јапонски цар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Oct 2019 06:00:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јапонски цар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Официјално крунисување на јапонскиот цар Нарухито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-krunisuvanje-na-japonskiot-car-naruhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-krunisuvanje-na-japonskiot-car-naruhito/#respond Tue, 22 Oct 2019 06:00:25 +0000 https://kurir.mk/?p=254647

Јапонскиот цар Нарухито денеска официјално ќе биде крунисан, а на традиционалната церемонија ќе присуствуваат околу 2.600 луѓе и владини претставници од 170 држави. Царот Нарухито (59) го презеде тронот на 1 мај од неговиот татко Нарухито го наследи својот татко, 85-годишниот Акихито, кој абдицираше од тронот поради својата возраст и нарушено здравје. Тој беше прв јапонски император кој абдицирал во последните 200 години. Јапонскиот цар Акихито и царицата Мичико драматично ја модернизираа монархијата и значително ја зголемија популарноста на династијата. Акихито ја прекина традицијата речиси во сè, од венчавка со својата љубов која не е благородничка, до извинување за јапонските воени злосторства. Јапонската Влада издвои околу 16,1 милијарди јени (148 милиони долари) за церемониите поврзани со наследување на тронот што ќе се одвиваат цела година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-krunisuvanje-na-japonskiot-car-naruhito/feed/ 0
Тајфун најверојатно ќе ги одложи прославите по повод крунисувањето на јапонскиот цар Нарухит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfun-najverojatno-kje-gi-odlozi-proslavite-po-povod-krunisuvanjeto-na-japonskiot-car-naruhit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfun-najverojatno-kje-gi-odlozi-proslavite-po-povod-krunisuvanjeto-na-japonskiot-car-naruhit/#respond Thu, 17 Oct 2019 07:42:22 +0000 https://kurir.mk/?p=252743

Јапонската Влада разгледува можност да ја одложи парадата по повод крунисувањето на царот Нарухит, закажана за следната недела, поради тајфунот Хагибис во кој досега загинаа најмалку 77 луѓе. Владата во Токио планира да ја одложи парадата за да може целосно да се посвети на ублажување на последиците од тајфунот. Во налетот на тајфунот уништени се или оштетени 1.600 домови, 346 лица се повредени, а 10 се водат како исчезнати. Нарухито (59) го наследи престолот во мај, откако неговиот татко Акихито абдицираше. Акихито е првиот јапонски цар кој абдицирал во последните 200 години]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfun-najverojatno-kje-gi-odlozi-proslavite-po-povod-krunisuvanjeto-na-japonskiot-car-naruhit/feed/ 0
Новиот јапонски цар се обврза дека ќе биде симбол на единство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-japonski-car-se-obvrza-deka-kje-bide-simbol-na-edinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-japonski-car-se-obvrza-deka-kje-bide-simbol-na-edinstvo/#respond Wed, 01 May 2019 07:35:24 +0000 https://kurir.mk/?p=192832

Јапонскиот цар Нарухито вети дека ќе ја исполни својата улога како „симбол на државата и единството”, во неговата прва јавна порака од преземањето на тронот. Обраќањето на 59-годишниот цар се случи денеска, откако официјално го започна своето владеење по куса, но симболична церемонија во Кралската палата, јави Би-Би-Си. Нарухито го наследи својот татко, 85-годишниот Акихито, кој абдицираше од тронот поради својата возраст и нарушено здравје. Акихито ќе биде познат како царот Емеритус.  Тој беше прв јапонски император кој абдицирал во последните 200 години. Јапонскиот цар Акихито и царицата Мичико драматично ја модернизираа монархијата окована во традиција, „се спуштија меѓу луѓето” и значително ја зголемија популарноста на династијата. Акихито ја прекина традицијата речиси во сè, од венчавка со својата љубов која не е благородничка, до извинување за јапонските воени злосторства. Во својот говор, царот Нарухито му оддаде признание на својот татко поради тоа што покажал толкава посветеност кон луѓето. – Се колнам дека длабоко ќе промислувам  и ќе го следам курсот поставен од царот Емеритус … и ќе ја исполнам мојата одговорност како симбол на државата и на единството на народот на Јапонија, рече новиот цар. Нарухито технички стана цар точно на полноќ кога и заврши владеењето на неговиот татко и почна новата ера – Реива. Но, денеска изутрина неговата позиција беше формализирана, бидејќи симболично ги презеде светите царски регалии – меч и скапоцен камен – кои се пренесуваат низ генерациите. Јапонските цареви не носат круна, па овие регалии, заедно со огледало, претставуваат симбол на империјалната моќ. Сепак, предметите кои се употребени во церемонијата се дупликати, бидејќи вистинските предмети се чуваат во светилишта низ целата земја и никогаш не се гледаат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-japonski-car-se-obvrza-deka-kje-bide-simbol-na-edinstvo/feed/ 0
Акихито: Сакам новата ера да им донесе мир и среќа на луѓето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akihito-sakam-novata-era-da-im-donese-mir-i-srekja-na-lugjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akihito-sakam-novata-era-da-im-donese-mir-i-srekja-na-lugjeto/#respond Tue, 30 Apr 2019 11:30:28 +0000 https://kurir.mk/?p=192580

