јанко томов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 May 2021 11:17:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јанко томов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Делото на Драган Богдановски е завет за Македонците“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deloto-na-dragan-bogdanovski-e-zavet-za-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deloto-na-dragan-bogdanovski-e-zavet-za-makedoncite/#respond Mon, 31 May 2021 11:16:43 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517191

„Упатувам поддршка на И.К на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Претседателот Христијан Мицкоски и сите Ваши и наши истомисленици, со делата на големиот Драган Богдановски, кој го создаде ВМРО-ДПМНЕ, да ја чува од непријатели нашата татковина Македонија и да создаде просперитет на животниот стандард, посовремен економски просперитет и Македонски достоен одбранбен систем“. Драган Богдановски, македонски емигрант, борец за самостојна Македонска држава, против комунистичкиот режим на СР Македонија е еден од најголемите современи поборци за македонската кауза, во македонското движење во дијаспората. Неговото значење се уште треба да се истражува и афирмира во македонската јавност и до младите генерации. Тој беше предводник на македонската патриотска емиграција и непомирлив противник на непријателите на Македонија. Беше предводник на повеќе организации како Движењето за ослободување и обединување на Македонија. За нас Македонците од австралиски континтент тој е исто значаен како и за Македонците од матицата. Додека беше во затвор во услови на непостоење на силна и масовна организација со авторитетен водач, ние вистинските маке¬донски патриоти работевме во секоја прилика, да го разви-ваме македонскиот национален дух среде Македонците во емиграцијата. По напуштањето на затворот и правењето потготовки за формирање на ДПМНЕ како претседател на координативниот Одбор за дијаспората, Драган Богдановски не внесе во првата македонска национална партија. Моите контакти со Драган Богдановски почнуваат уште од 1988 година во периодот пред да ја напушти Македонија и истите продолжија во 1990 година кога водевме преписки за организирање на ограноци на партијата ДПМНЕ во Австралија. Драган Богдановски разви широка пропаганда дејност во корист на партијата потготвуваше материјали, статии и известувања кои се објавуваа во весникот „Македонија“ во Мелбурн. „Ви благодарам што ми благодарите за моите стра¬дања при издржувањето на затворската казна, но за тоа мое мачеништво, јас не барам од никого благо¬дарност, зашто тоа сум го поднесол јас како македонски патриот и борец. Уште кога се зафатив да работам за македонската ослободителна кауза јас бев свесен дека патот на борбата води и во затвор, па и в гроб. Искрено да ти кажам не жалам што одлежав 10 години и 7 месеци, зашто за мене и лежењето во затворот беше социјален вид борба - борба во која јунаците се калат. Денеска сметам дека моето лежење в затворот не било за џабе и дека тоа допрва кје ги дава своите плодови. Исто така не треба да ми се благодари за формира¬њето на Демократската Партија за Македонско Национал¬но Единство, јас само со тоа си ја исполнив својата нацио¬нална должност како Македонец. Формиранјето на парти¬јата го наметна самото време - го наметнаа новите демо¬кратски процеси, кои ја зафатија Југославија и целиот комунистички свет “. Извадок од писмо од Драган Богдановски до Јанко Томов, 18 април 1990 година. Би сакал македонската јавност и членовите на ВМРО-ДПМНЕ да знаат дека Драган Богдановски ја осмисли партијата како чин на неговата огромна приврзаност кон македонската кауза за што и самиот ми напиша ДПМНЕ е единствен исклучок во тогашна социјалистичка Македонија зашто таа се засновува на илинденската идеологија на маке¬донскиот народ. Вистината е дека патриотите од татковината во тоа време го повикуваа да застане на чело на партијата. Во нашата писмена комуникација ја изразуваше својата голема радост од основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ оддржано на 17 јуни 1990 година и беше посебно среќен што јавноста покажала голем интерес. Потготвувајќи се за првите парламентарни избори, Богдановски преку мене се обрати за помош до македонската политичка емиграција во Австралија за материјална помош. Постојано изнаоѓаше начини за да ја помогне новоформирата партија за која цврсто веруваше дека ќе успее и ќе ја донесе македонската државност и независност. Нека му е вечна слава и лесна македонската земја, на нашиот ценет Драган Богдановски, кој не задолжи сите нас и нашите идни Македонски генерации, да го продолжиме неговото дело. Ја користам оваа можност да упатувам поддршка на И.К на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Претседателот Христијан Мицкоски и сите Ваши и наши истомисленици, со делата на големиот Драган Богдановски, кој го создаде ВМРО-ДПМНЕ, да ја чува од непријатели нашата татковина Македонија и да создаде просперитет на животниот стандард, посовремен економски просперитет и Македонски достоен одбранбен систем. Пишува: Јанко Томов еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ за Австралија и активист за национално и политичко обединување на Македонците во дијаспората.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deloto-na-dragan-bogdanovski-e-zavet-za-makedoncite/feed/ 0