јане сандански – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 09:15:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јане сандански – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Муцунски положи цвеќе: Одбележани 151 година од раѓањето на револуционерот Јане Сандански https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-polozhi-tsveke-odbelezhani-151-godina-od-raganeto-na-revolutsionerot-jane-sandanski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-polozhi-tsveke-odbelezhani-151-godina-od-raganeto-na-revolutsionerot-jane-sandanski/#respond Thu, 18 May 2023 09:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=835732

Делегација од Општина Аеродром предводена од градоначалникот Тимчо Муцунски, по повод 151 година од раѓањето на големиот македонски револуционер – Јане Сандански, положи цвеќе на споменикот поставен во негова чест. „Кога говориме за неговиот живот и наследство, се потсетуваме на неговата непоколеблива посветеност на слободата и правата на нашиот народ. Тој цврсто верувал во принципите на правда за сите Македонци, залагајќи се за социјални и економски реформи кои ќе го подобрат животот на обичните луѓе. Споменот за Јане Сандански е потсетник за нашата обврска да работиме и придонесуваме кон градењето на македонската нација, да промовираме хармонија помеѓу народот и да ги поддржуваме вредностите за кои тој се борел и живеел.“, напиша градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна. Името на Сандански е синоним на храброст, пожртвуваност и постојана потрага по правда и еден од главните симболи на општина Аеродром.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-polozhi-tsveke-odbelezhani-151-godina-od-raganeto-na-revolutsionerot-jane-sandanski/feed/ 0
Културно-уметничкото друштво ,,Јане Сандански” од Пехчево одбележа 75 години постоење https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kulturno-umetnichkoto-drushtvo-jane-sandanski-od-pehchevo-odbelezha-75-godini-postoene/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kulturno-umetnichkoto-drushtvo-jane-sandanski-od-pehchevo-odbelezha-75-godini-postoene/#respond Wed, 19 Apr 2023 07:02:56 +0000 https://kurir.mk/?p=825282

Со традиционалниот Велигденски концерт, синоќа во Пехчево беа одбележани 75 години постоење на Културно-уметничкото друштво „Јане Сандански“. Пред преполната сала во Домот на култура на концертот учествуваа над 100 играорци од Пехчево, како и гости од Делчево. -Континуирано во последните години, за време на велигденските празници, Домот на културата организира ваков вид програма и полека, но сигурно можеме да кажеме дека овој настан прераснува во една убава традиција во нашето гратче. Сепак, оваа година посебно ни е чест затоа што Културно-уметничко друштво „Јане Сандански" го прославува својот 75-годишен јубилеј и да им посакаме уште долги години да опстојуваат, уште многу јубилеи да прославуваат и секако да бидат најдобри, истакна Валентина Веселинска, директор на пехчевскиот Дом на култура. Културно-уметничкото друштво сега има 130 членови и, како што додаде директорката, тенденцијата е тој број да расте. -Имаме членови од 7 до 77 години кои се главни промотори на традицијата и фолклорот, но и учесници на повеќе манифестации кои се организираат во Пехчево. Изразувам благодарност до сите учесници, кои со ора и песни го прославија 75-годишниот јубилеј на КУД „Јане Сандански", а меѓу нив беа и гостите од КУД „Гоце Делчев" од Делчево. Благодарност и до водителката Лина Велковска, музичкиот соработник Александар Парасков, и кореографот Никола Каракашов, додаде Веселинска. Од Домот на култура најавија дека Културно-уметничкото друштво ќе продолжи со своите настапи во земјава и во странство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kulturno-umetnichkoto-drushtvo-jane-sandanski-od-pehchevo-odbelezha-75-godini-postoene/feed/ 0
На денешен ден бил извршен неуспешен атентат врз македонскиот револуционер Јане Сандански https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-bil-izvrshen-neuspeshen-atentat-vrz-makedonskiot-revolucioner-jane-sandanski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-bil-izvrshen-neuspeshen-atentat-vrz-makedonskiot-revolucioner-jane-sandanski/#respond Sat, 24 Sep 2022 16:30:27 +0000 https://kurir.mk/?p=736936

Во Солун на 24 септември 1908 година во кафеаната „Бошњак-ан“, платени терористи-врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански кој беше повреден. Сандански бил тешко ранет во пpeдeлoт нa дecнaтa плeшкa и вpaтoт, но успеал да преживее. При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-bil-izvrshen-neuspeshen-atentat-vrz-makedonskiot-revolucioner-jane-sandanski/feed/ 0
