Јагода шахпаска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jan 2022 10:14:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јагода шахпаска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јованка Тренчевска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanka-trenchevska-ja-prezede-funkcijata-minister-za-trud-i-socijalna-politika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanka-trenchevska-ja-prezede-funkcijata-minister-za-trud-i-socijalna-politika/#respond Mon, 17 Jan 2022 10:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=620221

Во Министерството за труд и социјална политика денеска се изврши примопредавање на функцијата министер за труд и социјална политика. Новоименуваната министерка Јованка Тренчевска ја презеде функцијата од досегашната министерка Јагода Шахпаска. Со тоа министерката за труд и социјална политика Тренчевска и официјално го започнува управувањето со овој сектор. „Чест и задоволство ми претставува да го предводам секторот во кој со години наназад активно учествував во креирањето на социјалните политики насочени кон граѓаните, а особено кон најранливата категорија. Приоритет ќе ми бидат, унапредување на правата од социјалната заштита, обезбедување на редовни и сигурни пензии, заштита и почитување на работничките права како и грижа за најмладите. Продолжуваме заедно да градиме едно општество за сите. Родовата еднаквост останува и понатаму високо на мојата и на агендата на Министерството за труд и социјална политика,“ истакна Тренчевска. Досегашната министерка за труд и социјална политика Шахпаска на нејзината наследничка Тренчевска и посака успешна и плодна работа. Таа ја информираше за тековните проекти на кои работи Министерството, за предвидената динамика за нивна реализација и за евентуалните пречки со кои се соочуваат. Тренчевска доаѓа од раководната позиција на Државниот Инспекторат на труд, а претходно ја извршуваше функцијата Државна секретарка во Министерството за труд и социјална политика. Таа е дел од ова министерство 19 години со нејзино активно учество во креирањето на политиките за родовата еднаквост на жените и мажите, каде има водечка позиција во овој сектор. Нејзината досегашна кариера е во насока на унапредување на правата на работниците како и родовата еднаквост меѓу мажите и жените. Министерката Тренчевска е магистер по социолошки науки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanka-trenchevska-ja-prezede-funkcijata-minister-za-trud-i-socijalna-politika/feed/ 0
Шахпаска: Од 1 јануари недела ќе биде ден за одмор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-od-1-januari-nedela-kje-bide-den-za-odmor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-od-1-januari-nedela-kje-bide-den-za-odmor/#respond Fri, 10 Dec 2021 19:25:26 +0000 https://kurir.mk/?p=606866

Законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор ќе почне да се применува од 1 јануари наредната година. Ова со заеднички комисиски амандман го одлучија пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика, каде Предлог-законот за работните односи помина во второ читање. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска нагласи дека законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците. Таа очекува пратениците да го поддржат ова законско решение и на пленарна седница, бидејќи законот е во интерес на 92 проценти од работниците во Република Северна Македонија. „Со ова решение ги штитиме правата и на оние осум проценти од работниците што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што се превидува дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во наредните седум дена. За вработените во трговијата, каде што исто така има одредени исклучоци, додатокот на плата е во висина од 100 проценти, значи двојно повисока дневница во недела”, рече министерката Шахпаска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-od-1-januari-nedela-kje-bide-den-za-odmor/feed/ 0
Шахпаска се обезбеди со генератор на струја, за граѓаните свеќи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-se-obezbedi-so-generator-na-struja-za-gragjanite-svekji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-se-obezbedi-so-generator-na-struja-za-gragjanite-svekji/#respond Sat, 06 Nov 2021 14:04:15 +0000 https://kurir.mk/?p=591909

Министерството за труд и социјална политика, на чие чело е Јагода Шахпаска од СДСМ, обезбеди генератор на струја. Во време на енергетска криза и високи сметки, граѓаните стравуваат дека ќе останат без струја. Во ден кога Министерството не работи, за викенд, Шахпаска си обезбеди генератор на струја. Владата не покажа ваква грижа за граѓаните кои се оставени самите на себе. Соочувајќи се со проблеми од ваков тип, може осветлување и греење на свеќа ќе им биде опција.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-se-obezbedi-so-generator-na-struja-za-gragjanite-svekji/feed/ 0
Шахпаска: Нашата цел е остварување на родова еднаквост без разлика на полот, родот и родовиот идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-nashata-cel-e-ostvaruvanje-na-rodova-ednakvost-bez-razlika-na-polot-rodot-i-rodoviot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-nashata-cel-e-ostvaruvanje-na-rodova-ednakvost-bez-razlika-na-polot-rodot-i-rodoviot-identitet/#respond Mon, 31 May 2021 16:26:26 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517322

