јаја туре – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Nov 2019 09:56:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јаја туре – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Туре: На ФИФА му се потребни луѓе кои ќе му дадат внимание на прашањето со расизмот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ture-na-fifa-mu-se-potrebni-lugje-koi-kje-mu-dadat-vnimanie-na-prashanjeto-so-rasizmot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ture-na-fifa-mu-se-potrebni-lugje-koi-kje-mu-dadat-vnimanie-na-prashanjeto-so-rasizmot/#respond Thu, 14 Nov 2019 09:56:54 +0000 https://kurir.mk/?p=263959

Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, Јаја Туре, упати замерка до Светската фудбалска федерација со третирањето на проблемот со расизмот на стадионите. – Мора да има решение. На ФИФА им се потребни луѓе кои ќе внимаваат на ова прашање. Мислам дека сега, при такви инциденти, играчите само треба да го напуштат теренот. Ова ќе биде сигнал за ФИФА и УЕФА, кои ќе сфатат дека овие играчи се важни. Јас навистина би сакал да ја видев Англија како го напушта теренот во натпреварот со Бугарија. Би бил среќен. Ние мора да имаме луѓе кои ќе сторат сè како што треба. Можеме да одиме на телевизија и да разговараме за тоа, но тоа не значи дека луѓето на високи позиции во фудбалот ќе реагираат, истакна Туре.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ture-na-fifa-mu-se-potrebni-lugje-koi-kje-mu-dadat-vnimanie-na-prashanjeto-so-rasizmot/feed/ 0
Јаја Туре доби отказ од Олимпијакос по само три месеци https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jaja-ture-dobi-otkaz-od-olimpijakos-po-samo-tri-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jaja-ture-dobi-otkaz-od-olimpijakos-po-samo-tri-meseci/#respond Tue, 11 Dec 2018 17:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=138843

Јаја Туре, кој беше еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, на крајот од неговата кариера не е доволно добар за грчкиот шампионат. Поранешниот играч на Манчестер Сите беше отпуштен од Олимпијакос по само три месеци минати во клубот од Пиреја. Тој во Пиреја настапуваше и во сезоната 2005-2006 година, каде одигра 20 натпревари, пред да се пресели во Монако. Тренерот Педро Мартинс на интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска најчесто му даваше шанса од клупата, а само во пет натпревари, тој одигра околу 220 минути фудбал. Јаја Туре не покажа посебна форма, a како што пишуваат грчките весници, една од причините за тоа може да биде вишокот килограми. Туре играше и за Беверен, Металург Доњецк, Монако и Барселона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jaja-ture-dobi-otkaz-od-olimpijakos-po-samo-tri-meseci/feed/ 0
ГОРИ ПИРЕЈА: Големата ѕвезда на Манчестер Сити пристигна во Олимпијакос за рекордна плата, навивачите полудеа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gori-pireja-golemata-dzvezda-na-manchester-siti-pristigna-vo-olimpijakos-za-rekordna-plata-navivachite-poludea-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gori-pireja-golemata-dzvezda-na-manchester-siti-pristigna-vo-olimpijakos-za-rekordna-plata-navivachite-poludea-video/#respond Mon, 03 Sep 2018 12:02:43 +0000 https://kurir.mk/?p=95707

Јаја Туре се врати се врати меѓу црвено-белите! Еден од најдобрите африкански фудбалери во 21 век повторно е дел од Олимпијакос, клубот од каде се вивна меѓу ѕвездите на светскиот фудбал. Искусниот играч од средниот ред си замина ова лето од Манчестер Сити без оштета и скоро целиот преоден рок траеше дилемата каде ќе ја продолжи кариерата, а потоа во последен момент реши да се „врати дома“. Иако се споменуваа Тотенхем , Вест Хем, Арсенал, па дури и Фулам и Вотфорд, на крајот тој реши да не остане во Англија, туку да се врати таму каде што ја стекна првата поголема афирмација во Европа.

#MondayFeeling! #olympiacos #YayaToure #YayaIsBack

A post shared by olympiacosfc (@olympiacosfc) on

За тоа сигурно удел имало и финансиската понуда од клубот од Пиреја, кој само за потписот му даде 2 милиони евра, а во текот на едногодишниот договор ќе добие уште 2.45 милиони како плата, што го прави најплатен играч во Грција. Туре далечната 2005 пристигна во Олимпијакос од Металург Доњецк за 3 милиони евра, а многу брзо се покажа како играч за големи натпревари, па следеше трансфер во Монако и потоа во Барселона, од каде во 2010 година пристигна во Манчестер Сити, кој го направи најплатен играч на светот. Сега после 13 години тој е повторно дома, а навивачите на Олимпијакос во свој стил му приредија огнен пречек. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gori-pireja-golemata-dzvezda-na-manchester-siti-pristigna-vo-olimpijakos-za-rekordna-plata-navivachite-poludea-video/feed/ 0
Туре потпиша за Олимпијакос https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ture-potpisha-za-olimpijakos/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ture-potpisha-za-olimpijakos/#respond Mon, 03 Sep 2018 07:57:08 +0000 https://kurir.mk/?p=95544

По 12 години, фудбалерот од средниот ред Јаја Туре се врати во Олимпијакос. Неговиот договор со Манчестер Сити истече ова лето и тој одлучи да продолжи во Грција.