Некст Тајм го промовираа филмскиот спот за „Кога падна на Пирина“: „Веруваме дека ќе ве направиме горди“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nekst-tajm-go-promoviraa-filmskiot-spot-za-koga-padna-na-pirina-veruvame-deka-kje-ve-napravime-gordi-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nekst-tajm-go-promoviraa-filmskiot-spot-za-koga-padna-na-pirina-veruvame-deka-kje-ve-napravime-gordi-video/#respond Thu, 14 Apr 2022 07:30:48 +0000 https://kurir.mk/?p=662798

За преработката на старата македонска песна „Кога падна на Пирина“, Стефан и Мартин од Некст Тајм направија филмски спот со кој ги воодушевија фановите. Популарното македонско дуо Некст Тајм ги израдува фановите со уште една преработка на стара македонска песна. Овојпат Стефан и Мартин направија преработка на песната „Кога падна на Пирина“, а вчера, 13-ти април, го промовираа и нивниот видеоспот. Старата македонска песна ја опејува смртта на Јане Сандански, а музичкиот спот на Некст Тајм е како краток филм за овој историски настан. Од коментарите на Јутјуб и Фејсбук, јасно е дека фановите се ништо помалку од воодушевени. „Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди“, изјавија Мартин и Стефан на промоцијата. За аранжманот на песната се погрижи Николче Мицевски. Погледнете го новиот видеозапис на Некст Тајм: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/nekst-tajm-go-promoviraa-filmskiot-spot-za-koga-padna-na-pirina-veruvame-deka-kje-ve-napravime-gordi-video/feed/ 0
На денешен ден во мелничко Влахи е роден Пиринскиот цар Јане Сандански https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-vo-melnichko-vlahi-e-roden-pirinskiot-car-jane-sandanski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-vo-melnichko-vlahi-e-roden-pirinskiot-car-jane-sandanski/#respond Mon, 31 May 2021 08:13:22 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517112

Тој беше човек со голем ум, со познавање на Македонија и на македонскиот народ, и со истенчено чувство да се ориентира во политичките прашања, запишал рускиот писател и публицист Василиј Водовозов за македонскиот револуционер Јане Сандански. Пиринскиот цар, како што бил нарекуван Јане Сандански, еден од најголемите македонски синови, е роден на денешен ден 31 мај 1872 година во мелничкото село Влахи во Пиринска Македонија. Лозата му е револуционерна. Татко му Иван Сандански бил знаменосец на чета во Кресненското (Македонското) востание од 1878 година, кога Јане имал само 6 години, а во Влахи бил и главниот штаб на востанието. Бидејќи по востанието селото било опожарено од Турците, семејството на Сандански се сели во Дупница во Бугарија. Благодарение на руската помош во 1878 година Бугарија била ослободена од Турците и се формирала во млада држава, односно кнежество. Затоа подоцна многу македонски револуционери, војувајќи против Турците, времено се засолнувале на бугарска територија. Во 1897 година во Дупница, Сандански станува член на друштвото Младост, потоа и негов претседател, а целта како што ќе нагласи Сандански била „самообразование и групирање“. Уште како гимназијалец Сандански читал револуционерна литература, а негов најголем интерес биле историјата и општеството. Влегување во ВМРО Во 1899 година Јане првпат се сретнал со Никола Малешевски и со Гоце Делчев, а набргу потоа и со Ѓорче Петров. Тие детално го запознавале со програмата и идеологијата на ВМРО, која набргу ќе стане светост за Сандански. Како што подоцна и сам ќе каже: „Во тоа време веќе работите во Македонија ми беа прилично ујаснети, многу работи узнав од Малешевски, а од друга страна и од Делчев, со кого за првпат се сретнав во 1899 година. Делчев убаво ми ги објасни целите на внатрешната организација…“ Во 1901 година Сандански ја започнува својата борба за слобода на Македонија. Македонските чети во тој период имале голем проблем со оружје и муниција. Размислувајќи како да го реши проблемот, Сандански најпрво предложил тој со своите комити да го киднапира бугарскиот кнез Фердинанд (тогашниот владетел на Бугарија, кој подоцна станал и цар на Бугарија) кога овој требало да дојде во посета на Рилскиот манастир. Но Гоце Делчев веднаш се изјаснил против таа идеја, која му се видела опасна, затоа што Македонците освен турската, против себе ќе ја имале и целата бугарска војска, доколку го киднапираат владетелот на Бугарија. Затоа Сандански и неговите приврзаници решиле да го киднапираат Турчинот Сулејман бег од Горна Џумаја (денешен Благоевград) и да бараат од Турците откуп за него. Но, и оваа акција била откажана заради болест на бегот. Наредната опција на Јане била да го киднапира протестантскиот мисионер во Солун д-р Хаус. Но, Хаус го одложува своето патување, и наместо