јагниња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 11:57:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јагниња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Дебар досега откупени околу 1.500 јагниња, од вкупно 20 илјади колку што има за продажба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-debar-dosega-otkupeni-okolu-1-500-jagnina-od-vkupno-20-iljadi-kolku-shto-ima-za-prodazhba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-debar-dosega-otkupeni-okolu-1-500-jagnina-od-vkupno-20-iljadi-kolku-shto-ima-za-prodazhba/#respond Wed, 22 Mar 2023 11:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=814931

Сточарите од општина Дебар и Центар Жупа, почнаа со продажба на јагнињата, при што од вкупно 20 илјади до денес откупени се околу 1.500 јагниња. - Цената се движи од 180 до 190 денари за килограм жива мера. Искрено меѓу сточарите постои незадоволство, но, ете мора да се продадат. Она што посебно треба да се нагласи е фактот дека оваа година на продажба се сите 20 илјади јагниња, зашто ниту еден од сточарите не покажа волја да зачува јагниња за зголемување на стадата, кои од година во година сè се помалубројни, изјави за МИА, Скендер Аме, претседател на здружението на одгледувачи на овци „Даши“ кое ги опфаќа сточарите од двете општини. Според него, ако до пред три години вкупно на ова подрачје имало над 40 илјади грла овци, моментно нивниот број е за 10 илјади помал. -Причините пред сè лежат во фактот што младите заминаа во западно европските земји и САД. Во последните три години десет сточари, кои имаа големи стада истите ги продадоа а тој тренд продолжува. Влијание има и тоа што за јагниња нема субвенции. Покрај другото се соочуваме и со проблемот со недостиг на овчари. Порано ги обезбедуваме од соседна Албанија, но и тамошните млади замина на запад, додава Аме. Јагнињата, како и дебарското сирење, кое се произведува на традиционален начин се познати по својот квалитет. Сирењето главно се пласира на домашниот пазар, додека јагнињата, години на ред завршуваат, пред сè, на италијанскиот пазар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-debar-dosega-otkupeni-okolu-1-500-jagnina-od-vkupno-20-iljadi-kolku-shto-ima-za-prodazhba/feed/ 0
Извезени вкупно 136 423 јагниња: Од нив најмногу во Италија, а најмалку во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvezeni-vkupno-136-423-jagninja-od-niv-najmnogu-vo-italija-a-najmalku-vo-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvezeni-vkupno-136-423-jagninja-od-niv-najmnogu-vo-italija-a-najmalku-vo-crna-gora/#respond Mon, 18 Apr 2022 13:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=664798

Од земјава досега се вкупно извезени 136 423 јагниња или 1 560 254 килограми јагнешко месо, велат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според АХВ, најголем извоз е реализиран во Италија, 85 013 јагниња или 929 990 килограми, а најмал во Црна Гора, 396 јагниња или 5 824 килограми. Во Хрватска се пласирани 23 193 јагниња или 283 784 килограми, во Бугарија 20 860 јагниња или 256 061 килограм, во Грција 5 542 јагниња или 69 262 килограми, во БиХ 906 јагниња или 8 283 килограми и во Албанија 513 јагниња или 7 050 килограми. Цената на јагнето жива мера пред неколку дена беше околу 160 – 200 денари за килограм, но производителите очекуваат нејзино зголемување за велигденските празници. -Од почетокот на годинава до крајот на мај од државава се очекува да бидат откупени околу 130 000 јагниња, од кои само околу 10 000 би завршиле на домашниот пазар, што е во принцип просечна бројка за потрошувачка во нашава земја. Останатите се извезуваат на традиционалните пазари во Италија, Хрватска, Грција, Босна и Бугарија во поново време. Очекувам дека во мај, недостигот на јагнешко во Бугарија ќе се надополнува токму со наши јагниња, додека во летните месеци извозот ќе се интензивира кон туристичките дестинации – Грција, Италија, Хрватска, а можеби и Албанија. За цената сметам дека во периодот по Велигден, нема да има поголеми промени, вели за МИА претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, Никола Георгиев. Според него, цената на јагнето е флуктуирачка и постојано расте, секој ден. -Не би можел да кажам конкретна вредност во моментов, но околу 200 денари е откупната цена и постојано расте. Реалната цена ако се земат предвид производните трошоци, би била над 230 денари. Производната цена не се покрива веќе години наназад и тоа е една од причините за падот на овчарството во земјава. За велигденските празници очекуваме вкупната цена да се зголеми, истакна Георгиев. Претседателот на здружението на сточари „Даши“, Скендер Аме за МИА изјави дека цената на јагнето кога почна откупот беше 160 денари, но потоа се зголеми до 185 денари и за викендов достигна 190 денари. Тој смета дека реалната цена треба да биде најмалку 250 денари за килограм. Продажната цена на јагнето во месарниците е 400 – 500 денари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvezeni-vkupno-136-423-jagninja-od-niv-najmnogu-vo-italija-a-najmalku-vo-crna-gora/feed/ 0
Катастpoфална состојба во сточарството: Јагниња yмиpaaт по трлата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastpofalna-sostojba-vo-stocharstvoto-jagninja-ymipaat-po-trlata-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastpofalna-sostojba-vo-stocharstvoto-jagninja-ymipaat-po-trlata-video/#respond Fri, 27 Mar 2020 13:18:00 +0000 https://kurir.mk/?p=323096

Катастрофална е состојбата по македонските трла, барем од она што може да се види од снимките кои пристигнале до редакцијата на „Инфомакс“ од сточар кој моли државата да понуди некаква помош за излез од кризата. „Јагнињата никој не ги купува. Веќе пораснаа, умираат. Не можат да издржат. Државата мора да ни помогне, вака нема да издржиме“ – вели сточарот чие стадо, се плаши, ќе биде десеткувано поради немањето на доволен пласман, но и недостатокот од државна помош во кризната ситуација каква што е актуелната со коронавирусот. Во средина на сезона на откуп на јагне, не е откупено ниту 20%. Нема откуп, а и оној што се изврши, се врши по многу ниска цена. -Сезоната на откуп на јагне трае уште една недела, а како што сега стојат работите повеќе од половина од јагнето ќе остане неоткупени. Сточарите ќе се соочат со големи проблеми и загуби. Доколку не им помогнеме на сточарите сега, се повеќе сточари ќе ја напуштаат дејноста, и како држава ќе се соочиме со целосно замирање на дејноста – коментираше вчера на својот ФБ профил, зам.техничкиот министер за земјоделство Цветан Трипуновски. Трипуновски понуди и решенија за излез од ситуацијата, а предложува субвенции од 700, односно 2000 денари за секое задржано женско јагне. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastpofalna-sostojba-vo-stocharstvoto-jagninja-ymipaat-po-trlata-video/feed/ 0
Тажно: Изгореа 13 јагниња во пожар во Свети Николе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tazno-izgorea-13-jagninja-vo-pozar-vo-sveti-nikole/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tazno-izgorea-13-jagninja-vo-pozar-vo-sveti-nikole/#respond Sun, 10 Mar 2019 13:25:21 +0000 https://kurir.mk/?p=173271

На 09.03.2019 година околу 14,00 часот било пријавено дека во с.Стањевци-Свети Николе, во трло сопственост на Б.Д. поради неисправна електрична инсталација избувнал пожар во кој изгореле 13 јагниња, кровната конструкција и дел од трлото. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица-Свети Николе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tazno-izgorea-13-jagninja-vo-pozar-vo-sveti-nikole/feed/ 0