакна Јадранка Поцкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешна прес конференција. - Чекајќи ги вакцините, последно министерот за здравство Филипче се најде пред вратата на Кинезите. А, самиот тој пред две недели јасно кажа дека одлуката паднала да се даде приоритет на вакцините од Европска медицинска агенција и американската Агенција за лекови. Но, оваа изјава кратко траеше, па така по една недела тој се најде пред вратата на Кинезите и одеднаш одлучи дека и оваа вакцина има сосема соодветни документи, или сертификати. Тој рече дека „сите производители на вакцини ги имаат сертификатите од своите матични земји и оваа исто така нема никаква административна пречка, ниту сомнеж за квалитетот“, посочи Поцкова. - Со каква леснотија министерот Филипче ги менува изјавите. Прво вели ги преферираме овие, ама потоа вели и за другите нема никаква административна пречка, ниту сомнеж во квалитетот. Како и да е, од најавата во октомври минатата година кога рече дека ќе има на време вакцини, сите земји добија по неколку тури вакцини, и различни видови на вакцини, изјави таа. -Овде граѓаните не можат да видат никаква вакцина. Се најавуваа вакцини од КОВАКС, па од соседи, па од директни договори со производителите, ама нема ништо. Излезе само вест дека докторка од Македонија сама отишла да се вакцинира во Србија, и на тоа имала право затоа што работела таму. Мисли ли министерот Филипче на граѓаните, мисли ли воопшто на медицинскиот персонал кој е во првите борбени редови? Очигледно не. Македонија е единствена без основната алатка за сузбивање на короната. Затоа одговорност мора да има, додаде Поцкова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pockova-filipche-prvo-sakashe-evropsko-amerikanski-vakcini-pa-smeni-se-odluchi-za-kineski-ama-ushte-nema-nikakvi/feed/ 0