јагнешко месо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Apr 2023 16:32:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јагнешко месо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко месо? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/veligdenska-gozba-kako-da-napravite-sochno-pecheno-jagneshko-meso/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/veligdenska-gozba-kako-da-napravite-sochno-pecheno-jagneshko-meso/#respond Sat, 15 Apr 2023 18:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=824342

Јагнешкото месо е задолжително на празничната велигденска трпеза. Јагнешкото содржи околу 237 калории во 100 грама, па внимателно со големината на оброците. Ова месо исто така содржи протеини, калциум, железо, фосфор, калиум и витамин А и Б1. Ова месо бара подолга подготовка, па затоа треба да одвоите време за да го направите јадењето како што треба. Денеска ви предлагаме два рецепта со јагешко месо за утрешната велигденска гозба, па подгответе се со време. Печено јагнешко со зачинет ориз Сочно јагнешко со лук и зачини извор: kajgana.com]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/veligdenska-gozba-kako-da-napravite-sochno-pecheno-jagneshko-meso/feed/ 0
Јагнешкото месо во Кичево драстично поскапе, граѓаните се жалат дека поради високите цени е сè помалку достапно https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jagneshkoto-meso-vo-kichevo-drastichno-poskape-gragjanite-se-zalat-deka-poradi-visokite-ceni-e-se-pomalku-dostapno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jagneshkoto-meso-vo-kichevo-drastichno-poskape-gragjanite-se-zalat-deka-poradi-visokite-ceni-e-se-pomalku-dostapno/#respond Tue, 19 Apr 2022 11:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=665328

Поради зголемените откупни цени на јагнето и се помалата понуда, продажните цени на јагнешкото месо во Кичево последниве неколку дена драстично пораснаа и се движат од 450 до 500 денари за килограм. -Годинава цената на јагнешкото месо е многу повисока споредено со претходните десетина години, кога се движеше од 300-350 денари за килограм. Пред Велигденските празници продажната цена е 450 до 500 денари. Причина за поскапувањето се повисоката откупна цена на јагнето која се искачи на 200 и повеќе денари за килограм жива мера, а поради зголемениот извоз, за домашниот пазар останаа помали количества што дополнително го генерира порастот на цените, велат вработените во месарница во Кичево . Никаде во градот не може да се најде јагнешко месо под 450 денари за килограм. Од друга месарница посочуваат дека не е исклучена можноста пред празникот, еден килограм јагнешко месо да достигне 600 денари. -Ако не можеме да си дозволиме пред Велигден да купиме цело јагне, тогаш ќе се помириме со помала количина, а тоа значи или половина јагне или само еден бут, за да не ја прескокнеме оваа традиција која трае со генерации, вели Перо Трајаноски, граѓанин од Кичево. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jagneshkoto-meso-vo-kichevo-drastichno-poskape-gragjanite-se-zalat-deka-poradi-visokite-ceni-e-se-pomalku-dostapno/feed/ 0
Јагнешкото ќе поскапи за велигденските празници, се очекува да надмине 200 денари за килограм жива мера https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/jagneshkoto-kje-poskapi-za-veligdenskite-praznici-se-ochekuva-da-nadmine-200-denari-za-kilogram-ziva-mera/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/jagneshkoto-kje-poskapi-za-veligdenskite-praznici-se-ochekuva-da-nadmine-200-denari-za-kilogram-ziva-mera/#respond Thu, 14 Apr 2022 11:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=662951

Цената на јагнето жива мера во моментов е околу 160 – 200 денари за килограм. Производителите очекуваат нејзино зголемување за претстојните велигденски празници, но се уште не прецизираат колкаво ќе биде поскапувањето. -Цената на јагнешкото месо оваа година е релативно ниска, зашто сите репорматеријали и храната двојно поскапеа. Јас го продадов моето јагне од првиот турнус по 160 денари за килограм. Очекувам дека јагнешкото ќе поскапи за празниците и дека откупната цена во шпицот ќе надмине 200 денари, но ќе видиме, зашто домашниот есап на пазарот не излегува, вели Петре Пешов, сточар од Виница кој има околу 300 грла. Според него, на нашите граѓани им е побитна цената, од квалитетот. -Цената на јагнето е флуктуирачка и постојано расте, секој ден. Не би можел да кажам конкретна вредност во моментов, но околу 200 денари е откупната цена и постојано расте. Реалната цена ако се земат предвид производните трошоци, би била над 230 денари. Производната цена не се покрива веќе години наназад и тоа е една од причините за падот на овчарството во земјава. За велигденските празници очекуваме вкупната цена да се зголеми. Продажната цена во месарниците сега е 400 – 500 денари, истакна претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, Никола Георгиев. Производителите велат дека потрошувачката на јагнешко во земјава е ниска и достигнува околу 10 000 јагниња, додека извозот е 170 000 грла годишно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/jagneshkoto-kje-poskapi-za-veligdenskite-praznici-se-ochekuva-da-nadmine-200-denari-za-kilogram-ziva-mera/feed/ 0
Бугарите се жалат дека поради евтиното јагнешко месо во Македонија е загрозен бизнисот со овци во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-se-zalat-deka-poradi-evtinoto-jagneshko-meso-vo-makedonija-e-zagrozen-biznisot-so-ovci-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-se-zalat-deka-poradi-evtinoto-jagneshko-meso-vo-makedonija-e-zagrozen-biznisot-so-ovci-vo-bugarija/#respond Sun, 03 Apr 2022 08:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=657632

