јасна мандиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Apr 2022 11:59:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јасна мандиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фросина Ременски ослободена од обвинение за „Меѓународен сојуз“: Јасна Мандиќ доби 4 години затвор, таткото на Боки 13 осуден на условна казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frosina-remenski-oslobodena-od-obvinenie-za-megjunaroden-sojuz-jasna-mandikj-dobi-4-godini-zatvor-tatkoto-na-boki-13-osuden-na-uslovna-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frosina-remenski-oslobodena-od-obvinenie-za-megjunaroden-sojuz-jasna-mandikj-dobi-4-godini-zatvor-tatkoto-na-boki-13-osuden-na-uslovna-kazna/#respond Thu, 07 Apr 2022 10:38:01 +0000 https://kurir.mk/?p=659641

Кривичниот суд – Скопје денеска ја објави пресудата за предметот „Меѓународен сојуз”, каде првообвинет се Бојан Јовановски – Боки 13 и уште четири други лица, меѓу кои и поранешната пратеничка Фросина Ременски. Бојан Јовановски Боки 13 доби единствена казна затвор од времетрање од 9 години за кривични дела измама и перење пари. Јасна Мандиќ е прогласена за виновна за кривично дело измама и е осудена на единствена затворска казна од 4 години. Поранешната пратеничка од СДСМ Фросина Ременски се ослободува од обвинението. Таткото на Бојан, Миле Јовановски е осуден на eдинствена условна казна од две години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frosina-remenski-oslobodena-od-obvinenie-za-megjunaroden-sojuz-jasna-mandikj-dobi-4-godini-zatvor-tatkoto-na-boki-13-osuden-na-uslovna-kazna/feed/ 0
НОВИ ПОРАКИ: Заев за Мандиќ од 1ТВ: Нема да оди во притвор! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-poraki-zaev-za-mandikj-od-1tv-nema-da-odi-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-poraki-zaev-za-mandikj-od-1tv-nema-da-odi-vo-pritvor/#respond Thu, 10 Dec 2020 17:28:51 +0000 https://kurir.mk/?p=441635

На денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз” се читаа вибер комуникации од Јасна Мандиќ како директор на 1ТВ и Зоран Башановиќ, советник на Зоран Заев. Денешната презентирана вибер комуникацијата помеѓу Башановиќ кој важи за еден од најблиските соработници на Заев и Јасна Мандиќ јасно укажа на заложбата и ургенцијата на премиерот Заев да издејствува да не оди во затвор Јасна Мандиќ, туку да биде во домашен притвор. Имено, од приложените преписки во Судот, се читаа пораки од Зоран Заев насочени кон Башановиќ. Полициските службеници биле во домот на Јасна Мандиќ, при што побарала ургенција кај Заев преку Башановиќ, на што Башановиќ побарал помош за Мандиќ директно од Зоран Заев. На тоа Заев вели „Јас ќе замолам во ЈО и Суд да доделат полесна мерка, да не биде затвор”, при што вели дека ќе провери што е работата. Веднаш потоа, му пишува на Башановиќ „Другар, има докази за Јасна ми кажуваат. Но ќе се обидам да не е притвор”, за на крај да му се обрати со порака „Нема да оди во притвор”, при што Мандиќ тогаш не отиде во затворска ќелија, туку доби полесна мерка, домашен притвор. Експертите коментираат дека со ова премиерот Заев извршил кривично дело според КЗ на РМ член 359 каде што извршил директно влијание и ја искористил својата премиерска положба да се вмеша во одлуките на правосудните органи и да влијае да обвинетата Мандиќ не оди во затвор. Оттука се покренуваат неколку прашања што останаа неодговорени изминатиот период, а тоа е врската помеѓу Зоран Заев и обвинетите во Меѓународен Сојуз, која е неговата улога, дали и тој се стекнал со некаква корист од целиот рекет, односно дали парите завршиле кај него, како и која е причината Заев да ургира Мандиќ да не оди во затвор. Едно е јасно, Заев и самиот во неколку наврати има повторено дека 1ТВ каде што Мандиќ беше управител е провладина телевизија која е под негова контрола. Она кое што е се повеќе веројатно според експертите и упатените е дека брзата интервенција на Заев да ја спаси Мандиќ од затвор била како резултат на паника и страв да не проговори за вмешаноста на премиерот во целиот случај со рекетирање. После овие изнесени докази во Судот, се уште нема никаква реакција од обвинителството да го истражи овој случај на мешање во одлуките на правосудните органи од страна на Зоран Заев. Додека пак, Јасна Мандиќ јавно упати прашање до Судот и обвинителството , кој е Зоран Заев да знае дали има докази или не и во кое својство ги имал тие информации, што уште еднаш укажува на директно мешање во правосудните органи и нивната работа. Да потсетиме, јавноста преку случајот „Рекет” го впери прстот кон Заев дека бил главата на рекетот каде што беа изнудени над 20 милиони евра од бизнисмени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-poraki-zaev-za-mandikj-od-1tv-nema-da-odi-vo-pritvor/feed/ 0
Башановиќ ургирал кај Заев за Мандиќ да не оди во притвор – „Ќе видам што ќе направам“ рекол Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bashanovikj-urgiral-kaj-zaev-za-mandikj-da-ne-odi-vo-pritvor-kje-vidam-shto-kje-napravam-rekol-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bashanovikj-urgiral-kaj-zaev-za-mandikj-da-ne-odi-vo-pritvor-kje-vidam-shto-kje-napravam-rekol-zaev/#respond Thu, 10 Dec 2020 11:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=441431

