Јанис Иконому – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 13:30:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јанис Иконому – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Портпаролот на грчката влада ја напушти позицијата, ќе се кандидира за пратеник https://arhiva.kurir.mk/svet/region/portparolot-na-grchkata-vlada-ja-napushti-pozitsijata-ke-se-kandidira-za-pratenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/portparolot-na-grchkata-vlada-ja-napushti-pozitsijata-ke-se-kandidira-za-pratenik/#respond Thu, 20 Apr 2023 13:30:18 +0000 https://kurir.mk/?p=825985

Во пресрет на изборите следниот месец, портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому, поради тоа што ќе биде кандидат за пратеник на Нова демократија, ја напушти досегашната позиција, а на негово место доаѓа државниот министер Акис Скерцос, јави дописничката на МИА од Атина. Денешниот брифинг беше последен за Иконому, кој им се заблагодари на новинарите за соработката и изрази надеж дека успешно ја исполнил неговата обврска. -Денеска за мене се затвора циклус од 615 дена со 160 брифинзи на новинарите во Атина и осум во Солун и стотици политички изјави, рече Иконому. Промената на позицијата владин портпарол доаѓа поради изборниот закон што го ограничува присуството во медиумите на кандидатите за пратеници. Како што утрово објави МИА, в сабота, се очекува официјално да започне предизборниот период во Грција со распуштање на Парламентот, а ден подоцна ќе се спроведуваат и ограничувањата што изборниот закон им ги наметнува на во однос на нивните настапи во медиумите. Дополнително, во пресрет на изборите на 21 мај се очекува да биде сменет и министерот за внатрешни работи, надлежен за изборниот процес]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/portparolot-na-grchkata-vlada-ja-napushti-pozitsijata-ke-se-kandidira-za-pratenik/feed/ 0
Иконому: Премиерот и Владата не знаат кои личности легално се следат од Националната служба за разузнавање https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-premierot-i-vladata-ne-znaat-koi-lichnosti-legalno-se-sledat-od-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-premierot-i-vladata-ne-znaat-koi-lichnosti-legalno-se-sledat-od-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje/#respond Mon, 14 Nov 2022 14:23:52 +0000 https://kurir.mk/?p=760380

Премиерот и Владата, не можат да знаат кои личности легално се следат од Националната служба за разузнавање, со оглед на тоа дека премиерот добива информации само доколку постојат некои наоди во оваа насока, рече портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому во однос на тоа дали некој од министрите од Владата кои се најдоа на листите објавени од медиумите дека биле прислушувани преку софтверот Предатор, паралелно биле следени и од Националната служба за разузнавање, јави дописничката на МИА од Атина. На денешниот редовен брифинг со новинарите Иконому неколку пати одново го повтори ставот дека имаат „многу јасна, цврста и доследна позиција уште од почетокот на овој случај“, односно дека грчката Влада, грчката држава и некоја грчка безбедносна служба немаат набавено и не користи никаков малициозен софтвер, а целиот случај сега е во рацете на судовите. -Грчката држава, на никаков начин го нема набавено малициозниот софтвер и не го користат грчките безбедносни служби, постои судска истрага што е во тек, оваа истрага, сигурно ќе ги оцени сите податоци што се објавуваат во јавноста. Мора најбрзо што може да стигне до резултати,сакаме да стигне до резултати, резултати кои ќе дадат одговори и во однос на одговорностите, доколку постојат и да стават институционален крај на овие заговори, клевети, ширење податоци без докази, истакна Иконому. За речиси секојдневните натписи во различни грчки медиуми, кои континуирано излегуваат со нови информации за прислушувањата со Предатор, портпаролот на грчката Влада рече дека не се поткрепени со докази и откри дека во следните денови, најдоцна до среда, на јавна консултација ќе бидат доставени новите законски одредби на Владата за справување со хакерските софтвери. Истакна дека малициозните софтвери постоеле и постојат во Грција исто како што е случај во други европски земји. -Знаеме дека малициозни софтвери во земјата постојат од 2017-2018 година, ова е реалност. Пегасус, мислам дека првпат во земјата беше откриен во 2017-2018 година. Знаеме дека и во Грција, како и во други европски земји, постои Предатор со чија помош имаше обид да бидат прислушувани или можеби биле прислушувани телефоните на граѓани и јавни личности во Франција, Шпанија, Полска, Унгарија и Грција. Ова е реалност, објасни Иконому и додаде дека целиот случај мора институционално да се истражи колку е можно побргу. На новинарско прашање дали последните случувања може да донесат и предвремени избори, Иконому кусо одговори дека „ништо не е сменето во однос на планот на владата за изборите“, односно дека тие ќе се одржат регуларно во 2023 година, на крајот од четиригодишниот мандат на Владата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-premierot-i-vladata-ne-znaat-koi-lichnosti-legalno-se-sledat-od-nacionalnata-sluzba-za-razuznavanje/feed/ 0
Иконому: Мицотакис на Самитот на ЕУ ќе повтори дека Европа мора да испрати јасна и обединета порака до енергетските пазари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-micotakis-na-samitot-na-eu-kje-povtori-deka-evropa-mora-da-isprati-jasna-i-obedineta-poraka-do-energetskite-pazari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-micotakis-na-samitot-na-eu-kje-povtori-deka-evropa-mora-da-isprati-jasna-i-obedineta-poraka-do-energetskite-pazari/#respond Thu, 20 Oct 2022 12:16:40 +0000 https://kurir.mk/?p=748413

