Јамарбер Малтези – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 13:27:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јамарбер Малтези – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанија: Конфискуван недвижен имот и банкарски сметки на Јамарбер Малтези, меѓу нив и станот во кој живее Бериша https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-konfiskuvan-nedvizhen-imot-i-bankarski-smetki-na-jamarber-maltezi-megu-niv-i-stanot-vo-koj-zhivee-berisha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-konfiskuvan-nedvizhen-imot-i-bankarski-smetki-na-jamarber-maltezi-megu-niv-i-stanot-vo-koj-zhivee-berisha/#respond Mon, 23 Oct 2023 13:27:51 +0000 https://kurir.mk/?p=892216

Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал во Тирана изрече мерка за „превентивна конфискација" на 25 имоти на Јамарбер Малтези, зетот за ќерка на демократскиот лидер Сали Бериша. Меѓу другото блокирани му се шест банкарски сметки, 16 станови, како и акции во неколку фирми. -Припадниците на судската полиција денеска  на терен започнаа со превентивно одземање на 25 имоти на Малтези. Првично беа во банки од второ ниво за блокирање на шест сметки на име на зетот на поранешниот премиер, а потоа ќе одат во три фирми, поточно "Homeplan"  каде  Малтези има 45 отсто од акциите "Magnet IMO" каде поседува100 отсто од акциите и "Magnet Gym and Fit" каде има 60 отсто од акциите, јави Топ чанел. Од 16 станови, седум се наоѓаат на улицата „Мустафа Матохоти“ во Тирана, која е позната и како улица на поранешниот премиер, бидејќи Бериша овде живее во стан на име на неговата ќерка, кој исто така е опфатен со одлуката на судот. Исто така, со одлуката се опфатени имотите кај поранешниот комплекс „Партизан“ и вилата во Ѓирин е Лалзи(Заливот на Лалзи, познат и како Заливот на Свети Петар) на албанското крајбрежје, каде Бериша вообичаено го минува времето во текот на летото, врз основа на неговите објави на социјалните мрежи. - Службениците ќе бидат физички присутни во просториите за да се огласат и да ги сменат бравите. До друга одлука, овие ќе бидат блокирани и Малтези не може да спроведе друга постапка, било да е продажба или издавање, додава телевизијата. Денеска Судот треба да донесе одлука каква мерка ќе добие Малтези, Бериша и бизнименот Фатмир Бектеши.  Првиот беше уапсен пред два дена и задржан во притвор, на вториот му е одземена патната исправа и одредена мерка редовно јавување во полиција, исто како и на бизнисменот. Се товарат за активна и пасивна корупција, измама и перење пари.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-konfiskuvan-nedvizhen-imot-i-bankarski-smetki-na-jamarber-maltezi-megu-niv-i-stanot-vo-koj-zhivee-berisha/feed/ 0
Уапсен зетот на Сали Бериша, на Бериша му е одземен пасошот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-zetot-na-sali-berisha-na-berisha-mu-e-odzemen-pasoshot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-zetot-na-sali-berisha-na-berisha-mu-e-odzemen-pasoshot/#respond Sat, 21 Oct 2023 19:41:39 +0000 https://kurir.mk/?p=891743

Јамарбер Малтези, зетот на поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој претходно ја извршуваше функцијата шеф на Одделот за животна средина во Демократската партија,  уапсен е вечерва на меѓународниот аеродром во Тирана, јави Топ чанел. -Полицијата го уапсила во моментот кога тој пристигнал на аеродромот со цел да патува надвор од земјата. Апсењето е по наредба на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, додава телевизијата. Единственото досие со кое се поврзува неговото име и за кое е пријавен во СПАК е она за приватизацијата на поранешниот спортски клуб „Партизани“. Тужбата во СПАК за ова досие ја покрена министерот за внатрешни работи Таулант Бала во времето кога беше координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија. Освен него тој го обвини и Бериша и тогашниот министер за одбрана Арбен Имами. Истрагата на СПАК траеше две години. -Тогаш Малтези беше повикан во СПАК и на распит за овој случај, додека се чини дека Специјалното обвинителство нашло доволно докази за да го уапси зетот на поранешниот премиер, кој смета дека е еден од главните сопственици на зградите кои ги избришаа трагите од комплексот Партизани, посочува телевизијата. Во врска со ова прашање,  на Бериша му е одредна безбедносна мерка „Задолжително јавување“ а му е одземен и пасошот. Се товари за пасивна корупција, перење пари и прикривање имот. Инаку, станува збор за имот од околу 10.000 м2, во центарот на Тирана кој е приватизиран во 2008 година за 100.000 долари, што, констатира телевизијата, е  помала од вредноста на гарсоњера продадена на тој простор. Спортскиот клуб „Партизани“ беше најважниот спортски комплекс во сопственост на Министерството за одбрана, недалеку од центарот на Тирана, каде денеска се подигнати 17 повеќекатници. Во мај пред две години поради вмешаност во корупција, САД ги прогласи за непожелни  Бериша и неговото семејство.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-zetot-na-sali-berisha-na-berisha-mu-e-odzemen-pasoshot/feed/ 0