него ја праќа американската мисионерка Елен Стон, која во Банско (Пиринска Македонија) станува непланиран заробеник на ВМРО. Сандански со своите комити успева 6 месеци успешно да ги крие киднапираната Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка, и на крај да земе откуп за нив од 14.500 турски лири, со кои било купено оружје за организацијата. Расколот и врховистите Во тој период почнуваат и обидите на Бугарија да ја стави под своја контрола Македонската револуционерна организација. За жал, на страната на Бугарите подоцна застанува и еден Македонец – Борис Сарафов (роден во с. Либјахово, Пиринска Македонија), човек кој секогаш се декларирал како Македонец. Сарафов од 1899 до 1901 година бил на чело на ВМК (Врховниот македонски комитет) во Софија, кој бил формиран од Македонци кои биле офицери во бугарската армија, и кој имал за задача да му помага на ВМРО во Македонија снабдувајќи го со оружје, муниција, инструктори… На почетокот ВМК бил на македонски позиции и со промакедонски ставови. Сарафов во тој период многу добро соработувал со Гоце Делчев. По апсењето на Сарафов во 1901-ва (затоа што наводно нарачал убиство на романски новинар кој пишувал против ВМРО), бугарскиот двор го искористува тој момент, и на чело на ВМК во Софија доаѓа бугарскиот генерал Иван Цончев, кој пак набргу влегува во конфликт со Гоце Делчев и Ѓорче Петров затоа што сакал да ја стави ВМРО под бугарска контрола. По излегувањето од затвор, Сарафов се договара со Делчев и Петров да замине во Европа и од таму да обезбедува и да праќа пари за Организацијата. Сарафов бил харизматичен и привлечен човек. Покрај тоа стапувал во контакт и со луѓе кои се финансиски моќни и запознавајќи ги со македонското револуционерно дело, праќал пари за Организацијата. Бугарите Цончев и Иван Гарванов веќе на големо почнале да ја спроведуваат агендата на бугарскиот двор, и почнале да заговараат кревање на востание во Македонија, велејќи дека штом Македонците ќе се кренат, на помош ќе дојде Бугарија. За и против востанието Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Владислав Ковачев и другите Македонци биле категорично против мешањето на Бугарија и против востание, затоа што сметале дека организацијата нема доволно оружје и народот не е подготвен за востание. И тогаш Сарафов наместо да ги поддржи Делчев и Сандански, застанува на страната на Бугарите Гарванов и Цончев. Двете страни започнуваат агитација на теренот, а набргу потоа и војуваат со свои чети меѓу себе. Врховистите започнуваат да уфрлаат чети од Бугарија во Македонија со цел да испровоцираат предвремено востание. Тоа добро е опишано во претсмртното писмо на Христо Узунов од 1905-та година при саможртвата кај демирхисраското село Цер. Узунов остава писмо кое останува завет за оние кои ќе ја продолжат борбата. Во писмото меѓу другото ќе напише: „…Мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото, зашто само искреноста и често срдечноста ја издигнале внатрешната организација, и пак тие ќе ја спасат од аномалноста во која е поставена од недобросовесни наши другари. Да гледате колку што е можно побрзо да ги уништите оние раководни сили во организацијата кои му нанесле само штета на делото…“ По убиството на Гоце Делчев во Баница 1903-та, во наредните три години, до 1906-та, загинуваат скоро сите истакнати војводи на ВМРО (Питу Гули, Никола Карев, Јордан Пиперката, Методија Патчев, Христо Узунов, Ѓорѓи Сугарев, Даме Груев, Славејко Арсов, Сава Михајлов, Леонид Јанков, Александар Турунџе, Лазар Поп Трајков…). ВМРО е десеткувана и обезглавена. Јане Сандански останува последна брана пред наездата на бугарската пропаганда и влезот на врховистичките чети во Македонија. Неговите привразници (Санданистите) од Серскиот револуционерен округ на чие чело бил тој, воделе постојани борби со врховистичките чети кои биле уфрлaни од Бугарија, а биле предводени од врховистички војводи. На почетокот на април 1905, бугарскиот капетан Јурдан Стојанов влегува со чета од Бугарија во Пиринска Македонија. Намерата како што изјавувал му била: „Или главата на Сандански, или мојата глава ќе падне“. Кај селото Кашина – Мелничко, четата на Сандански ја разбила бугарската чета на Стојанов, 7 бугарски четници биле убиени, 43 заробени, а капетан Стојанов бил ранет и едвај успеал да побегне назад во Бугарија. Бугарска хистерија против Сандански По овој настан во Софија се кренала невидена хистерија и хајка против Сандански. Бугарските весници со сите сили се труделе да го оцрнат „борецот за македонската независност“. Но, Сандански за Македонците во Пиринско станува поим за беспрекорен револуционер и храбар војвода, и од нив ќе биде наречен Пирински цар. Тој во нивните очи станува