јанез јанша – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Apr 2022 19:16:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јанез јанша – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Телефонски разговор Блинкен – Јанша https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-blinken-jansha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-blinken-jansha/#respond Thu, 21 Apr 2022 19:16:53 +0000 https://kurir.mk/?p=666743

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со премиерот на Словенија, Јанез Јанша, при што тој се заблагoдарил на Словенија за јасно укажаната поддршка за суверенитетот и триторијалниот интегритет на Украина. Државниот секретар ја истакнал потребата од силна одбранбена асистенција во одговор на бруталната војна на Русија, изјави портпаролот Нед Прајс. -Тој ги осуди страшните злосторства извршени од руските сили во својата непровоцирана и неоправдана војна против Украина, и ја истакна потребата да се бара одговорност од Москва. Блинкен и премиерот Јанша дискутирале и за словенечката кандидатура за членство во Советот за безбедност на ОН во 2024-2025 година. -Секретарот го повтори убедувањето на САД дека Словенија е мошне добро квалификуван кандидат кој, ако биде избран, ќе биде кредибилен глас за учество во одржување на меѓународниот мир и безбедноста, истакна Прајс.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-blinken-jansha/feed/ 0
Јанша ги негира „инсинуациите“ дека неговата партија е финансирана од Унгарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/jansha-gi-negira-insinuaciite-deka-negovata-partija-e-finansirana-od-ungarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/jansha-gi-negira-insinuaciite-deka-negovata-partija-e-finansirana-od-ungarija/#respond Tue, 12 Apr 2022 14:21:09 +0000 https://kurir.mk/?p=661944

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска се осврна на тврдењата на опозицијата дека неговата партија индиректно се финансира од странство, преку политички мотивирани инвестиции од Унгарија и ги нарече „навредливи инсинуации“. - Словенечката демократска партија не се финансира од странство и не добива средства незаконски, рече Јанша, говорејќи како сведок на распитот пред специјалната парламентарна анкетна комисија што минатата година ја основа опозицијата за финансирање политички партии од странство. Јанша ги нарече недокажани тврдењата дека неговата партија се финансира на незаконски начин или дека се работи за перење пари, а на седницата на комисијата неколку пати се закани дека ќе ја напушти салата доколку продолжат „ваквите инсинуации“. Како што се наведува, станува збор за инвестиции од Унгарија во медиумите блиски до партијата на Јанша. Јанша на распитот ги отфрли и сите сомнежи за заем што неговата партија го обезбедила пред четири години, пред тогашните парламентарни избори, од извесна претприемничка од Република Српска, која подоцна се откажала бидејќи се покажало дека не е во согласност со закон. Исто така, Јанша рече дека не го познава украинскиот „проруски“ политичар Виктор Медведчук, за кој опозиционерите тврдеа дека отворено зборувал за финансиски „октопод“ создаден од луѓе блиски до Виктор Орбан во регионот, „финансирајќи некои медиуми во Словенија и Македонија“. Опозициските членови на комисијата сметаат дека станува збор за „руски пари за ширење политичка пропаганда во Европа“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/jansha-gi-negira-insinuaciite-deka-negovata-partija-e-finansirana-od-ungarija/feed/ 0
Јанша и Голоб во „тесна трка“ пред парламентарните избори во Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-i-golob-vo-tesna-trka-pred-parlamentarnite-izbori-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-i-golob-vo-tesna-trka-pred-parlamentarnite-izbori-vo-slovenija/#respond Mon, 11 Apr 2022 12:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=661356

Актуелниот словенечки премиер Јанез Јанша и новиот кандидат за премиер Роберт Голоб се во „тесна трка“ две недели пред парламентарните избори, покажуваат анкетите.
Според анкетата спроведена за неколку медиуми и објавена денеска од агенцијата Медијана, Движењето за слобода, формирано пред изборите од Роберт Голоб, истакнат менаџер кој долги години раководеше со голема државна енергетска компанија, ќе добие најмногу гласови (19,8 проценти). Веднаш по нив следи Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер Јанез Јанша со 18,6 отсто од гласовите. На трето место се социјалдемократите (СД) со 7,9 отсто од гласовите, потоа Левицата (Л) со 5,8 отсто, демохристијанската Нова Словенија (НСИ) со 5,5 отсто и Листата на Марјан Шарец (ЛМС) со 4,6 отсто. Останатите партии во моментов се под потребниот праг од четири проценти за влез во Парламентот. Словенечките гласачи избираат 90 пратеници во Народното собрание на парламентарните избори на 24 април, а околу 20 партии и граѓански листи се борат за влез во Парламентот.
Претседателот Борут Пахор, кому годинава му истекува вториот претседателски мандат, најави дека по изборите ќе му го додели мандатот за новата влада на лидерот на партијата кој ќе собере потписи од 46 пратеници, со што ќе го убеди дека го има потребното мнозинство во Парламентот.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-i-golob-vo-tesna-trka-pred-parlamentarnite-izbori-vo-slovenija/feed/ 0
Јанша поддржува испраќање системи за противвоздушна одбрана С-300 во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-poddrzuva-isprakjanje-sistemi-za-protivvozdushna-odbrana-s-300-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-poddrzuva-isprakjanje-sistemi-za-protivvozdushna-odbrana-s-300-vo-ukraina/#respond Wed, 30 Mar 2022 19:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=655974

