јапонец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Dec 2022 08:10:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јапонец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јапонец „има план“ да создава видеоигри и по смртта https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japonec-ima-plan-da-sozdava-videoigri-i-po-smrtta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japonec-ima-plan-da-sozdava-videoigri-i-po-smrtta/#respond Thu, 29 Dec 2022 08:10:02 +0000 https://kurir.mk/?p=781959

Јапонецот Хидео Коџима, изумител на видеоигри, како што се „Death Stranding“ и „Metal Gear Solid“, верува дека ќе продолжи да создава игри и откако ќе го нема… Имено, тој открива дека има прилично уникатни планови со коишто се обидува да си овозможи „живот“ на Земјата и по смртта. – Ќе продолжам да водам сѐ дури сум тука, а сѐ што ми е важно е нашите корени, кога станува збор за создавањето, да останат недопрени. Но, веројатно ќе останам на земјата како вештачка интелигенција по смртта, појасни тој. – Треба да бидете стимулирани на многу различни начини ако сакате да продолжите да создавате нови работи, па претпоставувам дека и натаму ќе соработувам со други и ќе прифаќам нови работи, дури и ако не сум официјално жив, нагласи Коџима. Според него, новата технологија постојано ја заменува старата. – Технологијата што ја користите денес можеби нема да биде применлива утре, а јас сум заинтересиран да најдам начини да го вградам новото. Погрешен избор може да значи неуспех, се разбира. Тоа е малку слично на вселенска програма, додаде визионерот. Проговори и за неговиот проект со „Мајкрософт“. – Проектот бараше инфраструктура којашто никогаш порано не била потребна, па разговарав со многу различни големи компании и правев презентации, но се чинеше дека сите мислеа оти сум луд. На крајот, „Мајкрософт“ покажа разбирање и сега работиме заедно на проектот, објасни тој. Коџима не кажа повеќе подробности за тој проект, но во меѓувреме, „Death Stranding 2“ е во продукција, а во тек е и филм заснован на првиот дел од оваа видеоигра.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japonec-ima-plan-da-sozdava-videoigri-i-po-smrtta/feed/ 0
Јапонскиот милијардер се врати на Земјата по 12 дена во Вселената https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-milijarder-se-vrati-na-zemjata-po-12-dena-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-milijarder-se-vrati-na-zemjata-po-12-dena-vo-vselenata/#respond Mon, 20 Dec 2021 08:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=610629

Јапонскиот милијардер кој помина 12 дена на Меѓународната вселенска станица денеска се врати на Земјата, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос. Јусаку Маезава, 46-годишен милијардер, неговиот помошник Јозо Хиноро и рускиот астронаут Александар Мисуркин се спуштија со падобран во казахстанската степа околу 03.13 часот по Гринич. „Заврши туристичкиот лет на леталото Сојуз МС-20“, се наведува на веб-страницата на Роскосмос. Двајцата Јапонци се првите туристи кои сами си го платиле патувањето. Ова е прва туристичка посета на вселенската станица од 2009 година. Цената на патувањето не е објавена. Беше планирано Хиноро да ја сними целата мисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-milijarder-se-vrati-na-zemjata-po-12-dena-vo-vselenata/feed/ 0
Јапонец приведен во ГТЦ, го нарушил јавниот ред и мир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/japonec-priveden-vo-gtc-go-narushil-javniot-red-i-mir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/japonec-priveden-vo-gtc-go-narushil-javniot-red-i-mir/#respond Thu, 20 May 2021 10:47:50 +0000 https://kurir.mk/?p=512883

На 19.05.2021 во 16:50 часот во Трговски центар на подрачје на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.И.(37) од Јапонија, поради постоење основано сомнение дека го нарушил јавниот ред и мир по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Лицето било задржано во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/japonec-priveden-vo-gtc-go-narushil-javniot-red-i-mir/feed/ 0
Јапонец направил куќа на ,,педа место”, цел свет се чуди (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japonec-napravil-kukja-na-peda-mesto-cel-svet-se-chudi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japonec-napravil-kukja-na-peda-mesto-cel-svet-se-chudi-foto/#respond Mon, 07 Sep 2020 16:06:35 +0000 https://kurir.mk/?p=400266