Премиерот ќе повтори дека Европа мора да испрати јасна и обединета порака до енергетските пазари дека ќе ги заштити граѓаните и бизнисите од екстремните флуктуации на цените и дека ќе дејствува решително, имајќи во својот арсенал еден механизам кој ќе ги одреди максималните цени на природниот гас, рече портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на учеството на Кирјакос Мицотакис на Самитот на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Додаде дека се чини дека со самото тоа што дискусијата напредува и во изминатиот период е на маса, „веќе влијаеше на цената на природниот гас, која значително падна“. Објасни дека главната тема на Самитот на кој денеска и утре ќе учествува грчкиот премиер е енергетската криза, односно „трите правци во кои се движи ЕУ: намалување на побарувачката, обезбедување на снабдувањето, но и задржување на цените“. -Важен е фактот што два дена пред почетокот на Самитот, претседателката на Европската комисија достави сеопфатен пакет предлози, за чие формирање нашата земја значително придонесе од март минатата година. Предлозите поднесени од Кирјакос Мицотакис се усвоени во предлогот на претседателот на Европската комисија. Овие предлози се однесуваат на механизмот за корекција на цените во ТТФ и ограничувањето на нестабилноста на пазарите на енергетски деривати, рече Иконому и додаде дека постои и пакет предлози за заедничко снабдување со природен гас. Одговарајќи на новинарско прашање за односите со Турција и можноста за одново да започнат разговорите со Анкара, портпаролот грчката Влада рече дека тие секогаш сакаат дијалог и отворени канали на комуникација, но не отстапуваат од прашањата поврзани со суверенитетот и суверените права, како и од меѓународното право.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-micotakis-na-samitot-na-eu-kje-povtori-deka-evropa-mora-da-isprati-jasna-i-obedineta-poraka-do-energetskite-pazari/feed/ 0
Иконому: Грција е соодветно подготвена за одлучно, смирено и ефикасно да одговори на било која провокација од Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-grcija-e-soodvetno-podgotvena-za-odluchno-smireno-i-efikasno-da-odgovori-na-bilo-koja-provokacija-od-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-grcija-e-soodvetno-podgotvena-za-odluchno-smireno-i-efikasno-da-odgovori-na-bilo-koja-provokacija-od-turcija/#respond Thu, 13 Oct 2022 12:24:52 +0000 https://kurir.mk/?p=744795

