јавен долг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Jul 2023 08:48:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јавен долг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавниот долг на еврозоната во првиот квартал изнесува 91,2 отсто од БДП https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/javniot-dolg-na-evrozonata-vo-prviot-kvartal-iznesuva-91-2-otsto-od-bdp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/javniot-dolg-na-evrozonata-vo-prviot-kvartal-iznesuva-91-2-otsto-od-bdp/#respond Mon, 24 Jul 2023 08:48:57 +0000 https://kurir.mk/?p=859372

Јавниот долг на еврозоната на крајот на првиот квартал изнесувал 91,2 отсто од БДП, а јавниот долг на ЕУ 83,7 отсто од БДП, се наведува во најновиот извештај на Евростат. Споредено со последниот квартал од минатата година, јавниот долг е намален и во еврозоната и во ЕУ, бидејќи тогаш изнесувал 91,4 отсто и 83,8 отсто од БДП. Јавниот долг е намален и во однос на истиот квартал лани, кога во еврозоната изнесуваше 95,0 отсто од БДП, а во Европската унија 87,4 отсто од БДП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/javniot-dolg-na-evrozonata-vo-prviot-kvartal-iznesuva-91-2-otsto-od-bdp/feed/ 0
Јавниот долг на Албанија изнесува 63,27 отсто од БДП https://arhiva.kurir.mk/svet/region/javniot-dolg-na-albanija-iznesuva-63-27-otsto-od-bdp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/javniot-dolg-na-albanija-iznesuva-63-27-otsto-od-bdp/#respond Tue, 04 Jul 2023 16:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=852628

Албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај на денешната прес-конференција изјави дека на крајот на првиот квартал од годинава јавниот долг на Албанија достигнал ниво од 63,27 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). - Јавниот долг на крајот на 2022 година беше за околу 10 процентни поени помал од крајот на 2021 година, а трендот на намалување продолжи и во првиот квартал од годинава. Во однос на Бруто домашниот производ на крајот на 2022 година, јавниот долг изнесуваше 66,97 отсто, рече Ибрахимај. Таа додаде дека на крајот на првото тромесечје јавниот долг се намалил за 3,7 отсто. - Од кога го изготвивме буџетот за 2023 година изјавивме дека главната фискална политика на Министерството за финансии и економија ќе биде политиката на фискална консолидација, каде што имаме за цел намалување на јавниот долг и дефицитот, како и главните показатели за фискалната одржливост, што ќе ни овозможи во иднина да го имаме потребниот простор да се соочиме со секакво неочекувано нешто што може да ни се појави. Јавниот долг на крајот на 2022 година беше за околу 10 процентни поени помалку од крајот на 2021 година, а трендот на намалување продолжи и во првиот квартал од годината. На крајот на првиот квартал од годинава долгот достигна ниво од 63,27 отсто од БДП, изјави министерката. Нашата основна цел, посочи таа, беше, од една страна, да ги зголемиме инвестициските приходи на албанските граѓани, а од друга страна, да ја зголемиме побарувачката за инвестиции, влијаејќи на забавување на каматните стапки. - Токму тоа се одрази и се случи. Сметаме дека политиката што ја следевме во однос на издавањето обврзници, во леки и во евра, е правилна политика и очекуваме намалувањето на каматните стапки за леки да ја поттикне побарувачката за кредити, и побарувачката на потрошувачите и онаа за инвестициите, оцени Ибрахимај. Таа додаде дека отворањето на шалтерите на Централна банка на Албанија за инвестиции во државни обврзници имало за цел да ги поттикне инвестициите на физичките лица во државни хартии од вредност, инвестиции со минимален ризик и кои би влијаеле на зголемување на побарувачката за владините инструменти. Надолниот тренд на нивото на јавниот долг, очекува министерката, да се забрза во наредните години. Оптимистички се процените и за нивото на економски раст со стапка од 2,6 отсто во 2023 година и се очекува да биде во просек околу 3,9 проценти годишно во следниот среднорочен период 2024-2026 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/javniot-dolg-na-albanija-iznesuva-63-27-otsto-od-bdp/feed/ 0
Јавниот долг на Албанија минатата година намален за 4,4 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/region/javniot-dolg-na-albanija-minatata-godina-namalen-za-4-4-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/javniot-dolg-na-albanija-minatata-godina-namalen-za-4-4-otsto/#respond Thu, 23 Feb 2023 18:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=804329

