јахти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Mar 2022 08:52:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јахти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руски милијардери си ги кријат јахтите на Малдиви и во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-milijarderi-si-gi-krijat-jahtite-na-maldivi-i-vo-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-milijarderi-si-gi-krijat-jahtite-na-maldivi-i-vo-crna-gora/#respond Thu, 03 Mar 2022 08:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=639951

Руските милијардери вложуваат големи напори за да си ги заштитат нивните суперјахти, пишува американскиот магазин Robb Report. Поради санкциите воведени против Русија, руските милијардери поврзани со рускиот претседател Владимир Путин одлучиле да ги преместат нивните јахти со цел да избегнат запленување. Податоците од Marine Traffic покажуваат дека најмалку 4 повеќемилионски суперјахти во сопственост на руски бизнисмени моментално пловат во безбедните води на Малдиви и на Црна Гора, пишува CNBC. Овие селидби доаѓаат во момент кога САД и сојузниците сакаат да спроведат повеќе санкции против Русија. Администрацијата на Бајден неодамна најави дека цел ќе бидат руските олигарси и нивниот имот. Франција исто така направи список од имот во сопственост на руски милијардери, а кој може да биде запленет под санцкии на ЕУ. Како одговор на тоа, руски милијардери како Вагит Алекперов, претседател на Лукоил, почна да ги преместува неговите скапи бродови за да ги заштити. Неговата раскошна суперјахта Heesen, позната како Galactika Super Nova, ја напушти Барселона и се очекува наредните денови да пристигне во Црна Гора. Три други јахти во сопственост на руски тајкуни сега пловат на Малдиви. Александар Абрамов пристигна на Малдиви на 28 февруари. Јахтата Нирвана на Владимир Потанин исто така наводно е на Малдиви. Црна Гора и Малдиви моментално немаат договори за испорачување со САД. Но, двете земји се членки на ОН, кои остро ја осудија руската инвазија. Можеби пловидбата на суперјахтите назад во Русија е најбезбдната опција, пишува Robb Report. Според Guardian, властите во покраината Хамбург ја конфискувале јахтата на рускиот милијардер Алишер Усманов, вредна 600 милиони долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-milijarderi-si-gi-krijat-jahtite-na-maldivi-i-vo-crna-gora/feed/ 0
Николоски: Власта сака нафтата да поскапи за неколку олигарси на грбот на народот да си ги одржуваат мерцедесите, вилите на Халкидики и јахтите во Хрватска и Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vlasta-saka-naftata-da-poskapi-za-nekolku-oligarsi-na-grbot-na-narodot-da-si-gi-odrzuvaat-mercedesite-vilite-na-halkidiki-i-jahtite-vo-hrvatska-i-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vlasta-saka-naftata-da-poskapi-za-nekolku-oligarsi-na-grbot-na-narodot-da-si-gi-odrzuvaat-mercedesite-vilite-na-halkidiki-i-jahtite-vo-hrvatska-i-grcija/#respond Wed, 15 Apr 2020 13:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=332686

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека власта бара покачување на акцизата на нафта се со цел одредени олигарси во Република Македонија да можат на грбот на народот да ги одржуваат скапо купените коли, јахти и вили на Халкидики. Како што рече тој барањето за покачување на акцизата на нафтата треба да се отфрли бидејќи е недозволиво во економска криза да се профитира на грбот на граѓаните. Барањето за покачување на акцизата треба да се отфрли. За жал олигарсите во Македонија кои што во една друга криза во 90тите години кога се распаѓаше Југославија и кога имаше војни на територија на Поранешна Југославија успеа буквално за без пари да ги земат македонските фирми и да станат газди на истите, за подоцна со овие чекори да станат олигарси и тие се тие кои што сега повторно сакаат да профитираат. За жал имаат еден брак од интерес со СДСМ кој што трае уште тој период на 90тите години, а тој брак од интерес постои и денес и се обидуваат во време на криза дополнително се збогатат. Оваа мерка се однесува само на неколку олигарси во Македонија за кој јас сум свесен дека имаат големи трошоци, на пример имаат по неколку мерцедиси кои што треба годишно да ги одржуваат, имаат по неколку вили и во Македонија и на Халкидики кои што треба да ги одржуваат, дел од нив имаат и јахти паркирани на хрватското или грчкото приморје кои што треба да ги одржуваат. Но, тоа не смее да се прави на грбот на граѓаните. Ова е недозволиво, богатење на олигархијата во време на криза е ништо друго освен профитерство на мака на народот и затоа се прави оваа мерка со акциза на нафтата, вели потпретседателот Николоски, во телефонски разговор за дневникот на Канал 5. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vlasta-saka-naftata-da-poskapi-za-nekolku-oligarsi-na-grbot-na-narodot-da-si-gi-odrzuvaat-mercedesite-vilite-na-halkidiki-i-jahtite-vo-hrvatska-i-grcija/feed/ 0