Јапонци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 08:56:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јапонци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повеќе од 10 % од Јапонците се постари од 80 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-10-od-japontsite-se-postari-od-80-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-10-od-japontsite-se-postari-od-80-godini/#respond Mon, 18 Sep 2023 08:56:24 +0000 https://kurir.mk/?p=879032

Повеќе од десет проценти од Јапонците се постари од 80 години, статистика до која се дојде за првпат, покажуваат податоците што ги објави Владата на Јапонија, земја која се бори против стареењето на населението. Владата ги објави овие податоци пред празникот посветен на „старите лица“ (оние над 65 години). Меѓу другите објавени податоци, 29,1 отсто од Јапонците имаат 65 години, што е зголемување во однос на минатата година (29 отсто). -Јапонија има најголем процент на стари лица во светот, соопшти надлежното Министерство, посочувајќи дека другите две земји со висок процент на стари лица се Италија (25,5 отсто) и Финска (23,6 отсто). Јапонското население се намалува и старее со децении, бидејќи младите го одложуваат бракот и раѓањето деца во голем дел поради несигурни работни места и економски тешкотии. Од 124 милиони жители, Јапонија има 12,59 милиони луѓе на возраст над 80 години (10,1 отсто) и 20 милиони на возраст над 75 години (16,1 отсто). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-10-od-japontsite-se-postari-od-80-godini/feed/ 0
Како Јапонците трошат и чуваат пари, ЗНАЧИ МОЖЕЛО И ВАКА https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-japoncite-troshat-i-chuvaat-pari-znachi-mozelo-i-vaka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-japoncite-troshat-i-chuvaat-pari-znachi-mozelo-i-vaka/#respond Wed, 02 Mar 2022 15:04:46 +0000 https://kurir.mk/?p=639573

Прашањето за личните финансии и парите е прашање на заработка и трошење, планирање и проценка. Но, ќе се согласите дека и вие, како и повеќето, се држите за паричникот кога сте депресивни, уморни, тажни, кога ви треба малку утеха и поддршка. Финансиските експерти ќе се држат до ставот дека ракувањето со парите е прашање на знаење, но, за повеќето трошоци што ќе ги направите, ќе ви треба психолог наместо финансиски советник. На пример, како Јапонците и нивниот однос кон парите можат да ви помогнат да ги контролирате вашето трошење и финансии? Само погледнете на неколку јапонски зборови и нивното значење. Бидете задоволни „Чисоку“ ви кажува да бидете среќни со она што го имате. Во книгата Simply Happy Life, Шунмио Масуно го објаснува значењето на овој збор: „Во будизмот велиме „Чисоку“ кога мислиме „Биди задоволен“. Кога знаете колку ви е доволно, наоѓате задоволство во она што веќе го имате. Човечката желба е бескрајна. Кога ќе добиете една работа, сакате уште десет. Иако знаете дека не ви треба, нема да можете да ја контролирате вашата желба и да се задоволите. Мораме да се научиме да си кажеме „Доволно ми е!“ Овој став ќе ви биде многу корисен доколку сакате да ги средите вашите финансии. Старо и ново „Ваби Саби“ значи да барате убавина во несовршеноста. Ова е всушност борба помеѓу старото и новото каде победата над сјајот на новитетот ја носат старите работи. Сегашната хиперпродукција на предмети се заснова на привлечноста на нови, убави нешта. „Кога ќе почнете да ги почитувате убавината и карактерот на работите кои веќе ги имате, ќе сфатите дека нема да морате премногу често да ги заменувате со нови. Одново, одново „Mitate“ значи „да погледнеш повторно“, поточно да најдеш некоја нова употребна вредност за работи или предмети што ти се познати и што ги знаеш. Ваквиот однос кон предметите ќе ви овозможи максимално да ги искористите. Која е поентата овде? Треба да научите да откривате нови можности што се наоѓаат во секој предмет или бизнис. Светот не е само фиксни предмети, туку секаде е можно ново разбирање и организација, што носи нови можности. На пример, можеби во некој дел од вашата продавница има простор да отворите мало кафуле или можеби вашето долгогодишно пријателство можете да го претворите во успешна деловна соработка. Вредноста на животот (не во пари) „Икигаи“ (ики – живот, гаи – вредност) ви овозможува „да се радувате на иднината дури и ако сте моментално несреќни“, пишува клиничкиот психолог Хесагава. Најдобро ќе го разберете значењето на „икигаи“ ако замислите веном-дијаграм со пресек на четири својства: Она што го сакаш Она во што си добар Она што му треба на светот Она за што можете да бидете платени „Икигаи“ е она за што станувате секое утро, но за Јапонците тоа не мора да има врска со приходите]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-japoncite-troshat-i-chuvaat-pari-znachi-mozelo-i-vaka/feed/ 0
Шест тајни за долговечност на Јапонците https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shest-tajni-za-dolgovechnost-na-japoncite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shest-tajni-za-dolgovechnost-na-japoncite/#respond Mon, 17 Jan 2022 08:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=620150

