јаким неделков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Mar 2023 16:21:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јаким неделков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПО ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ: Децата исплашени, родителите „зовриени“ почнуваат да се самоорганизираат за акција – СОНК и МОН разговарале за загубените часови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dojavite-za-bombi-detsata-isplasheni-roditelite-zovrieni-pochnuvaat-da-se-samoorganiziraat-za-aktsija-sonk-i-mon-razgovarale-za-zagubenite-chasovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dojavite-za-bombi-detsata-isplasheni-roditelite-zovrieni-pochnuvaat-da-se-samoorganiziraat-za-aktsija-sonk-i-mon-razgovarale-za-zagubenite-chasovi/#respond Thu, 02 Mar 2023 10:37:33 +0000 https://kurir.mk/?p=807037

Исплашени деца, револтирани родители, институции кои велат дека нешто прават, а всушност креваат раменици. Дојавите за бомби го парализираа образовниот процес на децата. Последиците од немирот, стравот и паниката кај децата допрва можат да го земат данокот. Рекорден број дојави за бомби се регистрирани во текот на вчерашниот ден. 120 пријави во училишта во Скопје, сите лажни утврди МВР. Дојави за бомби има и денеска. Како ќе се надоместат големиот број загубени часови се уште не е познато. Од МОН минатата недела испратиле допис за итни мерки што треба да ги преземат за непречено реализирање на воспитно-образовниот процес во безбедна и стимулирачка работна средина. Организирање на учење на далечина (онлајн-настава) е една од насоките на МОН. Подобро он-лајн настава отколку стресна евакуација е ставот на СОНК. Претседателот Јаким Неделков во изјава за Курир вели дека за целата ситуација која трае со месеци нема соломонско решение, но дециден е дека безбедноста е пред се’.
-Надлежните институции мора да изнајдат решение во однос на безбедноста. Како земја членка на НАТО мора посериозно да се залагаат нашите институции да го решат ова, но и меѓународните партнери да помогнат. Изгубените часови се на штета на учениците. Сите знаеме каков е квалитетот на он-лајн наставата, но подобро тоа отколку никаква настава. Не смееме да се замајуваме и да мислиме дека дојавите се проформа, вели Неделков за Курир.
По однос на тоа како ќе се надоместат загубените часови, Неделков вели дека имале неколку средби со МОН на кои дискутирале за тоа, но засега нема конкретна одлука по ова прашање. Родителите се се погласни дека сите граници на, како што велат, неспособноста на институциите се поминати. Трпение веќе нема, социјалните мрежи се „вжештени“, а почнуваат и првите поконретни чекори за нешто да се превземе. Адвокатот Јанаки Митровски преку социјалните мрежи вчера побара идеи од родителите за самоорганизирање со цел да се изврши притисок врз институциите. Во изјава за Курир вели дека се уште нема ништо конкретно, но идеите постојат.
-Оставени сме сами на себе, а ситуацијата со дојавите за бомби трае со месеци. Не можеме родителите постојано да излегуваме од работа. Лично сум против онлајн настава бидејќи се покажа како контрапродуктивно за образованието и социјализацијата на децата. Има од родители некои идеи за како да се самоорганизираме, но засега ништо конкретно не е одлучено, вели Митровски за Курир.
