јанева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Jun 2020 09:18:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јанева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Љубомир Јовески вети дека ќе го доврши делото на Катица Јанева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljubomir-joveski-veti-deka-kje-go-dovrshi-deloto-na-katica-janeva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljubomir-joveski-veti-deka-kje-go-dovrshi-deloto-na-katica-janeva/#respond Tue, 30 Jun 2020 09:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=365643

Денеска стапува во сила новиот Закон за јавно обвинителство. Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју за МИА, по повод стапувањето во сила на новиот Закон за јавно обвинителство. Со тоа, Јовески практично вети дека ќе го доврши не/делото на првостепено осудената Катица Јанева. „Предметите на СЈО, Јавното обвинителство ги презема за да продолжат постапките и сторителите на кривични дела да ја добијат заслужената казна. Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница“, вели Јовески. И покрај тензиите со кои беше проследено неговото донесување во февруари, Јовески не очекува опструкции во неговата примена. „Не гледам причина за тоа. Досега јавното обвинителство честопати беше мета на политички препукувања. Законот за јавно обвинителство, чија имплементација ја започнуваме, дава добра основа за јакнење на институцијата и професијата. Силно јавно обвинителство е потребно на нашето општество, на сите нас, на државата. Владеење на правото е темел на секоја демократија и еднаквост на граѓаните“, вели Јовески во интервју за МИА. Експертската јавност, новиот Закон за ЈО го протолкува како закон со кој се амнестира Заев и функционерите на СДСМ од натамошното процесирање на нови бомби т.е. прислушувани разговори. Отсега, тие ќе биудат само индиции, но не и како досега - основа за обвинение. Во превод, бомбите си ја завршија работата и ја исполнија целта за која и беа пуштени во оптек - смена на власта за промена на името, Уставот, па ќе ги пензионираат. Оваа јавна тајна деновиве во момент на искреност ја потврди и Артан Груби, кој призна зошто Заев бил донесен на власт. Прашањето во јавноста е дали со нив ќе се пензионираат на 15. јули и оние кои ги лиферуваа во минатото?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljubomir-joveski-veti-deka-kje-go-dovrshi-deloto-na-katica-janeva/feed/ 0
Боки 13: Јанева беше уценета да си даде оставка или ќе има истрага против неа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-janeva-beshe-uceneta-da-si-dade-ostavka-ili-kje-ima-istraga-protiv-nea/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-janeva-beshe-uceneta-da-si-dade-ostavka-ili-kje-ima-istraga-protiv-nea/#respond Thu, 07 May 2020 16:59:26 +0000 https://kurir.mk/?p=343164

На денешното рочиште за случајот „Рекет“, првоосомничениот Бојан Јовановски рече дека тогашната специјална обвинителка Катица Јанева наводно била уценета и дека се барала оставка од нејзе. -Се тргуваше со овој случај, Катица Јанева беше уценета или ќе дадеш оставка или ќе се случи ова што се случува сега, рече Бојан Јовановски на денешното рочиште за случајот „Рекет“. -На 3 април гостуваше Заев во телевизијата. По емисијата разговаравме во мојата канцеларија и Заев ми кажа дека и мене и Катица нè следеле странски служби. Ме уплаши и изманипулира дека странски обвинител имал сè за мене, додал Јовановски на денешното рочиште. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-janeva-beshe-uceneta-da-si-dade-ostavka-ili-kje-ima-istraga-protiv-nea/feed/ 0
Анализа: Зошто на Кацарска и требаа цели 96 часа за да се „згрози“ од сведочењето на Стефанова? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-zoshto-na-kacarska-i-trebaa-celi-96-chasa-za-da-se-zgrozi-od-svedochenjeto-na-stefanova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-zoshto-na-kacarska-i-trebaa-celi-96-chasa-za-da-se-zgrozi-od-svedochenjeto-na-stefanova/#respond Fri, 31 Jan 2020 16:24:16 +0000 https://kurir.mk/?p=297533