Во Јапонија неодамна беше спроведено истражување со цел да се утврдат причините за долговечноста кај најстарите Јапонци. Беа идентификувани шест причини. Областа Окинава се нарекува „сина зона“ – онаму каде што луѓето живеат долго. Животот до 100 години на овој остров е двојно почест отколку на другото копно на Јапонија. Првата тајна за тоа е очекувана – здравата исхрана. Д-р Бредли Вилкокс, дел од тимот истражувачи, истакнува дека основата на нивната исхрана е растителното потекло. Како што рече тој, тие јадат и до килограм зеленчук, овошје и мешунки дневно. Освен тоа, жителите на Окинава го практикуваат она што се нарекува „хара хачи бу“ – јадење додека не се задоволат 80 отсто од гладта. Според д-р Вилкокс, речиси сите имаат позитивен став кон животот и она што тие го нарекуваат „икигаи“ – јапонски поим за чувство за цел. Тоа значи дека еден 102-годишник, на пример, си ја наоѓа целта во грижата за своите бикови. Некои наоѓаат цел во семејството, или пак, религијата. Останувањето ментално активни е третата причина за долг живот на Јапонците. Во нивниот речник нема збор за „пензија“, нагласува д-р Вилкокс, потсетувајќи дека тоа позитивно влијае на нивното целокупно здравје. Дружењето е четвртата причина. Граѓаните од овој дел на Јапонија имаат многудетни семејства и одржуваат силни социјални врски. Дружењето е често, особено со чај. Честото размислување за воспоставените односи со луѓето е петтата причина, додека шестата е изразената духовност. Духовноста се пренесува низ генерации меѓу жителите на Окинава. Други таканаречени „сини зони“ во светот се градот Нуоро на Сардинија (Италија), грчка Икарија, костарикански Никојај и Лома Линда, Калифорнија, САД. Во сите овие делови на светот, жителите имаат силни семејни врски, исхрана заснована на зеленчук и овошје и здрав и активен живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shest-tajni-za-dolgovechnost-na-japoncite/feed/ 0
Претседателот на МОК по грешка Јапонците ги нарече Кинези https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelot-na-mok-po-greshka-japoncite-gi-nareche-kinezi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelot-na-mok-po-greshka-japoncite-gi-nareche-kinezi/#respond Tue, 13 Jul 2021 16:24:41 +0000 https://kurir.mk/?p=536279

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах денеска предизвика реакции во јапонската јавност, откако домаќините на претстојните Олимписки игри во Токио по грешка ги нарече Кинези. Бах минатата недела допатува во Токио, а денеска имаше состанок во седиштето на Организацискиот комитет на Игрите што од 23 јули до 8 август ќе се одржат во јапонската престолнина. – Успеавте Токио да го направите најподготвен град за Олимписките игри. Ова е уште позначајно ако се имаат предвид тешките околности со кои сите мораме да се соочиме. Нашата заедничка цел се безбедни Игри за сите, за спортистите, за делегациите и што е најважно за кинескиот народ – јапонскиот народ, изјави Бах, брзо исправајќи ја својата грешка. Обраќањето на Бах се преведуваше од англиски на јапонски јазик, но неговата грешка не беше преведена. Сепак, јапонските медиуми брзо информираа за грешката во обраќањето на првиот човек на МОК, а реакции се појавија и на социјалните мрежи. Бах обраќањето го заврши со јапонската фраза „Гамбари масхоу ( што во превод значи „Да вложиме сè од себе“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelot-na-mok-po-greshka-japoncite-gi-nareche-kinezi/feed/ 0
Мнозинството Јапонци се против одржување на ОИ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-japonci-se-protiv-odrzuvanje-na-oi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-japonci-se-protiv-odrzuvanje-na-oi/#respond Sun, 16 May 2021 13:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=510991