човек со голем морал, чесност, патриотизам и верност кон својот македонски народ. Не само што се борел против Турците и Бугарите да прават зулуми над Македонците, туку ги казнувал и членовите на ВМРО кои се одметнувале, го пљачкале народот и вршеле разни злосторства врз него. Сандански многу добро ја оценил опасноста од расколот во ВМРО. Сандански случајно открива дека врховистите подготвуваат негова ликвидација. Во септември 1907-ма, Тодор Паница (еден од најблиските луѓе на Сандански) бил на гости кај својот кум Михаил Даев. Даев бил војвода во Драмско и близок човек на Сарафов и Гарванов. Тој бил опоменат од Серскиот округ за неактивност и добива укор. Сарафов и Гарванов сакајќи да ја тргнат последната пречка за продор на врховизмот во Македонија, му го ветуваат на Даев местото на Сандански на чело на Серскиот округ доколку го убие. Даев го повикува Паница кај себе дома и решава да му каже дека се договорил со Гарванов да го ликвидираат Сандански. Притоа бара согласност од Паница, кој не верувајќи во она што го слуша му дал согласност. Даев решава да прати едно писмо до Гарванов во кое пишувал за убиството на Сандански. Мислејќи дека Паница е на негова страна, му го дава писмото, а тој наместо на Гарванов, писмото му го предава на Јане. На 10 октомври 1907, Окружниот комитет на Серскиот револуционерен округ на чело со Јане Сандански, ги осудува на смрт Иван Гарванов, Борис Сарафов и Михаил Даев. На 30 октомври, Михаил Даев знаејќи дека е откриен и сослушувајќи ја смртната пресуда, бара одобрение сам да ја исполни. Откако писмено ја образложил целата завера против Сандански и напишал неколку проштални писма, му било дозволено да се застрела со својот револвер. Даев се самоубива. На 27 ноември 1907 во Софија, во домот на Сарафов каде што биле на вечера, Тодор Паница ги убива Иван Гарванов и Борис Сарафов. Само среќата му го спасува животот на уште еден врховист – Христо Матов, кој тој ден не дошол на вечера кај Сарафов заради нерасположение. По убиствата на Сарафов и Гарванов, на чело на врховистите застанува Матов. Во мај 1908 година, врховистите на конгрес во Ќустендил го осудуваат Јане Сандански на смрт. Младотурска револуција Со Младотурската револуција од 1908, Македонците помислиле дека конечно Македонија ќе добие своја самоуправа во рамките на Турската империја. Младотурците тоа им го ветиле на македонските револуционери. Јане Сандански и неговите соборци го оставиле оружјето и слегле во градовите. Сандански и неговите комити влегле во Неврокоп (денешен Гоце Делчев), а потоа на 15 јули 1908 година и во Солун. На плоштадот во Солун Сандански одржува говор, во кој ги жигосува дотогашната турско-султанска управа, апелирајќи на сплотување на сите националности и предупредувајќи дека Македонците повторно ќе го земат оружјето в раце доколку не добијат загарантирана слобода. Основата на новата програма на Санданистите е барањето на обласна самоуправа за Македонија во рамките на реформираната Турција, и барањето за полна рамноправност на сите етнички и верски групи. Санданистите барале и спроведување на аграрна реформа, со која на македонските селани би им била вратена одземената земја од Турците Како што подоцна ќе напише рускиот писател Водовозов, Сандански во еден разговор му рекол: „Ние сега добивме можност за отворена борба во легални форми, ние веќе не сме ѕверови што ги прогонуваат, ами граѓани, ние можеме да работиме на реформирањето на татковината и нашиот труд не ќе остане бесплоден… Ние имаме своја аграрна реформа, тесно поврзана со нашата општа програма: првата се изразува низ барањето на конфискација на земјата од чифликсајбиите и нејзино враќање на селаните, а втората (политичката) е барањето за Македонија како автономна област во рамките на Отоманското царство… Но најмногу од се се плашиме од тоа нашите `мили пријатели` Бугарите, Србите и Грците да не дојдат да не `ослободуваат`“. Прв атентат врз Сандански Сандански за цело време работел на обединување на македонските револуционерни окрузи. Освен Серскиот на чие чело стоел, успеал да ги придобие и Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ и да ги оттргне од влијанието на врховистите. Преку Пере Тошев се обидувал да го придобие и Битолскиот округ, а преку Петар Поп Арсов и Скопскиот револуционерен округ. Сандански сакал да организира нов конгрес во Солун, на кој сакал да создаде нова револуционерна организација, која нема да биде под контрола на Бугарија и на врховистите. Конгресот бил закажан за 25 септември 1908-ма. На 24 Септември вечерта, откако се вратил од обиколка на Серскиот округ, тој со своите комити седнал во Бошнак Ан во Солун. Прелистувајќи ги дневните весници не забележал кога во анот