Судијката која го ослободи Зоран Заев од „Поткуп“,  која обвинетите патриоти за местенката на 27 април ги осуди на драконски 211 години, судеше и пресуди во патетичниот случај на СЈО - „Тенк“ за мерцедесот кој и ден-денеска се вози и судијка на која фамозниот АКМИС постојано и ги доделува најжешките случаи против екс раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сега  бара од Судскиот совет да ги утврди сите факти и обвинувања на обвинителката Лиле Стефанова за притисоци врз неа и обвинителите во СЈО и јавноста да ја дознаела целата вистина. Јавноста се прашува, зошто на Кацарска и требаа цели четири дена (96 часа) за да реагира за Стефанова и чуму и' требаше толку многу време за да го напише ова одбранбено писмо до Судскиот совет? Истата таа јавност македонското судство одамна го перципира токму како Кацарска судство, фраза која стана општоприфатена, исто како и Рускоска обвинителството. Индикативно е што во само два дена разлика, обвинителката Рускоска е обвинета за криминал од 4 милиони евра од обвинетиот во рекет Бојан Јовановски, а судијката Кацарска за влијанија и силни притисоци врз СЈО од сведокот во истиот случај, обвинителката Лиле Стефанова. Познавачите на состојбите, овие акти не ги сметаат како случајни, туку ги поврзуваат со доаѓањето на изборите, очигледноста на еден брод кој тоне и вистината која полека, со губењето на стегите поставени од актуелната влада, се почесто ќе излегува на виделина. Велат дека основното прашање кое деновиве се поставува по судските кулоари е - „Кој е следниот кој ќе „пропее“ и ќе посведочи за нов криминал или притисок“ на инволвираните ликови сплотени во волшебниот триаголник во кој е создадена судско-обвинителско-владината спрега. Судијката Добрила Кацарска четири дена по обвинувањатаво понеделникот, денеска испрати емотивно писмо до Судскиот совет, во кое наведува дека по сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова во случајот „Рекет“ секојдневно се соочувала со сè повеќе вербални напади од обвинети, нивните бранители, како и од некои политичари. Три дена по сведочењето, навредената Кацарска сфатила дека во случајот „Рекет“ нејзиното име било злоупотребено со цел да се наруши нејзиниот „интегритет, дигнитет и независност во постапувањето“ и дека е згрозена од изјавата на Стефанова дека таа ѝ вршела притисок. „Имено, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, Лиле Стефанова, во својство на сведок во предметот со кодно име ‘Рекет’ во својот исказ меѓу останатото навела дека и се вршеле притисоци преку разни емисари, односно обвинители, судии, бизнисмени и политичари, а притоа го споменала моето име, наводно јас сум ѝ вршела притисок, но не лично нејзе, туку наводно сум ѝ пуштила некој колега обвинител, како што известија и сите присутни медиуми,“ пишува Кацарска во емотивното писмо. Силно навредената судијка наведува дека била згрозена од ваквата изјава и тврди дека не е вистина дека вршела притисок врз Стефанова, ниту лично ниту преку нејзин колега. „Во делот на нејзините наводи дека јас сум „окапала“ во судот денот кога се одлучуваше за притворот на Јордан Камчев, додава Кацарска, истакнувам дека тоа беше работен ден, а јас секој работен ден од 8 часот сум на работа, а од месец јануари 2018 година до месец јули 2019 година бев секој ден на работа од раните утрински часови, па до доцна во ноќта, без оглед дали се работело за работни денови, празник или викенд, со оглед дека и јавноста знае на кои предмети во тој период работев и кои пресуди се донесоа и пресудите беа изготвениво законски рок“, се правда судијката, признавајќи притоа дека фамилијата Камчеви се нејзини фамилијарни пријатели, но таа нејзина искреност не смела