Албанското министерство за финансии и економија објави дека јавниот долг минатата година забележал намалување за 4.221 милиони лека односно за 4,4 отсто споредено со претходната година. -Според показателите на Министерството за финансии и економија, јавниот долг достигнал 1.378.400 милиони лека, од 1.382.625 милиони во 2021 година. Тоа потврдува дека јавниот долг за првпат бележи намалување од 1995 година, јави државната агенција, АТА. Јавниот долг во однос на Бруто домашниот производ(БДП) на крајот на 2022 година достигнал 66,97 отсто од БДП, што бележи намалување од 6,2 процентни поени, во однос на претходната година (2021 година), кога состојбата на долгот во однос на БДП изнесувал 73,16 отсто. Надолниот тренд на нивото на јавниот долг се очекува да се забрза во наредните години и да достигне ниво од 64 отсто од БДП во 2026 година. Оптимистички се процените и за нивото на економски раст со стапка од 2,6 отсто во 2023 година и се очекува да биде во просек околу 3,9 проценти годишно во следниот среднорочен период 2024-2026 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/javniot-dolg-na-albanija-minatata-godina-namalen-za-4-4-otsto/feed/ 0
Бесими: Јавниот долг до крајот на годинава нема да достигне 60 отсто од БДП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-javniot-dolg-do-krajot-na-godinava-nema-da-dostigne-60-otsto-od-bdp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-javniot-dolg-do-krajot-na-godinava-nema-da-dostigne-60-otsto-od-bdp/#respond Wed, 23 Nov 2022 12:29:12 +0000 https://kurir.mk/?p=765388

До крајот на годината јавниот долг нема да достигне ни 60 отсто од БДП, иако предвидувавме да биде 65,6 проценти, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими пред собраниската Комисија за финансирање и буџет. Бесими се јави за збор веднаш откако претседателот на Комисијата Бојан Стојаноски го квалификуваше Предлог-буџетот за 2023 година како историски највисок и нереален. -Прелиминарните проекции се дека јавниот долг до крајот на годинава ќе биде 58,5 отсто. За 2023 година, со доза на резерва, можам да кажам дека ќе биде 60,6 отсто, 62,1 процент или 60,9 отсто, додека во 2026-та и 2027 година се проектира на 58,4 или 57,8 отсто од БДП. Кога зборуваме за висината на Буџетот, се спомнува дека е историски најголем. Тоа е факт, но секоја година растеме економски. Тоа што коментираме тука, повеќе е од аспект на растот, политиките што ќе го поддржат растот и како дефицитот да не се зголеми. Мислам дека овој Прелодг-буџет тоа го овозможува, истакна Бесими. Во врска со обвинувањата на Стојаноски дека земјава е водечка во регионот по сиромаштија, министерот рече дека има други бројки. -Јас имам други бројки за сиромаштијата од ЕВРОСТАТ, кои од 2015 година наваму одат надолу за нашата земја. Последните, за 2020 година, се 32,6 отсто што е помалку од Црна Гора, Албанија, Бугарија и Турција, напомена Бесими и заклучи дека земјава има стабилни јавни финансии, во рамки на дозволеното на среден рок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-javniot-dolg-do-krajot-na-godinava-nema-da-dostigne-60-otsto-od-bdp/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДС им ја одзема перспективата на младите, јавниот долг 7.64 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-im-ja-odzema-perspektivata-na-mladite-javniot-dolg-7-64-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-im-ja-odzema-perspektivata-na-mladite-javniot-dolg-7-64-milijardi-evra/#respond Fri, 11 Nov 2022 08:33:22 +0000 https://kurir.mk/?p=758951

СДС им ја одзема перспективата на младите, јавниот долг 7.64 милијарди евра. Заклучно со 30.09.2022 година јавниот долг е 7.64 милијарди евра. Ова е историски највисок долг, а притоа нема инвестиции, нема проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -И додека расте долгот, расте и инфлацијата. Македонија ја има највисоката стапка на инфлација во регионот и Европа. Со инфлација од 20% се анулира секаков раст плати, а народот осиромашува. Со СДС секој негативен показател во економијата расте. Се зголемува и трговскиот дефицит. Економијата со СДС е се поранлива и по зависна. Наместо да го креираат најголемиот буџет во историјата и да трошат пари на се и сешто, СДС да ги применат и инкорпорираат мерките кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи, а ќе значат помош за стопанството и граѓаните, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-im-ja-odzema-perspektivata-na-mladite-javniot-dolg-7-64-milijardi-evra/feed/ 0
Јавниот долг на Србија на крајот во август изнесуваше 53,4 отсто од БДП https://arhiva.kurir.mk/svet/region/javniot-dolg-na-srbija-na-krajot-vo-avgust-iznesuvashe-53-4-otsto-od-bdp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/javniot-dolg-na-srbija-na-krajot-vo-avgust-iznesuvashe-53-4-otsto-od-bdp/#respond Wed, 05 Oct 2022 07:52:37 +0000 https://kurir.mk/?p=741237

