Јаглерод диоксид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Oct 2022 06:45:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јаглерод диоксид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Емисиите на CO2 во ЕУ се зголемени за пет проценти во споредба со 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/emisiite-na-co2-vo-eu-se-zgolemeni-za-pet-procenti-vo-sporedba-so-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/emisiite-na-co2-vo-eu-se-zgolemeni-za-pet-procenti-vo-sporedba-so-2020-godina/#respond Wed, 26 Oct 2022 06:45:54 +0000 https://kurir.mk/?p=750489

Економското закрепнување по пандемиската 2020 година регистрира повторно зголемување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) во Европската унија по долг период на постојан пад. Според прелиминарните податоци, емисиите на стакленички гасови кои и штетат на климата во ЕУ се зголемиле за околу пет отсто во 2021 година во споредба со претходната година, се вели во денешниот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).
Сепак, емисиите биле околу шест отсто помали отколку во годината пред пандемијата на коронавирус во 2019 година. Помеѓу 1990 и 2020 година, емисиите од 27-те земји на ЕУ паднаа за 32 отсто, што значи дека климатската цел за намалување од 20 отсто за 2020 година беше јасно постигната. Сепак, годишниот напредок мора да биде повеќе од двојно зголемен на патот кон поамбициозните климатски и енергетски цели за 2030 година, напишаа експертите од агенцијата на ЕУ со седиште во Копенхаген. Емисиите би требало да се намалат во просек за 134 милиони тони CO2 годишно, или четири отсто, за да се постигне целта за намалување на емисиите за најмалку 55 отсто до 2030 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/emisiite-na-co2-vo-eu-se-zgolemeni-za-pet-procenti-vo-sporedba-so-2020-godina/feed/ 0
Нафтен гигант во Кина го пушти во употреба најголемиот погон за фаќање на јаглерод диоксид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naften-gigant-vo-kina-go-pushti-vo-upotreba-najgolemiot-pogon-za-fakjanje-na-jaglerod-dioksid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naften-gigant-vo-kina-go-pushti-vo-upotreba-najgolemiot-pogon-za-fakjanje-na-jaglerod-dioksid/#respond Tue, 30 Aug 2022 05:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=725781

Нафтениот гигант Синопек (Sinopec) денеска соопшти дека го отворил најголемиот кинески капацитет за фаќање, користење и складирање на јаглерод (CCUS), додавајќи дека во 2025 година планира да изгради уште два капацитети со слична големина. Синопек е меѓу водечките компании кои започнаа пилот проекти за фаќање и складирање на јаглерод диоксид во Кина за да создадат услови за пад на емисиите на јаглерод по 2030 година, во согласност со плановите на владата. Државниот нафтен гигант почна да го гради погонот пред нешто повеќе од една година, и тој ќе го фаќа јаглерод диоксидот од производството на водород во нејзината рафинерија Чилу во провинцијата Шандонг и ќе го вбризгува во 73 нафтени бушотини во блиското нафтено поле Шенгли. Се проценува дека во следните 15 години во нафтеното поле ќе вбризга 10,68 милиони тони јаглерод диоксид и со тоа ќе го зголеми производството на сурова нафта за речиси три милиони тони. Моментално транспортираат јаглерод диоксид од рафинеријата до нафтено поле со камиони, а очекуваат до крајот на годината да го завршат цевководот за негов транспорт, прв од ваков вид во Кина. – CCUS во Кина сè уште е во експериментална фаза, но може да се спореди со (проекти) во слични земји, иако заостанува во клучните знаења во одредени области, наведе Синопек во соопштение за медиумите. Компанијата минатата година фати и складираше повеќе од 1,52 милиони тони јаглерод диоксид, а планира уште два пилот проекти во следните неколку години во нафтените полиња Хуадонг и Џиангсу. Ќе се разгледа и можноста за формирање центар за истражување и развој до 2025 година, кој би се фокусирал на развој на нови технологии, како што е поврзување на проектите за фаќање и складирање на CO2 со ветерна и сончева енергија и со енергија од водород и биомаса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naften-gigant-vo-kina-go-pushti-vo-upotreba-najgolemiot-pogon-za-fakjanje-na-jaglerod-dioksid/feed/ 0
Невидено откритие: Џејмс Веб штотуку откри јаглерод диоксид во свет надвор од Сончевиот систем https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevideno-otkritie-dzejms-veb-shtotuku-otkri-jaglerod-dioksid-vo-svet-nadvor-od-soncheviot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevideno-otkritie-dzejms-veb-shtotuku-otkri-jaglerod-dioksid-vo-svet-nadvor-od-soncheviot-sistem/#respond Fri, 26 Aug 2022 13:03:00 +0000 https://kurir.mk/?p=724379