да се злоупотребува од кого било, а посебно не од јавен обвинител, бидејќи шетните последици од изнесување невистини доведувале до нарушување на угледот на оној на кого се однесуваат, а имајќи предвид дека ја извршувала функцијата судија, се нарушува и угледот на судиската функција воопшто, нешто што во никој случај не сакала и не смеела да го дозволи,  наведува растревожената Кацарска во писмото. Индикативно, ова  е веќе четврто писмо кое треба да излезе во јасноста последните два дена. Трите други, досега непознати за јавноста која мислеше дека се работи за едно писмо, ги најави токму обвинителот Јовески. Нему, опозицијата која е „режим“ и кога не е на власт, му забрани да ги објави на дебатат за предлог законот за ЈО во собранието. Нивен автор наводно е Катица Јанева. На социјалните мрежи велат :„Јавноста е во очекување на ново писмо од новата епистоларна тактика на атавизмите од системот на заминување.“  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-zoshto-na-kacarska-i-trebaa-celi-96-chasa-za-da-se-zgrozi-od-svedochenjeto-na-stefanova/feed/ 0
Писмата што Јанева од притвор му ги пратила на Јовески не се љубовни писма за тој да ги крие https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismata-shto-janeva-od-pritvor-mu-gi-pratila-na-joveski-ne-se-ljubovni-pisma-za-toj-da-gi-krie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismata-shto-janeva-od-pritvor-mu-gi-pratila-na-joveski-ne-se-ljubovni-pisma-za-toj-da-gi-krie/#respond Thu, 30 Jan 2020 13:43:43 +0000 https://kurir.mk/?p=297007

Тоа што најмногу ги интересира пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече тој, е зошто главниот државен обвинител кој што збори за идниот закон за обвинителство не го почитува сегашниот закон за обвинителство.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, член на работната група за законот за јавно обвинителство, денеска изјави дека јавната расправа во голем дел дала потврда на многу забелешки кои претходно ги изнела опозицијата за овој, како што рече, некомплетен и со многу недостатоци закон. -Единствено тие што работеа на овој текст си ја пофалија својата работа, како академикот Камбовски, додека стручната јавност беше прилично конкретна и критична. Нашиот заклучок од јавната распава е дека најголемиот број на присутни стручни лица од правната и академската фела препорачаа овој Предлог закон за јавно обвинителство да се доработи од Министерството кое го предлага, рече Милошоски. За утре е закажана средба во поширок состав, најверојатно во Собранието. На оваа средба, според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, преку стенограмските белешки ќе се согледуваат дадените забелешки на јавната расправа. оа што најмногу ги интересира пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече тој, е зошто главниот државен обвинител кој што збори за идниот закон за обвинителство не го почитува сегашниот закон за обвинителство. -Членот 60 од сегашниот закон за обвинителство и предлогот на Дескоска во иднина секогаш бил и ќе биде кога имате притворен јавен обвинител императивна норма е тој притворен обвинител да се одалечи од работното место. Штом се одалечува од работното место дали станува збор за Катица Јанева или друг јавен обвинител, тој обвинител не може да делегира наредби, задачи или одлуки поврзани со надлежноста на неговото работно место. Затоа цениме дека писмата коишто Катица Јанева од притвор му ги пратила на Јовески не се љубовни писма за тој да ги крие, ниту пак да ги донесе приватно да ни ги покаже туку се писма коишто јавноста треба да ги види за да се оцени зошто постапил незаконски и зошто не ја одалечил од работното место во моментот кога надлежни органи донеле одлука за притвор, рече Милошоски. Според него, она што се забележува од владините претставници е дека нивна главна цел е какви и козметички измени да се прифатат