јакуп красниќи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Nov 2020 12:26:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јакуп красниќи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Красниќи изведен пред судија на претходна постапка во Хаг https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krasnikji-izveden-pred-sudija-na-prethodna-postapka-vo-hag/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krasnikji-izveden-pred-sudija-na-prethodna-postapka-vo-hag/#respond Mon, 09 Nov 2020 12:26:50 +0000 https://kurir.mk/?p=426909

Поранешниот претседател на косовскиот Парламент и поранешен портпарол на ОВК, Јакуп Красниќи денеска во Хаг е изведен пред судија на претходна постапка на Специјализираните совети на Косово за да се запознае со обвинението што го товари за голем број воени злосторства на Косово. На рочиштето присуствуваат и специјализираниот обвинител Џек Смит и неговите помошници, додека бранителот на Красниќи учествува преку видео врска со Куала Лумпур, бидејќи таа не беше во можност да дојде во Хаг поради ситуацијата со Ковид – 19. Откако ќе му биде прочитано обвинението, судијата Николас Гилу ќе го повика Красниќи да се изјасни за виновен за обвиненијата против него. Тој може да се изјасни за виновен веднаш или во рок од 30 дена, на ново рочиште. Красниќи е еден од четворицата обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото на ОВК во периодот помеѓу март 1998 и септември 1999 година, заедно со Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими, кои ќе се појават на суд подоцна денеска, утре и во среда, на посебни рочишта. Како и другите тројца и тој е обвинет за командна и за индивидуална кривична одговорност за злосторства извршени од ОВК во Косово и северна Албанија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krasnikji-izveden-pred-sudija-na-prethodna-postapka-vo-hag/feed/ 0
Тачи, Весели, Сељими и Красниќи се во притвор во Хашкиот суд https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-veseli-seljimi-i-krasnikji-se-vo-pritvor-vo-hashkiot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-veseli-seljimi-i-krasnikji-se-vo-pritvor-vo-hashkiot-sud/#respond Fri, 06 Nov 2020 06:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=425629

Специјалното обвинителство на Косово синоќа соопшти дека во средата и вчера се уапсени Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, кои од синоќа се ставени во притвор на специјализираните совети на Косово во судот во Хаг. Во соопштението на обвинителството се наведува дека судијата на претходна постапка на специјализираните совети на Косово на 26 октомври го потврдил обвиненијата против сите четворица актуелни или поранешни косовски функционери, а поранешни членови на ОВК. Во него се додава дека во согласност со Правилникот за постапување и доказите пред Специјализираните совети на Косово, во тој момент не било обелоденото обвинението, но дека сега се објавени сменетата верзија и налогот за апсење. Информациите за датумот и времето на првото појавување на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи пред судијата на претходна постапка ќе бидат објавени многу брзо. Поранешните високи припадници на ОВК вчера попладне, доброволно, со авион допатуваа во седиштето на судот во Хаг. Тачи претходно, вчера, поднесе оставка од функцијата претседател на Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-veseli-seljimi-i-krasnikji-se-vo-pritvor-vo-hashkiot-sud/feed/ 0
Харадинај и Красниќи денеска на распит пред Судот во Хаг https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-i-krasnikji-deneska-na-raspit-pred-sudot-vo-hag/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-i-krasnikji-deneska-na-raspit-pred-sudot-vo-hag/#respond Wed, 24 Jul 2019 08:14:30 +0000 https://kurir.mk/?p=221912

Премиерот на Косово во заминување Рамуш Харадинај и поранешниот претседател на косовското Собрание и портпарол на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Јакуп Красниќи денеска ќе бидат интервјуирани од Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Харадинај, кој беше еден од командантите на ОВК во војната во Косово во 1998-99 година, отпатува за Хаг вчера, четири дена откако поднесе оставка на позицијата премиер на Косово, поради поканата за интервју во својство на осомничен. Ова е вторпат Харадинај да поднесува оставка од функцијата премиер заради соочување со правдата во Хаг. Првпат тоа се случи во 2005 година, кога беше обвинет за воени злосторства од Меѓународниот суд за поранешна Југославија. Тој е два пати ослободен од обвиненијата во врска со војната – првпат 2008 година и вторпат на делумно повтореното судење во 2012 година. Специјалното обвинителство е една од двете комори на Специјалниот суд кој ги третира претпоставените злосторства врз цивили Албанци и Срби во Косово од страна на припадници на ОВК во периодот од 1998-2000 година. Пред заминувањето за Хаг, Харадинај изјави дека заминува чесно и со крената глава и дека повторно ќе ја докаже чистотата на борбата на ОВК. Поранешниот член на раководството на ОВК и нејзин портпарол, Јакуп Красниќи, кој, исто така, вчера отпатува за Хаг, досега нема откриено дали е повикан во својство на обвинет или како сведок. Красниќи пред заминување изјави дека, без оглед дека е против Судот за воени злосторства, кој, според него, „има за цел да ја изедначи праведната борба на ОВК со српските злосторства во Косово“, сепак ќе одговори на поканата. – Со верба во правдата, убеден дека вистината е дека во војната во Косово Србија изврши геноцид и дека нејзините монструозни конструкции за ОВК ќе паднат во вода, јас ќе бидам таму за да го дадам мојот придонес за расветлување на историската вистина, порача Красниќи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-i-krasnikji-deneska-na-raspit-pred-sudot-vo-hag/feed/ 0
По Харадинај, и Јакуп Красниќи повикан од Специјалниот суд во Хаг https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-haradinaj-i-jakup-krasnikji-povikan-od-specijalniot-sud-vo-hag/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-haradinaj-i-jakup-krasnikji-povikan-od-specijalniot-sud-vo-hag/#respond Sat, 20 Jul 2019 10:22:08 +0000 https://kurir.mk/?p=220442