Туре имаше примамливи понуди од Вест Хем, како и од тимови од САД и Кина.

- Чест ми е што се враќам во Олимпијакос. Кога си заминував од тука кажав дек аеден ден ќе се вратам и го одржав ветувањето. Сакам трофеи со Олимпијакос, изјави Туре.

35-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска, во својата кариера има играно и за Беверен, Мателург Доњецк, Монако, Барселона и Манчестер Сити.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ture-potpisha-za-olimpijakos/feed/ 0
Јаја Туре ќе ја продолжи кариерата во Олимпијакос https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jaja-ture-kje-ja-prodolzi-karierata-vo-olimpijakos/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jaja-ture-kje-ja-prodolzi-karierata-vo-olimpijakos/#respond Wed, 29 Aug 2018 17:24:59 +0000 https://kurir.mk/?p=93829

Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Јаја Туре, во следните неколку дена ќе потпише договор со Олимпијакос, објавија британските медиуми повикувајќи се на извори блиски до грчкиот клуб. На Туре минатата сезона му истече договорот со Сити и досега 35-годишниот фудбалер не можеше да најде ангажман. Утрово неговиот агент Димитриј Селук соопшти дека Туре ги поминал лекарските прегледи и дека во следниот период ќе потпише договор без да го соопшти клубот. Олимпиакос оваа сезона има амбиции повторно да се бори за титулата во грчкиот шампионат, па поради тоа искусниот фудбалер е посакуван играч во нивните редови. Воедно Туре веќе има настапувано за грчкиот клуб во сезоната 2005/06 пред да замине во Монако.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jaja-ture-kje-ja-prodolzi-karierata-vo-olimpijakos/feed/ 0
Пеп жестоко одговори на обвинувањата од Јаја Туре за расизам https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pep-zestoko-odgovori-na-obvinuvanjata-od-jaja-ture-za-rasizam/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pep-zestoko-odgovori-na-obvinuvanjata-od-jaja-ture-za-rasizam/#respond Mon, 11 Jun 2018 11:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=64535

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола кратко одговори на обвинувањата од својот поранешен играч, Јаја Туре. Туре, веднаш по завршувањето на договорот со Сити, го обвини Гвардиола дека е расист и оти не сака Африканци. Во тоа интервју Туре наведе дека кај Пеп ретко може да се види многу Африканци во екипата и оти тоа најверојатно е еден од причините зашто тој не доби голема минутажа кај Шпанецот. Пеп ја отфрли можноста за какви било расистички основи во своето бирање на екипата и рече дека тоа што го кажа Туре е голема лага. -Тоа е лага и тој (Јаја Туре) тоа го знае. Поминавме две години (во Сити) заедно и сега се реши тоа на сите да им го каже, а никогаш тоа ми го кажа во лице, изјави Гвардиола за шпанскиот портал Спорт. Шпанецот исто така рече дека никогаш нема да се врати во Барселона, и оти причина за неговото заминување од Каталонија било чувството на „испразнетост“, па сакал да оди некаде на друго место и таму да се докаже.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pep-zestoko-odgovori-na-obvinuvanjata-od-jaja-ture-za-rasizam/feed/ 0
Туре е подготвен да игра за плата од една фунта неделно https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ture-e-podgotven-da-igra-za-plata-od-edna-funta-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ture-e-podgotven-da-igra-za-plata-od-edna-funta-nedelno/#respond Tue, 05 Jun 2018 14:58:45 +0000 https://kurir.mk/?p=62623

Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Јаја Туре е подготвен да игра за плата од една фунта неделно во кој било од клубовите кои се пласираа на првите шест позиции во Премиер лигата, тврди неговиот агент Димитри Селук. Туре изнесе серија обвинувања на сметка на Пеп Гвардиола, потенцирајќи дека тренерот намерно му ја уништил последната сезона. Во меѓувреме се огласи и неговиот агент Селук, кој дополнително ги интензивираше критиките.

- Не постои ништо добро што би можело да се каже за Гвардиола, истакна Селук.

Туре има 35 години, а во Сити играше во последните осум сезони. Но, во тимот што го гради Гвардиола за него немаше место како играч.