За заканите од Турција на сите нивоа, Грција е соодветно подготвена за одлучно, смирено и многу ефикасно да одговори на било која провокација, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите и паралелно изрази надеж дека ќе има деескалација на тензиите во односите со Анкара, јави дописничката на МИА од Атина. Одговарајќи на новинарско прашање за евентуална средба на министрите за одбрана на Грција и Турција на маргините на НАТО Самитот во Брисел, Иконому рече дека тоа би бил практичен доказ дека турската страна сфаќа дека нејзината тактика од изминатиот период води кон ќор-сокак. -Секоја средба, секој чекор кон дијалог е чекор кон деескалација на тензијата и мислам дека е еден практичен доказ дека соседите го сфаќаат ќор-сокакот на оваа провокативна тактика, провокативна стратегија што ја следат подолго време, истакна портпаролот на грчката Влада. Додаде дека колку и да се обидува Турција, нејзините позиции, односно како што рече, „апсурдните, непостоечките и нелегалните барања“ не се прифатени ниту во Европската Унија, ниту во НАТО, ниту од големите сили. Во однос на средбата на турскиот и рускиот претседател, Иконому рече дека „Европската унија во целост, како и сојузниците во НАТО ги загрижува фактот што Турција не се однесува на начин што би бил усогласен во однос на санкциите за Русија“. За евентуалните енергетски последици што би можеле да постојат за Грција, објасни дека земјата ги има разгледано сите сценарија и е целосно подготвена. Уште еднаш повтори дека Грција, за енергетската криза на европско ниво, ќе инсистира на потребата за носење одлуки, а како позитивен чекор го оценуваат писмото испратено од претседателката на ЕК. -Нашите позиции веќе подолго време се познати. Создадовме силен бран за поддршка на овие позиции. Ќе продолжиме да работиме во оваа насока. Не треба да се изгуби повеќе време. Нашите предлози мора да бидат оценети и усвоени. Европската Комисија, Европската Унија треба да ги поддржат националните Влади во борбата против енергетските поскапувања во зимата што доаѓа, истакна Иконому.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-grcija-e-soodvetno-podgotvena-za-odluchno-smireno-i-efikasno-da-odgovori-na-bilo-koja-provokacija-od-turcija/feed/ 0
Иконому: Во моментов нема непосредна опасност во снабдувањето со природен гас https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-vo-momentov-nema-neposredna-opasnost-vo-snabduvanjeto-so-priroden-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-vo-momentov-nema-neposredna-opasnost-vo-snabduvanjeto-so-priroden-gas/#respond Mon, 11 Jul 2022 14:11:42 +0000 https://kurir.mk/?p=703401

Во моментов нема непосредна опасност во снабдувањето со природен гас, порача портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Тој додаде дека со разработка на сите сценарија кои повремено ги спроведуваат надлежните органи, постои оптимизам дека Грција нема да се соочи со опасности во однос на снабдување со природен гас. Министерот за животна средина и енергија на Грција, Костас Скрекас во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“ објасни дека Владата има национален план и конкретни мерки во случај целосно да се прекине протокот на природен гас од Русија. Скрекас објасни дека за замена на природниот гас што околу 40-50 отсто доаѓа од Русија, постои можност за пренесување на течен природен гас (ЛНГ) во терминалот на островот Ревитуса за рекордно време истовремено со два брода, но и дека дополнителен течен природен гас би можел да дојде преку гасоводот ТАП, но во спротивна насока од Италија кон Грција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-vo-momentov-nema-neposredna-opasnost-vo-snabduvanjeto-so-priroden-gas/feed/ 0
Иконому: На Ердоган му пречи тоа што Грција континуирано се зајакнува на сите полиња https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-na-erdogan-mu-prechi-toa-shto-grcija-kontinuirano-se-zajaknuva-na-site-polinja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-na-erdogan-mu-prechi-toa-shto-grcija-kontinuirano-se-zajaknuva-na-site-polinja/#respond Mon, 04 Jul 2022 13:27:47 +0000 https://kurir.mk/?p=699788