Виралните фотографии првично ги објави јапонскиот корисник на Твитер, Јуко Мохри, но оттогаш се споделени над 20.000 пати само на таа социјална мрежа. Тие покажуваат како изгледа еднокатна куќа сместена на многу тесно бетонско скалило. Таквата сцена ќе привлече внимание насекаде во светот, но зачуденоста на многумина е уште поголема со оглед на тоа што куќата се наоѓа во Јапонија каде што често се случуваат силни земјотреси. Откако фотографиите станаа вирални, многумина тврдеа дека станува збор за Фотошоп. Но, корисниците на Твитер многу брзо најдоа слики од Google Earth каде што куќата изгледа уште почудно. Куќата се наоѓа во градот Такашима и се чини дека била преселена барем во еден момент. Што се однесува до причините зошто е така изграден, остана мистерија. Но, незнаењето на сите факти никогаш не ги спречило луѓето да шпекулираат и оваа приказна не е исклучок. Некои тврдеа дека бизарниот дизајн му помогнал на сопственикот да заштеди на данок на имот, што се чини малку веројатно, додека други се сомневале дека тоа е единственото решение да се извлечат две места за паркирање од навистина мала парцела. Без оглед на случајот, сите се согласуваат дека ова е една од најчудно дизајнираните куќи што ги виделе досега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japonec-napravil-kukja-na-peda-mesto-cel-svet-se-chudi-foto/feed/ 0
Почина Јапонецот, кој намерно го ширеше новиот коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-japonecot-koj-namerno-go-shireshe-noviot-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-japonecot-koj-namerno-go-shireshe-noviot-koronavirus/#respond Wed, 18 Mar 2020 09:37:20 +0000 https://kurir.mk/?p=318204

Јапонецот од градот Гамагори, кој намерно го ширеше Ковид-19 почина во болница, каде што беше хоспитализиран. Него на почетокот од месецов му беше дијагниостицарно дека е инфициран со новиот коронавирус, а лекарите му препорачаа самоизолација. Но, 57-годишниот маж намерно посетил два бара, за како што кажал, „да го шири вирусот“. Во еден од баровите стапил во контакт најмалку со две лица, а најмалку едно е позитивно. Во Јапонија со Ковид-19 заразени се повеќе од 1.500 луѓе, а 37 починале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-japonecot-koj-namerno-go-shireshe-noviot-koronavirus/feed/ 0
УЖАСНО: Кремираните останки на неговиот татко ги оставил во тоалет, му се заканува затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasno-kremiranite-ostanki-na-negoviot-tatko-gi-ostavil-vo-toalet-mu-se-zakanuva-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasno-kremiranite-ostanki-na-negoviot-tatko-gi-ostavil-vo-toalet-mu-se-zakanuva-zatvor/#respond Tue, 21 Jan 2020 11:50:18 +0000 https://kurir.mk/?p=292685

Еден човек е уапсен во Јапонија откако, наводно – намерно ги оставил кремираните останки на неговиот татко во тоалетот на една метро станица. Кога таткото на Хироаки Хишиџима починал лани во септември, градските власти во Токио го кремирале неговото тело. Хишиџима отишол да ги земе останките на татко си во ноември заради погреб, но се исплашил дека неговата мајка ќе се налути ако ја однесе пепелта на таткото дома, па го оставил во тоалетот на метро станицата. Според јапонските закони, оставањето посмртни останки на јавно место, освен ако не се работи за гробишта, се казнува со парична казна или до три години затвор. Јапонците сè почесто се соочуваат со проблеми околу тоа – што да се прави со останките од некој близок или роднина. Населението се зголемува, па со тоа расте и стапката на смртни случаи. Тоа пак, резултира со поголеми цени на гробните места. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasno-kremiranite-ostanki-na-negoviot-tatko-gi-ostavil-vo-toalet-mu-se-zakanuva-zatvor/feed/ 0
ФОТО: Прво преполовување на Пацификот со едрилица во историјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prvo-prepolovuvanje-na-pacifikot-so-edrilica-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prvo-prepolovuvanje-na-pacifikot-so-edrilica-vo-istorijata/#respond Sat, 20 Apr 2019 16:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=189183

Педесет и двегодишниот Јапонец, Мицихуро Ивамото стана првиот човек во историјата кој со едрилица успеа да го преплови Тихиот Океан – од САД до Јапонија. Ивамото со својата едрилица, долга 12 метри, исплови од Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија и по два месеци пристигна во јапонскиот град Фукушима, минувајќи 14.000 километри. На ова патување достојно за Гинисовата книга на рекорди, Ивамото бил придружуван од неговиот пријател, Американецот Даг Смит. Ова не е прв обид на Ивамото да го премине Пацификот. Тој во 2013 година исплови од САД кон Јапонија, но во близина на јапонскиот брег кит удри во неговата едрилица, нанесувајќи и сериозни оштетувања, поради што не успеа да ја доврши својата мисија. Инаку, интересно е тоа што Ивамото на 16-годишна возраст го губи видот. Откако ја надминал депресијата поради слепилото, Ивамото почнал да се занимава со морепловство и трчање. Тој се надева дека со ова свое постигнување ќе успее да собере средства за помош на слепите лица и ќе покаже дека „се е можно кога луѓето ќе се здружат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prvo-prepolovuvanje-na-pacifikot-so-edrilica-vo-istorijata/feed/ 0