во текстот на законот, е што е можно подолго да се задржат на своите позиции Јовески и Вилма Рускоска по промената на власта. -Јовески и Рускоска според закон се јавни обвинители, а според дејствувањето се адвокати на материјалните и политичките интереси на Заев, неговата фамилија, неговите најблиски политички соработници. Ние цениме дека таквата поставеност на власта не е во корист на самостојоста на обвинителството и на ефикасната импелемнтација на законот, рече Милошоски. Пратеникот вели дека власта самата го става во позиција законскиот текст да не успее и тоа заради тоа што го ставаат во „5 до 12″, затоа што не го повлекле официјалниот текст на законот кој од лани е на собраниска седница и затоа што ги викаат стручните луѓе од обвинителството да дадат забелешки без тие да имаат време да би  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismata-shto-janeva-od-pritvor-mu-gi-pratila-na-joveski-ne-se-ljubovni-pisma-za-toj-da-gi-krie/feed/ 0
Фрчкоска ја правда Јанева: Катица е прилично револтирана… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkoska-ja-pravda-janeva-katica-e-prilichno-revoltirana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkoska-ja-pravda-janeva-katica-e-prilichno-revoltirana/#respond Mon, 27 Jan 2020 13:57:15 +0000 https://kurir.mk/?p=295334

Адвокатката Ирена Фрчкоска, сопруга на Љубомир Фрчкоски, која ја брани Катица Јанева во предметот „Рекет“, за однесувањето на нејзиниот клиент вели дека е последница на револт поради, како што вели, сите работи што ѝ се случуваат.
Фрчкоска вели дека Јанева постапувала согласно нејзините законски надлежности и тука нема ништо спорно. „Јас не се согласувам со таквите испади, но Катица Јанева е прилично револтирана, поради сите овие работи кои ѝ се случуваат. Гледаме дека обвинителката Стефанова во јануари кажувала еден став, сега друг. По наш впечаток, работите се извртуваат, а во друг дел – во ред беше исказот“, рече Фрчкоска. Адвокатката на Јанева вели дека од ексшефицата на СЈО немало незаконско постапување.  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkoska-ja-pravda-janeva-katica-e-prilichno-revoltirana/feed/ 0
Милошоски: Јанева рекетирала, а Боки 13 извршувал со помош на високи челници од владата на СДСМ и Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-janeva-reketirala-a-boki-13-izvrshuval-so-pomosh-na-visoki-chelnici-od-vladata-na-sdsm-i-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-janeva-reketirala-a-boki-13-izvrshuval-so-pomosh-na-visoki-chelnici-od-vladata-na-sdsm-i-zaev/#respond Tue, 21 Jan 2020 20:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=292895

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, истакна дека селективната правда во Република Македонија негативно влијае на положбата и имиџот на државата пред Европската унија и европските претставници, коментирајќи дека градоначалникот Курто Дудуш од СДСМ кој што насилно тепаше свој сограѓанин во канцеларија на општината добил само судска опомена. -Имавме случај за градоначалникот Курто Дудуш. Имаме закон за јавно обвинителство имаме случај каде што новинари објавија на бесправно лишување на свој сограѓанин од слобода го заклучил во канцелариите на општината Шуто Оризари бидејќи го тепал затоа што не размислувал политички како него и тој помина само со судска опомена и ние можеме најубавиот најмодерниот закон за јавно обвинителство да го донесеме. Но, ваквиот случај ќе стигне преку францускиот амбасадор до француската влада, преку данскиот амбасадор до данската влада, преку холандскиот амбасадор до холандската влада и мислам дека ваквите примери на селективно спроведување на владата без разлика колку е законот е модерен ја деградиитраат положбата и имиџ на Република Македонија во ЕУ, вели Милошоски. Според него, поголем приоритет в Собранието на Заев е носењето на законот за сув цвет од марихуана