  Во меѓувреме МВР вели, работат на расчистување на случаите. А расчистени беа само случаите каде малолетници, поттикнати од првичните и сеуште актуелни дојави, пријавуваа поставување на бомби.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dojavite-za-bombi-detsata-isplasheni-roditelite-zovrieni-pochnuvaat-da-se-samoorganiziraat-za-aktsija-sonk-i-mon-razgovarale-za-zagubenite-chasovi/feed/ 0
СОНК: Учебната година да почне со нова енергија и надеж https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-uchebnata-godina-da-pochne-so-nova-energija-i-nadez/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-uchebnata-godina-da-pochne-so-nova-energija-i-nadez/#respond Thu, 01 Sep 2022 09:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=727112

Успешна нова учебна година на вработените во образованието им посака лидерот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков. -Почитувани колеги, Дозволете ни да Ви посакаме оваа нова учебна година да отпочне со нова енергија, нова надеж, нови синдикални искуства и успеси … Да ги научиме учениците за работи што не ги знаеле досега. Посакуваме да го извлечеме најдоброто од учениците во оваа претстојна година со нашата напорна работа и трпение. Сѐ најдобро! Среќен почеток!, напиша Неделков на Фејсбук. Наставниците со платата за септември ќе добијат зголемување од 15 отсто договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетта. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура вчера ја објави потпишаната Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование. Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Јаким Неделков и министерот Шаќири, стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-uchebnata-godina-da-pochne-so-nova-energija-i-nadez/feed/ 0
СОНК и МТСП на нова средба за платите на вработените во градинките кои штрајкуваа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-i-mtsp-na-nova-sredba-za-platite-na-vrabotenite-vo-gradinkite-koi-shtrajkuvaa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-i-mtsp-na-nova-sredba-za-platite-na-vrabotenite-vo-gradinkite-koi-shtrajkuvaa/#respond Fri, 20 May 2022 06:50:29 +0000 https://kurir.mk/?p=679311

Во Министерството за труд и социјална политика претпладнево ќе се оддржи нова средба помеѓу министерката Јованка Тренчевска и претседателот на Синдикатот за образование наука и култура, Јаким Неделков, за изнаоѓање решение околу исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот, организиран од СОНК. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по последната средба со Неделков на 17 мај, изјави дека ги приближуваат ставовите со СОНК и оти очекува до крајот на неделава да биде постигнат договор. – Блиску сме до конечно решение. Се разговара за повеќе понудени предлог решенија и од МТСП и од страна на СОНК и дојдовме до приближување на ставовите кон она што значи решавање на спорот. Во текот на неделата продолжуваме повторно со дијалогот. Се надевам дека до крајот на неделава ќе имаме потпишано спогодби и конечно решение во однос на одлуката на штрајк во предучилишните установи. Тоа треба да биде во интерес и на МТСП и на СОНК односно вработените во градинките, а да е во согласност со законот, рече Тренчевска по средбата со Неделков. И претседателот на СОНК изрази оптимизам дека е можно да се дојде до решение, но, потенцира, доколку тоа не се случи може да има последици на одлуката за прекин или продолжување на штрајкот. -Убедени сме дека и овој проблем позитивно ќе биде решен до крајот на неделата. Тоа не би требало се чини да биде сламка на сопнување, од аспект на тоа што има добра волја од двете страни да се надмине ситуацијата, рече Неделков. По повеќедневни преговори со посредство на медијатор, СОНК во вторникот постигна договор со МОН платите на вработените во образованието од септември да се зголемат за 15 проценти и да нема кратење на платите за периодот додека траеше штрајкот. Истото ќе важи и за вработените во градинките. Генералниот штрајк на СОНК кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога Синдикатотот беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства. Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На 28 април, штрајкот беше ставен во мирување откако Синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со посредство на медијатор. По назначувањето на медијаторот, почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-i-mtsp-na-nova-sredba-za-platite-na-vrabotenite-vo-gradinkite-koi-shtrajkuvaa/feed/ 0