Обвинетата во случајот „Меѓународен сојуз” Јасна Мандиќ на денешното судско рочиште на кое обвинителството читаше вибер-комуникација од нејзиниот телефон, за една од нив кажа дека не е нејзина, туку препратена комуникација од премиерот Зоран Заев и од поранешниот негов советник Зоран Башановиќ, кој наводно брка врски за неа да не оди во притвор, пренесува СДК. Обвинителката Милица Гаврилова немаше коментар. Откако според вибер-комуникацијата, едното лице (според Мандиќ, Башановиќ) му вика на другото (според неа, Заев) да види ако може Јасна да не оди во притвор, наводниот Заев му вели: „Знаеш дека тоа зависи од обвинителството и од судот. Ќе видам што можам да направам”. Тогаш, за разлика од првообвинетиот во „Меѓународен сојуз” Бојан Јовановски-Боки 13, Мандиќ доби куќен притвор. Обвинителката Вилма Русковска тогаш појасни дека ваквата мерка за Мандиќ е поради тоа дека има дете со здравствени проблеми, пушува СДК. За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bashanovikj-urgiral-kaj-zaev-za-mandikj-da-ne-odi-vo-pritvor-kje-vidam-shto-kje-napravam-rekol-zaev/feed/ 0
Судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува на 25 ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-megjunaroden-sojuz-prodolzuva-na-25-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-megjunaroden-sojuz-prodolzuva-na-25-noemvri/#respond Thu, 19 Nov 2020 12:00:41 +0000 https://kurir.mk/?p=431735

Судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, продолжува на 25 ноември, откако на денешното рочиште беа изведени материјални докази. Судијката Софче Гаврилова Ефремовска рече дека имајќи ја предвид здравствената состојба на првообвинетиот Бојан Јовановски денешното рочиште завршува и побара да и биде доставена медицинска документација за неговата здравствена состојба. Во текот на судењето Јовановски, пред судот се пожали дека од специјалист му е наложено во следниот месец да биде на строга терапија и во легната состојба, како и дека не може да го следи изведувањето на доказите. Првообвинетиот Бојан Јовановски, на почетокот, побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремовска, поради како што рече, пристрасност, бидејќи била дел од судечкиот совет на случајот „Рекет“. Судијката, рече дека, барањето ќе биде проследено до претседателот на Судот, по што рочиштето продолжи со изведување на материјални докази, предложени од Обвинителството. За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ. Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-megjunaroden-sojuz-prodolzuva-na-25-noemvri/feed/ 0
Стартува судењето за Меѓународниот сојуз, на обвинителна клупа Боки 13 и Ременски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuva-sudenjeto-za-megjunarodniot-sojuz-na-obvinitelna-klupa-boki-13-i-remenski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuva-sudenjeto-za-megjunarodniot-sojuz-na-obvinitelna-klupa-boki-13-i-remenski/#respond Tue, 21 Jul 2020 06:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=378971