упаднале четворица врховистички платеници кои веднаш почнале да пукаат кон Јане и неговата придружба. Сандански бил ранет во вратот, а двајца од неговите комити биле убиени. Бугарските платени убијци успеале да го спречат одржувањето на конгресот на кој требало да дојде до обединување на македонските револуционерни сили. Но, не успеале да ја скршат волјата и упорноста на Сандански. Во август 1909-та, македонските револуционерни комитети ја формираат Народната Федеративна Партија – НФП, која продолжува политички да ја застапува програмата на Санданистите. На основачкиот конгрес учествувале 33 делегати од цела Македонија. Најмногу имало од Серскиот, а најмалку од Битолскиот револуционерен округ. Иако Сандански немал функција во централното раководство на партијата, тој останал нејзин идеен водач, а Серскиот округ – столб на НПФ. Втор атентат врз Пиринскиот цар Бугарските слуги не мирувале. Само четири дена по основачкиот конгрес на НПФ, на 14 август 1909, врховистите повторно се обиделе да го убијат Сандански. Тој и тројца негови придружници движејќи се по една улица во Солун, непосредно покрај Отоманската банка, од зад грб биле нападнати од врховистичките бугарски платеници кои ги чекале во заседа. Врховистите почнале да пукаат и повторно го раниле Сандански. Пиринскиот цар го преживеал и овој атентат. Бил ранет во градите и набргу пренесен кај познатиот солунски доктор Тенчев. После седум дена лекување, Сандански повторно бил на нозе. А по неуспехот на Младотурската револуција, се заостриле односите меѓу Сандански и Турците, кои не го исполниле она што им го ветиле на Македонците. Македонските револуционери останале предадени. Набргу потоа, во 1912 започнуваат Балканските војни против Турската империја, односно како што нагласувале балканските држави за „ослободување на Македонија“. Сандански во тој период се наоѓал во Мелник. Македонците немајќи друг избор се вклучуваат во редовите на балканските сојузници против Турците, гледајќи во тоа можност за конечно ослободување на Македонија. За ова Водовозов пишува: „Во 1912-та стана она од кое тој (Сандански) најмногу се плашеше. „Милите пријатели“ Бугарите, Србите и Грците склучија договор за делба на Македонија и се зафатија неа да ја “ослободуваат“. Што можеше да стори Сандански? Тој и сега, како и порано беше убеден дека само целосна и автономна Македонија може непречено да се развива, но мораше да согледа дека остварувањето на овој план се покажа како невозможно. Му преостануваше од неколку зла да го избере најмалото… И Сандански формира свои посебни чети со кои се бореше заедно со Бугарите против Турците, но не откажувајќи се од својот принцип – Македонија на Македонците, и не губејќи ја надежта дека иднината ќе му даде можности да го оствари тој принцип…“ Во Првата Балканска војна, Сандански ги организирал и ги предводел доброволечките одреди од Серскиот округ, кои многу придонеле за разбивање на турските единици на фронтот. По влегувањето на одредите на Сандански во Солун, на еден банкет приреден од бугарскиот генерал Тодоров, Сандански наздравил со зборовите: „Да пиеме за успехот на слободна и автономна Македонија“. Бугарските офицери кога го слушнале тоа се насукале со сабјите кон Сандански, а од другата страна кон нив тргнале комитите на Јане. Интервенцијата на генералот Тодоров спречила крвав инцидент. По завршувањето на Балканските војни се потврдиле стравувањата на Македонците. Македонија останала поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција. Пиринскиот дел на Македонија остана окупиран од Бугарија. Во текот на својот живот Сандански преживува неколку атентати организирани од бугарските слуги – врховистите. Последниот пат, на 22 април 1915, патувајќи од Мелник за Неврокоп, кукавички е убиен во заседа на Пирин планина. Водовозов за Сандански Рускиот писател и публицист Василиј Водовозов ( Василий Васильевич Водовозов) на првата годишнина од убиството на Сандански, ќе напише куса биографија за него. Во неа меѓу другото пишува: „Јас повеќе пати сум се среќавал со Сандански во различни моменти од неговиот живот. Малкумина луѓе на Балканскиот Полуостров ми имаат оставено таков силен, таков целосен и таков длабок впечаток каков што ми има оставено овој поборник за македонската независност. Од него зрачеше најпотполна храброст, самоконтрола, и огромна, непоколоеблива енергија. Се чувствуваше дека со својот тивок, длабок глас, тој умее да дава наредби, кои во критичните моменти никој не се решаваше да не ги исполни. Неговото огромно честољубие беше совршено видливо… Макар што му недостигаше што годе сериозно образование, тој беше човек со голем ум, со превосходно познавање на Македонија и македонскиот народ, и со истенчено чувство да се ориентира во политичките прашања на секој даден момент. Сред македонското селанство, Сандански уживаше огромна популарност…“ Како аманет од Сандански останало запишано: „Јас не очекувам скорешно ослободување на Македонија. Тоа може дури и да не дојде додека сум жив. Но, јас сакам да го зачувам народот и да го организирам, и доколку се случи тоа, тој ќе ја извојува својата слобода и без мене“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-vo-melnichko-vlahi-e-roden-pirinskiot-car-jane-sandanski/feed/ 0
НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 106 ГОДИНИ: Од заседа бил убиен Јане Сандански, врвна фигура во македонското национално ослободително движење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pred-106-godini-od-zaseda-bil-ubien-jane-sandanski-vrvna-figura-vo-makedonskoto-nacionalno-osloboditelno-dvizenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pred-106-godini-od-zaseda-bil-ubien-jane-sandanski-vrvna-figura-vo-makedonskoto-nacionalno-osloboditelno-dvizenje/#respond Thu, 22 Apr 2021 19:16:19 +0000 https://kurir.mk/?p=500980

На денешен ден пред 106 години бил убиен Јане Сандански. Неговото убиство(22.04.1915) се случило додека тој патувал од Мелник за Неврокоп, во непосредна близина на Роженскиот манастир. Сандански се смета за врва фигура во македонското национално ослободително движење пред а и по Илинденското востание од 1903 година. Роден е во селото Влахи, Пиринска Македонија, во семејството на Иван Сандански. Во текот Руско-турската војна од 1877 година неговите родители и соселани биле принудени да избегаат во Горна Џумаја. Неговиот татко бил знаменосец на една од македонските чети во Кресненското востание. По задушувањето на востанието, семејството Сандански се засолнало во Дупница, каде Јане го минал детството. Таму, тој завршил основно училиште и два класа од прогимназијата, а подоцна станал кондураџиски чирак и му помагал на својот татко во полските работи. Во 1892 година бил регрутиран во бугарската армија. По завршувањето на воената служба станал молбописец кај својот чичко Спас Харизанов, адвокат и поранешен македонски учител. Во 1895 година дошло до раздвижување на македонската емиграција во Бугарија и, под налет на настаните, Сандански како четник активно учествувал во Мелничкото востание. Во текот на Грчко-турската војна од 1897 година, Врховниот комитет режирал втора прошетка по Македонија. Притоа била формирана чета под водство на Крсто Захариев, а Сандански бил еден од четниците кои требале да навлезат во Македонија. По враќањето во Бугарија, тој влегол во друштвото Младост кое имало за цел самообразование на своите членови и будење на регионот. Во февруари 1899 година бил назначен за управник на дупничкиот затвор. Истата година, Никола Малешевски го детално го информирал за дејноста на Македонската револуционерна организација и ја организирал првата негова средба со Гоце Делчев. Малешевски и Гоце успеале да го привлечат Сандански кон Внатрешната организација и нејзините цели. Заедно со Димо Хаџи Димов, тој го реорганизирал дупничкото македонско друштво на Врховниот комитет од Софија и започнал активност за приближување кон Внатрешната организација. Во април 1901 година, за првпат, со осумчлена чета, Сандански агитирал во името на Организацијата. Истата година, тој и Христо Чернопеев во околината на Разлог решиле да го грабнат д-р Хаус, протестантски мисионер од Солун. Меѓутоа, д-р Хаус го одложил патувањето, па затоа се решиле да ја киднапираат протестантската мисионерка Мис Стон, која се наоѓала во Банско. Целата акција се усложнила и траела шест месеци. На 31 јануари 1902 година бил платен откупот, а на 23 февруари грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето во селото Градошорци. Внатрешната организација презела енергични мерки против врховистичката агитација. Од левата страна на Струма, околу Пирин, борбата против врховизмот ја предводел Сандански. Во Делвино, тој пред селаните кристално јасно ги претставил идејните разлики помеѓу двете организации. Истата агитација Сандански ја повторил и во селата Марлево и Хрсово. Но, и покрај силниот отпор на Внатрешната организација, на 22 септември (стар стил) 1902 година започнало т.