Поранешниот претседател на косовското Собрание и портпарол на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во 1998-99 година, Јакуп Красниќи доби покана од Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, каде што треба да се јави идната недела, на 24 јули, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата ја потврди самиот Красниќи, кој преку соопштение за јавноста изрази уверување дека „правдата ќе биде задоволена“ и порача дека „вистината е дека во војната во Косово, Србија изврши геноцид, а нејзините монструозни конструкции за ОВК ќе паднат во вода“. – Несреќа и своевидна иронија е тоа што наместо Србија да се соочи со правдата за злосторствата против човештвото и за геноцидот, ние треба да се браниме од нејзините измислени обвиненија, наместо да се судат аргументите и доказите кои се неспорни и кои ги знае цел свет, правдата се занимава со ниски измислици и невистини на српската политика и на нејзините тајни служби, се вели во соопштението на Јакупи. Според првиот претседател на косовското Собрание по војната, Специјалниот суд е формиран врз основа на извештајот на Дик Марти, усвоен од Советот на Европа, кој „има за цел компромитација и инкриминација на праведната и чиста борба на ОВК“. Покана да се појави пред Судот во Хаг во својство на осомничен доби и Рамуш Харадинај, кој вчера поднесе оставка од фунцкијата претседател на Владата на Косово, порачувајќи дека пред судот сака да се појави како граѓанин на Република Косово, а не како премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-haradinaj-i-jakup-krasnikji-povikan-od-specijalniot-sud-vo-hag/feed/ 0
Красниќи: НАТО на Косово не дојде поради ОВК, туку поради страдањата на Албанците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krasnikji-nato-na-kosovo-ne-dojde-poradi-ovk-tuku-poradi-stradanjata-na-albancite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krasnikji-nato-na-kosovo-ne-dojde-poradi-ovk-tuku-poradi-stradanjata-na-albancite/#respond Fri, 24 Aug 2018 06:56:15 +0000 https://kurir.mk/?p=91418

Поранешниот гласноговорник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Јакуп Красниќи упати остри критики на сметка на премиерот Рамуш Харадинај, поради навредите кои тој ги изрече кон специалниот обвинител Елез Бљакај, кој поднесе оставка од функцијата поради притисоци од високи државни инстанци, јави дописникот на МИА до Приштина. Красниќи, кој по прогласувањето на независноста на Косово беше и претседател на Собранието, а во одредени периоди ја вршеше и функцијата претседател на Косово, во интервју за КТВ рече дека државните лидери треба да внимаваат на својот речник. Директен повод за оваа забелешка беше изјавата на премиерот Харадинај дека обвинителот Бљакај е „детиште“ и „ситен крадец на кокошки“. Харадинај, пак, беше испровоциран од изјавата на Бљакај дека има 19.000 лажни воени ветерани кои ја чинат државата милиони евра годишно. Јакуп Красниќи посебно му забележува на Харадинај за изјавата дека „некој кој престојувал во Блаце или Стенковец не може да кажува колку борци имало во Косово“. - Слободата и независноста на Косово секако ја имаат основата во ОВК, но сите треба да знаат дека интревенцијата на меѓународниците уследи, не поради борбата на ОВК против Србија, туку поради тоа што Србија вршеше диверзија врз цивилното население, уништувајќи му го имотот и принудувајќи ги луѓето да ги напуштат домовите, изјави Красниќи за приштинската телевизија. Според тогашниот политички портпарол на ОВК, „на сите треба да им биде јасно дека меѓунаодната интервенција е дело на граѓаните кои беа протерани со возови и на сите други можни начини“. Красниќи тврди дека бројката од над 35.000 регистрирани воени ветерани е претерана и дека, реално, борци на ОВК во војната во 1998-99 имало приближно околу 13 илјади. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krasnikji-nato-na-kosovo-ne-dojde-poradi-ovk-tuku-poradi-stradanjata-na-albancite/feed/ 0