Во Јапонија 59,7 проценти од луѓето сметаат дека Олимписките и параолимписките игри во Токио во текот на летото треба да бидат откажани. Тоа го покажуваат резултатите од дводневното национално телефонско истражување објавено денеска. Околу 25,2 проценти од испитаниците се со став дека ОИ треба да се одржат, но без гледачи, а 12,6 проценти се за одржување на игрите со ограничен број публика. Резултатите од анкетата одразуваат голем скептицизам во општеството за двата спортски настана, кои беа одложени од минатата година, поради пандемијата. Сепак, сега, три месеци пред отворањето на ОИ, бројот на заразени продолжува да се зголемува, а кампањата за вакцинација е многу бавна, јавија медиумите во Токио. Околу 80 проценти од анкетираните рекле дека вакцинирањето е бавно, а над 71 процент не се задоволни од работата на владата за справување со ширењето на инфекцијата. Одобрението за владата на премиерот Јошихиде Суга беше 41,1 процент, за разлика од 44,0 според претходното истражување во април, а неодобрувањето се зголеми од 36,1 на 47,3 проценти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-japonci-se-protiv-odrzuvanje-na-oi/feed/ 0
Јапонци измислија мобилен совршен за Дара Бубамара: Оваа технологија нема да ви дозволи да се снимате голи и да правите секси селфи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japonci-izmislija-mobilen-sovrshen-za-dara-bubamara-ovaa-tehnologija-nema-da-vi-dozvoli-da-se-snimate-goli-i-da-pravite-seksi-selfi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japonci-izmislija-mobilen-sovrshen-za-dara-bubamara-ovaa-tehnologija-nema-da-vi-dozvoli-da-se-snimate-goli-i-da-pravite-seksi-selfi/#respond Fri, 21 Feb 2020 12:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=306976

Јапонската компанија Тон Мобил создаде телефон опремен со вештачка интелигенција што знае кога корисникот се обидува да сними „секси селфи”. Имено, ако програмата регистрира голо тело, самосликот нема да биде можен. Наместо тоа, ќе добиете предупредување „Фотографијата не е снимена поради недозволена содржина“. Целта на овој систем на заштита не е да ги спречи возрасните да си испраќаат фотографии. Тон Мобил сака да ги заштити децата од интернет-изнудување, заведување и уценување. Родителите можат да ја прилагодат апликацијата и за да добијат предупредување на својот телефон, ако нивното дете се обиде да направи гола слика од нивното тело. Цената на овој телефон во Јапонија е околу 180 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japonci-izmislija-mobilen-sovrshen-za-dara-bubamara-ovaa-tehnologija-nema-da-vi-dozvoli-da-se-snimate-goli-i-da-pravite-seksi-selfi/feed/ 0
Русите и Јапонците прават робот кој ќе работи на Месечината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-i-japoncite-pravat-robot-koj-kje-raboti-na-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-i-japoncite-pravat-robot-koj-kje-raboti-na-mesechinata/#respond Sat, 14 Dec 2019 15:36:26 +0000 https://kurir.mk/?p=277597

Руската компанија за Андроид Технолоџи и јапонскиот стартап ГИТАИ планираат да направат робот што ќе работи на површината на Месечината, изјави за ТАСС извршниот директор на руската компанија Евгениј Дудоров. – Колегите од Јапонија размислуваат во истата насока како и ние, набљудувајќи го чекор по чекор дизајнот на роботски системи за истражување на блиската и далечната Вселена, потенцираше Дудоров. – И ние и тие ја идентификуваме Месечината, односно роботските системи кои би можеле да функционираат и извршуваат задачи на Месечината, како наша главна цел, појасни Русинот. Според Дудоров, ГИТАИ е специјализирана за антропоморфни роботи и користи контролори слични на оние што ги развива Андроид Технолоџи. Уредот овозможува контрола на роботите во режим за аватар, за време на кој ќе ги имитира дејствата на човечки контролер за изведување на одредени манипулации. Прелиминарен договор за соработка беше постигнат кога претставниците на јапонската компанија ја посетија Русија претходно оваа недела. – Ќе потпишеме договор за соработка. Подоцна ќе направиме заедничка структура на планови за 2020, 2021 и други години, рече Дудоров, додавајќи дека договорот ќе биде потпишан наскоро. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-i-japoncite-pravat-robot-koj-kje-raboti-na-mesechinata/feed/ 0
Јапонците разработуваат теорија за долговечноста https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japoncite-razrabotuvaat-teorija-za-dolgovechnosta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japoncite-razrabotuvaat-teorija-za-dolgovechnosta/#respond Fri, 15 Nov 2019 08:07:50 +0000 https://kurir.mk/?p=264361