кој што бил предложен со европско знаменце односно скратена постапка, за разлика од законот за јавно обвинителство или други суштински закони. -Второ се работи се приоритети во собранието, а ние изминатиот период гледаме дека поголем приоритет на Заев е законот за трговија за опојни дроги и со цвет за марихуана отколку законот за јавно обвинителство или други системски закони. Само еден пример ќе ви кажам предлог законот за јавно обвинителство беше пуштен во собрание во редовна постапка додека законот за сув цвет од марихуана беше пуштен со европско знаменце, за покасно да биде повлечен поради реакција на јавноста. Затоа прашање на приоритети во овие последни мигови во владеење на Заев нему му е најголем приоритет. Јас не верувам дека нему приоритет нему му се стандардите во било кои закони, најмалку во законот за јавно обвинителство. Нему му е приоритет како оние луѓе од судството и обвинителството кои што му се лојални да ги удоми во системот на обвинителство и судство за да можат да го штитат, смета Милошоски. Според Милошоски, поранешната специјалната јавна обвинителка која што е обвинета за случајот Рекет Јанева не можела сама да рекетира без претходна поддршка од страна на високи функционери на владата на СДСМ, посочувајќи ги изјавите од страна на сведоците во случајот Рекет кои што сведочеле дека во домот на Боки 13 често пати гости биле токму министрите од владата на СДСМ. -Парадоксот овде е што главниот актер во случајот Рекет и главниот актер кој што на некој начин го дескридитриа и го девалвира СЈО, институцијата која што многу граѓани кои гласа за Заев полага надежи правда и правичност е Катица Јанева, а не Боки 13. Тој е дел од извршителите, таа е главниот плејмејкер и не можела Катица Јанева да била толку ефикасна во рекетирањето доколку немала толку висока и сигурна поддршка од челници од владата на Република Македонија. Ние имавме сега на сведочењето изјави и еден министер тоа го кажа дека кај Боки 13 на гости дома оделе видни министри, бил министерот за здравство Венко Филипче, бил неколку пати министерката Шеќеринска и други претставници и градоначалници од СДСМ. Што правеле тие, слушале плочи од 80тите и разговарале со Катица Јанева и со него за некои други теми. Затоа сметам дека најголем одговорност за пропаст на проектот СЈО е токму на актуелната власт која што го злоупотреби СЈО за свои политички и материјални цели, кажа Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-janeva-reketirala-a-boki-13-izvrshuval-so-pomosh-na-visoki-chelnici-od-vladata-na-sdsm-i-zaev/feed/ 0
Героски: АФЕРА „РЕКЕТ“ Можно ли е Спец Катица да е уценета?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-afera-reket-mozno-li-e-spec-katica-da-e-uceneta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-afera-reket-mozno-li-e-spec-katica-da-e-uceneta/#respond Fri, 22 Nov 2019 16:19:35 +0000 https://kurir.mk/?p=267766

Плата од 3.500 евра месечно, бонуси од 157.000 евра за четири години, спец-каса во СЈО, а згора и рекетирање, хип-хоп 50.000 евра (ако се само толку) и што ли уште не - па после некој сака да веруваме дека некоја таинствена сила работела на дискредитирање на СЈО и на уривање на Зоран Заев? Се пие ли таа скиселена боза, аман? Пред некој ден, еден мој драг колега, во колумна, ја промовираше старата, веќе подзаборавена теза дека целта на „планирањето и внимателната изведба“ на аферата „Рекет“ била двојна: „дискредитирање и уривање на СЈО, а потоа и пад на Зоран Заев од власт“. Интересно е дека истиот ден кога беше обjавена таа колумна, во една пригода, седнат на маса со некои важни луѓе, ја слушнав баш истата теза. Случајно? Бидејќи јас сум „суетниот новинар“ којшто прв ја откри аферата „Рекет“ – а сум сосема сигурен дека немав намера да ги урнам ни СЈО ни Зоран Заев – после тој текст на колегата, почнав сериозно да размислувам што треба да значи обновувањето на