Јанез Ленарчич – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 06:37:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јанез Ленарчич – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еврокомесарот Ленарчич во посета на Ерменија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-lenarchich-vo-poseta-na-ermenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-lenarchich-vo-poseta-na-ermenija/#respond Fri, 06 Oct 2023 06:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=885842

Европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич денеска ќе престојува во Ерменија со цел да ја процени ситуацијата по напливот на бегалци од Нагорно-Карабах во земјата и да разговара со претставниците на ерменските власти за понатамошна поддршка од ЕУ, пред се преку Механизмот за цивилна заштита. Посетата на Ленарчич на Ереван доаѓа по вчерашната најава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен дека ЕУ ќе ја удвои својата хуманитарна помош за Ерменија со дополнителни 5,25 милиони евра, на претходно веќе одвоените 5,2 милиони евра. - Ја удвојуваме нашата хуманитарна поддршка за да им олесниме на 100.000 раселени Ерменци од Карабах. Ние насочуваме поголема буџетска поддршка кон ерменската држава. ЕУ останува целосно посветена на поддршка на преговорите со Азербејџан и олеснување на дијалогот, додаде Фон дер Лајен. Според најавите, Еврокомисијата ќе додели и дополнителни 800.000 евра итна помош преку програмата „ЕУ за Мир“ наменети за градење доверба и поддршка на медиуми кои известуваат избалансирано и ќе разговара со ерменските власти за итно обезбедување техничка помош за воздушна и нуклеарната безбедност. - Комисијата ќе мобилизира финансирање во рамките на годишните програми за Ерменија со цел да одвои 15 милиони евра, кои може да се искористат како буџетска поддршка за државата за решавање на социо-економските потреби и за купување храна и гориво, се додава во соопштението на ЕК. Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, преку Економскиот и инвестицискиот план, ЕК ќе работи на понатамошна помош за обнова на инфраструктурата, за социјална заштита и за изнаоѓање решенија за обезбедување одржлива енергија во Ерменија, а исто така ќе го поддржи учеството на земјата во регионални проекти, како оној за поставување електричен кабел во Црното Море, во кои се вклучени и Азербејџан, Грузија, Романија и Унгарија. Паралелно со најавената поддршка за Ереван, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вчера соопшти дека ги поканил претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан на средба во Брисел кон крајот од месецот посветена на нормализација на меѓусебните односи по азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах. Претходно беше најавено дека е можно Алиев и Пашинјан да се сретнат во Гренада на маргините на Самитот на Европската политичка заедница, но азербејџанскиот претседател не допатува на собирот. Најавата за Мишел дојде откако советникот Алиев, Хикмет Хаџијев на платформата X објави дека Азербејџан е подготвен за разговори со Ерменија со посредство на Европска Унија. - Азербејџан е подготвен наскоро да учествува на трипартитните состаноци меѓу ЕУ, Азербејџан и Ерменија во Брисел, наведе Хаџијев во објавата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-lenarchich-vo-poseta-na-ermenija/feed/ 0
Еврокомесарот Ленарчич ја посети Турција, ЕУ ја засили помошта и за Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-lenarchich-ja-poseti-turtsija-eu-ja-zasili-pomoshta-i-za-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-lenarchich-ja-poseti-turtsija-eu-ja-zasili-pomoshta-i-za-sirija/#respond Thu, 09 Feb 2023 18:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=798581

Еврокомесарот за кризи Јанез Ленарчич денеска го посети Газиантеп во Турција, додека Унијата вети поголема помош за Сирија, јави ДПА. Шатори, вреќи за спиење, душеци, кревети, храна и облека беа меѓу помошта што ја понудија земјите на ЕУ за Сирија, откако земјата вчера побара помош од Унијата. ЕУ претходно стави на располагање 3,5 милиони евра во итни финансирања за хуманитарните организации со цел да се справат со итните потреби, вклучително и финансирање за засолништа, вода и канализација во Сирија. Барањето од Светската програма за храна на Обединетите нации за дополнителна помош „ќе овозможи канализирање на понатамошната помош од ЕУ“, се вели во соопштението на ЕК. Турција добива помош во вредност од пет милиони евра, вклучувајќи 500 единици за привремено сместување, 2.000 шатори и 10.500 кревети, соопшти Комисијата. Дополнително, повеќе од 1.650 спасувачи и 104 кучиња трагачи се распоредени во Турција од различни европски земји. Овие единици за пребарување и спасување досега спасиле 36 лица, соопшти комисијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrokomesarot-lenarchich-ja-poseti-turtsija-eu-ja-zasili-pomoshta-i-za-sirija/feed/ 0
Коронавирусот претставува сериозна опасност, вонреден министерски неделава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-pretstavuva-seriozna-opasnost-vonreden-ministerski-nedelava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-pretstavuva-seriozna-opasnost-vonreden-ministerski-nedelava/#respond Mon, 10 Feb 2020 11:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=301768

Еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, утрово го посети Европскиот центар за координација на итната помош во рамките на борбата против коронавирусот. Тој предупреди дека епидемијата е сериозна и дека за Европската Унија јавното здравје врвен приоритет. Комесарот потврди дека министрите за здравство на Европската Унија ќе се состанат кон крајот на оваа недела за вонреден министерски совет и порача дека Европската Комисија ја поддржува оваа иницијатива за да се интензивира соработката и координацијата на земјите членки. -Ситуацијата е загрижувачка, ова претставува сериозна опасност за јавното здравје, вирусот се шири со голема брзина, и мерките мора да се преземат на координиран начин, изјави пред медиумите Ленарчич. Европската Комисија не е одговорна и не одлучува за репатријација на заразените од Кина кон Европа, обврската е во рацете на националните власти, но ЕК им помага во напорите за координација. ЕК до сега спроведе репатријација на над петстотини ЕУ граѓани, потсети еврокомесарот и интензивно соработува со кинеските власти. -Во постојан контакт сме со кинеските власти за да видиме како можеме заеднички да го спречиме ширењето на вирусот, сега е време да ги здружиме нашите сили, да работиме заедно, да сториме сѐ за да ја стопираме епидемијата, изјави Ленарчич. Тој додаде дека е “можно ситуацијата прво да се влоши пред да се подобри“ и дека тоа само ќе ги “мотивира повеќе“ европските власти во нивните напори за спречување на заразата. Запрашан дали им верува на податоците и информациите на кинеските власти, кои долго време го криеја интензитетот и постоењето на вирусот, еврокомесарот порача дека “нема причина да не им веруваме на кинеските бројки“. Европската Комисија ги помага и напорите на научниците за нова вакцина против коронавирусот, одвоени се десет милиони евра за оваа цел, потсети комесарот. Тој призна дека последиците од вирусот врз кинеската економија најверојатно ќе имаат негативен економски импакт во Европа и во целиот свет, но порача дека во овој момент главен приоритет е здравјето на граѓаните. -Економските последици иако се важни се второстепени, изјави Ленарчич.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-pretstavuva-seriozna-opasnost-vonreden-ministerski-nedelava/feed/ 0