Научници од институтот Рикен во Toкиo, Јапонија разработуваат теорија околу тоа – зошто луѓето што живеат над 110 години, доживуваат толку длабока старост, пренесува „Мирор”. – Ако ја откриеме врската меѓу имуниот систем, стареењето и долговечноста, тоа може да придонесе за развој на терапии за продолжување на животот, изјави раководителот на истражувањето, Косуке Хашимото. Со стареењето, ризикот од рак и други опаки болести се зголемува како резултат на намалувањето на имуните Т-клетки. Тие имаат својство да уништуваат бактерии и вируси, а кај стогодишниците ги има во изобилие. Во рамки на овој труд, Хашимото и колегите негови испитуваат илјадници имуни клетки земени од крвта на седуммина стогодишници. Тие биле споредени со други, земени од петмина случајно одбрани доброволци на 50, до 80-годишна возраст. – Добиените резултати наведуваат на претпоставката дека имуниот систем на столетниците може да биде клучна заштита од вирусни инфекции и развој на тумори, осигурувајќи една прекрасна долговечност. Тоа појаснува и зошто во повеќето случаи стогодишниците во голем дел од својот живот „пукаат од здравје, објаснува Хашимото. Резултатите говорат оти еден посебен вид Т-клетки, наречени ЦД4 плус, се 4-5 пати повеќе присутни кај оние над сто години, отколку кај некои од помладите испитаници. Не се знае, сепак, зошто и како тоа точно го продолжува животот. – Откритието може да доведе и до апче – еликсир на младоста, додава јапонскиот професор. Канадски научници пак, анализирајќи случаи во САД, Велика Британија, Франција и Јапонија од 1968 година до денес, сметаат дека во иднина бројот на столетниците ќе се зголемува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japoncite-razrabotuvaat-teorija-za-dolgovechnosta/feed/ 0
Морбидни стории за смрт и канибализам: Јапонците палеле живи луѓе, па ги јаделе, но тоа не е СЕ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morbidni-storii-za-smrt-i-kanibalizam-japoncite-palele-zivi-lugje-pa-gi-jadele-no-toa-ne-e-se/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morbidni-storii-za-smrt-i-kanibalizam-japoncite-palele-zivi-lugje-pa-gi-jadele-no-toa-ne-e-se/#respond Wed, 27 Dec 2017 16:31:03 +0000 http://kurir.mk/?p=3258

Општо познати се сите ужаси кои што се случиле во Втората светска војна, но генерално сите се припишуваат на нацистичка Германија. Сепак, нивните сојузници од Јапонија не биле помалку брутални во ниту еден случај. Масакрот во Нанкинг На почетокот на кинеско-јапонската војна во 1937-ма година, две години пред да избие Втората светска војна, Јапонците извршиле инвазија на тогашниот главен град на Кина, Нанкинг. Јапонските трупи кои што влегле во градот ги убивале и малтретирале цивилите. Историските записи и докази укажуваат на тоа дека јапонските војници убивале бебиња, на децата им ги отсекувале главите, а многу луѓе ги закопале живи. Покрај сето тоа, се проценува дека дивјачки силувале над 80 илјади жени, а дури и ги приморувале членовите на семејството да имаат сексуални односи меѓусебно, со цел тие да се забавуваат. Според историските податоци, во масакрот биле убиени над 300 илјади цивили. Масакрот во Палаван Станува збор за еден од најодвратните примери за суровоста на јапонските војници. Имено, на 12-ти декември 1944-та година, сите 150 заробени Американци во логор на Филипините, биле пренесени во околната шума која што била претворена буквално во една голема печка. Откако живи ги запалиле, околу 30-тина од нив успеале да побегнат на брегот и да се спасат со пливање. Но, ниту тука не е крајот, затоа што кон нив било пукано, па само 11 од нив успеале да преживеат. Канибализам Малку познато е тоа дека јапонските војници за време на Втората светска војна практикувале канибализам. Постојат историски записи дека во Кина, јапонските војници често ги убивале, а потоа и ги јаделе своите противници. Железницата на смртта За време на окупацијата на југоисточна Азија, Јапонците одлучиле да изградат железница помеѓу Тајланд и Бурма затоа што им била потребна пруга за снабдување на армијата со оружје и муниција. Целата железница била изградена без индустриски машини, а заробениците кои што ја граделе морале да се пробиваат низ густата џунгла по огромни температури. Добивале само неколку грама ориз дневно. Се проценува дека за време на изградбата животот го загубиле над 110 илјади заробеници кои што починале од глад, замор, разни болести или пак биле стрелани затоа што не можеле да работат. Единицата 731 Тајната јапонска единица, позната како „Единица 731“ за време на Втората светска војна се проценува дека ликвидирала над 600 илјади луѓе врз кои вршеле страшни експерименти. Единицата делувала од комплекс на шест квадратни километри во Пингфанг во Кина. Стотици илјади цивили биле изложени на најбрутални експерименти, ампутации без анестезии, заразување со разни болести и слично. На некои им биле вадени цели органи без анестезија, а многу жени биле принудени да останат бремени поради експерименти. Според податоците, во овој комплекс биле родени илјадници бебиња, но ниту едно не го напуштило комплексот живо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morbidni-storii-za-smrt-i-kanibalizam-japoncite-palele-zivi-lugje-pa-gi-jadele-no-toa-ne-e-se/feed/ 0