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека го поддржува испраќањето на ракетните одбранбени системи С-300 во Украина. -Да, го поддржувам ова бидејќи тоа е опремата што најмногу и треба на Украина, изјави тој за Си-Ен-Ен, но додаде: „Не поддржувам многу да зборуваме за она што ние им даваме“. Јанша, исто така, рече дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој му рекол дека неговата Влада е подготвена да предложи референдум на Украинците за промена на уставот за откажување од желбата на Украина да се приклучи на НАТО. -Мислам дека донесоа некаква прагматична одлука, бидејќи откако ќе ја добијат оваа војна, мислам дека НАТО ќе сака да се приклучат. Кога ќе победат во оваа војна, украинската армија ќе биде една од најсилните, ако не и најсилната армија на европскиот континент, рече Јанша. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-poddrzuva-isprakjanje-sistemi-za-protivvozdushna-odbrana-s-300-vo-ukraina/feed/ 0
Јанша испраќа воено дипломатска мисија во Киев во знак на поддршка за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-isprakja-voeno-diplomatska-misija-vo-kiev-vo-znak-na-poddrshka-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-isprakja-voeno-diplomatska-misija-vo-kiev-vo-znak-na-poddrshka-za-ukraina/#respond Wed, 23 Mar 2022 11:34:12 +0000 https://kurir.mk/?p=651961

Словенечката влада не успеа да натера дипломат да замине во Киев како привремен вршител на должност на амбасадата во Украина, па функцијата ќе ја преземе потполковникот на словенечката армија, објавија денеска словенечките медиуми. Според ПОП-ТВ, премиерот Јанез Јанша не успеал да најде доброволец во Министерството за надворешни работи да замине во Киев, па владата се обратила до Министерството за одбрана. Договорено е должноста началник да ја преземе офицер со чин потполковник кој привремено ќе биде вработен во МНР и со соодветна екипа да биде испратен во Киев. На денешната седница треба да биде донесена одлуката за испраќање на привремениот вршител на должност и владиниот тим, а премиерот Јанша утре на вонредна седница во Брисел ќе ги информира лидерите на НАТО и ЕУ. Станува збор за напорите на Јанша, кој неодамна го посети Киев со полскиот и чешкиот премиер, да испрати „невообичаена воено дипломатска мисија“ во главниот град на Украина, која нема да има голем дел од вообичаената дипломатска работа, но присуството ќе биде силен симбол на поддршка за Украина, иако носи и многу ризик“, наведува ПОП-ТВ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-isprakja-voeno-diplomatska-misija-vo-kiev-vo-znak-na-poddrshka-za-ukraina/feed/ 0
Јанша: Словенија ќе го замени природниот гас од Русија со гас од Алжир https://arhiva.kurir.mk/svet/region/jansha-slovenija-kje-go-zameni-prirodniot-gas-od-rusija-so-gas-od-alzir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/jansha-slovenija-kje-go-zameni-prirodniot-gas-od-rusija-so-gas-od-alzir/#respond Fri, 18 Mar 2022 11:03:02 +0000 https://kurir.mk/?p=649432

Словенија ќе го замени природниот гас од Русија со гас од Алжир, а подготвена е да ги активира и резервите на нафтени деривати доколку е потребно, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша, а пренесуваат медиумите од таа земја. Одговарајќи на критиките од опозицијата дека неговата влада не одговорила адекватно на ескалацијата на цените на нафтата и природниот гас поврзана со украинската криза, Јанша вели дека министерот за надворешни работи Анже Логар неодамна постигнал договор во Алжир што ќе и дозволи на Словенија да го земени природниот гас од Русија со алжирски. „Мислам дека договорот ќе биде потпишан наскоро, а тој обезбедува целосно снабдување со гас за помалку од една година. Имаме доволно енергетски резерви кога станува збор за нафтените деривати и можеме да интервенираме доколку дојде до целосен застој“, додава словенечкиот премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/jansha-slovenija-kje-go-zameni-prirodniot-gas-od-rusija-so-gas-od-alzir/feed/ 0
Јанша: Руската војска никогаш нема да го заземе Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-ruskata-vojska-nikogash-nema-da-go-zazeme-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-ruskata-vojska-nikogash-nema-da-go-zazeme-kiev/#respond Fri, 18 Mar 2022 07:05:47 +0000 https://kurir.mk/?p=649201