Предлог-законот за родова еднаквост предвидува три нови механизми- Секретаријат за родова еднаквост како највисоко тело кое ќе ја координира работата на институциите, Ресурсен центар како тренинг центар за обуки на државните службеници и Национално координативно тело, истакнала министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешниот онлајн состанок со претставниците на Венецијанската комисија. Шахпаска нагласила дека еднаквиот пристап до ресурси на мажите и жените и еднаквите шанси за напредок и рамноправност за сите претставуваат заедничка обврска и приоритет на Владата. Целта на законот, како што посочила, е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет. На состанокот, како што соопшти ресорното Министерство, се дискутирало и за повеќе прашања во однос на правилниците, кои, како што се посочува, ќе бидат подготвени откако законското решение ќе биде изгласано во Собранието, а станало збор и за улогата и организациската структура на Секретаријатот за родова еднаквост, инспекцискиот надзор и други прашања. Од МТСП информираат дека побарале мислење од Венецијанската комисија за Предлог-законот со цел да биде изготвено квалитетно и целосно применливо решение кое ќе овозможи унапредување на еднаквоста на сите полиња. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-nashata-cel-e-ostvaruvanje-na-rodova-ednakvost-bez-razlika-na-polot-rodot-i-rodoviot-identitet/feed/ 0
Петрушевски: Шахпаска да се охраби и да не се плаши од Царовска, да побара одгoворност од нејзината свекрва и директорката на „Ангел Шајче“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-shahpaska-da-se-ohrabi-i-da-ne-se-plashi-od-carovska-da-pobara-odgovornost-od-nejzinata-svekrva-i-direktorkata-na-angel-shajche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-shahpaska-da-se-ohrabi-i-da-ne-se-plashi-od-carovska-da-pobara-odgovornost-od-nejzinata-svekrva-i-direktorkata-na-angel-shajche/#respond Fri, 14 May 2021 10:50:15 +0000 https://kurir.mk/?p=510274

И неколку дена по труењето на педесетина дечиња во кумановската градинка „Ангел Шајче“ молчи директорката на градинката и свекрвата на Царовска. Свекрвата на Царовска е задолжена за хигиената како медицинско лице и таа исто како и директорката мора да сноси одговорност. Нема одговорност, нема оставки, истакна денес Бране Петрушевски, пратени на ВМРО-ДПМНЕ. -Педесетина деца се заразија, а МТСП кое ги има надлежностите над градинката уште од времето кога Царовска беше министер не реагира. Царовска како министер за труд и социјална политика ги зема надлежностите на Максим Димитриевски и со тоа стана заштитник на нејзината свекрва. Зошто и се земени надлежностите? Дали е вистина дека невенчаниот сопруг на Царовска снимал и спотови со дрон за градинката каде е вработена неговата мајка, поточно свекрвата на Царовска? Дали се работи за други интереси? Зошто власта молчи? Дали се штити свекрвата на Царовска? Одговорност мора да има! Не може педесетина дечиња да се затруени, а никој да не понесе одговорност, посочи тој. Петрушевски порача: „Ја повикуваме Јагода Шахпаска, да се охрабри и да не се плаши од Царовска и да побара одговорност од директорката и свекрвата на Царовска. Шахпаска како министер за труд мора да ги штити децата, а не функционерите од власта. Доколку Шахпаска не се охрабри и се плаши, треба да знае дека одговорност ќе има и за неа“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-shahpaska-da-se-ohrabi-i-da-ne-se-plashi-od-carovska-da-pobara-odgovornost-od-nejzinata-svekrva-i-direktorkata-na-angel-shajche/feed/ 0
Нема продолжување на породилното, Шахпаска побарала дозвола за зголемување на групите во градинките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-prodolzuvanje-na-porodilnoto-shahpaska-pobarala-dozvola-za-zgolemuvanje-na-grupite-vo-gradinkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-prodolzuvanje-na-porodilnoto-shahpaska-pobarala-dozvola-za-zgolemuvanje-na-grupite-vo-gradinkite/#respond Wed, 05 May 2021 09:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=505823