По одложувањето на 1 јули, денеска треба да се одржи судското рочиште за случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која, како што пишува во обвинението, биле измамени бизнисмен за наводни центри за возрасни лица. Јовановски, кој посочи дека Луј Витон торбите завршиле кај Заеви, е осуден за случајот „Рекет“ и денеска треба да биде спроведен до Основниот кривичен суд во Скопје. Во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ. Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски – екс потпретседателка на СДСМ, пратеничка и потпретседател на Собранието на РМ, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари/ Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. При претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација. Судии во овој случај се Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска, истите судијки од случајот „Рекет“. Јовановски тврди дека обвинението за овој случај е конструиран случај. Ременски дава изјави дека ќе ја докаже својата невиност во овој случај и дека целта на ова судење е нејзина политичка елиминација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuva-sudenjeto-za-megjunarodniot-sojuz-na-obvinitelna-klupa-boki-13-i-remenski/feed/ 0
Василевскa: Невладина организација на Јасна Мандиќ добила финансиски средства од Владата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-nevladina-organizacija-na-jasna-mandikj-dobila-finansiski-sredstva-od-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-nevladina-organizacija-na-jasna-mandikj-dobila-finansiski-sredstva-od-vladata/#respond Fri, 19 Jun 2020 19:42:40 +0000 https://kurir.mk/?p=360034

Јасна Мандиќ и официјано уште е сопственик на НВО Ресурсен центар, ова е извадок од Тековна состојба издадена од Централниот регистар, од вчера 18.06.2020 година. Во истата Јасна Мандиќ е наведена како сопственик, објави Иванка Василевскa, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ се бори со спрегите на Зоран Заев и нивните истурени перјаници кои ја држат Република Македонија во заложноштво. Наша одговорност е секогаш да бидеме на браникот на вистината и на правдата. Оттаму, повторно потсетуваме: Одлуката за тоа кои НВО ќе добијат дел од пола милионскиот колач е донесена во рок од два дена. Аплицирале 549 НВО-а, а пари добиле само 40, од кои е дел и НВО на Мандиќ. Рокот за аплицирање бил 6 дена, додека рокот за евалуација само 2 дена, односно од 11 јуни кога завршило аплицирањето до 13 јуни кога е одлучено кој ќе добие пари. Со други зборови комисијата која одлучувала или има супер моќ да прочита над 5490 страни за неполни 48 часа, или претходно знаеле кој треба да добие дел од колачот. Ова се темите и ова е дебатата која ги интересира сите граѓани на Република Македонија. Се останато е само дребна злоупотреба на ранливите категории и ниска пропаганда на корумпираната и ненародна власт во заминување! Фејсбук статус на Иванка Василевскa: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-nevladina-organizacija-na-jasna-mandikj-dobila-finansiski-sredstva-od-vladata/feed/ 0
Василевска: Дали финансирањето на владата на НВО на Мандиќ е поткуп за влијание пред почеток на судењето за Рекет 2? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-dali-finansiranjeto-na-vladata-na-nvo-na-mandikj-e-potkup-za-vlijanie-pred-pochetok-na-sudenjeto-za-reket-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-dali-finansiranjeto-na-vladata-na-nvo-na-mandikj-e-potkup-za-vlijanie-pred-pochetok-na-sudenjeto-za-reket-2/#respond Fri, 19 Jun 2020 10:51:26 +0000 https://kurir.mk/?p=359828