старата теза, баш сега, пред почетокот на судењата за „Рекет“ и непосредно пред изборите. Ја препрочитав колумната повнимателно и мислам дека го најдов вистинскиот одговор. Зошто би молчела Катица? Имено, на крајот од колумната, колегата јавно „депонира“ една молба до лицата задолжени за чување на архивите во Обвинителството, да се погрижеле „миракулно“ да не исчезнело четиричасовното сведочење на Јанева, во присуство и на адвокатот Стеван Павлески, дадено пред обвинителите, дента пред да биде уапсена. „Ќе ни треба тој запис, за еден ден, кога ќе се прави реконструкција на целиот овој скандал, да сфатиме зошто, всушност, е направена целата оваа операција и кој каква улога играл во неа“, пишува колегата. Дополнително, тој загадочно најавува: „Не верувам дека тој богат исказ на обвинетата Катица ќе го чуеме и во судницата“. Хммм… Интересно, нели? Зошто тој богат исказ не би го чуле во судницата? Дали тоа зналчи дека Катица ќе биде наградена, принудена, евентуално дури и уценета, нешто да скрие од јавноста и некого да заштити? Зошто не би го кажала она што веќе го кажала во својот првичен исказ пред апсењето? Оваа интригантна најава ме потсети на еден скорешен пост на пратеникот Антонио Милошоски (учесник во неуспешните преговори за новиот закон за Јавното обвинителство), во кој тој зборува за односите меѓу Зоран Заев и Катица Јанева. Нормално, Милошоски е опозиционер и за очекување беше да го каже следното: „…Очигледно е дека премиерот во заминување е главниот координатор на одбраната на обвинетите во мега-скандалот ‘Рекет’, што отвора сомнеж дека во оваа криминална афера и Заев бил дел од групата државни функционери која ги давала насоките за дејствување на тројцата обвинети рекетари, со цел таа група противправно да се здобие со лична имотна корист, да обезбеди спонзорство во кеш за партијата, како и нелегално да финансира медиум“. Она што за Милошоски е очиледно, за мене сѐ уште не е. Ова искрено го кажав и во еден од моите телевизиски настапи, односно нагласив дека немам сознанија за кривична одговорност на Зоран Заев и на Радмила Шеќеринска за аферата „Рекет“, но додадов дека тие имаат неспорна и директна политичка одговорност за скандалот. Сепак, после новиве наводи што ги читаме, се чини дека без било какво прејудицирање, прашањето за евентуалната подиректна повраност на Заев со групата осомничена за „Рекет“ треба да го држиме отворено. Одговори немаме, но прашањето, како и тепсијата, стоо… Повеќе прочитајте на Плусинфо]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-afera-reket-mozno-li-e-spec-katica-da-e-uceneta/feed/ 0
Димовски: Одлуката Јанева да оди во домашен притвор е скандалозна, судењето за „Рекет“ ќе се одолговлекува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-odlukata-janeva-da-odi-vo-domashen-pritvor-e-skandalozna-sudenjeto-za-reket-kje-se-odolgovlekuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-odlukata-janeva-da-odi-vo-domashen-pritvor-e-skandalozna-sudenjeto-za-reket-kje-se-odolgovlekuva/#respond Tue, 19 Nov 2019 18:54:45 +0000 https://kurir.mk/?p=266227

Новинарот кој е познат по своите репортажи од правocyдството, Саше Димовски одлуката на Апелациониот суд за замена на мерката ефективен притвор со домашен притвор ја гледа како скандалозна. Тој не гледа ништо променето од пред еден месец кога Апелација и го продолжи притворот на Јанева. Новонастанатат ситуација според Димовски ќе го одолговлечи судењето за случајот „Рекет“ кое треба да почне на трети декември наредниот месец. -Куќниот притвор за Катица Јанева за мене е дефинитвно скандлозно, ако го гледаме краткиот притвор, за мене се уште краток притвор од три месеци. Посебно е загрижувачки што за десетина дена е почетокот на судењето. Ваква одлука пред самиот старт на судењето ќе значи од почеток одолговлекување, еве јас сум убеден дека овој период обвинетите ќе го искористат