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со претставнички на мајките кои се на породилно отсуство. На средбата се разговараше за состојбата за упис на децата во градинките, како и за потребата општините и директорите на градинките соодветно да го раководат процесот на прием на деца во градинките, за да се овозможи целосно искористување на капацитетите во градинките. Шахпаска информираше дека Министерството за труд и социјална политика ја следи состојбата со пандемијата КОВИД-19 во градинките на дневно ниво. Анализата покажува дека сместувањето во градинките е безбедно и дека нема внатрешна трансмисија на вирусот. Врз основа на досегашните информации бројот на заболени деца од КОВИД 19 во нив е минимален и не бележи тенденција на раст. Во однос на барањето за продолжување на породилното отсуство министерката Шахпаска информираше дека со оглед на стабилната состојба во градинките, како и поради фактот што вработените во градинките беа приоритетно вакцинирани, Министерството за труд и социјална политика достави писмено допис до Комисијата за заштита од заразни болести со кој предлага да се разгледа можноста за зголемување на бројот на деца во градинките. Согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба, во моментов е предвидено воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум по 12 деца, додека групите за децата од 2 до 10 годишна возраст да имаат по максимум 15 деца. Доколку биде прифатен нашиот предлог, образложи министерката, дополнително ќе се зголеми капацитетот на градинките, ќе можат да се примат повеќе деца, со што ќе се обезбеди грижа за децата особено во оние семејства каде што и двајцата родители работат или пак се самохрани родители. Таа нагласи дека како ресорно Министерство во чија надлежност е грижата за најмладите, децата, креирање на политики кои значат обезбедување на услови и можности за што поголем опфат на деца во предучилишно воспитание и образование е врвен приоритет. Тоа го потврдува и фактот дека за само седум месеци отворени се нови 11 градинки со опфат на нови 670 деца, а до крајот на годината ќе бидат отворени уште 13 нови градинки со дополнителни 1408 места за деца од предучилишно образование во нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-prodolzuvanje-na-porodilnoto-shahpaska-pobarala-dozvola-za-zgolemuvanje-na-grupite-vo-gradinkite/feed/ 0
Недела неработен ден наскоро во собраниска процедура, еве што значи тоа за работниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedela-neraboten-den-naskoro-vo-sobraniska-procedura-eve-shto-znachi-toa-za-rabotnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedela-neraboten-den-naskoro-vo-sobraniska-procedura-eve-shto-znachi-toa-za-rabotnicite/#respond Thu, 29 Apr 2021 07:09:00 +0000 https://kurir.mk/?p=503570

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска синоќа во телевизиско гостување се осврна и на законското решение недела – ден на неделен одмор, кое наскоро ќе влезе во собраниска процедура и кое обезбедува поголемиот дел од работниците во недела да бидат со семејствата. -За вработените во дејностите што се неопходни за функционирање на општеството обезбедуваме повисока дневница за 50 проценти, но и слободен ден во текот на неделата. Додека за вработените во трговските центри, кои ќе работат во една смена, се обезбедува за 100 проценти повисока дневница и слободен ден, додека два проценти од годишниот промет правните субјекти од овие трговски центри ќе бидат обврзани да ги уплаќаат во државниот буџет. Тие пари ќе се инвестираат за нови градинки, нагласи Шахпаска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedela-neraboten-den-naskoro-vo-sobraniska-procedura-eve-shto-znachi-toa-za-rabotnicite/feed/ 0
Шахпаска потпишува тендер, Кочо Анѓушев добива 3,6 милиони евра, народот плаќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-potpishuva-tender-kocho-angjushev-dobiva-3-6-milioni-evra-narodot-plakja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-potpishuva-tender-kocho-angjushev-dobiva-3-6-milioni-evra-narodot-plakja/#respond Tue, 06 Apr 2021 09:01:46 +0000 https://kurir.mk/?p=492989

„Брако“ веќе го наплати поголемиот дел од монтирањето на модуларните болници и нивното опремување, откако преку посебна сметка за итно справување со КОВИД-19 на Министерството за труд и социјална политика веќе му се префрлени 3,62 милиони евра на добитникот на меѓународниот тендер, пишува Фактор.мк. По добиено одобрување од Светка банка, на истекот од минатата година со велешката компанија беа потпишани два договори за набавка на модуларните болници и за набавка на мебел и немедицинска опрема. „На двата јавни повици најниска понудена цена доставена е од Брако ДОО Импорт-Експорт, Велес, Република Северна Македонија, со тоа што на меѓународниот тендер за модуларните болници оваа компанија учествуваше со заедничко вложување со друга компанија. Вкупната вредност на двата договори изнесува 287.371.490,00 денари. Како што ѝ е познато на јавноста во градовите Гевгелија, Струмица, Куманово, Кичево, Струга, Гостивар, Штип, Велес, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Скопје - Козле и Дебар веќе се инсталирани и опремени модуларните болници. Додека во Ресен и Тетово инсталацијата е во тек. Досега се исплатени 223.076.984,00 денари“, гласи одговорот од Министерството за труд и социјална политика. Повикот за набавка на 17 модуларни монтажни болници преку заем од Светска банка беше објавен лани во октомври преку “United Nations Development Business”, како и повикот за набавка на мебел и немедицинска опрема за опремување на модуларните монтажни контејнери. целиот текст може да го прочитате на Фактор.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-potpishuva-tender-kocho-angjushev-dobiva-3-6-milioni-evra-narodot-plakja/feed/ 0
ВИДЕО: Додека во време на пандемија народот е оставен сам да се снаоѓа – Заев, Филипче и Шахпаска на државна сметка со хеликоптер во посета на Прилеп! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-dodeka-vo-vreme-na-pandemija-narodot-e-ostaven-sam-da-se-sanaogja-zaev-filipche-i-shahpaska-na-drzavna-smetka-so-helikopter-vo-poseta-na-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-dodeka-vo-vreme-na-pandemija-narodot-e-ostaven-sam-da-se-sanaogja-zaev-filipche-i-shahpaska-na-drzavna-smetka-so-helikopter-vo-poseta-na-prilep/#respond Fri, 02 Apr 2021 11:52:39 +0000 https://kurir.mk/?p=491290