До вторник ќе се знае – наставниците со повисоки плати или повторно штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-vtornik-kje-se-znae-nastavnicite-so-povisoki-plati-ili-povtorno-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-vtornik-kje-se-znae-nastavnicite-so-povisoki-plati-ili-povtorno-shtrajk/#respond Fri, 13 May 2022 17:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=676469

Повторното активирање на штрајкот во образованието ќе зависи од резултатите од договорот со посредници кој се очекува да биде склучен на почетокот на следната недела. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков по денешната рунда преговори изјави дека е постигнато усогласување за некои ставови, но како што рече, сега не може да се тврди дали ќе се постигне договор или дали штрајкот повторно ќе се активира. Она за што генерално е договорено е колективниот договор, но и тоа треба да се прецизира. Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека независно од крајниот исход, образовниот процес не смее повторно да се прекинува. Тој додаде дека навременото завршување на учебната година за основното образование ќе зависи од извештаите за работа доставени од директорите на училиштата и мислењето на Бирото за развој на образованието. „Доколку постои можност сè да биде завршено и реализирано во оваа учебна година, затоа што имаме работа само со деветто одделение кое продолжува во средно образование, но со другите одделенија можеме да видиме можност нешто да се дополни и со спроведувањето на програмата следната година“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука Од СОНК вчера одржаа средба и со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, која соопшти дека вработените во градинките кои штрајкуваа, нема да земат целосни плати за април. Таа додаде дека се бара законско решение за неисплатените пари да им бидат дадени во наредните месеци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-vtornik-kje-se-znae-nastavnicite-so-povisoki-plati-ili-povtorno-shtrajk/feed/ 0
Неделков: На почеток на преговорите сме, изгубените часови да се надополнат и учебната година да заврши на 10 јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-na-pochetok-na-pregovorite-sme-izgubenite-chasovi-da-se-nadopolnat-i-uchebnata-godina-da-zavrshi-na-10-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-na-pochetok-na-pregovorite-sme-izgubenite-chasovi-da-se-nadopolnat-i-uchebnata-godina-da-zavrshi-na-10-juni/#respond Wed, 04 May 2022 11:49:52 +0000 https://kurir.mk/?p=671679

На почеток на преговорите сме, односно за волја на вистината, што е добар сигнал, продолжуваме каде што сме застанале. За среќа не почнуваме од нула, што би ни одзело многу време и енергија, туку продолжуваме каде што застанавме, изјави денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков. – Реално сите имаме очекувања да излеземе од овој штрајк со позитивен резултат и не како победници, туку како социјални партнери, кои ќе најдат заедички прифатливи решенија, каде што нема да има победници и губитници. Ние ја отворивме Пандорината кутија за подигнување на работничката свест, за подигнување на барањата на работниците во однос на почитување на законите и колективните договори, особено овој закон за минималната плата, со кој апсолутно секој работник во државата е засегнат. Тоа е можеби најголемиот успех што СОНК го направи во име на сите работници во државата. Најголемата придобивка е отворање на Пандорината кутија за усогласување на платите во сите дејности и во приватниот и во јавниот сектор, рече Неделков. Неделков потенцира дека имаат рок од десет дена за усогласување на ставовите по однос на медијацијата и ако во текот на тој рок не се постигне договор, тогаш ќе мора да се продолжат преговорите за уште десет дена. – Десет дена ни е рокот за усогласување на ставовите по однос на медијацијата. Постои законска одредба, кога еден од партнерите не е задоволен од постигнатите резултати, поднесува барање за продолжување за десет дена. Сакам да бидам оптимист и убеден дека за десет дена ќе најдеме решенија, ако не ќе мора да одиме на уште десет дена. Што ако Владата остане тврда на ставовите дека има толку средства и дека не може да излезе од тие рамки? Тогаш органите на одлучување на СОНК ќе расправаат за тоа што е понудено, да донесат одлука што понатаму. Јасно е дека штрајкот е ставен во мирување, таа одлука треба да се потврди, односно да се отповика или да се активира штрајкот, рече тој. Потсети дека во петокот првично имале работна средба со МОН и медијаторот, кој што по службена должност беше предложен од МТСП, на кој биле утврдени начинот на разговорите, принципите што значи медијација, кои се надлежностите на медијаторот. Втемелени биле барањата, кои што СОНК писмено ги има доставено до МОН . Во однос на учебната година, Неделков рече дека работа на Бирото за развој на образованието е да процени колку наставни часови им фалат на наставниците и да се направи програма која што ќе се реализира до 10 јуни, со што учебната година би завршила согласно закон. – Постои основ, министерот за образование има дискреционо право по 100 одработени наставни денови да ја верифицира годината како завршена, не постои опасност од кршење на некој закон дека не се реализирани 180 наставни денови, изјави Неделков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-na-pochetok-na-pregovorite-sme-izgubenite-chasovi-da-se-nadopolnat-i-uchebnata-godina-da-zavrshi-na-10-juni/feed/ 0