н. Горноџумајско востание. Подготовките за востанието во Серскиот револуционерен округ ги започнал Гоце Делчев, а по неговата смрт тие продолжиле под раководство на Сандански. На Крстовден, 27 септември, здружените сили на Јане Сандански и Цончев се нашле пред Свети Врач со намера да го нападнат турскиот гарнизон. Меѓутоа, тие биле следени од аскер и башибозук од 2.000 души и затоа се утврдиле за да започнат битка. Одредот на Сандански и Цончев бил обиколен од сите страни и затоа ноќта се повлекле. Планот за напад на гарнизонот во Свети Врач пропаднал, а Сандански се повлекол кон Кресна. По востанието, во Софија се одржале првите повостанички советувања на Организацијата. На овие советувања дошло до оформување на две гледишта од кои подоцна ќе произлезат две струи. Кризата и поделбите кои се појавиле по Илинденското востание, во текот на 1904 и 1905 година се продлабочиле. Во април 1905 година, здружените врховистички чети под команда на капетанот го започнале походот во мелничко. Врховистите биле начекани во заседа од Сандански. Во престрелката загинале седум врховисти, а шест биле ранети. За време на Рилскиот конгрес, истакнал дека во минатото сите грешеле, дека е потребно сплотување и помирување. Во летото 1906 година започнале подготовките за вториот редовен конгрес, меѓутоа тој пропаднал. На 28 ноември 1907 година, по наредба на Сандански, Тодор Паница ги убил Борис Сарафов и Иван Гарванов. По ликвидацијата, бугарските судови ги осудиле на смрт Сандански и Паница, откако ги прогласиле за разбојници. Во втората половина на мај 1908 година се одржал Мајскиот конгрес каде било решено да се формира нова организација под името Македоно-одринска револуционерна организација. Во јулските денови на 1908 година, приврзаниците на Јане се легализирале и влегле во градовите каде што биле пречекани од младотурските комитети со свечени собири и масовно учество на населението. Јане најпрво влегол во Неврокоп, каде што од балконот на општинската заграда одржал револуционерен говор пред околу 15.000 луѓе. На 15 јули 1908 година, Јане со воз пристигнал во Солун. На железничката станица бил пречекан од специјална младотурска делегација предводена од Енвер Беј, а на 18 јули 1908 година, Јане излегол со познатиот манифест до сите народности во империјата. Во последните денови од октомври 1912 година, уште пред доаѓањето на силите на Седмата бугарска дивизија, четата на Сандански, во содејство со востанатите селани, организирани и вооружени како селска милиција под раководство на Сандански, по кратка борба со османлискиот аскер, на 27 октомври 1912 година го ослободиле Мелник. Триста четници од одредот на Јане Сандански, во содејство со бугарската коњичка група на мајорот Цонев, на 8 ноември 1912 година, влегле во Солун, пред влегувањето на главнината на бугарската војска. По Балканските војни, Сандански се вклучил во политичкиот живот на Царството Бугарија. Во јули 1914 година, по иницијатива на Демократската партија, Народното собрание го изгласал т.н. Закон за простување на македонските револуционери. Во есента 1914 година, во полниот разгор на австриско-српскиот судир, Сандански и неговите соборци решиле да се организираат преку собирање на свои приврзаници и евентуални сојузници за борба против политиката на Фердинанд, меѓутоа заговорот пропаднал. По неуспешната акција, Сандански западнал во разочараност и се вратил во Роженскиот манастир кај Мелник. На 10 април, кај месноста Блатата била поставена заседа во која Сандански бил убиен. Неговото тело било пронајдено од еден караван, по што било пренесено во Роженскиот манастир. Неговите останки се наоѓаат во црквата Св. Св. Кирил и Методиј. Веднаш по ослободувањето и создавањето на современата македонска држава, македонскиот народ му оддал видно признание на својот голем син. Јаневата личност и дело редовно се одбележува на свечените академии и други собири, во печатот, радиото и телевизијата. Голем број на училишта, улици, културно-уметнички друштва го носат неговото име. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pred-106-godini-od-zaseda-bil-ubien-jane-sandanski-vrvna-figura-vo-makedonskoto-nacionalno-osloboditelno-dvizenje/feed/ 0
Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром утре започнува вакцинацијата со „Спутник V“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-poliklinikata-jane-sandanski-vo-aerodrom-utre-zapochnuva-vakcinacijata-so-sputnik-v/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-poliklinikata-jane-sandanski-vo-aerodrom-utre-zapochnuva-vakcinacijata-so-sputnik-v/#respond Tue, 09 Mar 2021 12:06:01 +0000 https://kurir.mk/?p=479565

Во поликлиниката Букурешт утре почнува ревакцинацијата со вакцината „Фајзер“. Во поликлиниката „Јане Сандански“ ќе се одвива имунизација со вакцината „Спутник V“, информираат за МИА од Министерството за здравство. Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота. -Поради проширувањето на ковид капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здарвство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-poliklinikata-jane-sandanski-vo-aerodrom-utre-zapochnuva-vakcinacijata-so-sputnik-v/feed/ 0