Телескопот Џејмс Веб на НАСА недвосмислено откри присуство на јаглерод диоксид на далечна егзопланета надвор од Сончевиот систем. „Тоа е првиот јасен, детален и непобитен доказ“, соопшти Европската вселенска агенција. Станува збор за масивен гасен џин, оддалечен околу 700 светлосни години од нас, кој првпат беше откриен во 2011 година и го доби името WASP-39b. Сепак, дури сега супериорниот телескоп на НАСА можеше да ја испита планетата. Се смета дека WASP-39b е масивен колку Сатурн, но неговиот дијаметар е околу 33 проценти поголем од оној на Јупитер, што значи дека не е многу густ. Планетата е „жешко поле“ во вистинска смисла на зборот, бидејќи на неа е измерена температура од 900 степени Целзиусови, што е резултат на нејзината блиска орбита околу ѕвездата домаќин. Врз основа на начинот на кој егзопланетите орбитираат околу нивните ѕвезди домаќини, односно додека минуваат пред или низ нив, телескопот ја снима разликата во брановите должини на светлината блокирана од планетата. Навистина, „Џејмс Веб“ им овозможува на научниците да го дешифрираат хемискиот состав на далечните светови. Притоа, тие недвосмислено го потврдија присуството на јаглерод диоксид на WASP-39b. - Во моментот кога податоците се појавија на мојот екран, огромната карактеристика на јаглерод диоксид ме фати, рече планетарниот научник Зафар Рустамкулов од Универзитетот Џон Хопкинс. „Тоа беше посебен момент, преминувањето на важен праг во науката за егзопланетите“, додаде тој. Јаглерод диоксидот го сочинува најголемиот дел од атмосферите на Венера и Марс, но ова е првпат научниците да го забележат неговото присуство во атмосферата на егзопланета. - Со мерење на карактеристиките на јаглерод диоксидот, можеме да дефинираме колку цврсти во споредба со гасовити материјали ја сочинуваат оваа планета, рече научникот Мајк Лајн од Универзитетот во Аризона. Исто така, ова откритие укажува на способностите на „Џејмс Веб“, односно дека во иднина ќе може да „намириса“ многу важни гасови како што е метанот. Претходно оваа година, поточно на 12 јули, телескопот откри присуство на вода во атмосферата на планетата WASP-96b, гасен џин оддалечен 1.150 светлосни години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevideno-otkritie-dzejms-veb-shtotuku-otkri-jaglerod-dioksid-vo-svet-nadvor-od-soncheviot-sistem/feed/ 0
Јаглерод диоксидот во атмосферата оваа година има најголем раст од 1958 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jaglerod-dioksidot-vo-atmosferata-ovaa-godina-ima-najgolem-rast-od-1958-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jaglerod-dioksidot-vo-atmosferata-ovaa-godina-ima-najgolem-rast-od-1958-godina/#respond Fri, 24 Jan 2020 17:14:14 +0000 https://kurir.mk/?p=294295

Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата годинава ќе означи едно од најголемите годишни зголемувања од почетокот на мерењето во 1958 година, делумно како резултат на пожарите во Австралија, според студијата на британската метеоролошка служба. Концентрациите на јаглерод диоксид се очекува да надминат 417 честици на милион (ppm) во мај, со годишен просек од околу 414 ppm, што е речиси три ppm повисоко од минатогодишниот просек. Виновници за долгорочното зголемување на емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата се луѓето, а гасот е главен виновник за климатските промени. Покрај тоа, временските услови поврзани со промените во температурите на Тихиот Океан влијаат на апсорпцијата на јаглерод диоксид во копнените екосистеми. Во годините кога тропската зона на Тихиот Океан е потопла, многу региони стануваат потопли, што ја ограничува можноста на растенијата да растат и апсорбираат јаглерод диоксид, што ослободува нови количини на штетни гасови во атмосферата. Покрај другите временски модови и климатските промени предизвикани од човековата активност, тоа придонесе за неодамнешното топло и суво време во Австралија,и игра клучна улога во обемот на пожарите, соопшти британската метеоролошка служба. Невообичаено долгата сезона на пожари резултираше со опожарено подрачје со големина на Германија. Влијанието на временските модели врз екосистемите се очекува да поттикне дополнително 10 проценти зголемување на концентрациите на јаглерод диоксид оваа година, при што пожарите придонесуваат за тој пораст со една петтина, тврдат британските метеоролози. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jaglerod-dioksidot-vo-atmosferata-ovaa-godina-ima-najgolem-rast-od-1958-godina/feed/ 0