јаглерод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 18 Dec 2022 10:00:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јаглерод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европската Унија постигна договор за пазарот на јаглерод https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-unija-postigna-dogovor-za-pazarot-na-jaglerod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-unija-postigna-dogovor-za-pazarot-na-jaglerod/#respond Sun, 18 Dec 2022 10:00:24 +0000 https://kurir.mk/?p=777186

Преговарачите на Европската Унија рано изутринава постигнаа договор за ревизија на нејзиниот пазар на јаглерод, главниот инструмент на ЕУ за борба против климатските промени, објавија чешкото претседателство и Европскиот совет. – Договорот ќе ни овозможи да ги исполниме климатските цели во главните сектори на економијата, истовремено обезбедувајќи најранливите граѓани и микро-претприемачите да добијат поддршка во климатската транзиција, рече чешкиот министер за животна средина Маријан Јурецка. Во прашање беше способноста на ЕУ да придонесе во глобалната борба против климатските промени и да ја постигне својата цел за намалување на емисиите на стакленички гасови за 55 отсто до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година. За да се постигне оваа цел, ЕУ ќе треба да го реформира пазарот на јаглерод и побрзо да ги намали емисиите, што го прави со тоа што бара од приближно 10.000 електрани и фабрики да купат дозволи за CO2. Договорот допрва треба да биде официјално прифатен од Европскиот парламент и Европскиот совет.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-unija-postigna-dogovor-za-pazarot-na-jaglerod/feed/ 0
Данскиот парламент усвои нов данок на јаглерод https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskiot-parlament-usvoi-nov-danok-na-jaglerod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskiot-parlament-usvoi-nov-danok-na-jaglerod/#respond Fri, 24 Jun 2022 16:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=695345

Данскиот парламент усвои нов данок на јаглерод, највисок во Европа, кој треба да го плаќаат компаниите во европскиот систем за тргување со емисии и оние надвор од него, објави Владата. Владата смета дека новиот данок е клучен за постигнување на амбициозната цел за намалување на стакленички гасови за 70 отсто до 2030 година од нивото од 1990 година. „Ова е досега најголемиот единствен придонес за намалување на емисиите до 2030 година“, рече во изјавата министерот за даноци Јепе Брус. До крајот на деценијата, компаниите во европскиот систем за лиценцирање ќе плаќаат 1.125 дански круни за испуштен тон јаглерод диоксид. Износот ќе се состои од 375 круни данок и проектираните трошоци за дозвола за испуштање на тон јаглерод диоксид во 2030 година од 750 круни. Компаниите кои користат минерали во производството, како што е производителот на цемент Алборг Портланд, најголемиот загадувач меѓу компаниите во Данска, ќе плаќаат данок од само 125 круни над цената на дозволата за да го спречат производството да оди во странство. Компаниите надвор од трговскиот систем за лиценцирање ќе плаќаат данок од 750 круни. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskiot-parlament-usvoi-nov-danok-na-jaglerod/feed/ 0