јана манева чупоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Nov 2022 10:36:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јана манева чупоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ретроспективна изложба на Јана Манева-Чупоска во Мала станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektivna-izlozba-na-jana-maneva-chuposka-vo-mala-stanica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektivna-izlozba-na-jana-maneva-chuposka-vo-mala-stanica/#respond Thu, 03 Nov 2022 10:36:10 +0000 https://kurir.mk/?p=755102

„(С)ликовна исповед“ е насловена ретроспективната изложба на Јана Манева-Чупоска која вечер од 19.30 часот ќе биде отворена во Мала станица. Изложбата ја организира Националната галерија и ќе претстави над сто дела на авторката, изработени во различни техники: цртежи, колажи, масло на платно, акрил, видео арт, фотографии. Изложбата опфаќа триесет години творештво на Манева-Чупоска, вклучувајќи и дела создадени за време на нејзините студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во осврт кон изложбата, кураторот Маја Чанкуловска наведува дека творештвото на Манева-Чупоска е комплексно и повеќеслојно, а таа е мултимедијален уметница која подеднакво успешно се реализира во повеќе ликовни, односно визуелни дисциплини/форми: цртеж, сликарство, колаж, инсталација, моден дизајн, видео, перформанс… – Инкорпорирајќи ги знаењата од сите наведени области, таа смело создава синергија на спротивставени елементи, истражувајќи ги границите на секој медиум одделно и на сите заедно. Можеби синтагмата како „единство на контрасти“ би била суштински моментум за толкување на нејзините сè покомплексни дела, што се потврдува во речиси сите нејзини креации, посочува Чанкуловска во освртот за изложбата. Чанкуловска нагласува дека особено впечатлив е говорот во прво лице изразен преку мноштвото портрети во кои главен протагонист е самата авторка, со што се потенцира потребата за директен говор со гледачот. – Делата на Јана Манева-Чупоска, и покрај сериозноста на темите и отсликувањето различни емотивни состојби, суштински отсликуваат позитивен и свеж однос кон уметноста и животот кои во нејзиниот пример континуирано се преплетуваат, додава кураторката Чанкуловска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektivna-izlozba-na-jana-maneva-chuposka-vo-mala-stanica/feed/ 0
Манева: Културата познава само квалитет, а не етничка, географска припадност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maneva-kulturata-poznava-samo-kvalitet-a-ne-etnichka-geografska-pripadnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maneva-kulturata-poznava-samo-kvalitet-a-ne-etnichka-geografska-pripadnost/#respond Wed, 14 Feb 2018 10:31:36 +0000 http://kurir.mk/?p=21369

Незадоволството од министерот за култура не прекинува. Посебно деновиве откако се оболодени колку средства за која област има. Јана Манева Чупоска истакната професорка, ликовен уметник, ќерка на Коле Манев, познат македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, никогаш не заземала страна, но сега очигледно е револтирана од состојбите во културата. -Ах ..култура..пoмалку конкурси..памалку финансии .. .да собереме по некоја трошка....!!!! Да имаме за лепче и солца...., коментира Манева на својот Фејсбук профил. Таа укажува дека годишната програма на Министерството за култура за финасирање на проекти за 2018 година на годинашниот конкурс пристигнале 2066 проекти - 500 проекти повеќе, или над 25% повеќе апликации отколку во претходните две години (за споредба, во 2016 година беа пристигнати 1556 проекти, во 2017 година 1593 проекти). Според Манева тоа покажува зголемена доверба во институцијата и нејзин успех во популаризацијата на конкурсот во јавноста. -Мое мислење за ова....Ако статистичката логика на Министерството за култура дека имаме повеќе од 25% повеќе апликации одминатите години (дајте повеќе не спомнувајте што било претходно разбравме дека биле за никаде...сега треба да е подобро..нели..одговорноста е сега само ваша ??.) дали е во ред повторно да се пласира тезата дека со 30.000 денари може да се реализира една самостојна изложба.....СЕКАКО ДЕКА НЕМОЖЕ...НИКАКО.....!!!!! Тоа што имало  повеќе апликации требало нешто друго да ви каже дека сме жива сиромаштија во која ликовната фела очајно бара спас ... а не дека сме заљубени во министерството...Ликовните автори се фрлени на маргините....се фрлаат трошки за нас...и тоа само за ликовната дејност нашата фела е за жалење...но тука и самите ние уметниците сме заспани молчиме...е па...тоа е ...неначекаа...., укажува Манева. Според неа комисијата не може да распределува средства според родова еднаквост, етничка и географска карактеристика. -Ве молам каква е таа уметност за родова застапеност.....или географска???? Етничка????? Па нели го знаеме основното правило во уметноста, а тоа е дека има само добра и лоша уметност..каква е таа уметност со која комисијата ја имала во предвид да се финансира според родова еднаквост????? Да не е тоа можеби работа на Министерството за труд и социјала????, прашува професор Манева. На крај таа заклучува „колку што се сеќавам сееее... требаше да биде поразлично....ама изгледа грешка сум....“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maneva-kulturata-poznava-samo-kvalitet-a-ne-etnichka-geografska-pripadnost/feed/ 0