Бизнисот на одгледувачите на овци во Бугарија е загрозен од евтиното јагнешко месо на бугарскиот пазар увезено од Македонија, јави софиската телевизија бТВ. Телевизијата посочува дека бугарски сточари наведуваат дека причина за поевтиното јагнешко месо од земјава е тоа што македонските производители добиваат високи субвенции од државата. Одгледувачите на овци во Бугарија посочуваат дека цената по која тие го продаваат јагнешкото месо достигнува до 18 лева (9 евра), додека во трговската мрежа тоа се продава за околу 20 лева (10 евра). Јанка Попова, кој со овчарство се занимава од 2008 година и одгледува околу 1.000 овци, за бТВ вели дека состојбата во Бугарија е таква затоа што бугарските сточари немаат доволна поддршка од државата за произведеното јагнешко месо или млеко. – За овие 14 години колку што сме во Европската Унија, се доведовме во ситуација производството да го направиме зависно само од субвенции. Во моментов државните субвенции се такви што не можат да ги покријат трошоците, доколку немате пазар и пазарна реализација на вашата стока, вели Попова, додавајќи дека на зголемувањето на трошоците влијае растот на цените на струјата и на сточната храна. Според неа, цената на сточната храна е двојно зголемена во однос на минатата година и ако лани се продавала по 32 центи сега е 70 центи, поради тоа голем дел од производителите на месо и млеко не можат да продолжат со работа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-se-zalat-deka-poradi-evtinoto-jagneshko-meso-vo-makedonija-e-zagrozen-biznisot-so-ovci-vo-bugarija/feed/ 0
ВО ПРЕСРЕТ НА ВЕЛИГДЕН: Цените на пазарите сѐ повисоки, јагнешко месo тешко се наоѓа – дали ова ќе продолжи и по празниците ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-presret-na-veligden-cenite-na-pazarite-s-povisoki-jagneshko-mesto-teshko-se-naogja-dali-ova-kje-prodolzi-i-po-praznicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-presret-na-veligden-cenite-na-pazarite-s-povisoki-jagneshko-mesto-teshko-se-naogja-dali-ova-kje-prodolzi-i-po-praznicite/#respond Wed, 21 Apr 2021 17:14:01 +0000 https://kurir.mk/?p=500480

Во пресрет на Велигден традиционално цените на зелените пазари се повисоки, а тешко се стигнува и до јагнешко. Недостигот од јагнешко е поради тоа што македонските јагниња се најдоа на европскиот пазар за католичкиот Велигден, а цените на пазарите, според производителите, се повисоки поради суровините. – Моментално тешко се доаѓа до јагнешко месо. Главно, јагнињата се извезоа за католички Велигден, дома остана многу малку, а цените се во пораст. Од 290 до 320 денари, сега цената стигна до 350 за килограм јагнешко. Така е со јагнешкото, додека цената на свинското месо се намали поради помалата побарувачка, а јунешкото има статус-кво цена, изјави Тони Павлески претставник на кланичната индустрија. Според Слободан Ѓорѓиески, пазарџија на прилепскиот пазар, набавните цени се зголемени за над 20 проценти. – Набавните цени се повисоки за 20-тина проценти. Не знам што е. Ама ако се погледнат нивите, голем дел останаа необработени.Увозот на краставици од Албанија во старт е 75 денари, продажната цена е минимум 80 денари за килограм. А домашните имаат набавна цена од 110 денари. Како што стојат работите, ова ќе продолжи и по празниците, вели Ѓорѓиески. Прилепскиот производител на градинарски култури Слободан Калајџиоски смета дека цените не се високи, туку високи се цените на суровините. – Семенскиот материјал и ѓубривата двојно поскапеа. Семето не е на кило, туку сега се купува според зрно семки за градинарските култури. И ѓубривата се многу поскапени, вели Калајџиоски. Од прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ велат дека високи се цените на суровото масло на светските берзи и затоа се зголемени и малопродажните цени на маслото. – Суровото масло на светските берзи уште од 2020 година нагло ги зголеми цените. Од август лани до март годинава, цената на суровото масло порасна речиси двојно. За споредба, од првиот квартал лани до првиот квартал годинава, цената на суровото масло порасна за преку 35 проценти. Настојуваме да испорачаме квалитетни производи, но таа ситуација ги крена малопродажните цени. Се обидуваме да држиме под контрола. Нема вештачки цени, туку сѐ е последица од цените на светските берзи, истакнува Орде Ѓорѓиоски, директор на правниот сектор во „Витаминка“. Според Сојузот на синдикатите на Македонија, 42 проценти од месечната плата се троши на храна и на пијалаци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-presret-na-veligden-cenite-na-pazarite-s-povisoki-jagneshko-mesto-teshko-se-naogja-dali-ova-kje-prodolzi-i-po-praznicite/feed/ 0