Јана Христовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Mar 2023 09:29:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јана Христовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „СИТЕ СМЕ ЈАНА“: Протест на кој се бара вистината за смртта на 6-годишното девојче од Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-sme-jana-protest-na-koj-se-bara-vistinata-za-smrtta-na-6-godishnoto-devojche-od-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-sme-jana-protest-na-koj-se-bara-vistinata-za-smrtta-na-6-godishnoto-devojche-od-bitola/#respond Tue, 28 Mar 2023 09:29:04 +0000 https://kurir.mk/?p=817256

„Сите сме Јана“! Под ова мото битолчани утре излегуваат на голем протест за прераната смрт на шестгодишното девојче Јана Христовска од битолско Кравари кое минатата недела почина во битолската Клиничка болница по примена инфузија, информира „Независен“. Протестот е закажан за 19 часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола, а организатори се семејството, роднините и пријателите на Христовски. Додека се чека извештајот од обдукцијата која треба да ги даде точните одговори како и поради што настапила смртта кај Јана, роднините на семејството Христовски имаат една цел – да го насочат вниманието за состојбите во македонското здравство. „Го чекаме последниот збор од битолското обвинителство за смртта на Јана. Обдукцијата мора да ја даде вистина, а тоа ќе значи дека родителите на Јана ја кажаа вистината и реалната слика за смртта на нивното девојче. Вината никако не смее да се фрли кон родителите, туку да се бара одговорност на вистинската врата. Мора да се каже вистината за македонското здравство. За лекувањето, за третманот на пациентите, за немањето на лекови и здравствени работници, за немање апарати и сѐ што значи квалитетно здравство“, вели Игор Петковски од Битола, кум на малата Јана, организатор на протестот, пренесе „Независен“. Засега протестот се најавува само за во Битола, но не е исклучена можноста, протести да се организираат и во други градови. Семејството Христовски не е задоволно од извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој соопшти дека нема грешки во лекувањето на Јана и дека без оглед на примената инфузија и високиот шеќер во крвта, Јана починала од застој на срцето. Петковски вели, ако Јана имала проблеми со срцето, сигурно лекарите за тоа ќе знаеле уште на првиот преглед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-sme-jana-protest-na-koj-se-bara-vistinata-za-smrtta-na-6-godishnoto-devojche-od-bitola/feed/ 0
НЕМА ПРОПУСТИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА МАЛАТА ЈАНА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА Ова е деталниот извештај на ДСЗИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-propusti-vo-lekuvaneto-na-malata-jana-vo-bitolskata-bolnitsa-ova-e-detalniot-izveshtaj-na-dszi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-propusti-vo-lekuvaneto-na-malata-jana-vo-bitolskata-bolnitsa-ova-e-detalniot-izveshtaj-na-dszi/#respond Fri, 24 Mar 2023 19:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=816196

„Не се констатирани недостатоци во рамките на надлежноста на Државниот санитарен и здравствен инспекторат“. Ова е заклучокот во соопштението до јавноста што го испрати ДСЗИ, кој на ден 24.03.2023 година изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола – одделение за педијатрија, во врска со лекувањето и третманот на починатиот пациент Јана Христовска од село Кравари-Битола. Согласно надлежностите, Инспекторатот извршил увид во медицинската евиденција и документација која се води на одделението во рачна и електронска форма, а обезбедил и изјави на дел од здравствените работници кои учествувале во лекувањето и третманот на лицето. ДСЗИ ја констатира следната фактичка состојба: Детето било донесено за преглед на одделението на 22.03.2023 г. околу 10,00 ч. без претходен упат од матичен доктор. Била примена на преглед специјалист педијатар, кој искреирал „итен упат“ со упатна дијагноза E86 – дехидратација во 10:07 ч. Добиен е анамнестички податок за покачена температура од пред три дена и болки во грло, заради кое мајката и дала сируп Co-almacin. Ден пред приемот е без покачена температура , со повраќање во два наврати, а од вечерта и отоци на очните капаци и болка во нозете по што мајката го прекинала сирупот. Од клиничкиот преглед, во наодот констатиран е присутен оток на очните капаци, хиперемични лаци во тонзилофарингеална регија и обложен јазик. Потоа креиран е упат за биохемиска лабораторија – уринарен, глуциден и ацидобазен статус, земени се примероци од крв и урина за анализа и потоа ординирана терапија –„Хипоглусал 1“ – 500 мл. ( 250 мл. 5% Глукоза и 250 мл. 0,9% Натриум хлорид) и amp. Bedoxin. По добиените резултати, во 10:45 ч земени се и проширени анализи – крвна слика, ензимски статус, деградациони продукти, глуциден и протеински статус, електролити и липиден статус. По завршување на инфузијата, состојбата се влошила. Дошло до појава на малаксаност, бледило, тахикардија и сомнолентност. Докторката која извршила првично преглед побарала помош од вториот присутен педијатар. Детето од дневна болница било префрлено во собата за полуинтензивна нега на одделението и поставено е на монитор и кислородна поддршка. Направени се два ЕКГ записи во 12.34 ч и во 12.42 ч. и побаран е конзилијарен преглед од анестезиолог од установата. Во меѓувреме, детето прави срцев застој, по што е направена е реанимација. Извршена е и консултација со специјалисти – педијатри од ЈЗУ УК за детски болести од оддел за кардиологија и за неврологија за транспорт во таа здравствена установа. По препорака на специјалистот – анестезиолог во болницата направени се дополнителни анализи на ензимскиот и ацидобазниот статус (креатин киназа и тропонин) во 13.34 ч и во 13.49 ч. Поради дополнително влошување на состојбата, во 14,00 ч детето е пренесено во службата за интензивно лекување САРИЛ, каде е направена кардио пулмонална реанимација и дадена е терапија, но без успех. Од страна на анестезиологот е констатирана смрт во 15.20 ч. По изјава на двете докторки – специјалисти педијатри по добиените резултати од направените ензимски иследувања за покачени показатели за срцево страдање (креатин киназа и тропонин) известена е мајката на детето за сериозноста на состојбата. Телото на починатото дете е дадено на обдукција. Не се констатирани недостатоци во рамките на надлежноста на ДСЗИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-propusti-vo-lekuvaneto-na-malata-jana-vo-bitolskata-bolnitsa-ova-e-detalniot-izveshtaj-na-dszi/feed/ 0
По смртта на малата Јана, вонреден инспекциски надзор во битолската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-smrtta-na-malata-jana-vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-bitolskata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-smrtta-na-malata-jana-vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-bitolskata-bolnitsa/#respond Thu, 23 Mar 2023 19:25:47 +0000 https://kurir.mk/?p=815702

Се врши истрага за причините за смртта на шестгодишно девојче, велат претставници на Клиничката болница во Битола. Тие велат дека за случајот веднаш биле известени обвинителството и полицијата со цел службено да постапат откако во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед. И од Министерството за здравство за утре најавуваат вонреден инспекциски надзор за овој случај. Обдукцијата на телото на девојчето е веќе завршена, а резултатите се очекува да пристигнат за 10 дена. Вчера во битолската болница почина Јана Христовска, шестгодишно девојче кое родителите го донеле на преглед по покачена температура и симптоми на настинка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-smrtta-na-malata-jana-vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-bitolskata-bolnitsa/feed/ 0