за одење по лекари за изнаоѓање на други начини и на трети не верувуам дека ќе имаме успешен старт на судењето. Денеска адвокатот на Јовановски тоа меѓу другото го најави. Мислам дека Апелациониот суд во конкретниот случај требапе да им остави простор на судечките судии, на тој совет на трети декември да оценат дали има услови, дали нема услови, да ги видиме гаранциите, да ја видиме нивната здравствена состојба во јавност тогаш и да ги погледнеме сите аргумени бидејќи обвинението е веќе стапено на сила пред месец дена. Ништо не се промени од тогаш до сега, апелациониот суд го продолжи притворот и не гледам што ново нашол денеска освен гаранцијата која беше понудена и пред месец дена, вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-odlukata-janeva-da-odi-vo-domashen-pritvor-e-skandalozna-sudenjeto-za-reket-kje-se-odolgovlekuva/feed/ 0
На Јанева и е подобро, утре се враќа во Шутка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-janeva-i-e-podobro-utre-se-vrakja-vo-shutka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-janeva-i-e-podobro-utre-se-vrakja-vo-shutka/#respond Sun, 13 Oct 2019 15:24:11 +0000 https://kurir.mk/?p=251238

Поранешната Специјална обинителка, Катица Јанева, е во постабилна состојба и утре најверојатно ќе биде префрлена во затворот во Шуто Оризари каде ја издржува мерката притвор, која и беше одредена како осомничена во предметот „Рекет“, пренесува „Фокус“ Јанева е веќе четврти ден на болничко лекување во приватната клиника „Филип Втори“, каде беше однесена во четвртокот поради влошена здравствена состојба. На Јанева и бил измерен висок крвен притисок, а при испитувањата докторите утврдиле дека е во прединфарктна состојба. Адвокатите на Јанева не одлучиле дали врз основа на болничкиот извештај ќе побараат од судот мерката притвор да ја замени со мерка куќен притвор. Како што велат првин ќе ја сочекаат одлуката на Апелациониот суд за поблага мерка за што е понудена гаранција]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-janeva-i-e-podobro-utre-se-vrakja-vo-shutka/feed/ 0
Одбраната на Јанева ќе ги спори снимките на Камчев да не бидат докази во истрагата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-janeva-kje-gi-spori-snimkite-na-kamchev-da-ne-bidat-dokazi-vo-istragata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-janeva-kje-gi-spori-snimkite-na-kamchev-da-ne-bidat-dokazi-vo-istragata/#respond Sat, 21 Sep 2019 07:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=243015

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска во нејзиното гостување во емисијата „360 степени“ изјави дека ќе бара снимките на Орце Камчев да не бидат користени како докази, бидејќи се прибавени на нелегален начин. -Сега ќе треба да видиме дали тие снимки ќе можат да се користат како докази во постапката, бидејќи се прибавени на нелегален начин. Не може како „бомбите“ кои се користат како докази, бидејќи тие иако беа прибавени на нелегален начин, беа озаконети со Законот за специјално обвинителство. А, овие снимки се третираат како докази прибавени на незконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката, изјави Фрчкоска на гостувањето во емисијата „360 степени“. Според неа е спорно и што во образложението за разрешување на Јанева се користи терминот „незаконито дејствие“. -Јас очекував да ја разрешат од функцијата специјален јавен обвинител. Спорна е одлуката со која таа е разрешена од функцијата јавен обвинител во Гевгелија и како тоа беше поистоветено со разрешување од специјален обвинител. За мене е спорна употребата на терминот „незаконито дејствие“, бидејќи тоа се одредува само со судска пресуда. Ниту Советот на јавни обвинители, ниту Парламентот не можат да утврдат незаконитост, вели Фрчкоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-janeva-kje-gi-spori-snimkite-na-kamchev-da-ne-bidat-dokazi-vo-istragata/feed/ 0