Јапонскиот цар Акихито, во првата од низата церемонии после кои на полноќ официјално ќе абдицира, изрази желба новата ера на неговиот син, идниот цар Нарухито, да им донесе „мир и среќа на луѓето во Јапонија и ширум светот“. Акихито во последното обраќање кон народот, предавајќи му го Престолот на хризантемата на престолонаследникот Нарухито, изјави дека сака новата ера да биде стабилна и плодна, и оти „со целото срце се моли за мир и среќа за сите луѓе во Јапонија и ширум светот“. На свеченоста во палатата, Акихито му се заблагодари на својот народ на поддршката за време на неговото 30-годишно владеење. Тој додаде дека имал среќа што можел да ги исполни своите должности со целосна доверба и верба во својот народ. Акихито официјално ќе биде цар до полноќ по локално време кога ќе почне новото доба, во Јапонија наречено Реива, што во превод значи „убава хармонија“. Тој е првиот цар кој дојде на позицијата под новите Уставни прописи според кои царот нема никаква политичка моќ. Царот на Јапонија за време на Втората светска војна, Хирохито, имаше божествен статус, од кој се откажа по капитулацијата на Јапонија. Акихито во 2016 година изјави дека му е страв оти поради староста нема да може во целост да ги извршува своите должности. Тој денеска го завршува своето триесетгодишно владеење и е прв цар кој ќе абдицира во последните 200 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akihito-sakam-novata-era-da-im-donese-mir-i-srekja-na-lugjeto/feed/ 0
Јапонскиот цар Акихито денеска ќе му го отстапи престолот на својот син Нарухита https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-car-akihito-deneska-kje-mu-go-otstapi-prestolot-na-svojot-sin-naruhita/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-car-akihito-deneska-kje-mu-go-otstapi-prestolot-na-svojot-sin-naruhita/#respond Tue, 30 Apr 2019 05:32:12 +0000 https://kurir.mk/?p=192427

Јапонскиот цар Акихито денеска ќе му го отстапи престолот на својот син Нарухита. По три децении владеење 85-годишниот цар Акихито ќе абдицира, што е прв таков случај по речиси 200 години. Царот Акихито уште во август 2016 година најави дека поради возраста и здравствени причини ќе го отстапи престолот. Неговата абдикација е одобрена од страна на јапонската Влада. Според јапонскиот Устав, царот е симбол без политичка моќ. Но, во законот за јапонската царска куќа нема одредба за абдикација, затоа јапонската Влада донесе еднократен закон со кој се дозволува Акихито да го отстапи престолот. Абдикацијата е една од промените што ги воведе Акихито во палатата. Тој е првиот цар што се ожени со граѓанка, царицата Мичико и одлучи да биде кремиран по смртта, со што ја менува вековната традиција на погребување. Царот Акихито по абдикацијата ќе има нова титула, император емеритус, но во целост ќе биде ослободен од службените обврски. Тој дури нема да присуствува на сукцесијата на својот син и главно ќе се повлече од јавните настапи. Последната абдикација во Јапонија се случи пред околу 200 години за време на феудалниот период Едо, кога царор Кокаку абдицира во корист на својот син Нинка.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-car-akihito-deneska-kje-mu-go-otstapi-prestolot-na-svojot-sin-naruhita/feed/ 0
ВИДЕО: Како царот слави роденден – јапонскиот владетел полни 85 години, 82.000 граѓани на улиците https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-kako-carot-slavi-rodenden-japonskiot-vladetel-polni-85-godini-82-000-gragjani-na-ulicite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-kako-carot-slavi-rodenden-japonskiot-vladetel-polni-85-godini-82-000-gragjani-na-ulicite/#respond Sun, 23 Dec 2018 13:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=143922

Јапонскиот цар Акихито денеска полни 85. години, а на церемонијата присуствуваат повеќе од 82.000 граѓани.

Ова е последен пат Акихито да прославува роденден во кралската палата во Токио, бидејќи во март следната година ќе абдицира.

Акихито од балконот заедно со својата сопруга, најстариот син и наследник Нарухито и другите припадници на кралското семејство, им се обрати на граѓаните кои мавтаа со мали јапонски знамиња и правеа снимки и фотографии.

-Моите мисли се со оние кои ги изгубија членовите од семејството или оние блиски на нив, оние кои претрпеа штета и чии живот се згрозени, рекол јапонскиот цар мислејќи на природните катастрофи кои претходниот период ѝ се случија на Јапонија.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-kako-carot-slavi-rodenden-japonskiot-vladetel-polni-85-godini-82-000-gragjani-na-ulicite/feed/ 0