Јавниот долг на Србија на крајот на август 2022 година изнесува 32,24 милијарди евра или 53,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП), покажуваат денешните податоци на Министерството за финансии. Јавниот долг е номинално повисок за 790 милиони евра во однос на претходниот месец, кога изнесуваше 31,45 милијарди евра, а учеството во БДП е зголемено за 1,3 процентни поени од јулското ниво од 52,1 отсто. На крајот на 2021 година јавниот долг на Србија изнесува 30,13 милијарди евра, што е 56,5 отсто од БДП. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/javniot-dolg-na-srbija-na-krajot-vo-avgust-iznesuvashe-53-4-otsto-od-bdp/feed/ 0
Здравковски: Претстојат тешки месеци за граѓаните и стопанството, јавниот долг ќе надмине 8 милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zdravkovski-pretstojat-teshki-meseci-za-gragjanite-i-stopanstvoto-javniot-dolg-kje-nadmine-8-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zdravkovski-pretstojat-teshki-meseci-za-gragjanite-i-stopanstvoto-javniot-dolg-kje-nadmine-8-milijardi-evra/#respond Tue, 14 Jun 2022 09:22:46 +0000 https://kurir.mk/?p=690602

Денес ќе биде втор ден од расправата по Ребалансот на буџетот за 2022 година. Од она што можеше да го види и слушне македонската јавност очигледно е дека пратениците од владеачкото мнозинство не живеат во реалноста. Овој ребаланс е директен доказ за тоа дека Македонија е на раб од банкрот, економски разрушена, испокрадена и земја во која на дневна основа граѓаните осиромашуваат, изјави денеска Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека Македонија во 2022 година ќе пробие уште една психолошка граница и јавниот долг ќе надмине 8 милијарди евра. -Ако на 48% јавен долг СДСМ велеа дека не чека грчко сценарио, сега какво сценарио не чека? Македонија е една од земјите која има највисок пораст на јавниот долг од периодот пред корона кризата. Од кога се дојдени на власт, јуни 2017, па до крајот на оваа година ќе направат нов нето долг од над 3,5 милијарди евра, а капиталните расходи никогаш не биле пониски. Владата со ребалансот ја намалува проекцијата за економскиот раст од 4,6% на 3,2%, но она што не успеваат да ја убедат јавноста е дека и тие проекции ќе ги оставарат. Еве да го земеме првиот квартал од 2022 година, економски раст 2,4%, а сеуште не се почуствуваа последиците од војната во Украина. Каде е вториот квартал и втората половина од годината? Дали некој верува дека оваа Влада е способна да креира економска политика за раст и развој? За јавноста една споредба со земјите од регионот за прв квартал: растот во Србија е 4,4%, во Бугарија 5%, Романија 6,5%, Словенија 9,8%, Хрватска 7%., вели Здравковски Во оваа прилика, вели пратеникот, би сакал да споделам една изјава од претседателот на една стопанските комори околу владините мерки за поддршка на бизнис секторот, каде што вели: „Ние треба отворено да кажеме дека државата се наоѓа во тешка ситуација, нешто што го повторувам изминатите шест месеци и барам сериозна акција околу тоа. Имаме неколку состојби коишто дефинитивно констатирани можат многу тешко да ја погодат економската активност и да дојде до затворање на компаниите и намалување на работните места. Чуствуваме дека Владата не е насочена кон фирмите, мислиме дека тој пат не е добар. Мора да се задржи економската активност затоа што без тоа, со затворање на капацитетите ќе создадеме поголем гап кој во ваква неизвесност која претстои може да биде катастрофален.“. -И ова е реалноста. Нека не се обидуваат од власта да замајуваат. Реалниот сектор е на раб до колапс, а власта нема слух. Власта нема слух ни за синдикатите, нема слух ни за здравствените работници, власта нема слух за никој освен за своите апетити. Претстојат тешки месеци за граѓаните и стопанството. Во исчекување сме за колку проценти повторно ќе поскапи струјата, а со тоа и на сите други производи. Со оваа власт на ДУИ и СДСМ кризата само ќе се продлабочува и тие не знаат како да се справат со истата. Со ребалансот ништо нема да се промени на подобро, напротив, Македонија ќе продолжи да тони уште повеќе. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро за доброто на граѓаните и иднината на државата, нагласув Здравковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zdravkovski-pretstojat-teshki-meseci-za-gragjanite-i-stopanstvoto-javniot-dolg-kje-nadmine-8-milijardi-evra/feed/ 0
Јавниот долг го достигна нивото од 60 отсто од БДП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/javniot-dolg-go-dostigna-nivoto-od-60-otsto-od-bdp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/javniot-dolg-go-dostigna-nivoto-od-60-otsto-od-bdp/#respond Wed, 16 Feb 2022 10:30:58 +0000 https://kurir.mk/?p=632061

Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на успешност – Управување на јавниот долг-задолжување на Република Северна Македонија. Ревизијата е извршена согласно годишната Програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2020 година и го опфаќа периодот 2015 – 2020 иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2015 година. -Во услови на КОВИД-пандемијата постигнат е лимитот на јавниот долг од 60 отсто од БДП и долгот е зголемен за 15 процентни поени. Во Република Северна Македонија и други држави во меѓународни рамки како одговор на здравствено-економската криза не секогаш е обезбедено почитување на фискалните правила за управување со јавен долг и дефицит и има зголемување на нивото на јавниот долг, наведува ДЗР. Целосниот извештај може да се прочита на https://dzr.mk/sites/default/files/2022-02/62_Upravuvanje_so_javen_dolg_Zadolzuvanje_na%20RSM_2021_1.pdf. 
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/javniot-dolg-go-dostigna-nivoto-od-60-otsto-od-bdp/feed/ 0
Јавниот долг на САД надмина рекордни 30 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/javniot-dolg-na-sad-nadmina-rekordni-30-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/javniot-dolg-na-sad-nadmina-rekordni-30-milijardi-dolari/#respond Wed, 02 Feb 2022 08:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=625759

Државниот долг на Соединетите Американски Држави достигна рекордни 30.012 милијарди долари, покажуваат податоците од американското министерство за финансии. Долгот покажува пораст од околу 7 милијарди долари во споредба со крајот на јануари 2020 година, кога пандемијата се уште не ја погоди американската економија. Речиси 8 милијарди долари од вкупно 30 од државниот долг се долгови кон странски инвеститори, а најголемите кредитори се Јапонија и Кина кои ќе мора да бидат отплатени со камати, пренесува Хил. Финансиските експерти велат дека новиот максимум е достигнат неколку години порано од предвиденото на властите, а како резултат на огромните средства потрошени во борба против пандемијата. Најголем дел од економистите се согласуваат дека рекордниот американски јавен долг не укажува на проблем, бидејќи економијата на земјата продолжува да расте и покрај Ковид-19 пандемијата, а каматната стапка опаѓа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/javniot-dolg-na-sad-nadmina-rekordni-30-milijardi-dolari/feed/ 0
МФ: Јавниот долг заклучно со 31 декември е 60,9 отсто од БДП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-javniot-dolg-zakluchno-so-31-dekemvri-e-60-9-otsto-od-bdp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-javniot-dolg-zakluchno-so-31-dekemvri-e-60-9-otsto-od-bdp/#respond Mon, 31 Jan 2022 16:08:30 +0000 https://kurir.mk/?p=625110

Јавниот долг заклучно со 31.12.2021 година изнесува 60,9 отсто од БДП, соопшти денеска Министерството за финансии. Според Министерството, јавниот долг се менаџира и се одржува на стиблно ниво и на крајот на 2021 година е понизок за 0,1 процентен поен во однос на 2020 година. -Јавниот долг се одржува на стабилно ниво. И во услови на здравствена криза која трае во последните две години, а последниот квартал на 2021 година се соочуваме и со енергетска криза, со политиките и мерките што ги преземаме нивото на јавниот долг на крајот на 2021 година забележа намалување во споредба со нивото на јавниот долг на крајот на 2020 година. На крајот на 2021 година јавниот долг забележа намалување од 0,1 процентен поен во споредба со состојбата на јавниот долг на крајот на 2020 година, додека во третиот квартал имаше намалување од 3,8 процентни поени во однос на претходниот квартал. Остануваме на определбата јавниот долг да го позиционираме под Мастришкиот критериум од 60 отсто од БДП, така што согласно проекциите со Стратегијата за управување со јавниот долг во 2026 година тој треба да се намали на ниво од 57,7 отсто од БДП, наведува Министерството. Министерството за финансии ги објавува податоците за јавниот долг на квартално ниво, додека за државниот долг на месечно ниво. Според последните податоци државниот долг на 31.12.2021 година е на ниво од 51,9 проценти од БДП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-javniot-dolg-zakluchno-so-31-dekemvri-e-60-9-otsto-od-bdp/feed/ 0