Неделков: Вчерашниот протест е обид да се ослабат позициите на СОНК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-vcherashniot-protest-e-obid-da-se-oslabat-poziciite-na-sonk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-vcherashniot-protest-e-obid-da-se-oslabat-poziciite-na-sonk/#respond Fri, 29 Apr 2022 12:08:47 +0000 https://kurir.mk/?p=669760

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков го оцени вчерашниот протест на дел од членството како обид да се ослабат позициите на синдикатот. Просветните работници кои вчера се собраа на протест пред седиштето на СОНК, според Неделков, се најверојатно изманипулирани или неинформирани. -Вакви неидентификувани собирања каде не знаеме кој е организатор, ниту која е целта, не води кон ништо и веројатно тоа е добар обид за ослабување на позициите на СОНК, разбивање на единството на СОНК, кое на крајот на денот ќе биде желба за секој којшто му пречи СОНК да биде единствениот и најсилен синдикат во државата. Од тука треба да се почне – која е целта на ваквите жестоки реакции, рече Неделков на денешната прес-конференција. Тој најави дека ваквите собирања нема да го поколебаат да работи според закон и да се залага за правата на работниците. -Досега сме имале многу штрајкови и секогаш сме излегувале со резултати, меѓутоа вакво т.н. спонтано собирање на двапати не личи на просветни работници. Јас на секому ќе му се извинам ако го навредам, меѓутоа ваквото однесување не води кон ништо. Секој нека биде свесен дека мене нема да ме поколеба да работам согласно закон, да градам партнерски однос и да се залагам за правата на работниците, рече Неделков. Од СОНК упатија апел до членството да не потпаѓа на дезинформации и уверуваат дека одлуката да се стави штрајкот во мирување е согласно закон. За денеска во 14 часот, како што информира Неделков, веќе е закажана првата средба со медијаторот кој вчера беше назначен од страна на Министерството за труд и социјална политика. Советот на СОНК вчера донесе одлука да го стави штрајкот во мирување откако до него беше доставено известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука е подготвено за мирно решавање на спорот. Неделков најави дека доколку во периодот на мирно решавање на спорот, не се изнајдат соодветни решенија, штрајкот повторно ќе биде активиран. По објавувањето на одлуката дека штрајкот се става во мирување, дел од членството на СОНК се собра пред седиштето на синдикатот, барајќи од претседателот на СОНК да објасни зошто штрајкот е ставен во мирување. Максималниот рок на мирното решавање на споровите е 20 дена. Медијатор во спорот, како што вчера објави министерката за труд и социјална политика, е Драгица Исаиловска-Митровска. -Таа е непристрасна, го знае правото, Законот за работни односи и законите за образование и има компетенции да биде помирувач. Со нејзината улога верувам дека ќе стигнеме до решение. Ќе има преставници на МОН, на СОНК и заедно со медијаторот ќе учевствуваат во преговорите, изјави вчера министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-vcherashniot-protest-e-obid-da-se-oslabat-poziciite-na-sonk/feed/ 0
Штрајкот во образованието ставен во мирување, дел од членството на СОНК незадоволно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/shtrajkot-vo-obrazovanieto-staven-vo-miruvanje-del-od-chlenstvoto-na-sonk-nezadovolno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/shtrajkot-vo-obrazovanieto-staven-vo-miruvanje-del-od-chlenstvoto-na-sonk-nezadovolno/#respond Fri, 29 Apr 2022 05:46:02 +0000 https://kurir.mk/?p=669485

