Јанис Бутарис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Feb 2019 09:28:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јанис Бутарис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јанис Бутарис: 28 години сум чист, го победив алкохолот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/janis-butaris-28-godini-sum-chist-go-pobediv-alkoholot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/janis-butaris-28-godini-sum-chist-go-pobediv-alkoholot/#respond Fri, 22 Feb 2019 09:28:55 +0000 https://kurir.mk/?p=166777

Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист, излегов победник, напиша солунскиот градоначалник на неговиот официјален Твитер профил, споделувајќи го неговото искуство и борбата за одвикнување од алкохолот, јави дописничката на МИА. Бутарис вели дека денеска е неговиот втор роденден, а како што и самиот напиша, победата ја прослави во Центарот да одвикнување и рехабилитација во Солун. – Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист! За мене, денеска е втор роденден. Животната борба што ја почнав во 1991 година може веќе да е лесна, но тогаш и за многу години подоцна беше титанска. Излегов победник, истакна солунскиот градоначалник. Бутарис на Твитер сподели и фотографии од Центарот за одвикнување од зависности, меѓу кои и една со тортата на која стои бројот 28. Паралелно упати и порака. – Да запаметите дека алкохолот или било која друга супстанца може во моментот на употребата да ги „удави“ проблемите, но на крај ќе го „удави“ самиот корисник и неговите блиски луѓе. Спротивставете се и кажете му „да“ на животот, порача Бутарис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/janis-butaris-28-godini-sum-chist-go-pobediv-alkoholot/feed/ 0
Расте бројот на приведени лица за нападот врз градоначалникот на Солун https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-privedeni-lica-za-napadot-vrz-gradonachalnikot-na-solun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-privedeni-lica-za-napadot-vrz-gradonachalnikot-na-solun/#respond Sun, 27 May 2018 15:52:09 +0000 https://kurir.mk/?p=58952

Расте бројот на идентификувани и приведени лица во врска со претепувањето на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, извршено од ултранационалистите минатиот викенд, објави електронското издание на весникот „Катимерини" Властите го идентификуваа идентитетот на дванаесеттемина осомничени за нападот на 19-ти мај. Против 22-годишен грчки државјанин ќе биде покренато обвинение за вербален напад и нарушување на јавниот ред. Други тројца осомничени, на возраст од 20, 21 и 34 години, во петокот беа уапсени од полицијата. Градоначалникот на Солун беше примен во болница, откако беше претепан за време на церемонијата за одбележување на годишнината од геноцидот на Пондите – грчко население од Мала Азија кое било протерано во почетокот од страна на Младотурците по што биле приморани да се отселат на север на територија на поранешниот СССР и во Грција. Бутарис се залага за зајакнување на трговските врски со Турција, а на денот, на кој се оддава спомен на жртвите од  геноцидот, тој им дозволи на членовите на ЛГБТ-заедницата да организираат геј-парада во Солун. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-privedeni-lica-za-napadot-vrz-gradonachalnikot-na-solun/feed/ 0
Уапсени четири лица за нападот врз Бутарис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-chetiri-lica-za-napadot-vrz-butaris/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-chetiri-lica-za-napadot-vrz-butaris/#respond Mon, 21 May 2018 07:44:45 +0000 https://kurir.mk/?p=56373

За нападот на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, грчката полиција досега идентификуваше и уапси четири лица, од кои едно малолетно. Прво беа уапсени еден 20-годишен и еден 36-годишен маж, а доцна синоќа и уште две други лица, од кои едно 17-годишно момче. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, четворицата ќе бидат изнесени пред јавен обвинител и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир, нанесување телесна повреда и предизвикување штета. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во текот на денешниот ден, во Солун ќе се заседава Општинскиот совет каде што градоначалникот Бутарис ќе излезе со став за нападот. Општински совет за инцидентот од саботата ќе се одржи и во Атина, а паралелно закажани се и собири за поддршка на солунскиот градоначалник. Бутарис, како што вчера објави МИА, вербално и физички беше нападнат од група граѓани за време на манифестацијата за одбележување на годишнината од геноцидот на пондските Грци, во центарот на Солун. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-chetiri-lica-za-napadot-vrz-butaris/feed/ 0
Солунскиот градоначалник размислува за преименување на аеродромот „Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/solunskiot-gradonachalnik-razmisluva-za-preimenuvanje-na-aerodromot-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/solunskiot-gradonachalnik-razmisluva-za-preimenuvanje-na-aerodromot-makedonija/#respond Tue, 13 Feb 2018 08:37:43 +0000 http://kurir.mk/?p=20931

