јарослав качински – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Oct 2022 18:09:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јарослав качински – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Качински: На Полска добро би и дошло нуклеарно оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kachinski-na-polska-dobro-bi-i-doshlo-nuklearno-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kachinski-na-polska-dobro-bi-i-doshlo-nuklearno-oruzje/#respond Sat, 15 Oct 2022 18:16:13 +0000 https://kurir.mk/?p=745838

Лидерот на владејачките полски конзервативци Јарослав Качински денеска во Мишков изјави дека Полска ќе има корист од нуклеарното оружје, но дека тоа во моментов не е можно. -Сакаме да имаме силна армија од сите аспекти, освен што не планираме да имаме нуклеарно оружје, бидејќи тоа во моментов е невозможно, иако би било корисно за нас, рече Качински на средбата со жителите на Мишков, во југозападна Полска. Тој информираше за обидот на официјална Варшава да ја искористи војната во Украина и заканата на Русија за да ја вооружи Полска со нуклеарно оружје барем преку американската програма за нуклеарно споделување, во која пет земји во Европа имаат нуклеарно оружје стационирано во нивните бази и можат да го користат по одобрение од САД, изјави на 5 октомври полскиот претседател Анджеј Дуда. -Проблемот е пред сè што немаме нуклеарно оружје. Ништо не укажува дека Полска би можела да го има во блиска иднина. Секогаш постои потенцијална можност за учество во Програмата за нуклеарно споделување. Разговаравме со американските лидери дали САД размислуваат за таква можност -Темата е отворена, рече Дуда во интервју за неделникот Газета Полска. Претседателот Дуда и неговото тврдење за разговорите меѓу Варшава и Вашингтон веднаш беа демантирани од Пентагон и американската администрација. -САД не планираат да распоредат нуклеарно оружје на територијата на членките на НАТО кои се приклучија на Алијансата по 1997 година, изјави портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. Лидерот на полската опозиција, долгогодишен поранешен премиер, а потоа и претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, ги коментираше напорите на актуелната влада да дојде до нуклеарно оружје предупредувајќи дека не знае дали тогаш Русите треба да се плашат, но Полјаците секако треба. -Влада со толку лоши квалификации, такви глупости, кога таа би имала и нуклеарно оружје, не знам дали Русите би се исплашиле, но ние (Полјаците) навистина би морале да се плашиме. Додека овие политички чудовишта владеат со нашите животи избирам да немаме на располагање атомско оружје, одговори Туск.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kachinski-na-polska-dobro-bi-i-doshlo-nuklearno-oruzje/feed/ 0
Качински поднесе оставка од потпретседател на полската Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kachinski-podnese-ostavka-od-potpretsedatel-na-polskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kachinski-podnese-ostavka-od-potpretsedatel-na-polskata-vlada/#respond Tue, 21 Jun 2022 07:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=693515

Јарослав Качински, лидерот на полската владејачка партија Право и правда, поднесе оставка на својата должност како потпретседател на Владата, јави денеска полската новинска агенција ПАП. – Во овој момент веќе не сум член на Владата… Поднесов оставка до премиерот и тој ја одобри, а колку што ми е познато, ја потпишал и претседателот, изјави Качински. Качински беше и шеф на владиниот одбор за национална безбедност и одбрана. Според Качински, тој ќе биде заменет со министерот за одбрана Мариуш Блашчак. Качински веќе најави дека посакува да даде оставка на функцијата во Владата, со цел да им се посвети на подготовките на својата партија за парламентарните избори следната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kachinski-podnese-ostavka-od-potpretsedatel-na-polskata-vlada/feed/ 0
Качински: Во Украина треба да се испрати меѓународна мировна мисија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kachinski-vo-ukraina-treba-da-se-isprati-megjunarodna-mirovna-misija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kachinski-vo-ukraina-treba-da-se-isprati-megjunarodna-mirovna-misija/#respond Wed, 16 Mar 2022 06:17:50 +0000 https://kurir.mk/?p=647867

Во Украина треба да се испрати меѓународна мировна мисија, изјави лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качински на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. „Мислам дека е неопходно да има мировна мисија, НАТО и евентуално некои пошироки меѓународни структури, но мисија што ќе може да одбрани, која ќе дејствува на украинска територија“, рече Качински на прес-конференцијата емитувана на полската телевизија. Качински вчера допатува во Киев со воз, заедно со премиерите на Полска, Чешка и Словенија, Матеуш Моравјецки, Петер Фиала и Јанез Јанша. се првите странски лидери кои го посетија Киев од почетокот на руската инвазија „Вашата посета на Киев во овој тежок момент е силен знак за поддршка на Украина. Ние навистина го почитуваме тоа“, наведе Зеленски во објава на Интернет. На кратко видео објавено од неговата канцеларија се гледа како Зеленски разговара со Моравјецки, Фиала и Јанша, а на разговорите присуствува и полскиот вицепремиер Качински, лидерот на владејачката Партија на правото и правдата, кој се смета за главен носител на одлуки во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kachinski-vo-ukraina-treba-da-se-isprati-megjunarodna-mirovna-misija/feed/ 0
Полската владејачка партија за намалување на платите на политичарите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polskata-vladejachka-partija-za-namaluvanje-na-platite-na-politicharite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polskata-vladejachka-partija-za-namaluvanje-na-platite-na-politicharite/#respond Thu, 05 Apr 2018 17:12:31 +0000 https://kurir.mk/?p=37067

Платите на политичарите во Полска ќе бидат намалени, а бонусите кои до неодамна беа исплатувани на министрите, од сега ќе бидат наменети за добротворни цели, соопшти денеска лидерот на полската владејачка партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качински. Тој истакна дека неговата партија ги зела предвид острите реакции на јавноста и потсети на својата поранешна изјава дека „во политика не се влегува заради пари“. - Јасно е дека луѓето се сеќаваат на тие зборови и поради тоа реагираа на бонусите, очекувајќи поголема умереност во јавниот живот, истакна Качински. Тој посочи дека парите кои досега биле издвојувани за бонуси, а станува збор за околу 357.000 евра во 2017 година, ќе бидат донирани на добротворна организација на Католичката црква. Покрај тоа, според планираните законски измени, платите на пратениците и функционерите во сите нивоа на Владата ќе бидат намалени, а Качински изрази надеж дека новите мерки ќе стапат во сила до почетокот на летото. Минатонеделната анкета покажа дека поддршката за Право и правда е намалена за 12 отсто, откако медиумите информираа за висината на бонусите кои министрите ги зеле минатата година. Партијата дојде на власт 2015 година, остро критикувајќи ја тогашната власт дека има прекумерни трошоци. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polskata-vladejachka-partija-za-namaluvanje-na-platite-na-politicharite/feed/ 0