Премиерот Зоран Заев призна дека тој заедно со министрите од неговата Влада, Венко Филипче и Јагода Шахпаска во Прилеп пристигнале со хеликоптер на МВР. Запрашан дали пристигнале со хеликоптер, Заев одговори: -Да, со хеликоптерот на МВР, Јас, министерот Венко Филипче и Јагода Шахпаска, рече Заев. Додека состојбата со коронавирусот е на високо критично ниво и бројот на новозаразени и починати од истиот секојдневно се зголемува, и додека народот е оставен сам на себе да се снаоѓа како умее и знае, функционерите од властаси живеат лагодно. Ова претставува скандал сам по себе и исто така го потврдува фактот дека функционерите од повеќе сакаат да уживаат во благодетите кои што ги нуди истата, околку да ги засукаат ракавите и да му излезат во пресрет на својот народ, кој што поради коронакризата и недостатокот на вакцини, решението го бараат во соседна Србија. Претходно двајцата високи функционери од владата, Љупчо Николовски за викенд беше во Дубаи, додека поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски со семејството се одмараше на Мексико, за време кога низ целиот свет беснеаат повеќе мутации на коронавирус. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-dodeka-vo-vreme-na-pandemija-narodot-e-ostaven-sam-da-se-sanaogja-zaev-filipche-i-shahpaska-na-drzavna-smetka-so-helikopter-vo-poseta-na-prilep/feed/ 0
Родителите загрижено реагираат: Не знаеме колку децата ни се безбедни во градинките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-zagrizeno-reagiraat-ne-znaeme-kolku-decata-ni-se-bezbedni-vo-gradinkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-zagrizeno-reagiraat-ne-znaeme-kolku-decata-ni-se-bezbedni-vo-gradinkite/#respond Tue, 30 Mar 2021 12:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=489718

Ситуацијата со корона вирусот и понатаму е се повеќе загрижувачка. Како што може да се увиди од информациите кои ги соопштуваат стручните лица овој вирус сега удира по најмладите. По сето ова кај голем број на родителите се појавија нејасностии за тоа колку сега се безбедни градинките и дали се почитуваат протоколите. -Јас сум родител на четиригодишно девојче. Секојдневно слушаме по телевизија како овој вид на корона вирус се шири кај децата и ме интересира колку сега се безбедни градинките, дали се почитуваат протоколите и така натаму, праша мајка на фб група каде секојдневно се споделуваат искуства на родители кои децата им одат во градинка. Но токму по ваквите групи можат да се забележат најразлични одговори, искуства за тоа како функционираат градинките за време на пандемијата. -Имам 3 годишен син кој оди во градинка. Јас и мојот сопруг сме на работа и мојот син нема кој да го чува. Моето искуство говори дека децата кои одат во градинка не се доволно заштитени. Бевме две недели во изолација затоа што двете учителки на мојот син беа позитивни на вирусот. Откако учителките излегоа позитивни на вирусот неколку деца од групата беа исто така позитивни, а неколку деца не, вели друга мајка во истите тие групи. Додека сетова се случува по градинките, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во неколку нејзини изјави тврди дека состојбата во градинките е стабилна и нема простор за паника. -Состојбата во градинките е стабилна. Заедно со министертсвото за здравство будно го следиме бројот на заразени и засега нема простор за паника, изјави министерката Шахпаска. По сето ова може да се заклучи дека иако министерката Шахпаска убедува дека состојбата во градинките е безбедна, сепак во реалноста не е така и кај голем број на родители се појавуваат нејасностии за тоа колку здравјето на децата е безбедно во градинките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-zagrizeno-reagiraat-ne-znaeme-kolku-decata-ni-se-bezbedni-vo-gradinkite/feed/ 0