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го стави штрајкот во мирување откако доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука пристапува кон мирно решавање на спорот. Од денес, учениците треба да се вратат на настава, но дел од членството на СОНК незадоволно од најновата одлука на синдикатот вчера протестираше барајќи одговорност од првиот човек на синдикатот. Велат дека оние деца што ќе дојдат во училиште, нема да бидат вратени. – Сите оние кои утре ќе дојдат во училиште, ќе бидат прифатени. Ние ќе бидеме во училиште, ако дојдат деца, ќе ги примиме. Ако треба ќе држиме и настава, изјавија дел од наставниците кои вчера се собраа пред седиштето на СОНК. Порачаа дека не им се важни процентите за зголемување на платите, туку колективните договори. Се чувствуваат изиграни од претседателот на синдикатот. – Се ретерира без знаење на членството и се носи одлука за која членството не е информирано. Тука сме да изразиме револт. Ние сме базата, ние сме членството и должен е Неделков да дојде и да објасни зошто ја промени одлуката, изјавија незадоволните членови на синдикатот. Од СДСМ ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека се обидува да прави притисок врз членовите на СОНК. – Откако СОНК објави дека штрајкот е во мирување,согласно Законот за мирно решавање на работни спорови, граѓаните гледаат како ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очајно прават притисоци врз членовите на СОНК и директорите на училиштата во општините раководени од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите обиди на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им прават штета и на наставниците и на членовите на СОНК, наведе СДСМ. Одлуката дека штрајкот се става во мирување ја објави претседателот на СОНК Јаким Неделков, кој изјави дека е направена консултација со правни лица и дека мора да се постапи согласно законот. Најави дека доколку во периодот на мирно решавање на спорот, не се изнајдат соодветни решенија, штрајкот повторно ќе биде активиран. – Ќе мора да постапиме согласно закон и штрајкот да го ставиме во мирување. Тоа значи дека одлуката за влегување во генерален штрајк ја ставаме во мирување се додека не се реши спорот. Убедени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Доколку не се усогласиме со ставовите со ресорното Министерство за образование и наука, штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам дека до тоа нема да дојде, изјави Неделков. Максималниот рок на мирното решавање на споровите е 20 дена, а првичниот рок е 10 дена. – Доколку за 10 дена една од страните не е задоволна, се бара формирање на дополнително тело на помирување, така што максимум за 20 дена треба да заврши постапката, вели Неделков. Од СОНК се надеваат дека платите ќе бидат зголемени, дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени и дека колективните договори за основно и средно образование и за детска заштита ќе бидат потпишани и утврдени со рокови. Министерството за образование и наука ја поздрави одлуката на СОНК, која, како што оцени, е во интерес на учениците и континуитетот на процесот на образование. – Тргнувајќи од итноста за заштита на јавниот интерес на граѓаните, правото на образование и последиците кои можат да настанат во случај кога овој процес е прекинат, а воедно земајќи ги предвид и барањата на СОНК, Министерството за образование и наука постапи согласно Законот за мирно решавање на работните спорови и во текот на денешниот ден упати барање до Министерството за труд и социјална политика за одредување на помирувач во овој процес. Со оваа одлука, Министерството за образование и наука ја искажува спремноста за продолжување на процесот на преговори со социјалните партнери и изнаоѓање на најдоброто решение за сите во овој случај, наведе МОН во соопштението. Според министерот за образование и наука Јетон Шаќири, во преговорите не треба да се застане само на минималната плата, туку да се разгледаат и други начини за мотивација и подобрување на образовниот процес. За телевизија Телма, Шаќири вчера изјави дека предлогот за мирно решавање на спорот не е предложен порано затоа што се надевал дека со синдикатот ќе постигнат позитивен договор. Медијатор во спорот ќе биде Драгица Исаиловска-Митровска. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска верува дека Исаиловска-Митровска со нејзиното долгогодишно искуство ќе придонесе да се најде решение. – Таа е непристрасна, го знае правото, Законот за работни односи и законите за образование и има компетенции да биде помирувач. Со нејзината улога верувам дека ќе стигнеме до решение. Ќе има преставници на МОН, на СОНК и заедно со медијаторот ќе учевствуваат во преговорите, изјави вчера Тренчевска за телевизија 24. Според Тренчевска, наставниците треба да се вратат на работа бидејќи штрајкот е ставен во мирување, а доколку тоа не го сторат, тогаш ќе се смета дека се неоправдано отсутни и ќе се постапи согласно Законот за работни односи, поточно може да изгубат работа или да биде покрената дициплинска постапка против нив. – Кога се пристапува кон мирно решавање на спорот, штрајкот се става во мирување. Советот на СОНК постапил согласно закон и кога е прифатена медијацијата, штрајкот се става во мирување. Ако