„Јамал-Европа“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Mar 2022 09:06:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Јамал-Европа“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прекинат преносот на гас преку „Јамал-Европа“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinat-prenosot-na-gas-preku-jamal-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinat-prenosot-na-gas-preku-jamal-evropa/#respond Fri, 04 Mar 2022 09:06:37 +0000 https://kurir.mk/?p=640684

Пумпањето на гас преку гасоводот Јамал-Европа од Русија до Германија е прекинато од денеска во 9 часот по московско време, покажуваат податоците на германскиот оператор Гаскад (Gascade) и на аукциската платформа ГСА Платформ (GSA Platform). Гаспром вчера го закупи капацитетот на Јамал-Европа од околу 750.000 кубни метри на час, што претставува речиси 20 проценти од неговата вкупна достава. Капацитетот руската компанија може да го користи од 08:00 часот по московско време на 4 март до 8:00 часот по московско време на 5 март. Обемот на пумпање денеска од 8:00 до 9:00 часот по московско време бил 9.800 кубни метри на час, а од 9:00 часот по московско време преносот е целосно прекинат. Гасоводот Јамал-Европа е долг 2.000 километри и може да носи до 33 милијарди кубни метри гас годишно, а поминува низ Русија, Белорусија, Полска и Германија. Овој гасовод, заедно со Северен тек и украинскиот систем за пренос на гас, е една од главните маршрути за извоз на руски гас во Европа. Германија претходно соопшти дека почнала да купува гас заобиколувајќи ја Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinat-prenosot-na-gas-preku-jamal-evropa/feed/ 0