Колони возила на протестот од Аеродром, граѓаните бараат оставка од Заев (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koloni-vozila-na-protestot-od-aerodrom-gragjanite-baraat-ostavka-od-zaev-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koloni-vozila-na-protestot-od-aerodrom-gragjanite-baraat-ostavka-od-zaev-foto/#respond Mon, 07 Dec 2020 17:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=440165

Со почеток во 18 часот ВМРО-ДПМНЕ денеска одржува нов протест пред Владата. Поаѓањето на протестот беше во 17:30 часот од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“. -ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава. Тоа е единствениот начин како можеме да го победиме овој човек кој се пазари со нашиот источен сосед. Или Заев, или Македонија.Оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од Аеродром тргнаа колони возила кон Владата. Граѓаните сплотено бараат оставка од премиерот Заев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koloni-vozila-na-protestot-od-aerodrom-gragjanite-baraat-ostavka-od-zaev-foto/feed/ 0
ФОТО: Мисајловски се сретна со жителите на населбата Јане Сандански од Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-misajlovski-se-sretna-so-zitelite-na-naselbata-jane-sandanski-od-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-misajlovski-se-sretna-so-zitelite-na-naselbata-jane-sandanski-od-kumanovo/#respond Sat, 04 Jul 2020 15:24:49 +0000 https://kurir.mk/?p=368963

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2, Владо Мисајловски денеска во рамките на предизборната кампања се сретна со жителите од кумановската населба Јане Сандански. Мисајловски, пред жителите на населбата ја презентираше изборната програма, како и сите проекти кои што се од полза за сите граѓани на Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-misajlovski-se-sretna-so-zitelite-na-naselbata-jane-sandanski-od-kumanovo/feed/ 0
Аеродромци на протест пред поликлиниката „Јане Сандански“, не сакаат тука да се лекуваат зависници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aerodromci-na-protest-pred-poliklinikata-jane-sandanski-ne-sakaat-tuka-da-se-lekuvaat-zavisnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aerodromci-na-protest-pred-poliklinikata-jane-sandanski-ne-sakaat-tuka-da-se-lekuvaat-zavisnici/#respond Sun, 21 Jul 2019 11:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=220698

Стотина граѓани се собраа денеска на протест пред поликлиниката „Јане Сандански“ во општина Аеродром, откако пред неколку денови Министерството за здравство одлучи, пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности, метадонската терапија да ја примаат и во оваа здравствена установа. Протестот беше организиран од „Граѓанската иницијатива-Гласот на Аеродром“, а меѓу присутните беше и поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски. „Сметаме дека одлуката е скандалозна бидејќи објективно проблемот на Кисела Вода ќе биде решен, но ќе биде префрлен на други три места. Тоа секојдневие кое го има во Кисела Вода ќе се префрли тука. Бараме одлуката да се повлече. Решението треба да го најде Филипче. Масовноста ќе се зголемува од ден на ден ако одлуката не се промени. Нема расположение ниту зависниците привремено да останат тука“, рече Коневски. Повеќе од стотина граѓани, главно жители од зградите во близина на поликлиниката, мирно го изразија својот револт од одлуката на Министерството, а некои беа дојдени и со деца. Тие сметаат дека е недозволиво зависници да примаат терапијаа во оваа болница каде секојдневно се лекуваат и деца, а во чија непосредна близина има две градинки и основно училиште. Некои од жителите на населбата Аеродром коментираат дека проблемот со терапијата на зависниците надлежните треба да го решат со изградба на објекти на периферијата од Скопје, а не со нивна распореденост во густо населени локации во градот, како што е Аеродром и слични. „На ова место има црква, згради, градинки, училишта… Во паркот кај црквата ние сме наоѓале шприцеви од дрога. Не сме против зависниците. Но, наместо да се градеа објекти кои ништо не значат, требаше да се изградат објекти на периферија на градот и така ќе се решеше проблемот“, изјави жител на Аеродром Министерството за здравство пред неколку дена донесе одлука за дисперзија на Програмата за третман и превенција на зависности, од дневниот Центар во Кисела Вода, во поликлиниките во Аеродром, Ченто, Бардовци и во болницата „8 Септември“. Жителите од овие општини набрзо по соопштението, повикаа на протести преку социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aerodromci-na-protest-pred-poliklinikata-jane-sandanski-ne-sakaat-tuka-da-se-lekuvaat-zavisnici/feed/ 0