Руската армија никогаш нема да го заземе Киев, изјави доцна синоќа словенечкиот премиер Јанез Јанша, осврнувајќи се на впечатоците од неговиот престој во Киев, градот што во вторникот го посети заедно со полскиот и чешкиот премиер и притоа имаше и разговари со украинското раководство. Јанша за Словенечката телевизија кажа дека тоа е посета на охрабрување на украинското раководство. -Првенствено, посетата беше демонстрација дека не ја отпишавме Украина, нагласи Јанша, додавајќи дека многу дипломати, претставници на меѓународни организации и корпорации се повлекле од главниот град на Украина уште пред рускиот напад врз Украина. „За нив тоа беше знак дека не се отпишани, дека не се работи само за поддршка од далеку, туку дека некој верува дека ќе се бранат и ќе победат“, додаде Јанша. Според него, нападите врз центарот на Киев се релативно ретки и градот не е опколен. -Киев е напаѓан од исток и од запад, но силите што го напаѓаат градот се премногу слаби за да го освојат. Руската армија никогаш нема да го освои Киев, рече словенечкиот премиер. Тој ја повтори својата идеја за воведување зона на забранети летови над Украина за да се олесни одбраната на Украинците од руска агресија, иако НАТО ја отфрли идејата бидејќи тоа ќе доведе до отворен конфликт со Русија. Јанша тврди дека идејата веќе ја поддржале три земји членки на НАТО и дека е убеден дека поддршката за предлогот ќе расте.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-ruskata-vojska-nikogash-nema-da-go-zazeme-kiev/feed/ 0
Зеленски денеска ќе се состане со премиерите на Чешка, Полска и Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-kje-se-sostane-so-premierite-na-cheshka-polska-i-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-kje-se-sostane-so-premierite-na-cheshka-polska-i-slovenija/#respond Tue, 15 Mar 2022 08:38:37 +0000 https://kurir.mk/?p=647338

Премиерите на Чешка, Полска и на Словенија денеска ќе патуваат за Киев, каде треба да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски, како претставници на лидерите на Европската унија. Информацијата утрово беше објавена на социјалните мрежи, од страна на чешкиот премиер Петр Фијала. – Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина, појасни Фијала. Друга цел на посетата, додаде тој, е и да се претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-kje-se-sostane-so-premierite-na-cheshka-polska-i-slovenija/feed/ 0
Во Словенија од утре регулирани цени на горивата, најави премиерот Јанша https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-od-utre-regulirani-ceni-na-gorivata-najavi-premierot-jansha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-od-utre-regulirani-ceni-na-gorivata-najavi-premierot-jansha/#respond Mon, 14 Mar 2022 13:20:00 +0000 https://kurir.mk/?p=646982

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека словенечката влада денеска ќе донесе одлука, според која од утре ќе се регулираат цените на нафтените деривати, за да нема трето поскапување за помалку од една недела. Тоа го изјави Јанша во Парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање. Пратеничката Јања Слуга претходно изјави дека дистрибутерите утре планираат да ги зголемат цените на нафтените деривати за десет отсто. Јанша истакна дека мерките на ЕУ поврзани со ослободувањето од зависноста од руската нафта веќе се видливи. – Уделот на руската нафта на пазарот во Словенија е 12 отсто и тоа количество може да се надомести. Нешто потешко е со уделот на бензинот и дизелот, каде што уделот на Русија е околу 25 отсто, изјави Јанша во Парламентот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-od-utre-regulirani-ceni-na-gorivata-najavi-premierot-jansha/feed/ 0
Јанша ќе ја посети Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-kje-ja-poseti-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-kje-ja-poseti-ukraina/#respond Wed, 23 Feb 2022 12:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=635400

Словенечкиот премиер Јанез Јанша во следните два дена ќе биде во посета на Украина, потврди неговиот кабинет истакнувајќи дека со овој чин тој сака да ја изрази нивната поддршка за европска перспектива кон Украина. За време на посетата Јанша ќе оствари средба со претседателот на украинската влада Денис Шмихал, а ќе разговара со претседателот Володимир Зеленски. Словенија за време на посетата на Јанша ќе и достави на Украина и материјална помош преку механизмите на ЕУ. Станува збор за помош вредна 163.000 евра, а ќе биде дадена во вреќи за спиење, гумени чизми, дизел генератори, ракавици и хигиенски маски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jansha-kje-ja-poseti-ukraina/feed/ 0