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“. - Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да размислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ „го подели светот, не подели нас“ и од тоа сите губиме, рече Бутарис во изјава за грчката ТВ Скај, пренесува МИА. Според него, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис, кој, како што вели, е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската Куќа на славните. Како дополнителна причина за преименување на аеродромот, истакнува солунскиот градоначалник, е тоа што туристите кога слетуваат Солун мислат дека доаѓаат во Скопје. Бутарис смета и дека не се реални грчките стравувања од Македонија и дека проблемот на Грција не е Скопје, туку Анкара, и се поголемото турско влијание во регионот. Оценува дека сега има реална можност проблемот со името да се реши, а секое одолговлекување би одело на штета на Грција. - Подобро да добиеме 50 отсто од нешто, отколку 100 проценти од ништо. Изгубивме во Хаг, не можеме да го задржиме ветото за НАТО, изјави Бутарис. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/solunskiot-gradonachalnik-razmisluva-za-preimenuvanje-na-aerodromot-makedonija/feed/ 0
Бутарис: Заев ми рече дека ќе ги промени имињата на аеродромот и на улиците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/butaris-zaev-mi-reche-deka-kje-gi-promeni-iminjata-na-aerodromot-i-na-ulicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/butaris-zaev-mi-reche-deka-kje-gi-promeni-iminjata-na-aerodromot-i-na-ulicite/#respond Wed, 03 Jan 2018 13:15:00 +0000 http://kurir.mk/?p=5919

Според солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, на неодамнешната средба во Солун македонскиот премиер, Зоран Заев, му ветил дека ќе ги смени името на аеродромот и таблите на улиците. „Прашањето за името излезе од колосек, чисто поради глупостите на политичарите. Луѓето сакаат да си најдат идентитет. Со отстапки од двете страни, но и од опозицијата, подготвени се за компромис. Господинот Заев рече дека ќе го смени името на аеродромот, ќе ги смени таблите на улиците“, објасни солунскиот градоначалник за радиото на грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ. Воедно, тој изјави дека е Македонец, а ги пренесе и впечатоците и од приватната посета на Солун на македонскиот премиер. „Поради потеклото, не постои поголем Македонец од мене. Моето потекло и моето воспитување кажуваат сè“, изјави градоначалникот на Солун во интервјуто за радиото. За прашањето за името, Бутарис коментирал дека излегло од колосек поради глупоста на политичарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/butaris-zaev-mi-reche-deka-kje-gi-promeni-iminjata-na-aerodromot-i-na-ulicite/feed/ 0
Бутарис за грчките медиуми: Заев сам се покани на прослава во Солун https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/butaris-za-grchkite-mediumi-zaev-sam-se-pokani-na-proslava-vo-solun/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/butaris-za-grchkite-mediumi-zaev-sam-se-pokani-na-proslava-vo-solun/#respond Thu, 28 Dec 2017 15:29:10 +0000 http://kurir.mk/?p=3697

,,Во суштина јас не го поканив него, тој се покани сам‘‘, вели за То Вима градоначалникот на Солун Бутарис, откако вчера владата и официјално потврди дека премиерот Зоран Заев на покана на солунскиот градоначалник, новогодишните празници приватно ќе ги помине во Солун. Во изјавата за То Вима Бутарис објаснува: ,,Кога го посетив Скопје во ноември се сретнав со него и тој ми рече дека сака да ја помине Нова Година во Солун. Јас му реков да дојде, времето е добро и ќе има убав престој. Како можев да претпоставам дека тој тоа ќе го разбере како официјална покана? Сега разбрав дека 15-сетина пријатели на неговите пријатели резервирале соби во хотелот ,,Македонија палас‘‘. Јас не сум инволвиран во тоа. Ако ми се јави ќе одам да се видам со него. Ако не ми се јави, тогаш тој ќе ја помине ноговодишната ноќ со неговите пријатели‘‘. Од владата денеска велат дека: ,,Претседателот на владата на Р. Македонија Зоран Заев, како што најавивме ќе оди во приватна посета во Солун, Република Грција за време на новогодишните празници. За време на посетата ќе има и заедничка вечера со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис‘‘. За поканата од Бутарис сведочи и видео записот од прес конференцијата на премиерот и градоначалникот по средбата. ,,Го поканив премиерот Заев да дојде приватно и заедно да ги поминеме новогодишните празници во Солун‘‘, изјави тогаш Бутарис. Ова не е прв пат солунскиот градоначалник да дава целосно спротивни изјави во Македонија и во Грција, за што често е на тапет на грчките медиуми, посебно кога во земјава ги користи термините Македонија, Македонци, македонски јазик, а во Грција се правда дека не бил разбран или лошо се изразил, и се враќа на познатиот вокабулар за домашната јавност. Единствено што е сигурно од новогодишната прослава на Заев во Солун е дека на неа, како што беше замислено, нема да присуствува грчкиот премиер Ципрас бидејќи би зафатен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/butaris-za-grchkite-mediumi-zaev-sam-se-pokani-na-proslava-vo-solun/feed/ 0
Заев за новогодишните празници на гости кај солунскиот градоначалник Бутарис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-za-novogodishnite-praznici-na-gosti-kaj-solunskiot-gradonachalnik-butaris/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-za-novogodishnite-praznici-na-gosti-kaj-solunskiot-gradonachalnik-butaris/#respond Wed, 27 Dec 2017 10:43:35 +0000 http://kurir.mk/?p=3060

Премиерот Зоран Заев за новогодишните празници ќе оди во Грција на покана на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешниот редовен брифинг со новинарите. - Премиерот Заев ќе оди, но посетата ќе биде во форма на приватна посета, значи нема да биде официјална државна посета, изјави Бошњаковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-za-novogodishnite-praznici-na-gosti-kaj-solunskiot-gradonachalnik-butaris/feed/ 0