Очигледно е дека континуираното зајакнување на нашата земја во сите области, во економијата, во дипломатијата, во одбранбените капацитети не го остава господинот Ердоган да се смири, порача портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Коментирајќи ги последните изјави на претседателот на Турција, Иконому рече дека на Ердоган му пречи тоа што грчката Влада ја зајакнува земјата со програма за вооружување и ја консолидира позицијата на Грција како фактор на стабилност, во Егејското море, Југоисточниот Медитеран и на Балканот, „му пречи бидејќи Грција е протагонист во изнаоѓањето решение за енергетскиот проблем на балканските земји, му пречи средбата на премиерот со претседателот Бајден, неговиот историски говор пред Конгресот“, но и поради стратешките сојузништва на земјата со САД и Франција и соработката со Израел, Египет, Саудиска Арабија и ОАЕ. Во однос на тензиите меѓу двете земји, портпаролот на грчката Влада истакна дека Грција не сака тензии ниту во реториката ниту пак тие да се префрлат на фронтот и додаде дека Атина внимателно ги следи сите потези на турската страна и е подготвена „смирено, трезвено и решително да се справи со било каква провокација“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-na-erdogan-mu-prechi-toa-shto-grcija-kontinuirano-se-zajaknuva-na-site-polinja/feed/ 0
Иконому: Грчката Влада ќе работи да се постигне целта до 2033 година Западен Балкан да биде дел од ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-grchkata-vlada-kje-raboti-da-se-postigne-celta-do-2033-godina-zapaden-balkan-da-bide-del-od-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-grchkata-vlada-kje-raboti-da-se-postigne-celta-do-2033-godina-zapaden-balkan-da-bide-del-od-eu/#respond Tue, 14 Jun 2022 13:24:35 +0000 https://kurir.mk/?p=690782

Се надеваме, посакуваме и грчката Влада ќе работи во насока да се постигне она што го кажа премиерот, до 2033 година Западен Балкан да биде дел од европското семејство, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по завршувањето на Самитот во Солун во петокот, како и во неговата колумна за „Политико“, предложи до 2033 година Западен Балкан да се интегрира во ЕУ, со првиот чекор одлука за две седмици за Македонија и Албанија. Одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на тоа колку е реална предожената цел и дали грчката Влада за конкретниот предлог разговарала со европските партнери, со оглед на тоа дека некои земји ја блокираат интеграцијата на други земји, Иконому рече дека грчката Влада ќе работи за постигнување на целта. -Премиерот ја изрази намерата на грчката Влада да придонесе во оваа насока. Постојат процедури и конкретни предуслови што треба да ги исполнат земјите кандидати за членство за да станат дел од европското семејство. Се надеваме, посакуваме и грчката Влада ќе работи во оваа насока, за она што го кажа премиерот, до 2033 година да може да се постигне, рече Иконому. Во однос на Самитот во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа одржан во петокот во Солун, портпаролот на грчката Влада истакна дека Грција развива „лидерска улога како фактор на стабилност, мир и безбедност во ЈИ Европа и како ко-модератор на дискусиите за иднината на регионот“. -Важно е што за време на Самитот беше потврдена европската перспектива на земјите од регионот и беше усвоена Заедничка декларација во која се регистрира посветеноста на учесниците на принципите на демократијата и владеењето на правото, како и на вредностите на меѓусебно почитување и солидарност. Декларацијата вклучува конкретни заложби за активности во области од клучна структурна важност, како што се безбедноста пред стари и нови закани, енергетската безбедност, како и зелениот и одржлив развој, рече Иконому. Додаде дека „показател за важноста на Самитот и доказ за надградената улога на Грција“ беше фактот што земјите беа претставени на највисоко ниво со присуство на шест претседатели, четворица премиери и еден вицепремиер, како и учествувото на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, како висок гостин и набљудувач и присуството на германскиот канцелар Олаф Шолц на вечерата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-grchkata-vlada-kje-raboti-da-se-postigne-celta-do-2033-godina-zapaden-balkan-da-bide-del-od-eu/feed/ 0
Иконому за изјавата на Ердоган: Нашата политика е политика на принципи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-za-izjavata-na-erdogan-nashata-politika-e-politika-na-principi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-za-izjavata-na-erdogan-nashata-politika-e-politika-na-principi/#respond Mon, 23 May 2022 19:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=680714