Владата на СДСМ и дава пари на Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, обвинета во Рекет 2, а која сега се наоѓа во домашен притвор. Невладината организација на Јасна Мандиќ Ецеговиќ, обвинета за перење на парите на Боки 13 преку Меѓународниот сојуз и директорка во 1ТВ, во скратена постапка во ек на коронакриза од владата добила 882.000 денари, обвинува Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Имаме извадок од службен весник од која се гледа дека „Ресурсен центар“ добил 882.000 денари од владата на Република Македонија. Ова е Решение за тековна состојба на „Ресурсен центар“ издадено од Централниот регистар на Република Македонија, од кое се чита дека сопственик на оваа невладина организација е Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Дали финансирањето на невладината на Мандиќ со државни пари не е поткуп со цел влијание над обвинетата во тек на кривичната постапка, која се води против неа, а во која обвинети се и други лица дел од власта или блиски до неа?! Дали финансирањето на Мандиќ е со цел нејзино замолчување пред почетокот на судските рочишта за Рекет 2, а со цел отргање на вниманието од Зоран Заев и Вице Заев, кои вчера беа посочени како лица кај кои завршиле парите од Рекет?! - прашува таа.   -Одлуката за тоа кои НВО ќе добијат дел од пола милионскиот колач е донесена во рок од два дена. Аплицирале 549 НВО-а, а пари добиле само 40, од кои е дел и НВО на Мандиќ. Рокот за аплицирање бил 6 дена, додека рокот за евалуација само 2 дена, односно од 11 јуни кога завршило аплицирањето до 13 јуни кога е одлучено кој ќе добие пари. Со други зборови комисијата која одлучувала или има супер моќ да прочита над 5490 страни за неполни 48 часа, или претходно знаеле кој треба да добие дел од колачот. Парите кои Јасна Мандиќ ги добива од владата се на само 5 дена пред пресудата за случајот Рекет, каде осуден е Боки 13, нејзиниот поранешен шеф. Ова е директен обид за мешање во кривичната постапка и влијание врз засегнатите, истакна Василевска.   -Го повикуваме ЈО и институциите да го истражат случајот на кој начин бил вршен изборот. Го повикуваме и Министерството за финансии веднаш да ја укине постапката за доделување на средства и со тоа да спречи понатамошно влијание со државни пари во судска постапка. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, посочи таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-dali-finansiranjeto-na-vladata-na-nvo-na-mandikj-e-potkup-za-vlijanie-pred-pochetok-na-sudenjeto-za-reket-2/feed/ 0
ЈАНЕВА, ЗАЕВ И РУСКОВСКА ВО ИСТ МОМЕНТ БИЛЕ ВО ГРЦИЈА?: Постои ли тајна средба во хотелот на сопственичката на 1 ТВ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janeva-zaev-i-ruskovska-vo-ist-moment-bile-vo-grcija-postoi-li-tajna-sredba-vo-hotelot-na-sopstvenichkata-na-1-tv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janeva-zaev-i-ruskovska-vo-ist-moment-bile-vo-grcija-postoi-li-tajna-sredba-vo-hotelot-na-sopstvenichkata-na-1-tv/#respond Fri, 06 Mar 2020 22:34:24 +0000 https://kurir.mk/?p=313225

Што правеле Јанева и Заев во ист момент во Грција и дали таму се наоѓала и обвинителката Вилма Русковска, запраша уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во телевизија Алфа? Уредникот на Инфомакс јавно ја запраша Русковска дали се познавала со сопственичката на 1 ТВ, Јасна Мандиќ, дали од неа некогаш добила молба да не се процесуира кривично дело кое било под истрага на финансова полиција и дали можеби таа добила нешто за возврат. -Кога излегоа индициите дека има истрага против Јасна Мандиќ, Катица Јанева, Боки 13, Зоки Кичеец во тој момент Зоран Заев отиде на одмор во Грција. Ако се сеќавате претходно неколку дена Катица Јанева отиде на одмор во Грција и ние добивме некои информации од свиркачи кои што упатуваа на тоа дека Јанева е на одмор во Ал Маре кој што случајно или не е во сопственост на Јасна Мандиќ, која е сопственик на БМЈ медиа груп, а БМЈ медиа груп е сопственик на 1 ТВ. По некоја случајност во хотелот на Јасна Мандиќ се наоѓа Јанева која е под истрага. Ние се јавивиме во хотелот да потврдиме, ни се јавија на грчки зборуваа па потоа ни се прејавија и на прашањето може ли да ја добијам Катица Јанева на телефон ни одговорија, а кој ја бара. Од тука логично може да заклучиме дека Јанева била таму. Истрагата наша продолжи во насока каде е Зоран Заев. Од Влада ни потврдија дека во тој момент Заев се наоѓа на одмор во Грција. Во тој момент се прашувавме и каде е госпоѓата Вилма Русковска. И таа била во Грција не знам дали на истото место, јас претпоставувам дека биле. Ама биле сите во Грција во ист момент. Но еве јас ќе ја прашам Вилма Русковска. Барем за тоа не може кривично да ме гони. Ќе ја прашам дали и од кога се познава со госпоѓата Јасна Мандиќ, дали некогаш од госпоѓата Мандиќ добила молба да и заврши работа да не се процесуира кривично дело кое било под истрага на финансова полиција. И што за возврат добила од тоа? Јавно да ја прашам, вели Митовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janeva-zaev-i-ruskovska-vo-ist-moment-bile-vo-grcija-postoi-li-tajna-sredba-vo-hotelot-na-sopstvenichkata-na-1-tv/feed/ 0
Обвинение и проширена истрага за „Рекет“, куќен притвор за Мандиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinenie-i-proshirena-istraga-za-reket-kukjen-pritvor-za-mandikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinenie-i-proshirena-istraga-za-reket-kukjen-pritvor-za-mandikj/#respond Thu, 10 Oct 2019 06:54:34 +0000 https://kurir.mk/?p=249891