- Јаја Туре имаше многу понуди од разни држави и можеше да наплати енормни суми. Но, сепак, одлучивме следната сезона да му ја посветиме на Гвардиола и да му докажеме дека Туре не е истрошен фудбалер и дека може да игра во Англија. Затоа сме подготвени да прифатиме понуда од Премиер лигата, дури и за неделна плата од една фунта. Секако, тука не се вклучени бонусите. Верувам дека играч како што е Туре би бил од полза за Арсенал, Челзи, Јунајтед, Тотенхем и Ливерпул, потенцира Селук.

Туре меѓу бројните обвинувања наведе дека Гвардиола „не ги сака африканските фудбалери“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ture-e-podgotven-da-igra-za-plata-od-edna-funta-nedelno/feed/ 0
Тешки обвинувања: Туре вели дека неговиот тренер Гвардиола е расист https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/teshki-obvinuvanja-ture-veli-deka-negoviot-trener-gvardiola-e-rasist/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/teshki-obvinuvanja-ture-veli-deka-negoviot-trener-gvardiola-e-rasist/#respond Mon, 04 Jun 2018 19:04:48 +0000 https://kurir.mk/?p=62334

Африканскиот играч од средниот ред, Јаја Туре го обвини менторот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, за расизам. Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска објави една интересна случка, во која се почувствувал како предмет на расистички напади од шпанскиот тренер, во интервју за „Францс фудбал“. Минатата сезона, Туре играше за „граѓаните“, но неговиот договор со клубот заврши. -Јас бев втор капитен, а Гвардиола кажа пред сите дека сум изгледал деморализиран. Тој ми кажа да одам кај раководството на клубот и да разговарам со нив, ако не сакам да останам во тимот. Имав чувство дека Пеп сака да ја уништи мојата последна сезона во Сити. Почнав да се прашувам дали бојата на мојата кожа е причината за овој однос. И јас не бев единствениот што се прашуваше тоа, изјави Туре. Халфот објасни и дека некои играчи во Барселона, додека каталонецот го водел тимот, се чувствувале на сличен начин. -Додека бил во Барселона, некои фудбалери во тимот исто така се чувствувале како да се дискриминирани. Можеби африканските фудбалери не се третираат на ист начин како другите. Гвардиола се преправа дека нема проблеми со темнокожите фудбалери. Премногу е интелигентен, за да го покаже тоа јавно. Тој никогаш нема да го признае тоа, додава играчот од средниот ред. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/teshki-obvinuvanja-ture-veli-deka-negoviot-trener-gvardiola-e-rasist/feed/ 0
Јаја Туре: Би го облекол дресот на Jунајтед поради Погба https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jaja-ture-bi-go-oblekol-dresot-na-junajted-poradi-pogba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jaja-ture-bi-go-oblekol-dresot-na-junajted-poradi-pogba/#respond Wed, 23 May 2018 14:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=57560

Доскорешниот фудбалер на Манчестер сити, Јаја Туре призна дека би го облекол дресот на најголемиот ривал Манчестер јунајтед, со цел да има можност да работи со Пол Погба. Откако заврши ангажманот на Туре во Сити, дел од новинарите се интересираа дали ќе премине во тимот на градскиот ривал.

- На Погба му е тешко поради начинот на кој медиумите се однесуваат кон него. Немаме ист начин на игра, бидејќи јас трчав насекаде. Но, како и јас, и тој е силен. Тактички е многу добро подготвен и способен да постигнува голови...Тој е фудбалер со кого би сакал да играм, истакна Туре и додаде дека Погба има што да научи од него.

Туре по осум години на крајот од сезоната замина од Сити и потенцира дека му е тешко да избере нов клуб.

- Толку многу остварив со Сити. Сакам да најдам нов клуб со кој ќе можам да играм на високо ниво, можеби во Лигата на шампионите или во Лига Европа. Можеби ќе играм уште две години, а потоа ќе се посветам на нешто друго, наведе фудбалерот.

Претходно Туре настапуваше за Барселона и Монако. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jaja-ture-bi-go-oblekol-dresot-na-junajted-poradi-pogba/feed/ 0
Јаја Туре по осум години си оди од Манчестер сити https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jaja-ture-po-osum-godini-si-odi-od-manchester-siti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jaja-ture-po-osum-godini-si-odi-od-manchester-siti/#respond Sat, 05 May 2018 07:05:19 +0000 https://kurir.mk/?p=50066

Јаја Туре на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер сити, потврди тренерот Пеп Гвардиола. На фудбалерот во јуни му истекува договорот и по осум години ќе го напушти „Етихад“.

- Јаја дојде овде кога почна целата оваа авантура. Тука сме поради сето она што го направи за клубот. Не смееме да го заборавиме периодот на Роберто Манчини и Мануел Пелегрини, кога Јаја беше еден од клучните играчи во тимот. На натпреварот против Брајтон ќе му приредиме најубаво можно испраќање за еден играч, истакна Гвардиола.

Сити против Брајтон ќе игра во среда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/jaja-ture-po-osum-godini-si-odi-od-manchester-siti/feed/ 0