јапонски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Jun 2018 12:31:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јапонски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од каде канабис во јапонскиот парламент? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-kade-kanabis-vo-japonskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-kade-kanabis-vo-japonskiot-parlament/#respond Fri, 22 Jun 2018 12:31:23 +0000 https://kurir.mk/?p=68611

Четири билки канабис биле пронајдени во зградата на парламентот во Токио, пренесува Би-Би-Си. Четири растенија канабис се тргнати откако биле забележани од еден посетител. Тие изгледаат дека се стари околу два месеци, а не е познато како влегле во зградата на парламентот. Како што соопштуваат од јапонскиот парламент, семе од канабис можело да биде донесено од ветер или од птици. Случајот е пријавен во Владата на Јапонија, која веднаш испратила двајца претставници да го испитаат случајот. Во иднина планирани се неколку посети за да се утврди дали билките се потполно искоренети и не се шират. Јапонија има строга политика и нема толеранција кон какво било поседување на дрога, а дури и за мали количини на канабис може да се добие затворска казна од пет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-kade-kanabis-vo-japonskiot-parlament/feed/ 0