не се вратат наставниците на работа и продолжуваат со штрајкот кој веќе е прекинат со одлука на СОНК, тогаш ќе си сносат одговорност согласно Законот за работни односи – може да изгубат работа, да биде покрената дициплинска постапка…., рече Тренчевска. Штрајкот на вработените во основните и средните училишта и во детските градинки почна на 11 април со барање веднаш да бидат зголемени платите за 18,4 проценти и потоа да се изнајде методологија за усогласување на платите со минималната плата. Во текот на преговорите, првично на синдикатот му беше понудено зголемување на платите за 10 проценти, а потоа и за 12 проценти, но предлозите не беа прифатени од членството на СОНК. На последната седница на Советот на СОНК и по изјаснувањето на членството, беше донесена одлука градинките повторно од средата да почнат со работа, а училиштата останаа и понатаму да штрајкуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/shtrajkot-vo-obrazovanieto-staven-vo-miruvanje-del-od-chlenstvoto-na-sonk-nezadovolno/feed/ 0
Штрајкот на СОНК ставен во мирување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-sonk-staven-vo-miruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-sonk-staven-vo-miruvanje/#respond Thu, 28 Apr 2022 14:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=669323

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска посочи дека штрајкот е ставен во мирување. Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници. „Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, истакна Неделков. Тој додаде дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-sonk-staven-vo-miruvanje/feed/ 0
Попладне седница на Советот на СОНК, на барање на членовите ќе биде отворена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popladne-sednica-na-sovetot-na-sonk-na-baranje-na-chlenovite-kje-bide-otvorena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popladne-sednica-na-sovetot-na-sonk-na-baranje-na-chlenovite-kje-bide-otvorena/#respond Tue, 26 Apr 2022 12:16:12 +0000 https://kurir.mk/?p=668043

Членови на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска се собрани пред седиштето на СОНК по информациите дека е постигнато зголемување на платите за 12 проценти и оти штрајкот од утре ќе прекине. Претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска ги оквалификува како шпекулации информациите дека е потпишан договор со Владата и дека било поткупено раководството на синдикатот. – Едно е јасно. Вчера бевме во Влада и во изјава за медиумите кажавме дека разговаравме и дека останува на членството да се произнесе по предлозите. Од таа причина, сеуште се држат состаноци и се сондира мислењето на членството. И Синдикатот со 50 плус еден глас ќе одлучи за прифаќање или одбивање на понудата. И од таа причина бидете сигурни дека без никаква манипулација, ќе бидат јавни и транспаретни одлуките на членството, изјави Неделков пред насобраните членови на синдикатот. По барање на насобраните членови, Неделков се согласи седницата на Советот на СОНК да биде отворена. Седницата на Советот, според најавите, треба да се одржи попладне со почеток во 16 часот. Раководството на СОНК вчера по неколкучасовни преговори во Владата се договори платите да бидат зголемени за 12 проценти почнувајќи од јулската плата откако првично беше одбиен владиниот предлог за зголемување од 10 проценти. Претседателот на СОНК по средбата во Владата изјави дека тоа е максимумот што во моментот можел да се издејствува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popladne-sednica-na-sovetot-na-sonk-na-baranje-na-chlenovite-kje-bide-otvorena/feed/ 0
Познато и кога учениците ќе се вратат во училишните клупи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznato-i-koga-uchenicite-kje-se-vratat-vo-uchilishnite-klupi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznato-i-koga-uchenicite-kje-se-vratat-vo-uchilishnite-klupi/#respond Mon, 25 Apr 2022 17:45:09 +0000 https://kurir.mk/?p=667691

На новинарско прашање до кога СОНК си дава рок да донесе конечна одлука кога ќе започне наставата Неделков кажа дека би требало најдоцна до утре. - До утре навечер треба да имаме резултати тоа значи дека до утре навечер ќе има сондажа на јавното мислење на членството како и органот на одлучување, а тоа е Советот на СОНК ќе заседава и ќе за донесе конечната одлука врз основа на изјаснувањето на нашето членство, кажа Неделков. Претседателот на СОНК додава дека евентуално од среда учениците ќе се вратат во училиштата и вели дека дополнително ќе се разговара за продолжувањето на школската година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznato-i-koga-uchenicite-kje-se-vratat-vo-uchilishnite-klupi/feed/ 0