Јасминка Новковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 May 2021 07:56:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јасминка Новковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изложба на педесетина цртежи од Јасминка Новковска, насловена „Светци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-pedesetina-crtezi-od-jasminka-novkovska-naslovena-svetci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-pedesetina-crtezi-od-jasminka-novkovska-naslovena-svetci/#respond Sun, 30 May 2021 07:56:21 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516735

Во новиот салон на Галеријата „КО-РА“, вчеравечер е отворена изложба на педесетина цртежи во акрилик, комбинирана техника на м-р Јасминка Новковска, насловена „Светци“, а од уметницата наречена „Нова современа авангардна симболична уметност“. По повод отворањето на ова самостојна изложба историчарката на уметност Виолета Калиќ ја истакна „разнородноста во тематската преокупација и разнообразноста на ликовната лексика која, како што рече, ја доживуваме провокативна, контроверзна, фриволна и во секој случај смела со својата најнепредвидлива изразна форма, концептуланоста на знаковниот систем, на композициските сегменти, и колоритната симболика со акцентирана звучност“. -Овој пат таа не поведува во еден нов свет и повторно со иманентна, автентична интерпретација во духот на нејзината веќе препознатливо автономно градена лексика. Со оваа изложба м-р Јасминка Новковска, инспирирана од вековната сакрална ризница која е воспеана до небесните височини, на најнеочекуван начин успева да го запази, долови и интерпретира духот и пораката на сакралното, навидум преточени во духот на каноните на ововремената лексичка синтагма во која цртежот, бојата и композицијата се преточени во една неочекувана концептуална симболика, која сепак ја доловува суптилноста, мисленоста, експерсијата, звучноста на гестот, милозвучноста или патосот на болката и страдањето, истакна Калиќ на отворањето на изложбата. Изложбата ќе биде отворена до 4 јуни. Јасминка Новковска е родена во Скопје 1975 година. Дипломирала на ФЛУ во Скопје, а специјализација имала на Националната Академија во Софија, каде ги завршила и постдипломските студии по ликовна уметност. Има студиски престој во Париз. Реализирала неколку самостојни изложби во земјава, Бугарија, Берлин, Њујорк, а учествувала и на бројни групни изложби дома и во САД, Канада. Добитник е на награда за најуспешен млад автор во 2000 година на Музејот на Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-pedesetina-crtezi-od-jasminka-novkovska-naslovena-svetci/feed/ 0