Случајот „Рекет“ доби нов тек откако истрагата се прошири на уште четири лица, а синоќа на потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, по приведувањето во Кривичниот суд, и беше одреден куќен притвор. Мандиќ се сомничи за измама и перење пари во проширената истрага за овој случај. Обвинителката Вилма Рускоска, која е надлежна за овој случај, синоќа изјави дека кај тројцата осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес. Се очекува денеска да биде поднесено и обвинението за првиот дел од истрагата. Русоска, синоќа изјави дека има „битни докази“ за обвинението. Таа посочи и дека еден од осомничените побарал спогодба за првиот дел од истрагата. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера потврди дека истрагата во првиот дел за „Рекет“ е при крај и дека обвинителката Рускоска работи на донесување јавнообвинителска одлука. Тој оцени дека предметот „Рекет“ не е целосно исцрпен и додаде дека Обвинителството работи на утврдување факти и околности и за други две – три дејства. Јовевски потврди дека некои од осомничените биле заинтересирани за спогодба, но дека до овој момент конкретна спогодба со осомничените за случајот „Рекет“ не е постигната, ниту е влезено во посериозни договори околу спогодбата. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. – Врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката дојде до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евро од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица врз основа на заем или донација, се појаснува во соопштението. Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот, се подвлекува во соопштението, присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт. Во „Рекет“ првоосомничен е Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари и други приноси од казниво дело. Второосомничен, за трговија со влијание, е Зоран Милески-Кичеец, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е третоосомничена за злоупотреба на службената положба и овластување. Јовановски и Јанева се во притвор во КПУ Затвор Скопје, а Милевски е во домашен притвор. Јовановски требаше да даде исказ во Обвинителството, но му се слоши и со брза помош беше однесен во болница, а потоа вратен во притвор. Исказ во Обвинителството нема да дава ниту Катица Јанева. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска за МИА потврди дека таа во оваа фаза нема да дава исказ, но ќе го задржи правото во однос на предлагање сведоци и докази понатаму во постапката. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinenie-i-proshirena-istraga-za-reket-kukjen-pritvor-za-mandikj/feed/ 0
Куќен притвор за заменичката на Боки 13 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kukjen-pritvor-za-zamenichkata-na-boki-13/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kukjen-pritvor-za-zamenichkata-na-boki-13/#respond Wed, 09 Oct 2019 20:38:00 +0000 https://kurir.mk/?p=249832

Обвинителката Вилма Рускоска поднесе предлог за определување на мерка притвор, а судијата Ненад Савески и’ определи куќен притвор на Јасна Мандиќ, потретседателката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски. Покрај тоа што е заменик-претседател на невладината организација, осомничената Мандиќ е и директорка на „1ТВ“. За останатите во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција е побарано само мерка на претпазливост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kukjen-pritvor-za-zamenichkata-na-boki-13/feed/ 0