Нашата политика е политика на принципи, вели портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому во реакцијата за ставот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека за него Мицотакис „повеќе не постои“ и додава дека „нема да влезат во конфронтација на изјави со власта во Турција“, јави дописничката на МИА од Атина. -Премиерот Киријакос Мицотакис силно и ефикасно ги брани и нашите национални права и меѓународниот легитимитет. Грчката надворешна политика силно се заснова на историјата, меѓународното право и нашите сојузи, колку тоа и да им пречи на некои. Нема да влеземе во конфронтација со изјави со раководството на Турција. Нашата политика е политика на принципи, рече Иконому. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-za-izjavata-na-erdogan-nashata-politika-e-politika-na-principi/feed/ 0
Иконому уште еднаш ги отфрли сценаријата за предвремени избори во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-ushte-ednash-gi-otfrli-scenarijata-za-predvremeni-izbori-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-ushte-ednash-gi-otfrli-scenarijata-za-predvremeni-izbori-vo-grcija/#respond Mon, 23 May 2022 13:58:04 +0000 https://kurir.mk/?p=680529

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите уште еднаш ги отфрли сценаријата за предвремени парламентарни избори во земјата, коментирајќи дека изборите ќе бидат следната година, односно кога завршува четиригодишниот мандат на Владата, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите денови во медиумите Грција повторно се појавија сценаријата за можни предвремени избори во земјата во септември или октомври, додека пак денеска сè побројни се натписите за можна реконструкција на Владата и тоа во следните денови. -Изборите ќе бидат во 2023 година. Сè друго се сценарија што немаат допир со реалноста. Владата е посветена на својата работа. Истото важи и за предвремените избори, ова важи и за реконструкцијата. Ја гледаме нашата работа. Секојдневно треба да даваме резултати и да стоиме на страната на граѓаните, да работиме за земјата и општеството, истакна Иконому. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-ushte-ednash-gi-otfrli-scenarijata-za-predvremeni-izbori-vo-grcija/feed/ 0
Иконому: Се разговара 30 деца болни од рак од Украина го продолжат лекувањето во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikonomu-se-razgovara-30-deca-bolni-od-rak-od-ukraina-go-prodolzat-lekuvanjeto-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikonomu-se-razgovara-30-deca-bolni-od-rak-od-ukraina-go-prodolzat-lekuvanjeto-vo-grcija/#respond Mon, 21 Mar 2022 15:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=650778

Продолжува испраќањето хуманитарен материјал и лекови за Украина, а постои согласност за хоспитализација на пациентите од болниците во Украина во болниците во Грција. Конкретно, се разговара за 30 деца болни од рак, да го продолжат лекувањето во Детската болница, во Онколошкиот оддел „Елпида“, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Истакна дека Грција веќе прима и ќе продолжи да прима бегалци од Украина, а во земјата, заклучно со вчера пристигнале вкупно 12.655 Украинци. Додаде дека постои целосна координација на сите инволвирани служби и постојано се разгледуваат податоците за обезбедување привремена заштита и услови за сместување, а во моментов веднаш достапни се 15 илјади легла што постепено може да се зголемат до 30 илјади, поради празнењето на бегалските кампови во последните две години. Иконому истакна дека Министерството за миграција и азил продолжува да ги презема сите неопходни мерки и за прием на бегалците, но и за да им помогне во пронаоѓањето работа, па така отворен е посебен сајт на која ќе објавуваат огласи од компании кои нудат работа директно на раселените Украинци, а од 4 април ќе почне и процесот за доделување привремена заштита на бегалците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikonomu-se-razgovara-30-deca-bolni-od-rak-od-ukraina-go-prodolzat-lekuvanjeto-vo-grcija/feed/ 0